Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Оооооо... Се смиривте а? Нема веќе вени сечење?
     
    На Marossa, LittlePinky и Hipica им се допаѓа ова.
  2. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.329
    Пол:
    Женски
    Што може да ти направи другарка, не може никој. :rofl:
    Мислев да излеземе после накај 17 часот со другарка ми, па викам имам време за бањање, а косата моментално ми е мрсна, мислиш зејтин сум и ставала. :lol:
    И ми иде на врата и јас у пижама, косата мрсна, а комшијата карши мене со симпатијата е другар и тој да ти бил кај него на гости, и само излегува накај дома да си иде, јас на врата муабет со другарка ми правам, овој ме виде, јас се кријам, и ми мавна, и морав и јас да му мавнам. После сакав да ја убијам другарка ми. :devil:
    И за инает не излегов и викам не одам ваква, во 17 часот ќе излеземе и оваа само се изнасмеа и ми вика добро. Направи тука збрка и уште си се смее, бе. :D :D
    Ах што ми направи другарка ми. :devil:
    Само за ќотек е, нема што. :D
    Ми се плаче луѓе. :sweat: :sweat: (се шалам, цркнав од смеа и јас)
     
    На Elennaa, Anabelle.Amorette, QueenElena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Зграпчете го денот, оти од учење никој аир не видел. :wasntme: :rofl:

    Ај, здраво! :emo:

    И не се фаќајте за ситници, дали видел или не видел. :D
     
    На Hipster, Dog-lover, kikav и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Purrinn

    Purrinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    77
    Ги дојадувам "остатоците" од вчерашната гозба со гостите. Денес кафето ми е уште повкусно. Секогаш сум ги сакала утрата после убаво помината вечер. :!:
    А животот... животот е како пустината. Не знаеш каде завршува, но и се радуваш на секоја капка која ти дава живот. Никогаш не знаеш кога ќе начекаш мала оаза во која ќе најдеш прибежиште и одмор. Но колку и да сакаш да останеш секогаш продолжуваш, колку и да било убаво, колку и да не сакаш да продолжиш, продолжуваш да бараш.. Да ја бараш својата суштина, да го најдеш својот дом, онаму каде што припаѓаш... :?:
    И да, дојде ручек, а јас сеуште го живеам утрото.. Ви посакувам убав остаток од денот феминки :*

    ПС.
     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa, Elena69221, kikav и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Би сакала да можам да му кажам што чувствувам.
    Да знае како ми е, јас да знам нему како му е.
    Можеби ќе биде добро, можеби лошо.
    Кој знае..
    Среќата можеби да биде на моја страна, конечно.
    Ама гордоста е преголема.
    Ах, колку работи ќе останат премолчени, а кога ќе помислам што сум можела да имам, ми доаѓа да легнам во клопче и да почнам да плачам.
    Ќе помине ако се исплачам? Само тоа се прашувам.
    Кога ќе капнат неколку солзи, можеби болката ќе остане само болно минато.
    А што ќе биде со сегашноста? Со иднината?
    Секогаш сакав тоа да го игнорирам. Знаете како велат, не мисли на иднината, не знаеш што те чека.
    Се' останува на неа, а јас само сакам да не ме разочара.
    Заслужувам малку среќа и љубов во овој мој беден живот.
    Ми треба промена.
    Ми фали прегратка, негова прегратка.
    А знаете што боли повеќе од било што? Кога ќе слушнете нешто што ќе ви го скрши срцето, таа болка ја осеќате длабоко во себе. На никој не му посакувам да ја доживее.. Има последици.
    И после се, се обидувам да останам позитивна, тоа ми е една добра страна што ја имам.
    Што тој не ми ја зема.. Не ми ја зема насмевката.
    Само тоа ми вреди, тоа ми е битното.
    [​IMG]
     
    На Elennaa, SparkyAngel и Dog-lover им се допаѓа ова.
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Кафе. Македонско.
    Се служи топло, да чади, такво и се пие. Кога е во мали количини.
    Но јас моето го служам во тенџере, во колеми количини, како живот. И не стигнувам да го вкусам цело додека е топло.

    Како живот.
    Како што минува времето, сфаќаш дека не се деновите така сончеви и топли како што си мислел. Не се сите прегратки така топли како прегратката на баба ти кога ќе си го удриш коленото.
    Не се сите бакнежи така топли како оние на татко ти кога ти ја лечи температурата со бакнеж в чело.

    Јас моето го сакам горко. Како живот.
    И уживам во таа слатка горчина (се надевам Каролина нема да ме тужи за плагијат :D ) зашто знам дека не е се‘ така слатко во животот. Башка, многу слатко не е на арно; може да ти се прислоши.Сè уште го тегнам моето утринско кафе како потајно да стравувам дека со последната испиена капка ќе си ја испијам последната секунда од животот.
     

