Сакам да кажам дека ... 1. На @Someonespecial не и се допадна преходниот пост затоа што немало точки. 2. Да си Македонец значи да научиш како да преживуваш. 3. 2015 година е оддалечена од 2000 год исто колку и од 2030. 4. Немој да искажуваш мислење подолго од 2 реченици. Одма ќе те етикетираат како филозоф. 5. Многу сум добар во тепање на време. Можам да си отворам бизнис и да им помагам на лугето во нивното тепање. 7. @Someonespecial е фокусирана на тоа зошто е назначена и не забележа дека фали 6тата точка. 8. Во Токио моментално е утре околу 02:45h 9. На оваа буква не ми текна одредена мисла. 10. Сите твитови се постираат на твитер а после тоа со Screenshot се објавуваат на фб. Зошто тогаш не се постираат директно на фб ? Идеја: Ајде да започнеме контра практика. Статуси од фејзбук да се шират низ твитер како Screenshot. 11. Ако не ти успее Новогодишната желба во новата година, посакај си ја пак на роденден. 12. 13. Предходната точка е празна. Ама овој пат не е невидливо напишано туку чекав да видам дали тастатурата ќе напише нешто сама. 14. Се шетаме по улица со половичен поглед, покриено лице со шал половично, половично дишеме, половично ги изговараме зборовите, половично се вртиме на страна,,, и оваа мисла ќе ја завршам полов... 15. Од Новогодишната телевизиска програма најмногу ми се допаѓаат комплацијата од смешни моменти од целата година. 16. Додека почнав да ја пополнувам оваа точка мојот најдобар пријател ми ѕвонеше на телефон. Му спуштив за да допишам и сега го поздравувам иако он не е свесен за тоа. 17. Немам веќе идеи за нови точки како што може да се примети. Па ги исцрпив изворите за оваа година. 18. Ова е последниот пост за оваа година. Ќе си земам одмор, малце поголем. Па се слушаме наредната година. 19. И за на крај. Интересно ми беше "дружењето" изминативе месеци на форумов, се надевам и на Вас. Бидете поздравени и останете во добро расположение. Имајте среќна и исполнета нова година со тоа со кое сакате да ви биде. ПозЗ3³ ®
Периодов на сите ученици, студенти денот ни е исполнет со препремногу обврски поврзани со учење, домашни, презентации и верувам дека на сите ние преку глава од се.Ете јас се земам за чист пример.Но исто така размислувам колку само би ни бил празен животот без тие "школски предизвици".Она чувство кога се трудиш, даваш се од себе, па неизвесност, па страв, па нервози, се за на крај да стигнеш до она што си го зацртал во глава пред да го земеш учебникот во раце. Колку е слатко сега кога ќе размислам дека "најлошата" недела помина, колку ли само го чекав тоа нешто.Сега уште 1 тест па потоа Нова Година.Цело моое потрошено време било за да се заврши со што подобри оценки, тоа ми беше предизвик.Колку и да ми било мачно, и непреспиени ноќи, и кафиња и кога наеднаш ќе погледнам зад себе не ги гледам лошите моменти,туку крајниот резултат.И тоа. И не знам што ми е.И да, да ми го кажеше некој ова пред две недели очи ќе му ископав. Добро е, одиме понатаму!
Денес денот хаос,со обврски на факултет,бркање потписи,предавање семинарски. А,вчера бев само 2 часа спиена,ме убиваат незавршените работи и многу ми влијаат на сонот. Кога си дојдов околу 2 часот,легнав да спијам и спиев до пред малку. Па фино директно си вечерав и си направив топло чоколадо со рум. Сега ме очекуваат празнични филмчиња и одмарање вечерва. Од утре пак празници се ближат,обврски се нижат ќе си ја пеам.
