Еднa гoдинa нa фoрумoв! Искренo немaв нaмерa дa бидaм редoвен член, нo штo е тукa е. Изминaтaвa гoдинa зaпoзнaв мнoгу дoбри, пaметни и креaтивни пријaтели нa фoрумoв и нaучив мнoгу рaбoти кoи нa училиште не би мoжеле дa се нaучaт. Се нaдевaм декa ќе се дружиме и пoнaтaму.
2015 еве веќе си изминува,доаѓа нов почеток уште една нова година.Се надевам дека ќе биде многу подобра од оваа и секоја наредна ќе биде таква
Фала @Abrakadabra Сестра ми денес цело време ме зафркава - Еј сис, замисли да и' оставиш честитка на некоја бабичка, а она да си рече: Шту е бре со овие новогодишни реклами па више веќе да се витоса... И да ја фрли! Викам, абе јас толкави реферати напишав во честитките, белким ќе ги земе наочарите и ќе прочита дека не е флаер со новогодишна понуда
Многу ме нервира тоа шо луѓето не прават разлика помеѓу салатка и марула. Салатката шо ја користиме сега, та за во цезар си се вика салатка. Марула е друг вид на салатка издолжена и се јади поинаку.
Марфи, добредојде и кај мене, денов, не можеше полош да биде... Прво, ми напраеле утка во досието.... Треба во понеделник да полагам цело време слушам предавања кај еден професор, ваму во досие ми го пишале другиот професор. Ако не го сменат, ќе не можам да полагам Второ, ме нема на списокот за колоквиумот утре што треба да го полагам... Толку нервоза и полош ден, амин!!! Осеќам утре ќе се карам со "ГОСПОДИЧНИОТ" на компјутерски систем (вие правници знаете за кого зборам) и дека ќе ме отера у три лепе...ама има да си истерам правдина на виделина, па макар и ми фрли документи за отпис. Само не ми е јасно со факултетов, ем се учи за право, ем они сами не си го поштуваат тоа...и после државава не чинела
Јадеме донер во еден сабајле и ми вика: се надевам има награда за најсмешна блогерка пошто оваа за најсекси тешко дека ќе ја добиеш пак ако продолжиш со јадењево.
Одвај ископав слика на гугл хаха. Ова е марула. Се јадат цели листовите по желба си ги макаш во киселина. Салатката не е марула ама демек модерно е така да се вика и ајде сите. Хаха
Граѓани! Времето не' гази, а воздухот и понатаму ни ги зема здивот и животот. Немаме време за чекање, болестите и смртта не' демнат и нас и нашите блиски и нашите деца! Доста е! Се здруживме и одлучивме да кажеме НЕ!. Ве повикуваме сите што дишете, а не сакате да умрете да ни се приклучите на протест в понеделник, 28 декември, во 17:00 часот пред Владата на Република Македонија. Протестираме против загадувањето на воздухот! Протестираме за надлежните да преземат итни мерки со кои ќе се заштити нашето здравје! Излези за воздух! Со почит, Граѓански здруженија и иницијативи: - Еко Свест - Фронт 21/42 - Eco Guerilla (Тетово) - За нас се работи (Битола) - Go Green - Заслужуваме подобро! - Воздух Сега! - Ние сме Карпош 4 - #ТетовоНаТочак / #TetovaMeBiçikleta - Ајде! - No Pasaran! - Факултет за работи што не се учат - Стоп за фабриката Железара - Ќе дишеме или ќе издишеме - Скопје Смог Аларм - Стоп за загадувањето на Аеродром и Гази Баба - Го сакам ГТЦ - Плоштад Слобода - Профицио - Цивил - Центар за слобода https://www.facebook.com/events/501972323309086/
Час по час, ден по ден, годините полека, незабележително минуваат покрај нас... Ииии... така еден ден се будиш и си велиш „каде ми лета животот“... Последниве години тоа прашање си го поставувам секој 23 декември... На тој ден ми се додава уште една година... Најверојатно затоа што на тој ден станувам повозрасна , си сумирам што сум си постигнала до сега... Складен брак, две деца, дом, работа која што си ја сакам ... И мнооогу ситници кои што ме прават среќна!!! Но... не е се идеално и онака како што јас би сакала... Сепак, доволно сум возрасна и свесна дека не може се во животот да биде „розево“!!! Се „борам“ тие неидеалности да бидат што помалку и што понезначајни!!! Работи кои што пред неколку години ми задавале главоболки, денес ми изгледаат мали, лесно решливи и брзо минливи... Најверојатно зрелоста така влијае на луѓето!!! Убавите нешта се секаде околу нас, само од нас самите зависи дали ќе ги забележиме и „зграпчиме“!!! Самите си ги правиме часовите, деновите, годините убави!!! Ако успееме да се задоволиме со тоа што можеме реално да го имаме ќе бидеме среќни!!! За среќа не треба многу!!! Јас сум среќна кога секој 23 декември си се опкружувам со моите сакани!!! И пресреќна сум кога се „топам“ во нивните искрени прегратки ... Ииии... во поракава има многу вистина... Проверено ...
