Таа работеше и ден и ноќ. И кога спиеше, спиеше брзо, зошто знаеше дека мора да се одмори до првите петлиња. Се шалевме , дека работи како да е на берза или во рудник и тоа по две смени. Ги одгледуваше бескрајните цифри, работни денови без викенди, бриги,челични работни навики, спремањето за гости и понекоја повремена нервоза. Ја обожавав нејзината храна, ми ги обновуваше ќелиите и ми го милуваше стомакот. Нејзината храна беше љубов, ме потсеќаше на нејзината крв, нејзината мисла, нејзиното треперење, на нејзиниот мирис... Таа беше целата-мирис. За мене секогаш била. Како мала, скришно влегував во соба, го отварав шифоњерот и го душкав секој предмет . Седев на нејзиниот кревет, ја отварав нејзината ташна и со задоволство буричкав по неа. Сеуште го чувствувам мирисот на нејзината венчаница и мекоста на малиот венец за коса, мирисот на нејзината кожна чанта, несесерот со кармини, нејзината здравствена книшка и новчаник , малата плава тоалетна вода која и ја купив за роденден уверена дека тоа е чист алхемијски икс за бринета. Се сеќавам на мирисот на нејзините марами и шалови и на најмекиот колач од јаболки и цимет на целиот свет. Се сеќавам на мирисот на купката која ја припремаше додека бев мала,мирисот на шербетот во ладните зимски вечери, топлиот леб и новиот школски прибор во септември. Се сеќавам на мирисот на првиот лак за нокти, сирупот за кашлица и сладоледот од ванила. Се сеќавам на мирисот на нејзините ружи колку само им се радуваше...Понекогаш навечер, ненадејно ме обколуваат мисли како да ја гледам како влегува во собата и го носи нејзиниот розев пењуар. Го најдов скоро во нејзиниот шифоњер, како сега да го носела додека свирела на клавирот. Исто мириса... Таа беше - мирис. Мирис и мека нежност. За мене секогаш била. Таа беше звук- уедначениот ритам на нејзините штикли на замрзнатиот асфалт во модрото, црно јануарско утро додека ја држам за рака и кашлам со сета снага.Приказната за љубовта и среќата пред спиење и исклучување на лампата над креветот. Таа беше допир- рака која мирува на мојот стомак и ја смирува и најсилната болка. Раката која испира крв од раната на моето колено, усните на моето чело кое гореше од температура. Како мала плачев од голицкање во грлото, во очите и срцето од помисла само колку ја сакам. Те сакам звучи некако бледо,недоволно. Гушкањата се тие кои премногу недостасуваат. Секој декември ме боли се посилно, ми го разорува срцето, го парчи на ситни делови кои никако неможам да ги составам долг период. Декември е проклет зошто тогаш ме напушти неможејќи ни збор да ми кажеш- последната твоја солзата која ја видов остави печат кој ќе го носам дур дишам... Мајчице се би дала да си пак до мене
Темава ми стана исповедалница за моите кафе стории... Денес на мени, кафе од мојот координатор, душа од човек! Ретко кој знае какво кафе најмногу преферирам, а особено тој како човек без никакво кафе искуство во животов ми го направи ептен кеифовски! Состанокот си го завршивме ко што треба, се арно, се убаво! Што се однесува до целиов ден, многу фино го стартнав, со завршени обврски и трчаници....и во моментов снемувам енергија, така ми се спие....што просто морам да се фрлам на работа и да го довршам започнатото! Почетокот на завршетоците трае и трае... А мене така ми е потребен одмор од глупостиве....Кога во животот не би морале да правиме нешта кои не ни причинуваат задоволство, тотално некреативни глупости...
Меморија на златна рипка, двапати објавив иста слика во поинаков фемина инстаграм затоа што заборавив дека сум ја објавила веќе. Сликата е од пред два дена.
Јас приметив, мислев да ти пишам, ама си помислив дека можеби првата беше во друга тема. А во два наврати се загледував во кафето во позадината, бидејќи го забележав уште на првата слика. Don't worry, you're not the only one
Од внатре еден глас ми вели „Имај трпение Сања!“, а јас на секоја минута проверувам дали е испечена мусакава.
