Последниве месеци постојано се прашувам до каде сум? Што сум? Која е насоката на мојов живот? Ќе успеам ли? Ќе остварам ли некој сон? Ќе станам ли тоа што сакам да сум? Живеам, или преживувам? И зошто не живеам? Ова просто се премногу прашања за мојава глава. Психички почнав да тонам, и лошото е што тоа почна да се забележува. Ме голтаат навиките, глупавото секојдневие на кое му станав роб. Тоа што почна со ентузијазам, деновиве прави да си легнувам со подувани очи и суви усни. Добрата вест сепак, е што успеав да го прекинам. И се чувствувам слободно како никогаш до сега. Иако всушност многу работи се по старо. Тој е се уште до мене, со подадена рака, ме крева. А јас овие месеци паѓам. Многу паѓам. Се надевам може да го издржи тоа. Затоа што јас не можам.
Не ги разбирам девојките кои по секоја цена се трудат да останат пријатели со бившите. Не сaмо пријатели, сакаат да шират едно огроооомно другарство. Другарство до тој степен да бившиот го поистоветуваш со геј френдовите на Кери и Шарлот. Ту фенси фор Скопје. А другарите на дечково пак се сомневаат во неговата сексуална определба и се од типот: Зашто другарувате ако после кафе не ја носиш во стан? Ред е да се потчукне главата малце, да се излезе од тие фенси фантазии за себе, и да си признаеш: Да, ја прекинавме врската и Не, не можеш да ми бидеш пријател/другар. Толку е лошо да признаеш лошо раскинување, да ја признаеш тагата? Зашто веднаш по било каков начин на раскинување се влегува во бичи муд и Ху ран д ворлд? Грлс! Уште фали масовно да се купуваат чантите ала хартиени вреќи на Лила со натпис: I'm too sexy for my ex & Godmather и да земе ментално човек да скрене од глупости и лигавење.
Ех да е жива и здрава баба ми,колку ли скапоцени совети ми дава. Колку само ми олеснува така.Па таа знае се.На секој мое прашање,на секој мој проблем,таа има одговор/совет.Ја обожавам.Ахх бабо,бабо,те сакам премногу.
Зошто кога ќе сфатиме дека ги губиме нештата,најмногу ги цениме? Иако крајот е непосредно до нас,се однесуваме како да е на билиони километри од нас.Со душа сакаме да недојде крајот.Доколку би имале волшебно стапче би го вратиле времето или во најмала рака би го стопирале. Лани со душа чекав да дојде осмо и да заврши,да одам средно да се од далечам од личности кои не ги сакав.Но сега се е поразлично.Едноставно ги сакам понеделниците,вторниците,средите,четвртоците,а кога ќе дојдат петоците.Оти,оти е петок? Зошто осмо е многу поразлично од предходните одделенија? Зарем толку доцна сфаќам колку ли тоа основно,тие деца вредат. Можна сум бре? На часови понекогаш размислувам дека за неколку месеци тоа ќе го нема.Ќе го изгубам тоа мало,можеби малку поголемко,но вредно нешто-МОЈОТ КЛАС.Како ли ќе биде средно,дали во мојот нов клас ќе ја има таа атмосфера?Дали ќе го има Ангел,Дарко,Стефан,Тедорите,Елена,Бахар? Дали ќе ги има овие деца кои го направија интересно,забавно,еднисвено и незаборавно моето детство.Дали ќе ја има таа детска и невина радост? Замислете не сакам да дојде летен распуст,единсвено оти ќе дојде крајот на тоа патување.Како можев сега во 8мо да го сфатам тоа? Толкава глупачка сум бре. Спојлер Ќе се разделам од местото каде што го запознав првиот симпатија? Не ми е сеуште тој. Замислете јас бубалицата,што 24/7 над книга ,сега на школо само се мајтапам и смеам.Како што седам на последана клупа двојна е дозата..И не сфаќам мораше бе да дојде крајот за да го разберам тоа? Не,не,не несакам да заврши оваа авантура,не сакам ова да е последната станица.Не сакам возот дома да ме однеси. Иако повоторно ќе се качам на друг и ќе направам ново патување, НЕ САКАМ ОВА ДА ЗАВРШИ! Едноставно не сакам ова патување да заврши.Не сакам да се разделам од нив. Затоа вие помалите уживајте со вашиот клас! Бидејќи кога ќе сфатите дека крајот е во близниа ќе си ја тупите главата како мене. И ценете ги повеќе малите нешта кои ги имате,бидејќи еден ден нема да ги имате и ќе тагувате по тоа! Спојлер Знам дека во последно време ве затупив со моево школо,но ова ми лежеше на срце.Па морав на некој/некаде да го кажам