    Прикачени фајлови:

    На Elennaa, Purrinn, Hipster и 12 други им се допаѓа ова.
  7. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Проклета била женската интуиција

    Никогаш не ме прелажала, не ме ни сега, само :( не сакам оваа моменталната да се оствари, плиссс !!!!
    Иш, иш, ишшшшшш од кај мене
    Те неќум
     

    Прикачени фајлови:

    • large (1).jpg
      large (1).jpg
      Големина на фајлот:
      23,4 KB
      Прегледи:
      276
    На Gordana10, LittlePinky и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  8. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Ооој, срцето ќе ми искочи :l:
    Ама..
     
  9. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.037
    Допаѓања:
    5.915
    Сакам да победи Даниел на xFactor. :D
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Не верував дека некогаш ќе го напишам или ќе го помислам ова...
    Ама ми фали Германија.
    :o

    Никако не ми фалат проблемите и глупостите со кои се занимавав и трошев мозочни клетки да ги решам, условите во кои опстојував, не ми фали воопшто дождот што врнеше како да ме полива некој со кофа, глупавите и неписмени луѓе со кои се сретнав, стресот што го истрпев, или пак гадната храна што ја изедов ама... :geek:

    Ми фалат убавите и мирни попладниња и вечери во јуни и јули. :) Сонцето заоѓаше некаде околу 22-23 часот, и ако бев покасно на работа, на враќање го гледав како заоѓа. Воопшто не бев љубител на долгите стази што морав да ги извозам секој ден, но имаше еден дел од патот што ми беше уживање. На почеток, имаше шуми и дрвја, а кога ќе скршневме на едно кривинче имаше најгуста шума, тука се зезавме дека има лавчиња. :D Е, после тоа, се отвораше видик, стоевме на врвот на некое благо ритче и гледаш... Рамно, рамно, рамно, со по некоја ветерница. Небото си беше од најсветло сино до најтемно виолетово, неверојатна комбинација на бои. Мирисаше на свежо, на слобода, на среќа. Некако, сите мои проблеми престануваа и сите добиваа решенија уште пред да станат проблем. И тука вдишуваш длабоко, ја чувствуваш слободата во секое делче од телото, сфаќаш дека си жив и дека дишиш, а како дишиш ти доаѓа да бараш повеќе и повеќе и повеќе од воздухот, од слободата што ти ја нуди местото. И не ти е доволна.

    Ако пак си доаѓав порано, а интернет нема, телевизија нема, ништо нема, јадевме, се туширавме и седнувавме во дворот. Фино, мало верандиче со интересен распоред на функционирање. А пред него тревичка и цвеќенца. Жал ми е што не уживав повеќе во слободата без интернет и компјутер. Сега сеќавам дека секоја вечер си легнувам уморна, а секое утро станувам поуморна и ме боли глава, грб, не сум наспана... Таму работев по 9 и повеќе саати секој ден, минев добри 15км, и не бев уморна, туку свежа и одморена. Ме нервира веќе црнава кутија на која сите сме и роб, упорно ме нервира и упорно седам на неа. Како и да е... Имаше два или три стола, раштркани, едно масиче преполно со пепељари и отпушоци и една лежалка. Некој седеше потпран на ѕитче, обично некој од нас, на лежалката беше позициониран еден од највредните луѓе што ги знам, а столовите функционираа на принцип кој превари, тој товари. :D И тука седевме сите, јас најчесто со полуводена коса и шарените ми пижами со омилената блуза, се зезавме, некои пиеја пиво, некои јадеа чоколадо или едни блакца што исклучително многу наликуваа на нашите шампити. Сите зборувавме на некој крш германски, тие понормалните што бевме де :emo: , гестикулиравме со раце, се разбиравме, несвесни за тоа што не чека кога ќе си дојдеме дома, назад, за црната кутија што мене ме чекаше да ја отворам, а ме проголта цела.

    Будала или не, ми фали тоа. Дали ми фали незнаењето, несвесноста за тоа што иде, или ми фали тоа што сите проблеми кои морав да ги решам беа ставени на стенд бај, три месеци долг стенд бај.
    Уживавме во тие моменти, можеби не во сите, ама во тие да. Уживавме без да знаеме дека уживаме и препекавме да си дојдеме дома. Навистина имаше денови кога чувствував тотална и непоколеблива среќа, задоволство и исполнетост кои тука никако не успеав да ги достигнам до пред некое време. Никогаш повеќе нема да ја направам таа грешка. Ха, си ветив сега, здравје, во овие четири месеци, ниеднаш нема да бидам нетрпелива и да сакам да си дојдам дома. Ќе работам, ќе бидам уморна, ама ќе бидам благодарна што сум таму. Има да го впијам местото до секој милиметар кај што ми оди погледот, до секој атом на кислород што ќе го вдишам, да го впијам и да уживам додека грижите ми се сведени на минимум.