Времето лета пребрзо. Се обидувам да не мислам на осамените денови кои ми претстојат, знаејќи дека со секоја секунда сум се поблиску до својата цел. Лани ова време сето тоа ми се чинеше предалечно, дури и недостижно, а еве сум сега, толку блиску. Само сакам да издржам. Звучи едноставно,да издржиш, да стиснеш заби. Но сите знаеме дека не е. Не, нема да мислам на лоши работи. Нема да си создавам сама црни сценарија во главата, нема да плачам затоа што се уште не сум стигнала до целта. Ќе се насмевнам затоа што сум поблиску отколку што бев вчера. Ќе се насмевнам затоа што иако се уште не сум ја добила војната, победив во толку битки со ред. Ќе се насмевнам затоа што издржав и тогаш кога секој друг би потклекнал. И ќе се насмевнам затоа што познавам толку прекрасна личност за која вреди да се бориш. Станува се потешко, но јас станувам и се посилна.
Не е љубов ако е просечно. Не разбирам луѓе што се задоволуваат со обично, секојдневно. Љубовта барем треба да е посебна.
За 24 години научив само една работа. Дека човек секогаш треба да биде она што е. Ниту 3 саати не треба да се прилагоди некому затоа што навистина не можеш толку многу да згрешиш на некој ако навистина сака да си дел од неговиот живот. Тој што искрено те сака и те почитува ќе те прифати таква каква што си.
Изгледа сум више во оние години кога ми е време за прашањето „Кога ќе имате дете?“ За свадба поретко ме прашуваат, зашто сите познати веќе знаат дека јас и мојата лепша половина веќе неколку години живееме заедно - додуша, кога ќе размислам, ни ова не изостанува толку. На мојот whatever одговор на прашањето за дете (одговорот зависи од тоа у какво расположение ме начекале, ама секогаш преводот му е „одјеби“), оние со „послаб“ карактер тука се откажуваат. Ама, оние „покарактерните“ се поупорни, па после следува едно „ама“ и образложение - „Време ви е“, „Полесно се чуваат деца кога си млад“, „Многу ќе му се радувате и ќе го сакате“ (no shit?) и уште редица клишеа од кои може да се напише книга за конверзации меѓу родители и родители-to-be. Понекогаш ми доаѓа на прашањето „Зошто уште чекате?“ ми иде да одговорам - „Еве, тебе те чекав да ме прашаш, односно да ме посоветуваш дека полесно се чувале деца кога си млад, пошто ја не знаев, и да ми кажеш дека треба да имам најмалце три деца (иако ти имаш само едно), зашто тоа било све у животот. Фала што ми ги отвори очите и ме опраи - идам сеа одма да го правам детето.“ Мене, додуша, прашањава успеваат да ме изнервираат само у моментот, после многу брзо заборавам на нив. Ама, ако си женско, онда е ситуацијата уште полоша. Следуваат уште куп аргументи зашто најдобро време за размножување е сега и одма - „Полесно ќе се породиш ако помлада го родиш“, „После потешко ќе ти оди зачнувањето“ и секако, отчукувањето на фамозниот биолошки часовник, кој небаре е бомба која одбројува и која само детето кое ќе стигне на сцената као акционен херој у филм може да ја деактивира у последна секунда. Ќе го сфатев некако прашањево као добронамерно ако ми го постави некој близок. Ама кога доаѓа од особа која ја среќавам секоја престапна година, онда стварно не можам да го сфатам никако поинаку, него како пикање на носот у туѓи работи. И ајде да беа ова само некои стари тетки и баби, ама не - младиве се буквално исти. Нешто попаметно да научевте од постарите, а не само малограѓанштини? Што народ ќе бевме, со толкава желба, не, уствари - несовладлив нагон, за поставување на непристојни прашања. „Кога ќе се мажиш?“, „Кога дете?“ или „Да не има нешто ново?“ - со (ин)дискретен поглед накај стомакот, „А зашто не сакате да правите свадба?“ или „Како може да не се венчавате у црква?“ Тука е и (наградно) омиленото прашање на нашиов народ - „Колкава плата имаш?