СДК излегов е стварно не можев....што убаво си свртев низ чаршија,си сретнав 2-3 луѓе,муабетче на 2-3 мин...ми се избистри главата...си купив сендвич,со келнерките муабети си направив,едната беше нова па ја охрабрив : Супер си ! Немај гајле.. и трк назад дома....не можев напнатоста да ја поднесам дома..а и другаркиве не излегуваат....ех камо да си имав сега некој...а вака..ни работа,ни асолни другарки.ни дечко..............сега земам книгата “ Игра со Ѓаволот“ и бегам в кревет....книгата барем нема никогаш да ме изневери...Преку глава од самобендисани,рамнодушни и љубоморни луѓе..ми фали позитивност,ма дајте луѓе Олеснето се осеќам..Фала Богу... За попозитивна иднина се надевам
Иронично зарем не.. Секогаш те повредуваат луѓето, од кои најмалку го очекуваш тоа, а притоа тоа се истите луѓе кои можат да те повикат во било која доба од ноќта. Луѓето на кои безусловно им подаваш рака. Луѓето, за кои истата во оган би ја ставила. Е токму тие се луѓето кои ќе ти забијат нож в грб.
Имам за пишување, а пукна пролет и ми се шета, ми се плаче. Неефикасна сум, како заљубена тинејџерка која не може да се скраси над книга. Секоја година во исто време. Ништо не ме ремети како пролет. УСтвари... можда лето
За Вмро,за отчетот,за Грујо....веќе секое второ мислење за тоа. Толку од продуктивноста на "квалитетни" мислења.
...од ден на ден се повеќе и повеќе ми стануваат нејасни луѓето.. Како може личноста со која си делел се, и добро и лошо, си бил покрај неа и на крај фино лепо ти завртува грб и ти се исмева во лице!? :geek: За што? Затоа што секогаш сум била тука за неа? Па уште и без трошка срам ќе те тапка по рамо? Демек се исмејува уште повеќе зашто сум била наивна ? Доста ми е веќе од такви личности.Не се тие виновни,виновна сум јас, признавам. Така е кога им давам на луѓето уште една шанса +. Пак длабоко во себе ќе кажам не се сите исти. И пак ќе си помислам: може стварно заслужува уште една шанса ? Џабе е.И оп, повторно уште една грешка **** Конечно пристигна и пролетта Ова ми е дефинитивно најубав дел од годината. Добра вечер
Се мислам дали да направам Коцки стајл квиз по стапките на Драган Вучиќ...и да се јавуваат на без платниот телефонски број 223-305 и да си ставам перика на главата како од времето на Марија Антоанета и со опери да ги фрлам коцките...како шо гледам некако по оперите Македонијава е тргната,забележувам тоа и на рекламите...пример-ОНЕ......еј па може и О не! да си го крстам квизот...не е лоша идејата Ама која е таа телевизија шо ќе ме дава мене? Решение-сама ќе си направам телевизија...пред влез само програми ќе си правам...ама така ќе личи на театар ...па шо оти да не?Ќе си направм мини театар пред зграда и ќе наплаќам карта 50 ден со ДВД..ова ДДВ
На детето можеш да му ги купиш и најскапите играчки и да му ја наполниш цела соба до таван со нив, а тоа ќе ги истресе пет минути, ќе се позанимава некој ден-два и ќе ги батали. Ама затоа, кога ќе земе празно пластично шише, ќе се размава насекаде за да произведе звук и ќе ужива во тоа со восхит и смеа и така со часови, сфаќаш како децата знаат да бидат среќни и со предмети што практично немаат никаква парична вредност.
Нема мачење повеке.Чекам сабајле да дојде,фаќам автобус во 6 саат.Ке го изненадам.Сабајле ке му отидам и ке му се пикнам во кревет...
Никогаш не ми беше јасно и се уште не ми е . А можеби и никогаш нема да ми биде прашањето ми е ЗОШТО ЛУЃЕТО ТОЛКУ ВАЖНОСТ МУ ПРИДАВААТ НА ФЕЈЗБУКОТ ? Каде и да одат што и да прават мора да пишат како на некој гајле да му е кога се разичарани фрчат статуси и песни како СРЦЕТО МИ Е СКРШЕНО, НЕМАМ СРЕЌА ВО ЉУБОВТА? ПА зарем секој мора да знае ? Јас имам дечко 2 години и се уште ни слика немаме ставено, не споделувам не објавувам па сигорно на некој не му е гајле за мене , интересни ми се луѓето навистина животот си го заменија на фб....
