Топ ти е муабетов. Јас им најдов лек на такви, ги гледам во очи и ги прашувам: А зошто тебе тоа толку те интересира? И чао пријатно, не сум должна на некој да објаснувам.
Лекција бр. 1 Маж се слуша.... К, требаше да те слушам и верувам. Да те гушнам и сите овие 7 години да бидам под твојата цврста заштита. Секој твој збор беше точен. И по толку години се грижиш за мене.... Цврта сум. Ќе ме видиш на врвот. Никогаш нема повеќе да те разочарам!!! Ја научив лекцијата.... Ќе бидеш горд на мене. Ветувам! П. С. Жена без маж, не е жена. На жена и треба машка рака за да ја држи цврсто и да ја гали
Имам приметено дека се случува одреден период да ме "прогонува" некоја личност...летово не можев глава да кренам од една девојка, кај да појдам таа беше таму (познанички сме, ама не бевме толку блиски... НО од случајните средби станувавме се поблиски, па дури и на кафе бевме заедно ) Јас ќе бидам во родниот град, и таа таму, јас во Скопје, и таа таму, јас на кафе и таа на соседната маса веќе седната, јас по улица и таа по улица, јас на кеј и таа тука, јас со другарка и таа со другарка, јас со мајка ми и таа со мајка и...и после некаде кон септември одам прв пат на некој изборен предмет и таа беше таму, и цел семестар заедно си бевме ( а постара е од мене). Им кажав на другарките и тие ме зезаа, и кај да појдевме со нив и таа беше тука...и ајде како да не се смееш кога ќе ја видиш? Почнавме повеќе да зборуваме со девојката, (а таа 1000% си мислела дека јас ја прогонувам), имаме заеднички другар, и така излеговме неколку пати на јадење и кафе А сега овој период насекаде ме прогонува еден дечко. Ист случај како со таа погоре, па дури со овој се сретнавме и во фризерски салон а башка и бабите ни биле комшии, и пријателки.... Не знам какви игри си игра судбината, и какви уште планови има животот ама интересни се вакви случајни средби, па уште поинтересни би биле ако прераснат во нешто повеќе...поголемо пријателство Инаку уште од порано најмногу сум се нервирала кога во филмовите некој дечко е заљубен во најдобрата другарка или обратно, а овој другиот никако да примети и никако да сфати што му се случува пред очи...си викав како може толку слепи да се, и како не сфаќаат дека го/ја сака, од сите тие постапки што ги прави заљубениот, и многу ме нервираа....ама отсега ќе си ќутам, почнувам да сфаќам нешто ама не сум сигурна, и ете може слепа сум и јас.....
Многу често ми се случува кога ќе видам луѓе како бираат шампон, или крема да им речам, ве молам не си мачкајте силикони, или пробајте го ова или она, знаете во декларацијата мора да означат што користеле...итн....денес јас во супермаркет бирам брашно и откако го земав она што често го користам ми се приближи еден постар човек и ми вели: “ Госпоѓице ве молам проверете дали во составот на брашното ја има оваа состојка, навистина е штетна...знаете во декларацијата пишува сѐ, ништо не можат да скријат“...го гледам човекот и се насмевнав, ах колку убаво ми дојде на душичката....
Периодов.. единствената жена која што умее да ме насмее од срце и да се потруди да ме растерети и олабави од се е свекрвами. Знам дека ви е чудно на многумина, но така е. Ѕверка ми е .. за атер на душманите!
@Kukla994 По новиот аватар, се си мислам @Anna-Banana e, бидејќи и е како нејзин заштитен знак (според мене).
Ми текна да правам пица. Замесив, ставив се што треба и ја ставив да се пече. После 20-тина минути одам да видам до кај е, што ќе видам.. Пораснала како погача. Ама си ја изедовме, па и не беше така лоша. Вчера на баба ми и купивме телефон со дечко ми. Се прерадува како мало дете. Сега си го носи сегде со неа и чим и заѕвони се јавува. Во случај да била во веце, одма го проверува да не и ѕвонел некој за тоа време.
Aa be Samerkaaaa, a be, se si mislev koj li go imase sesirov na avatar I ete Bananka bila. A ja onaka si go staiv.. Fala so me potseti zeno
Врвот на мањачењето е официјално достигнат кога ќе го најдеш ресторанот на мајка му на дечкото на братучетка му на дотичниот објект за сталкање. Брависимо Ариес!
Една жена никогаш нема да има доволно ташни, чевли, шминки, облека, пари... Ќе напишев и мажи, ама не сакам да расипам мислењето што го имате за мене. Моментално мислам ни еден милион нема да ми биде доволен, каков само шопинг сакам да си направам...
На место дечко ми, коj знае коj сум го "израдувала" со романтична порака му го утнав броjoт (доказ дека не го знам на памет, срамота) и додека сфатив касно беше, пораката беше пратена.. Офф
Многу често кога ќе кажам за некој/а дека ми е убав/а, не мислам на надворешен изглед. Мислам на убава душа, срце полно живот и љубов, слободоумни. Луѓе со кои можеш на секоја тема муабет да си направиш ама онаков, усти да те здоболат од зборење и смеење. Луѓе, навидум комплицирани, а всушност толку едноставни. Убава вечер милички и останете убави. Внатре, од надвор не е ни толку битно.