Оваа година со уште неколку пријателки започнавме прекрасна традиција на петочно дружење. Пиеме коктел во црвена боја кој го подготвува Л и чија тајна никако да ја откриеме. Отвара фрижидер, се врти со грб и со вештина и брзина како што доликува на мајка со три деца, во неколку потези го подготвува волшебниот напиток. Со онолку алкохол доволно да се опуштиме, а да се вратиме дома достоинствени. Муабетите се од типот sex and the city, а никогаш озборување. Всушност еднаш озборувавме. Додека траеше муабетот од ѕидот се откачи голем предмет (без човечки фактор), ќе не отепаше да не беа брзите рефлекси на онаа со трите деца. Така течат муабетите за љубовта и сексот, сексот и љубовта, никогаш повеќе озборување. Еве сакам оваа традиција здравје, да ни продолжи и следната година. Вечерва дома- вино, плаво сирење и "Како да бидеш Парижанка, каде и да си". Јас малку влезена во француски филм. Му читам на маж ми цитати и совети на францизинките меѓу кои дека секоја жена треба да има љубовник ,, Велат тоа е за мене, а не против тебе,, . ,,Многу поучна книга читаш,,- ми возвраќа. А , имам завеси за закачување така да брзо морам да ја вратам просечната македонка во себе. И ваљда ќе успеам во тој потфат, со оглед на количината на вино во мојата циркулација. Маж ми рече дека после цитатите за љубовниците нема да ми ја држи столицата .
Сдк1. Жената е родена за да биде разгалена Нели женички? Сдк2. Ќе одев да се туширам-незнаев шо песна да пејам-се откажав. Сдк3. Празно... Читател стајл @Читател
Јас па ќе си го земам телефонот со мене и ќе пуштам музика. Која песна ќе ми се падне таа ја пејам и си правам концерт. Башка имам и пена-парти.
Што повеќе имам за учење, толку поубави книги ќе земам од библиотека. Епа нема да учеш Џенифер, ќе читаш, имаш време за учење... Да,да.
Се лакираш, два слоја зацврстуваш, еден слој црвен лак за нокти. Те расположува и во комбинација со панделката на Кока Колата мислиш дека те снимаат за реклама и чекаш да дојде Дедо Мраз. Сфаќаш дека треба да учиш и легнуваш да спиеш. Стануваш, се гледаш во ноктите, како од хорор филм излезена. Почнуваш од ново со еден слој зацврстувач и два слоја црвен лак. Оуу јеаа, сега како права дама се трудиш да се движиш многу, но по неколку часа и според некои нови недокажани теории на физика и хемија гледаш гребнатинки и такви некои несворшености на ноктите и решаваш дека црвена едноставно не е за тебе. Два слоја зацврстувач и едно нежно бледо розевкасто и ако треба уште еднаш да се лакирам ќе се убијам
Дефинитивно рано будење will be the death of me. Имам чувство како да сум спиела 5 века, и пропуштив свирка која долго ја чекав. Брависимо, Ариес! Само да ве поздравам па да си бегам. Ми се спие...
Го обожавам овој период од годината, ја сакам новогодишната атмосфера, новогодишните реклами, рафтовите во џамбо, сијаличките, елките ... (but you already know that ) Свесна сум дека новогодишната еуфорија не е толку силна како пред неколку години, ама пак си се радувам како мало дете, можеби тоа што сум родена во зима има влијание... Не знам Кога сме веќе кај рекламите, абе ептен срцепарални се овие божиќните реклами, на секоја втора реклама плачам И да не филозофирам повеќе туку време е да се соочам со реалноста Треба да земам да учам пошо во четврток нема да ме прашаат на кои реклами сум плачела и што сакам да си купам од џамбо Имајте убава недела
Секогаш сум се чудела како кога ќе се скараат со некој,а одма можат да бидат со друг,а и како одма слики по фб, срцина woow каква љубов, чудно. Не сфаќам ни пак ќе сфатам. Глупава сум јас, ќе бидам сама ама не излегувам со некој шо не сакам, сакам да почуствувам, а не статуа до мене или за пред други, не сум тој тип.
Од љубов само онаа од семејството, без повреди и од коренот на срцето. Само да издржам уште некој ден и да се наполнам до крај со љубов. Лека ви ноќ, гушнете ги вашите пред спиење додека сте сеуште во нивниот дом.