СДК имам многу „богат“ социјален живот деновиве. Пред 4-5 дена од странство, на 1 месец поседување, ни дојде близок другар од друштвото. Во саботата се собравме да се видиме, да изгледаме некој филм, да изиграме нешто на овие години... Морате да признаете дека тоа подразбира активно социјализирање. Вчера по втор пат се собравме и по втор пат „активно се изнадружив“. А како? Така што сите муабетат, играат, гледаат, а јас спијам како заклана на каучот од другарот кај кој се собираме. Па љубезноста оди до тоа ниво да земе и ме покрие со ќебенце додека спијам, за да не настинам. Се спремавме божем за на билијард, па уште од дома бев загрижена како ли ќе останам на нозе. И почнав да си замислувам како, потпрена на ѕидот додека го чекам својот ред, спијам стоејќи. Или потпрена на билијардскиот стап запаѓам во длабок сон... За среќа (или несреќа, кој да знае веќе), завршив дотерана на кауч под ќебе. Ме теши само тоа што јас и другиве правиме зафрканции на моја сметка во врска со мојов пореметен сон (PMS, go away I said!) и што тоа ни е интересно и смешно. Друштвово не би си го сменила за ништо на овој свет. P.S. Другаров од странство на мене и моево либе ни донесе најкул и најnerdy поклон ever! (Сега треба ние да мозгаме што да му земеме ) Поздрав до сите GoT фанови,
Не ти се троши знаењето ако го споделиш. Важно е ти да си добиеш оценка што ја заслужуваш. Ако можеш да придонесеш за некој друг да добие подобар резултат, зошто да не? Оценката не е ништо, само бројче. Другарката што препишува пак нема да знае ако не се потруди сама да научи, а ти ќе си стигнеш до таа професија што ќе ја работиш со љубов. Остави нека препишува. Ти ништо, ама апсолутно ништо нема да изгубиш. Отсекогаш ме нервирале ученици што си ги кријат тестовите. They were the worst! Сум пуштала ливчиња и гуми со напишани одговори од тестовите по англиски на цела редица. И тестот на другарката до мене го решавав скоро цел, па потоа таа ги пушташе одговорите на нејзината редица. Тоа што сум го знаела уште го знам, а другарството трае. И тие ми помагале мене кога ги мешав годините и датумите по историја. Школските години се паметат по соработката, штета би било да го пропуштиш тоа задоволство.
Прв пат кога се зачленив на форумов првото мислење ми беше во љубовни проблеми пред 2 години за поранешниот дечко тогаш пишував со солзи во очите мислев дека јас негде сум згрешила бидејќи го снема без збор, а додека бевме заедно се ми забрануваше. Плачев дека си замина незнам кај ми бил мозокот прееска го видов на фб на слика и само се насмеав и си реков која будала сум била што сум плачела и трошела време на таква будала всушност не изгубив јас тој ме изгуби мене. Се сомневам дека друга будала ќе го трпи но мило ми е што си замина што сватив колку вредам
сдк мадамке ме изнасмеа на сета мака, а и греота е да те ограничи некој за со црнец... и де кажи ми во врска со врската дали си За?
Океј и јас сум човек знам да избувнам,знае и мене да ми дојде преку глава и што? Не можеш да им речеш нешто.Толку нежни,пренежни од една реченица "Зошто вака" ќе се навредат страшно.Оф леле.. Али ајде тоа е што да се прљви,ќе им помине.Денеска ја ќе ги толерирам,утре во животот ќе следуваат многу непријатни ситуации (нормално,како и во секој живот) ,а тогаш кој ќе ги толерира,кој ќе им попушта. See you then
Секој ден е подарок и додека ми се отворени очите ќе мислам на секој нов ден и на сите среќни спомени ...
Фала љубави ама мислам дека сега тебе ти е ред да не радуваш убрзај ја работава жениве се нетрпеливи хахаххахаха
Сдк дека си легнав намќор во 3часот и велам ај добра ноќ и утринава добивам порака "i adore it". И сега што да правам не го осеќам времево еве 11:32 е,а мислиш 7сабајле е,а јас си гледам Том и Џери на Телма. И ми се спиееее
Во секој од нас овде постојат три лица: Едното е - се прикажуваме какви што сакаме да бидеме Второто е - се сметаме себе за такви какви што мислиме дека сме Третото е - такви какви што сме навистина Интересно во целата ситуација е што третото скоро ич не го познаваме
Јaснo ми е некoј дa те зaстaне и дa те прaшa кaде се нaoѓa тaa и тaa уличкa или тoa и тoa местo, нo некoј дa те зaстaне, ти кaже некoи имињa и те прaшa кaј живеaт...
Гледам по фб сите ги фатила новогодишна еуфорија,се сликаат со елки,лампиони,разни чуда,свашта.Кај мене нема ништо од таа еуфорија,незнам дали е до мене или времево,но што да правам еве првпат е така,како и секој ден и така и нова година е иде и ке си дојде и ке си започне како и секоја.. Како и да е. Сакам да кажам како да го искористам сонцево кога моево мало тоа време го преспива,баш кога е најопло и за шетање тоа спие... Ајде има време за се,ете така се тешам. Туку како да ја намалам љубомората е тоа незнам.Јас до сега во животов немам толку дома седено како сега,откако се роди малиов. Мислам дека затворените простории ме гушат,ме гушат. Имајте убав ден....
Знаете кога сте го заборавиле? Кога ќе заборавете на која дата му е роденден и ќе престанете да гледате за него хороскоп. Ете толку!
Ete, I vo ova sme isti Sdk deka denes se osecam ko sreda. Ni vamu ni tamu Spoiler: Ps Mesto deka, pisav drka, ama go poprajv bez da vidite
Вели "Не слушам јас само рок и поп слушам....кога ми дојде дома за Велигден, да свети вода......однемајкаде" Блесав