Денес сум посебно мотивирана за расправии незнам што ми е ама како темпирана бомба шетам наоколу Се надевам ке помине.. се надевам..
Не приметувате дека има различни снимки, различни денови? Колку што на оваа треба да и се дере кожата секој ден додека не умре, така и на тој што снимал и не му била доволна една снимка па морал да снима и изгледа уште неколку други. Подеднаква казна и за чудовиштето и за тој што снимал. Мене ми се слоши гледајќи го видеото.
Дефинитивно не сум родена за ова време. Ме нервира новава технологија,бесмислени трендови,сиот тој метеж,брзање и гужви...Јао мајчице. Камо да бев родена во период негде од 14 до 18ти век. Со белиов тен ќе бев аристократ,ќе шетав наоколу со раскошен фустан како вистинска дама. Старите палати и замоци,организирани балови, секакви настани и собиранки без интернети и такви чуда од модерново време,прекрасни градби,класичната музика, интересна облека и мебел се само дел од она што ми предизвикувало восхит уште од мали нозе,па еве со години наназад само се замислувам себеси како би изгледала да живеев во тој период. И по слики и од разни документарни филмови што гледам како во тоа време девојките се облекувале ,имале посебни часови каде учеле како да се однесуваат културно,едноставно ми е преубаво. Типичен пример ми се за елеганција,женственост и нежност. На екскурзијата во средно имав можност да видам дел од замоците во Австрија. Само се врткав наоколу со ококорени очи и падната вилица од чудење и восхит. Толку грандиозни,елегантни,уникатни,толку сочувани...како да застанало времето за нив,се' уште се чувствува некоја вибрација,дух на нивното време. Стоев и замислував како неколку века наназад изгледало сето тоа,просто човек да се наежи и да заглави некаде во мислите додека вкочането го прегледува секој детал одново и одново и не може да поверува дека стои пред такво нешто. Освен овој период,многу интересни ми се и 70тите,80тите години,абе блазе си им на моиве каква младост имале! Им љубоморам на тоа што во тоа време луѓето имале шанса во живо да проследат настапи од некои легендарни бендови кои за жал,во денешно време не постојат. Настрана тоа што во песните се чувствува силна емоција бидејќи од душа се отпеани.Тој бунтовен младешки дух,некое специфично одбележје на 80тите,па толку убави текстови во кои човек може да се пронајде и да се наежи дури,а не како денес,2-3 збора 5 минути се повторуваат одново и одново и толку,демек хит е песната. Нит емоција,нит некаква приказна во песната, да речам,слушам нешто-како да не слушам,не задржува внимание. Долги коси со бушави локни,гитари,црни кожни јакни и рок фазон,савршенство без мане! Како помала многу често листав низ старите албуми со слики од мајка ми и татко ми...И двајца темни коси со штосни фризури,темна облека,бреј си велам колку кул изгледале,рокеришта прва класа. Со брат ми кога бевме малечки разгледувавме плочи што ги купувал татко ми кога бил млад,па пуштавме на грамофонот и игравме во соба. Па и кога ми кажуваа какви свирки имало,колку многу концерти,вечерни собиранки во паркови уз гитарче во позадина...Толку динамично и природно,повеќе дружење,не е како сега. Не излегувале само за да бидат видени,но мислам дека било многу поспонтано и позабавно,не е исфорсирано. Доста фантазирав и филозофирав, да одам да си слушнам некое старо хитче пак.
Денес среќата е на моја страна. Само два пати ми се случило да ми падне нешто вредно среде толпа народ, и за среќа се нашле добри луѓе наоколу. Туку, ме измачува едно прашање во последно време - од каде таа опсесија на Македончето со вегани? Секој ден читам налив од твитови во кои се исмејуваат веганите, а на Фејсбук секој втор пост ми е споделување на истите. Барем да беа интересни досетките, и јас ќе се смеев. Оригиналност во минус. Што е со тие генерализации дека секој веган/вегетаријанец го возвишува својот избор на исхрана во секој разговор? Обидете се да бидете покреативни нареден пат кога планирате да исмејувате некого.
