Домаќинка жена по сабајлечки. За ручек хумус, фалафел, табуле, баба гануш и лепче наан. Време на подготовка час - два. Ама времето потрошено на тумачење чаши во грамови, па не сува туку потопена леблебија, па не од конзерва, и наоѓањето на златна средина... Ах бе, Американци, зашто просто, кога може сложено. Инаку, се надевам дека ќе се исплати, затоа што ми е последно јадење пред да почнам диета за здравје ( да не речам изгладнување ). Пријатен апетит, и јадете наредниве 42 дена и за мене.
Ништо поубаво од чувството од кога ќе се исплачеш за нешто кое долго ти лежи на душа, тоа чувство на олеснатост и преродување. Пак го гледам светот со насмевка.
СДК, се поинтересно ми станува на форумов Секој ден откривам по нешто ново што ни самиот член не го знае за себе Мислиш дека ако поминале неколку месеци од некој пост што е пишуван , се се заборава ?? Штета...може да се бришат мислења ако не се во согласност со правила на форум, ама цел профил и се што некој напишал се врежало тука. Нема бегање
Ах, со каква багра сум работел...лигуши, упикувачи, гребатори, користољупци...секоја чест на исклучоци. Се што требало да направиш, било малку да им дозволиш да ги олабават кочниците, да се опуштат, малку алкохол и опуштена атмосфера, па ќе ги видиш кој е кој... Среќен сум што не подлегнувам на први впечатоци...
Си го пијам првото утринско кафе во пижами, не можам да се расонам сеуште. Си направив подготовки за ручек, ќе готвам после. Дадов отказ на работа, раскинав со дечкото, сега си чекам плата барем да се расположам со еден добар шопинг.
Кога ќе видам напишан цел реферат на форумов, прво гледам кој го напишал, па ги читам првите 2 реченици, потоа одма "Ми се допаѓа" и на крај дочитувам. Абе како видовита, уште од првите реченици знам дека ќе ми се допадне.
Не ги следи СИТЕ правила оти никогаш нема да стигнеш таму каде што сакаш. Следи ја твојата интуиција, мудрост и срцето и ќе добиеш многу повеќе. Животот нема правила...
Се загушивме во оваа Тетово .Често пати ги слушаме и властите и ресорните министерства како се фалат со безброј мерки за намалување на загаденоста. Но, секоја мерка треба да дава резултат. Дали можеби ги помешале брзините па овие мерки им се за зголемување наместо за намалување на загаденоста???? Па уште маглава фалеше
Многу ми е мило кога ќе видам дека и во денешно време постојат луѓе што искрено и од срце се радуваат, восхитуваат на туѓата среќа и успех, луѓе на кои фактот дека некој друг го добил она што тие долго го посакуваат - не им предизвикува гнев и завист, туку инспирација и потврда дека постигнувањето на истата е возможно. За среќа не постојат само во инспиративни изреки и текстови, туку и во реалноста... а уште поголема среќа е кога ги имаш во твојот круг на пријатели. Туку, nerdy студентката дојде пак да ви подосадува со факултетот и да ви пренесе позитивна енергија. Денеска ја добив првата оценка официјално во индекс - 10ка! Cheers!!!
Девојки во градчево има тезги на плоштадов јес јес јес. Се радувам ко мало дете, сепак можеби магијата не е изгубена. I do believe in Santa Claus.
Организирање лотарија... Уште едно од нештата за кои мислев дека се лесни на прв поглед. Да,да, интересен е делот кога ќе распостелиш парите на маса и дигитронот до тебе, ама не е интересно кога не ти излегува точно и кога треба да планираш колкав дел да биде добитен, колку награди, дали ќе излезе точно, пари дали ќе стигнат... Веќе два часа се наоѓам во хаос од листови, пари, дигитрони, пенкала, селотејпи, иритирачки децимални броеви и разноразни сваштарии, како и програма за пресметување проценти. Имено веќе два часа се мислам дали колку третини од ливчињата да бидат добитни, односно колку награди да има. Една третина премалку, две се премногу. 40% изгледа добро, ќе треба една награда во просек да е 75 денари, што не е можно, со оглед на тоа што како што ги разгледавме цените, просекот ќе излезе 150 денари. Просекот. А тоа што главната награда ќе биде 13 пати поската е друга работа. За да биде просечната цена 150, треба да бидат добитни само 20% што е помалку и од една третина. Одеднаш се чувствувам лошо што ги прескокнувавме часовите за работа со податоци по математика. Стварно не е лесно. Изгледа ќе треба да барам совет од претходните генерации во стилот how the fuck did you do this??? Ама ќе биде ајде, сигурно ќе има премалку награди, тоа е, јас сакав барем 40% да се добитни. Му се обраќам на перфекционистот во мене да се смири. Имајте убав ден!
СДК ... Го знаете она чувство кога ќе надраснете нешто, се'? Ете јас така од поодамна се чувствувам. Скоро во се' ... посебно емоциите, потребата за внимание, за прифаќање ... А приметувам има се' повеќе личности кои не можат да го надраснат чувството и потребата за внимание и прифаќање. Пробуваат, а не знаат или не умеат како. Вечно "гладни". Дали јас тоа достигнав лимит сама со себе?!
На пример, мене ме иритира кога некој се циганчи на каса зошто сметката излегла два денари повеќе. Тоа посебно го прават госпожи и господа со 8 кеси и новчаник полн пари, а позади се ствараат редици дури продавачкава прекуцува и објаснува дека цената била за производот до него. Ама исто ме нервира и кога продавачиве се прават наудрени за кусурот. Сум приметила дека по продавнициве ко Тера Нова, Калиопе (не јас, жими мама) и слично, кога нештото е, да речеме, 490 денари, никогаш не враќаат 10. Не дека е јаката пара, па да чекаш или да се буниш, ама остава непрофесионален впечаток за нив. Не знам дали им е од менаџерите наложено така или си поткраднуваат (во тој случај, дај вработете ме таму одма, 1000ка + дневница ќе земам ко ништо), само ситуацијата е прилично глупа.
Ме додаде лажен профил и ми кажа дека ме нашол кај сум на мапа. Здраво 2006та година, што е следно, ќе ми вртат со скриен број?
Колку работа имаш за извршување, а наместо тоа го читаш ова сосема непотребно мислење? Се надевам дека многу помалку работа од тоа што јас одложувам пишувајќи го ова мислење. Ајде, че ојм сеа. But coffee first!
Ако сакам да заминам ќе го направам тоа без размислување, без вртење назад и колебање. Никој не би можел да ме разубеди : )