@s1a1n1d1r1a1, зеленчуков што ти е постиран на слика на пазар го наоѓам како кинеска зелка. Всушност, многу личи на зелка и кога ќе се исече, а и во вкусот, кој му е понеутрален. Јас би рекла дека е нешто помеѓу марула и зелка. А марулата па ја викаме и зелена салата или само салата откако паметам. Можеби сум грешка. Едит: https://mk.wikipedia.org/wiki/Зелена_салата
Sandra тоа на сликата е chinese cabbage. Оригиналната цезар салата се прави со romaine lettuce (втората слика), a ова на првата слика го знам ко стандардна марула. Сите се користат за салатка.
Со што го заслуживме ние, жените, ова проклетство наречено ПМС? Цел ден сум нервозна без причина, се испонашав дрско со една личност и тоа за ептен кратко време- буквално беше блиц средба во гужва(алал да ми е, ги имам тие моќи), па сега собирам храброст да се јавам да видам дали било толку забележливо . Барев да се испразнев, но сѐ уште вријам. Тоа што за два дена изедов речиси 400грама еурокрем и 8 американски палачинки (мали беа, да се разбереме, така се тешам) и уште еден куп храна не сакам ни да го спомнувам . А баш го имав доведено телото до топ форма, меѓутоа и овде Марфи под влијание на тој менструален цикслус знае да зезне- ќе заврши циклусот и стомакот е рамен како даска, се истакнуваат линии, и таман кога човек сака да се појави во нешто тесно што ја следи линијата на телото- одеднаш стомакот скроз подуен од овулацијата и ништо од бизнисот . Плус вчера зезнав нешто при аплицирање и не можев да се коригирам. Пробав да ублажам преку меил, ама додека не добијам повратна информација има да ме јаде јанѕа. Ќе треба и јас да инсталирам некои блокери за сите веб страни што ми го одвлекуваат вниманието, за утре треба да сум готова со една обврска, а јас не сум ни до пола. Каде има смајли што вика АААААААААААААААААААААААААААААААааааааааааааАААААААААААААААА? Проклет ПМС. Сега ми смета, а осеќам ќе бидам како Саманта од Сексот и градот кога мислеше дека влегува во менопауза, тогаш има да се избезумувам што ги немам симптомите. Жени. Одам да си направам кафе, се надевам дека малку од малку ќе ме врати во колосек.
Зелената салатка ја знам како марула уште од дете, долго време пред да излезе оваа модернава. И знам имаше една приказна за жена што крадеше марули од бавчата на комшиите, баш марули ги викаа и знам дека не мислеа на кинескиве.
Bidejki se delam so vas dragi moj feminki redno e da se pofalam malku zatoa sto sum srekna konecno smeniv rabota ovoj pat drzavna neznam do koga no dodeka trae neka trae.... Imalo malku sreka i za mene
Неправда. Ти кажуваат дека си најдобар од сите, па те тапкаат по рамо, а друг ги зема сите заслуги. Ве молам не ме тапкајте повеќе по рамо ме здоболе.