Има денови кои ги преживувам само за да дојдам до оние денови кои сакам да ги дочекам за да ми е мир на душава. Денес ќе преживувам. Слатки сни девојки П.С. дајте една трошка среќа за утре ќе ми треба да ми се исполни малечка желбичка. Да ги гушкам моите дома
Толку сум среќна што мислам дека насмевката е замрзната на моето лице. Понеделник вечерта поминавме топ.Зедов малце алкохол затоа што сакав сепак да појдам трезна на работа. Дечко ми доцнеше, не можам да напишам како и по обичај...ама да..знае да доцни...И потоа дојде со букет и со парфем од jimmy choo.Мене јасно ми е дека jimmy choo е модна индустрија за обувки ама него изгледа не му е...сепак го обожавам...и многу ми е убав парфемот. Уште сум будна, и ќе бидам изминативе час, два...правам кифлички
Порано имаше една "акција", даваа парична награда на жени што носат слика од свекрвата во паричникот Стај си ако немаш, ќе излезе нешто од кај знаеш
Мечтаеме за богатство и луксуз, не мислејќи дека тие се само привремени, а душата е она што треба да ни претставува најголемо богатство за кое треба да се грижиме.
Некогаш си мислам дека сестра ми е петгодишно дете, а не 21 годишна девојка Пред некој месец ѝ ја дадов папката со материјали за да направи некаква честитка, и сите картони во боја ми ги искасапила. Од сите нив исекла по едно мало парче, само колку да не можам после никако да ги искористам. Во случај да се прашувате зошто на горните честитки предната корица им е пократка Мора човек да се снаоѓа, да лепи и прелепува А, и после ми скрши филм со тоа што ми рече: Ана, во зима птиците одат на југ. - Значи, ластовичките одат! Ова на честиткава е врапче! Туку, сега ми остана најтешкиот дел - да одберам кои ќе ги испратам. Веќе имам 9 спремни што дефинитивно ќе одат, ама на моиве дома никако не може да им се погоди, сите си имаат по некоја омилена Од утре почнувам да делам по куќи и згради, се надевам нема да ме фати некоја камера
Вчерa имaше рoденден еднa сoученичкa oд среднo, финo девoјче, никaд нештo посебнo блиски нo убaвo сме стoеле тoгaш, сегa сме истo oкеј, aли пaтиштaтa нo фaтиле рaзлични прaвци. Мнoгу се мислев дaли дa и пишaм дa и честитам. Сaкaв, aмa пoсле тoa гaрaнт ќе имaше oнa awkward нaметнaтo дoгoвaрaње зa кaфе кoе никoгaш немa дa се испие, a и немa пoтребa. И се откажав. Честo сум сведoк декa луѓевo не сфaќaaт декa aкo им дaдеш внимaние, не требa oдмa истиoт мoмент дa врaтaт. Јaс тoa нaметнaтoтo не гo вaжaм и ми е сoсемa излишнo. Не ме дoгoвaрaј зa тoртa или кaфе, честитaј ми и ти мене кoгa ќе ми биде и гoтoвo. Некa и е среќен. (Не сум нејзинa, вaшa сум.) М,
Не треба овде на форумов да се караш со некоја будала, бидејќи во очите на тие што читаат воопшто не се разликуваш од неа. Затоа coll..
Сакам кога ми угодуваат а најубаво ми е кога без да побарам нешто знае што ми треба Вчера за да ме усреќи ме частеше вожња до кај моите На вечера,да ги видам,да пиеме по едно кафе и пак назад дома Едно 300км за неполни 4-5 часа вели дека не му било тешко,а јас му верувам
Со една другарка одамна си имаме некоја идеја за мини бизнис и вчера почнавме да ја остваруваме, си набавивме материјали, си спуштивме слики, примери и свашта и ептен ни беше ќеф.Е сега и ова треба да се стави како закон на Марфи, дека кога конечно си вработен или во случајов се самовработуваш ќе ти ѕвонат од 365 места за кои си аплицирал за работа и во 4 год. средно.Така и мене вчера.Епа да се пофалам ќе ме вработат.Не е на струка и не е некоја wow работа, впрочем досадна е и мене никогаш не ми било ќеф да работам со пари, суми и бројки, ама сепак е работа и тоа одлично платена.Сега ќе имам редовна работа, бизнис на страна и проекти еден куп, зошто сега и сите клиенти на татко ми сакаат уредување и 3Д проект, а имам и дипломска која треба да е 40сетна страни и испит кој треба итно да го спремам.Си барав обврски, ете ми имам сега и вишок. Да ви кажам дека оние кои сметаат дека биковите се тврдоглави, го сфаќаат тоа во погрешна смисла, не сме инаети туку тврдоглаво се држиме до целта и замислите кои ги имаме за да успееме, а и од друга страна ние сакаме материјални ствари, сакаме убави работи и поради тоа сме вредни и работливи за да ги имаме.Така и јас никогаш не сум крела дека сакам да поседувам материјални работи, ама сакам јас да сум залужна за нив и според мене тоа не е лоша карактерна особина...според вас не знам, кој како милува. Не знам дали сите си имате некоја конкретна замисла за иднината, може не е убаво да имаш очекувања и конкретни замисли за тоа каков ќе ти биде животот, ама ете имам.Кога си ја формирам сликата во мислите, ме исполнува некоја топлина и радост.Секогаш кога мислам на семејство, гледам големо семејство, неделен ручек со баби и дедовци, тетки и вујковци и деца, многу деца.Дали оти сум расната така, со цврсти роднински врски и претежно топол однос имам исти такви очекувања и за мојот иден живот.За мене семејството и блиските роднини се богатство и нема поважно нешто од тоа, зошто и парите и шетањата по светот и сета удобност нема да ви ја даде таа исполнетост ако нема со кој да ги споделите. И затоа никогаш не сум сакала да живеам во странство, да, имам желби и фантазии и сакам да патувам, сакам да престојувам некое време во други земји, ама сакам да се враќам дома.Зошто може е клише, ама дома не е место, дома се луѓе и спомени.
Еден ден ќе ме нема... ќе станам прашина... Но дотогаш, како што во првиот момент кога ве држев в прегратка ви ветив : До последен здив, ќе живеам ЗА ВАС! И некогаш ќе морате да носите скината облека, но јас толку умешно ќе ја сошијам со љубов, што ќе се гордеете да носите креација на мама Некогаш ќе делите една чинија ручек ,а јас ќе ви кажам дека јадев кога вие не гледавте и да знаете, нахранета ми е душата само што ве гледам вам Кога ќе имате само едно чоколатце за сите ќе увидите само дека повкусно е кога имате со кого да го поделите А кога дедо мраз нема под елката да донесе тоа што сте порачале, не е зошто сте биле на листата на немирни деца туку зошто мама го замолила да ги донесе џемперчињата која таа ги плетела со ноќи .... Знам, ќе ви недостигаат често пати многу материјални нешта но секогаш, секогаш дури ме има, ќе имате толку многу љубов да надокнадува и впрочем, од најмали нозе да знаете што е најважното нешто во животот! На моите деца, кога ви дадов живот го пронајдов својот!!!