Имав премногу слободно време, секој ден го поминував со моето семејство и некогаш знае да ми дојдат преку глава и да ми смета галамата. Пред некое време почнав на работа и таа тишина таму многу ме релаксира. Но денес кога си дојдов дома и ја почуствував она домашна атмосвера....онаа топлина од домашнитее сватив дека нема ништо поважно од семејството. Се може да се купи, промени, испере.....НО топлината во домот може само да се почуствува.
Сега ќе ви кажам јас еден рецепт. Секој ден ако се будите со љубов и со насмевка, денот ќе ви биди милион пати поубав отколку кога се трупате со пудри или парфеми. И јас се шминкам ама некако како тоа што секогаш сум го посакувала, да ми се исполни и тоа баш сега. Денеска ми дојде дечко ми.Па со мартадела па ги јадевме кифличките.( made by me) Не можам да опишам колку го сакам.Онака, во неговите очи се гледам себе. И на нокаут ќе го водам, маченце ми е тој...онакво најубаво
Срцево ми се скрши на парчина од болка додека го гледав,случаjно преку канал 5 за макеата што го прави ова.. сеуште неможам да се соземам http://www.iha.com.tr/haber-iskenceci-annenin-dehseti-saniye-saniye-kaydedildi-522170/
Ми оди онака од срце и со цела душа да заминам некаде далеку, далеку од се и сите.. да оставам се зад себе и влечкајки еден куфер со мене да отидам онаму каде што една прегратка значи бесконечност, еден поглед толку ја топли душата и една единствена рака значи љубов. Ништо друго не сакам освен малку здравје и едно прекрасно око кое ме гледа како единственост.
Одиш во банка застануваш на ред, поминуваа сите идиш, ти брцнуваш во левиот внатрешен џеб од палтото каде што претходно си ставил пари, ги вадиш и извикуваш, сакам да внесам пари! Мислиш пари и пакетче кондоми... Молам o.O ? Мислиш пари и пакетче кондоми! Погледнуваш надолу и гледаш дека парите се извадени да, но се обвиткани околу пакување дурекс... Брука да, зацрвенуваш започнуваш да се потиш, а таа се насмевнува љубезно... Паметам да, добро паметам кога беа купени и со кого, со љубов беа и за љубов ама од пуста љубов не остана ни Љ истиот период оваа година... Ете едно пакетче кондоми колку ли само можи да те "заe*и" ...
Многу убаво си се расположив наеднаш Си пуштив vh1 , играв на Шакира "ко Шакира" и си варев какао.Додека се вареше си пеев ,си играв, ко детенце.И баш убаво. Одлично расположение имам моментално Утре сум фри,па уште Петок и тоа е тоа Фолкс
Закачив убави fairy lights на ѕид,малку се филмам дека ми е ептен тамблр-ски уредена собава,хахахах Па по толку покакан ден морав малку да се расположам-да морав да примам уште еден удар на кутрото мое его за без причина ке пошизев и ке истепав некого,ни крив ни дужен ке го изедеше стапот.Нејсе,добра ноќ.
Значи добро на мобилен барав слика не знам од блиску како излгеда. Битно знам со сигурност дека салатка, украсна салатка(онаа како везена), кинеска, и марула се различни варијации. Ете нека се најде некој ботанист па нека каже. Татко ми е земјоделец сади вакви култури и со сигурност тврдам дека салатка и марула не се исти зеленчуци иако тука често така и се мисли.
ТЕ САКАМ !!! Знам дека припаѓаш на друга, но те сакам и тоа многу ми помага.... Те чувам во ЗАСЕКОГАШ!!! Никогаш нема да ти ги откријам чувствата... Нека кружат во мене, нека боли.... Најсилна гушка до тебе. Најголем мој пријателу Ти благодарам што постоиш... Секој пат кога паѓа една солза од мене, те боли тебе... знам... И нема да дозволам повеќе...
никогаш не си пишуваме пораки... не знам оти... ама си пишував на скајп со една другарка од Австралија и оп порака од мечето те сакам, само да знаеш. Добра ноќ да, имаше 7-8 зборчиња а мене ме направија за 7-8 пати посреќна. добра ноќ и вас
Хаха лелееее каква дискусија се разви. Првото се вика барем тука на пазар украсна салатка. Оти е таква како везена. Другите се океј, марула ќе ви сликам обавезно чим татко ми ми донеси
Сонот никако да ми дојде.. Периодов имав куп проблеми и стресови, секогаш бев јас таа која што требаше да се замара со се и сите, секогаш јас бев таа која што требаше да води ред и мир насекаде, секогаш бев јас таа која што требаше насекаде да се претстави и да разреши се.. А и ништо од сево ова не ми е чудно, цел живот сум сама на своето, скитник, талкач, ете тоа сум јас, секогаш сама за секоја авантура, за секоја мала промена и секоја животна обврска, многупати дојдено преку глава со куферот в раце шетав и се релаксирав, обожавам авантури и новости, етапи и занимливости.. Секогаш се водев по тоа да си сам на своето е врвен преоритет за секого во целост, нашиот сопствен успех и нашиот труд секогаш е бесценет.. Секогаш и во се бев сама, а тоа ме исполнуваше, не сакав помош, ниту подршка, сакав едниствено за себе си да се борам и од ништо ете.. бар нешто да си створам. Се до моментот додека не дојде тој, додека не ми ја фати раката и не ми докажа дека животот е створен за двајца, животот е бесценет кога љубиш и си љубен, се до тој момент бев сама во толпата со премногу луѓе околу мене.. Среќна сум, среќна што се борев за себе и успеав сама, среќна сум што ја имам раката која ме грее и окото што ме топли.. Секоја наша направена грешка, изустен збор, напишана реченца останува зад нас како патоказ низ понатамошниот живот, грешка што всушност е доблест за нашиот понатамошен живот, луѓето грешат но она што е најважно во секоја нивна грешка е упатената суштина за догледувањето на истата.. Луѓе, слободно грешете, ама искрено научете од своите грешки и поправете се. Поздрав.
И јас сакав да кажам нешто, ама некако немам инспирација и лошо ќе се изразам...и ќе бидам погрешно сфатен...и затоа подобро е да не кажувам што сакав да кажам. Не се секирајте...и јас самиот не разбирам што кажав... Најдобро е да земам пауза и малку да се одморам
Е, значи ме расположи до бескрај! Ќе мрчев нешто, ама не вреди да се замарам толку. Си ја пуштив песнава на риплеј и ќе се журкам сама.
'Constantine', по не знам кој пат... Дури и репликите ги изговарам на глас. А омилениот дел ми е клубот на Миднајт, и нормално, APC. "I know that you can hear me..."
Некoгaш не мoжaм a дa не си пoмислaм зa некoи: пa дoбрo кoгa стигнaвте дa се зaдружите и зaсaкaте тaкa брзoпoтезнo?! Мене кoгa некoј тaкa ми влетувa вo живoтoв, првo гo пoсмaтрaм, му прaвaм aнaлизи нa личнoстa, се бaрaм нa кoјa брaнoвa дужинa сме, oтфрлaм мoжнoсти декa е скриен психoпaт или сериски убиец... пa пoсле извеснo време (можеби) гo прифaќaм, a теееек пoтoa си сме срцуфки. but that's just me Сo љубoв, Вaшa М,