Денес на убаво тргна денот.. Убаво сонце ама го чекам денот кога ке имаа снег.. Сега сакам да прашам нешто Како би реагирале ако некоја разведена без разлика дали машка/женска особа по краток период од развод пак стапи во брак. Исто така со разведена личност. Што мислите? Ке почнам од себе. Во ред е да имаш врска, но за брак е премногу рано, сепак само што си завршил со тој статус на брачен партнер. Мислам дека треба време да помине. Секако ако нема залетување, сега се разведив и дали ке најдам маж/жена, па да се налета на првата особа што ке ти понуди заедничко живеење, таканаречен брак. Ако прашањево не е за тука нека се премести/избрише ..
Oстaј, и мене рaбoтите ми тргнaa нaдoлу oд aвгуст кaкo и кaј тебе. Ај, мoже ќе се oпрaјме вo нoвaвa гoдинa.
Сакам да прашам каде исчезнаа домаќинките?? Младите се повеќе и повеќе не се замараат со тоа дали имаат нешто за јадење или дали им е чисто дома. Пред 5 месеци на фб ме ставија во една група домаќински муабети ( чисто да се смееме со другарките). Јас сум изненадена од младиве мајки, жени. Само пишуваат бараат некоја чистачка, готвачка. Додека чекаат саат ипол на фб да и најдат жена што ќе и исчисти може сама да исчисти. Немаат време за чистење и готвење ама затоа знаат во сите продавници што има и која цена е. Сите броеви од ресторани и од пицерии ги знаат на памет затоа што мажот кој ќе се врати од работа ако му се јаде да му нарача нешто ако не не мора да јаде, а детето сигурно јадело во градинка. Не сакам никаква помош никаква жена како што јас сама знам да си исчистим ниедна жена нема да ми исчисти така без разлика колку ќе ја платам.
Некогаш не морате да трошите богатство да го направите некоj срекен. Мене ми е побитно дека некоj помислил на мене. Другарка ми недела дена беше во Шваjцариja. И така ми звони денес другарката на врата со чоколадо. Сум се израдувала како мало дете на чоколадото. И така викендот може да почне Спојлер: Коj e стрвен за чоколадо нека не отвара :)
За да видиш кој ти е пријател, побарај му пари на заем. Побарав да ми позајмат т. е. да ми ја платат картата за Нова Година па одма утре ќе му дадам бидејќи немам време да им дадам пари- сите ми дадоа изговори : - знајш немам пари, немаме к 15 земено (татко ми и помага во работата бидејќи се соработници, а таа е нова и ова е најверојатно благодарност) -Не можам да ти дадам, сега сум на работа, а немам пари нема да појдам до банкомат да извадам пари. И велам :Па, сабајле ќе дојди кај тебе да ги земе парите. Таа:Да, ама нема да појдам да извадам пари... -Другата : Јас и дадов на (вторава) денеска бевме излезени заедно. Аха,така.... Да напоменам сите се ВРАБОТЕНИ СО ПЛАТА И ОСИГУРАНИ. А, јас се трудам едвај 100 ден дневно со часовиве да извадам Се врти тркалото Не се лажете дека некој ќе направи нешто за вас, освен вие самите. Јас се јавив за да видам кој ќе сака да ми направи услуга. Очигледно, никоја од нив. Не, нема другарки . Ќе побараат од мене нешто, тогаш и јас ќе немам време, ќе немам пари, кредит ќе немам, минути бесплатни ќе немам.... За овие дотичниве. А, за тие што заслужиле се ќе имам Не сум злопамтило, ама кога ќе гледам дека некој ме гази и јас него. Најверојатно, се дружам со погрешни и од погрешни луѓе барам пари. А искрено и ретко барам на заем, скоро ИЧ, а давам. Да се здрави и живи тие што ме сакаат и почитуваат
Ме нервираат луѓе кои кога ќе ги замолиш една работа да завршат а ти си го завршил поголемиот дел од истата ти наоѓаат оправдувања и изговори дека не можат. Тука ќе прекинам зошто ако продолжам ќе треба секој врпт збор да го цензурирам. Ова е културно кажано.
А мене at СЕКС Луѓе, во Џамбо има се! Дури и сандак за мртва барбика. Барбика со шолја за веце. И деца кои играат топка, продавачки кои ништо не знаат, и обезбедување кое подобро знае од продавачките кое каде е наредено.
Петок навечер а јас си седам дома. Браво.Идам да го отворам чоколадното млеко.Оваа вечер го достигна врвот на мојата пензионерска кариера. Се шалам, до толку ми е досадно што ке фатам сама со себе да зборам.
Кога немам време шминката не сака и не сака, па ми одзема час. Кога имам време да се тинтрам еве ме готова за 10 минути. Од договори за гледања останав само на договори. Деновиве времето поминато дома ми е најскапоцено и не би го менувала за ништо, добро де освен за некој леп момак
Знаете, отвара новчаникот гледам 500 денари во него, се чудам од каде тука вчера немав ни скршен денар, се потрошив. И тоа да ми биле од дедо ми Решив да ги потрошам, па бев му купив капа, џемпер и елек за престојните зимски денови и пак се потрошив. Како ме фаќа предпразничен стрвост да шопинг, се сакам да си купам, а најмногу козметика Дома се и сешто имам и веќе немам место по фиоки, по сталази ... ќе морам да се стиснам малку. Кога ќе ми текне дека пак имам нарачано палети, три дури ептен се радувам, ама па моиве дома им се крева косата. И сега ме фаќа еуфорија да се почастам со уште едно карминче од Голден Роуз. А утре, е утре е денот. П.С. Сакам да ми се "одљутат" крајниците, ќе бидам умна!!!
Ахх има тука нешто др. Можеби се знаат тие и подолго време и пред разводот, а не би не изненадило. А едноставно некои луѓе не учат ни на сопствените грешки. Некои се толку лабави и површни, што одлуки носат после 2 мин размислување. Некои се водени од другите без свое мислење и став. Можеби и конечно си се пронашле и после првиот развод знаеле точно што бараат од следниот партнер и какви очекување имаат од таа заедница. Не има секакви.
На роденден, слава, прослава : Земи, касни не се срами. - Не фала. Абе земи сеа, ја сум ги правела... - Ајде, подоцна... Абе види ја сега. На диета да не си? Не ме нервирај. - Би земала, ама не јадам млечни производи . Да не си болна нешто?! - Не, веган сум. Веган ?! И шо јадеш ти? Само трева пасеш? И како така ?... И од кога ќе си објасниш, после муабети ќе ти вадат дека само за тоа збориш и им попуваш на сите, а они низ нос ти го извадија тоа дека си веге...
Петочки фамилијарно одлучивме малку да се прошетаме низ плоштад,да се сликаме со дедо мраз и секако да се подновиме нешто пред нова година.Но сепак не се чувствува како порано таа предновогидишна еуфорија како пред неколку години.Но неколку работи на плоштадот пред нова година сепак се тука:дедо мраз,крофничките и луѓето со балони..