Некако нелогично ми е, има место за милиони селфиња а никако да одвои некој килобајт да си инсталира кирилица... "od mob sum" немој не ме јеби.
Јас мислам дека ќе се најдете заедно на пола пат и веднаш ќе се препознаете ти и среќата!!! Бравос за надежта! малку по малку и се полни чашата со надеж!!!
Моментот кога одиш на контрола кај доктор, кој воедно е и професор на универзитет, и таму гледаш седнати 7-8 студенти на пракса, меѓу кои само една девојка Значи поглупо чувство нема, да ти се прават прегледи пред толку многу луѓе и сите да зјапаат во тебе. Еден вметнува податоци во компјутер, на друг му рече да ме прегледа пред негово присуство и кутриот 30 мин се обидуваше само да ме наслуша убаво...му се тресеа рацете, и нешто ме прашуваше, мрмореше, ништо не го разбирав И му беше срам на гради да ме слуша....Другите прават белешки во тетратки, тефтери...леле бе.... После повеќе од саат време се враќам со резултатите (значи после мене уште 300 души поминале) а тој што вметнуваше во компјутер, таман влегов во врата ми вика: Ти беше (ми го кажува името)? Те запамтив пошто јас сум (машка верзија од моето име)...и докторот (постара фамилија на татко ми) се смешка и вика: Ај значи можно е да си имам зетче колега...и го гледа тој на компјутер Зини земјо голтни ме...луѓе на контрола дојдов, а не на мажење....ма да нема да ми падне лошо идно симпатично докторче
Див народ, пун комплекси, страв и завист. Ти да помогнеш, они уплашени, ти насмевка и поздрав, они презир и поглед доле. Горди на мизерија.
Јас, која го имав сето време на овој свет. Јас, која имав време за донирање. Јас, која векот го преспав. Јас, која имав време за ноќни поседенки до изутрина Јас, која , од шо немав што да доправам- два-три пати на ден се туширав. Јас, која имав време за се ама баш за се (ок пак доцнев ако одев негде ) А сега, истата таа јас, немам време да си умрам а не па да направам нешто што сум правела порано. Немам време да си посветам внимание на самата себе. За најмала ситница се расправав со дечко ми и си правев непотребни драми.....а сега-едвај разговараме за она што е најпотребно и ич се немаме скарано, немам време за исправување на крива дрина Ај се тешам-период е. Можда и е, ама период што трае и трае и трае...
Таа им е маќеа, а ова го сминал таткото кога отишол на службен пат, бар колку разбрав. Уфф уште сум вознемирена.
Купивме карти цело друштвенце, со душа чекавме сабота, и сега ова.. Искрено се надевам на среќен епилог од оваа приказна, наречена Живот...
Во една меѓусебна љубовна релација тоа што би било повеќе од важност и животна вредност е самиот гест, самата помисла и отсјајот во очите на саканиот/та, да пробаш да ја усреќиш твојата бесценета половина со најмалото, наједноставното и најнежното нешто како бев вчудоневидена од големиот маж кој пред ликот на љубовта се претвори во најмилата душа..
„Шири ја љубовта секаде каде што одиш. Кога некој ќе дојде кај тебе, нека си замине посреќен отколку што дошол” Мирот се раѓа од насмевката”. Два цитати кои посебно ми прираснаа за срце ,Доколку сите се потрудиме да ширими љубов и насмевка светот би бил подобар ! Jaс сум полна со љубов а вие?
Сакам вака во Битола! Спојлер: празници се ближат Но тоа моментално би изгледало иронично,бидејќи Битола моментално нема стадион и фудбалот како спорт не е развиен како што треба,туку како што не треба...иначе сликава е од фб страната на УЕФА
Стоте елки во Емирати мол и Дубаи мол се ненадмашливо преубави и поголеми од онаа нашана скопска, централна, главниот украс на метрополата... Само тоа да кажам... Довиѓења