    Само така се живее до 101 и назад. ;)
     
    На 1209, LilBaby, ilipili и 20 други им се допаѓа ова.
  11. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    СКД феминки чувајте ми среќа мајка ми да не ми го име прочитано дневникот!!!
     
    На sweet-star му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Chocolate-me

    Chocolate-me Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2014
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Женски
    СДК дека сум разочарана од некои луѓе,не ми се верува што се прават за да наштетат на други.Уште еднаш се уверив дека денес се се прави од корист,користољубие насекаде :x :puke:....
     
    На ljubovche му/ѝ се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    За време на продолжениот виденд си заработив (освен неоправдан) настинка.
    Виновници:
    1.Два сладоледа со по три топки.
    2.Две недели носење кратки ракави.

    Ама ич не ми е гајле...
    И ич не се каам за двата сладоледа.

    Сега решив да научам да свирам некоја песна што ја сакам на клавирот. Ретко се случува тоа...
    Но еве, денес сум продуктивна. Половината ја научив.

    Друго, повторно поврзано со музика, не ми се верувам дека познавам девојче на моја возраст која не слуша музика. Можно ли е?
    Можно е но мене ми е чудно.

    Ај, вечер Икс Фактор... Едвај чекам.

    Чекај малку, до мене е, или и Јипи исчезна од форумот со Трендафилка?

    Си наредив 300 случајни бесмислености и празни муабети.
    Но, се надевам дека ќе ми се прости.
     
    На Nana19 и LittlePinky им се допаѓа ова.
  14. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Кога никој не знае среќата подолго трае ...
    Јбг

    Дувам и на кисело млеко :D
     
    На Marossa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.026
    Допаѓања:
    36.084
    Пол:
    Женски
    Живот... Секој го живее својот,само некои уживаат во изобилство.
     
    На Nana19, ljubovche, bubamara12345 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Тешко ми е.
    Чувствувам грижа на совест, а мислам дека нема потреба од такво нешто.
    Не наштетив никому, освен на самата себе.
    Упорно се повредувам и си наштетувам веќе долго време.
    Свесно или не свесно. Не знам.
    Моменти на губење разум. Моменти кога не мислам на ништо. Моменти кога не ме засега ништо и мислам само на она што се случува баш во тој момент.
    А после тоа, се јавува разочараност од самата себе, каење, тежина и прашања од типот "каде е старата јас?".
    Но, нема одговор на ова прашање.
    Старата јас нема никогаш да се врати и ништо веќе не може да го исправи и да го врати она што е веќе направено.
    Нели, не треба да се каеме за работите што сме ги направиле, ако ги правиме од срце и ако го сакаме она што го правиме?
     
    На Elennaa, SparkyAngel, lana.del-rey и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Не знаев во која тема да го постирам линкот,па го постирам тука затоа што е најчитана. Преместете го во посоодветна тема.


    http://petsportal.mk/danska-istrebuva-13-rasi-vkluchuvajkji-go-i-sharplaninecot/

    Жално. :| Потпишете ја петицијата. Во текстот,подоле има линк до петицијата.
     
    На Jenniffer му/ѝ се допаѓа ова.
  18. leighton23

    leighton23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    1.681
    Таа беше во потрага по богатство, остави се зад себе и реши да го бара.
    И го најде, најде многу пари. Но за жал ги најде на погрешен пат.
    И од тогаш веќе се не беше исто.
    Изгуби се и останаа само парите. Ги трошеше купуваше се и сешто. Но за што ? Но за кого ? Немаше друго ништо, немаше друг никој, само таа и парите.
    Сфати, но за жал предоцна. Ги бараше љубовта и среќата, но неможеше да го најде патот, незнааше да се врати назад, се загуби и потона во сопствените солзи.
    Жалната вистина за една девојка.
    Парите не се најважни во животот, имајте го тоа на ум.
     
    На Elennaa, Silver.E, QueenElena и 3 други им се допаѓа ова.
  19. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Еве го линкот за гласање: http://www.change.org/petitions/tell-de ... g-breeds-2


    Тие данците свесни ли се дека сѐ уништија. И делфини убиваат на есен, а зошто? Што докажуваат со тоа? Сега се прават Хитлер? Холодогс ли ќе има? Срам да им е. Греота за животните.. ;(
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Данците ми стаа одвратни од она со китовите и делфините. Одвратен народ, одвратна држава, па сега уште ова со кучињата. Кои се они да одлучуваат за тоа кои раси се опасни или не, ај нека убијат се што е животно во Данска ако не! :@
    И после они ќе ти се прават високо образовани граѓани, образована културна нација, животното има повеќе свест и разум од овие дивјаци неписмени.
     
    На anuskaNESTLE, Waka-waka, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.