Da,cuvstvo deka drugite ke me ismejat ili deka znaat sto mi e .krajno teska situacija ,eve Marijana znae kakva e bolesta
Луѓе морам да ви признам дека вие сте суперрр и дека ништо не вие ве молам немојте вака да зборите вие сте здрави и прави и двете,па јас се осекам како да ве знам цел живот што вака си пишувам отворено со вас а многу мие убаво кога можам да помогнам на некој верувајте срцки сте
Ама тоа е само преосетивост кон мислењето на другите и си почнала да навлегуваш премногу во тоа .. така не бива, не е можно др да знаат што ти е, а на крај краева па, и да знаат, свесна си веројатно дека нема некој што се му е ок и ако страда да се исмејува таков има голем проблем, веројатно поголем од твојот. Не се замарај, нашминкај се, дотерај се и раздвижи си го животот и времето.
Имам пријатели со кои ни се разминале патиштата - имаме многу што да си кажеме, ама не можеме да се видиме. А имам и такви со кои ни се разминале размислувањата - ќе се видиме, ама веќе не сме на иста фрекфенција. Не знам за кои жалам повеќе.
"Изгледа да сам узалуд старио, ништа од снове нисам остварио". - Рибља чорба. Не дозволувајте залудно да стареете, остварете барем еден ваш сон, размазете си душичката. Не заборавајте, среќата е во малите нешта. Ништо не е погрешно ако те прави среќен. @hermosa иако не те знам, и за тебе, и никогаш, ама никогаш не се срами од себе, главата горе и уживај во животот, еден е ама вреден. Љуби вас Френки
Значи: Пижами - спремно Гаќи - спремно Џемпери, блузи - спремно Хеланки - спремно Шминка - спремно Чешел, спреј, парфем - спремно Маички - спремно Таблет - спремно Четка за заби - спремно. Шноли, тракатанци - спремно. Што е проблем? Не сака да се затвори патентот на торбата. Мисија:Како да затвориме патент. Заборавено: полнач, слушалки, папучи. Не е лесно да си женскооо, се изморив бе пааа
Конечно после долго време уживам во ноќта со шоља кафе додека во позадина пее Еминем за време на пауза од учење. Се чуствувам релаксирано после период исполнет со обврски и ја впивам тешината која ја пружа мракот. Спремна сум за нови битки и нови победи кои што ги носат утрешниот, а и деновите што следат. Мртва, но полна со живот како никогаш до сега. Се враќам јас на учење. Имајте убава вечер.
Не сакам да кажувам ништо, сакам само да промовирам една тема што може ни се најде понекогаш и секако да не заборавиме дека форумот има една прекрасна опција: chat. ... иииии ондак то. одох да ја испочитувам неделата! МУА! Лека ви ноќ. Ваша М,
Морам да кажам ех колку бил само убав животот кога имаш покрај тебе вистински пријатели и кога запознаваш нови пријателства па има ли поубаво од тоа нема.Стварно сум многу срекна и морав да го споделам ова со вас драги феминки па дај боже секогаш нека е вака.Ве сакам сите
Мила И јас истото го мислев до пред некое време и стално ке си речев дали има вистинско пријателство зарем постои ли? или се лажам јас? но не било така верувај дека сеуште има вистинско пријателство никогаш не смееш да губиш надеж во животот за ништо