Возбуда. Прекрасно чувство што ме обзеде денес.Денес ги повикав моите најблиски другарки на роденден ..Уште од рано наутро со мајка ми ја исчистивме куќата.Јадењето и тортата се спремни.Другарките ми навестија дека ме чека големооо ,во нивните очи ја забележав возбудата.На вчерашниов роденден неможев со никого да седам,сите зборуваа за подарокот што ќе ми го донесат. Но,мене секогаш ми е важно да дојдат сите,а подарокот е само симбол за дружељубивост според мене. И така...уште од сега ја чувтвувам возбудата има уште точно 5 часа..Косата ми е навртена,комбинацијата спремна и песната Birthday ечи низ куќата.. Се чувствува роденденското расположение иако не ми е денес роденден Спојлер Во вторник официјално ја полнам баксузната бројка Имајте прекрасен ден...и парче торта честам во вторник
Си станав во девет си се прошетав до една ливада се е магично пчелките зујат дрвцата обелени од цветови зеленило топло време прекрасно е
Утрински,сеуште нерасонета погледнав низ прозорецот и гледајќи го сонцето му се израдував на новиот ден.На убавините на новиот ден. Денес денов го резервирав за прошетки и забави со другарки.Затоа што ден без дружење и насмевки e напразно поминат ден. Имајте убав ден!
Еден ден сум среќна, а друг ден тажна. Кај мене насмевката никогаш не е константна. Се трудам последнава Недела да не мислам на многу работи, да го живеам животов убаво и без секирации. Не иде бре луѓе. На крајот од денот, кога ќе легнеш во постелата ќе ти се врати цел филм од тоа што поминало. Ќе размислуваш додека не потонеш во сон. Туку ќе помине, се ќе помине. Било и полошо. Сакав да прашам што е причината за некои девојки да плачат во дискотека? Да ви кажам искрено колку и да ми е тешко нема шанса да се расплачам на јавно место, сите да ме гледаат кој со потсмев, кој со сожалување. Тешко ми е, еве 2 недели поминаа, а јас за тоа не сакам ни да зборувам, не пак пред други да плачам. Чудни се луѓево, но најчудни пак ми се оние кои се фалбаџии, знаете оние кои живеат за пред народот. Демек колку се над сите. Што имаат, како имаат. И смешни ми се. А, еден куп ги има. Живот, шта чеш.
Ласкаво ми е кога еден куп луѓе сакаат да одат со мене на одмор. Рекламата ми оди уорд ту маут. Тројца биле со мене, пренеле на уште неколку и сега броиме дури 20 луѓе потенцијални за на одмор!!! Јупииииииии!!!! И муабетот се прави од типот седиме на кафе на сонце и еден почнува со муабет - еј ми се оди на одмор. Да не се фалам, ама со пари и со одмори ме бива!!! Може за друго и нема да ме биде во животов, ама за ова... сум ЦАР, си признавам, макар што звучело како циганката што ме фалела да ми умрела! Сончево ми прави во стомаков ако стварно си поминале убаво, ќејф ми е. И јас сум си поминала, ама вака уште поубаво како да било. Викаат во тоа што те бива најмногу,тоа работи го... Хм... вреди да размислам. Нискобуџетни,а ЕЛИТНИ одмори со Лилит. Одмор надвор од ваша мерка, зошто така треба и така ќе ви биде најубаво!!! Шегата на страна убаво им е зошто ги вадам од зона комфорт (до душа се вадам себе си, па има жртви поред мене ). Мразам одмори од типот сместување-плажа-сместување-искачање и утре пак се од почеток!!! Ах и целодневно дремење на плажа во една точка...БООООРИНГ!!! Очигледно е значи, луѓето се среќни кога се надвор од зона на комфорт, ама работата е да биде за ограничен временски период за да го памтат, за арно, за лошо. Па системот е следен - вадете се од време на време од зона на комфор и правете нешто лудо и надвор од тоталниот механизам во кој што сте влегле. Дури и да сте дома-работа-дома. Правете 10 дена нешто поразлично во тој систем и уала...убаа живеачка. Или ако правите нешто различно секој ден, пробајте да одите со зачмаениот систем на мнозинството, затоа што тоа е поразлично за вас! Се испофалив ете така, одам сега некаде да се шпартам на ручеци.