“ Те среќавам прв пат после средно школо, правиме муабет 2 минути и тебе ти доаѓа у муабетов да ме прашаш за платата? Seriously? И тоа како „уметнички“ го вметнуваат прашањево у кежуал-муабет, мислиш кај Џими Фалон се на гости и да играат Word Sneak. И уште едно, што додуша не е прашање, туку поише констатација - „Треба да частиш“. Значи, како ноншалантно и арамиски си бараме самите да не почасти некој, тоа е чудо невидено. Просто да ти е страв да соопштиш некоја убава вест пред поширок круг на луѓе - зашто одма ќе следи чувеното „Еееее, па ти треба да частиш“, после што тебе ти паѓа незгодно и стварно се размислуваш дали може треба да почастиш. Дури и кога сум сакал да частам за нешто, своеволно, откако некој ќе ми каже „Треба да частиш“ се осеќам као да ми се посрал врз добрата намера и ентузијазмот за частење, и како да частам само затоа што некој ми рекол и ме потсетил. Сакам да упатам еден апел до сите вакви добронамерници и душебрижници - Луѓе, ве молам, не бидете како вашите родители и баби и дедовци. Опрајте се со неумесниве прашања и сфатете дека она што го правите не е океј. Оставете ги луѓето на раат да се женат, мажат, ебат, прават деца, работат, заработуваат и зимаат плата и частат за све од горенаведеново - кога ќе им се посака, а не кога вие ќе им кажете. Којзнае, може тогаш некој и по своја волја ќе сподели нешто лично со вас, без да мора да го прашувате. А може и ќе ве почасти, пошто сте ретко фини.
Најинтересниот момент во заљубувањето е идентичен со најинтересниот момент во шахот,моментот кога (нема да речам противникот,еве соиграчот нека биде),ќе увиди дека е пред мат и нема каде да влече веќе потези. Играта на бркање завршува и за жал, до сега,не сум сретнала некој со кој цело време ќе играме реми и ќе ми биде вечно забавно да се предизвикуваме еден со друг. Од сега кога ќе си бендисам некој,ќе одам да го прашам дали знае да игра шах.
Помина една година и јас пак сум на истото место. На прагот на нова работа, на прагот на нова година, толку можности пред мене. Само минатата година воопшто не беше добра. Барем не како што јас посакував. И еве ме. Пак од почеток. Денес ми е ден 0. Се надевам дека на ден 365 ќе биде се поинаку. Посакувам да можев да трепнам и деновите да прелетаат.
Понесена од фактот што многу мои пријателки сами си ја средуваат косата, читај кратат шишки, се фарбаат, фенираат и двонеделниот одмор на мојата фризерка, решив да преземам ризик и јас да си ги испробам моите фризерски вештини. Супер.....заштедив пари за фризер. Сега само вакво огледало ми треба
"Пак ги разочара сите." Реченицава ја слушам последните 2 години, секој ден, секој час кога сум будна. Дури некогаш и во сон. Изморена сум веќе...
Знаете во што верувам јас? Во причини. За се има причина. За се има објанување. Секое Зошто има и свое Затоа. Се што се случува има причина која ни се објаснува порано или подоцна.
Сакам во новата година да продолжи да " ми оди од рака" како последниве месеци од оваа година....и ич не ми е гајле што мислат или зборат другите за тоа...
@nevermet18 Едно да запаметиш: Никогаш, ама никогаш немој да дозволиш само една личност да биде разочарана- самата ти. А останатите? Деј кен гоу ту хел Никогаш немој да дозволиш твојот живот да биде една листа очекувања што треба да ги извршиш, само за да останатите бидат мирни и среќни.
Мечти, копнежи, планови, соништа... толку многу соништа.. Да! Мириса на нова година. Оваа година имам мизерно сиромашна елка. Ама затоа си ја накитив душава. Ја накитив со она што најмногу ми недостасуваше. Секој недостаток, секоја лузна се потрудив да се скријат зад малечко, несовршено парче мир.. но сосем доволно да бидам среќна. Темјанушки во душава, а сонца наоколу. Потпевнувам стари Македонски песни.. и себично во дланки кријам малку љубов за наредната година. Да ја посеам на добро место, место каде ќе може да расте недопрена од сета нечистотија и омраза, каде никогаш нема да и фали светлина. Да биде здрава, да се мултиплицира и безрезервно да се шири насекаде каде што ќе биде потребна. Во сечие срце чие срцебиење ќе ја повика. Да даде мир, да стопли, да зближи, да смири.... Имајте убав остаток од вечерта драги луѓе. Бидете добри и бидете среќни. That's all that matters!