Попладнево бев расположена за некој чоколаден колач, ама татко ми ме предомисли - Ај овошен ќе правиме заедно, има останато замрзнати вишни од минатиот пат. Е ај така нека биде. Откако еднаш се зезнав со рецепта од мајка ми (заради нејзината мерка „филџан“ за која употребив „шолја од 250ml“ па испадна колач за цело село), требаше да знам дека со нејзините запишани рецепти може само она да си се снајде. Ама очигледно не знам ни од своите грешки да учам, па пак го земав нејзиниот тефтер. Прво - пак ја утнавме големината на тавчето, второ температурата (зашто тоа не пишува во рецептите на мајка ми, она од око сè си прави), па почна колачов да гори, па татко ми му стави картон одозгора, во меѓувреме колачот нараснал малку повеќе, па се залепил за картонот, па странично изгорел, а во средина останал непечен... Леле, коса ми се крена! Ова ми се чини е убедливо најголемото фијаско во мојата скромна кулинарска кариера Татко ми па упорен, го остави да се допече, којзнае што ќе испадне. По рецептите на мајка ми - never again! Туку ај одам да рендам чоколадо. Без колач вечерва нема да останам, па што сака нека биде!
Мнoгу ми се несфaтливи нивнoтo висoчествo фенoмени, штo не мoжеле дa кaжaт ни фaлa ни извини. Ау извинете вие вoјвoдa и вoјвoдкињи oд Велс, челични принцеза и oлoвни принцеви... Oк, фурaјте си тaквa шемa, сaмo дaј не се пaунете сo тoa кaкo дa е некoјa си дoблест кoјa ве прaви изнaд ситуaцијa. Беднo, жaлнo и невoспитaнo е дa не се заблагодариш, a сирoтo и тврдоглавo е дa не се извинеш. Имaјте убaв викенд. Зaблaгoдaрувaјте се и извинувaјте се. Вaшa М,
Како ги фатила новогодишна манија... продавниците, кафаните полни до врв. Свирење и гужви од коли... загадено им било... мхм кога ги мрзи пешки да поодат на сонце.
Зошто сум таква кога е некој тажен одма и мене ме фаќа тага ,кога е некој нервозен и јас станувам нервозна , кога е некој среќен и јас сум...Зошто ги примам чувствата од луѓето т.е многу ми влијае расположението на некој што е во моменотот со мене...
Романтика за мене е кога ќе останеш дома сама во претпразничниве денови после стемнување, и гасиш сè за единствено светло да остане она од сијаличките на елката. Конечно и за мене, после завршувањето на обврските поради коишто на датумите гледав како на рок околу учењето и не бев свесна за ближењето на празниците, официјално почна период за одвојување време за себе околу новогодишната еуфорија. Не знам дали сум единствена, ама секоја година традиционално последниот викенд си ги фаќам од почеток до крај новогодишните топ листи на омилените радио станици. Така и денеска... на сончев студен ден под ќебенце покрај елката, во позадина на Антена 100 песни како рекапитулација на цела година, многу од нив поврзани со убави ситници, а и подзаборавени што сега пак ќе ми се вртат во глава... И да, она што најмногу го сакам кај овие празници е што во исто време асоцираат на надеж за престојни убави моменти и исполнување цели во иднината, а и со сите радости што идат со нив неизбежно нè враќаат на топлината на детството и ситниците на кои никогаш не би престанале да се радуваме без разлика на возраста. Никогаш не би била престара за радување при китењето на елката и седењето покрај неа, за новогодишно пакетче, за честитки како од омилените обични и vintage, до оние музичките на кои сум се радувала и пуштала по сто пати додека не остане само трага од звукот на новогодишната песна...
До пред некој ден Нг и излегување не ми идеше на памет и она мрчев скапо ово оно. Ме викаат во кафана,не бива бре златни,ќе цркнам таму со музиката,јас и турбофолкот не одиме заедно Е сега близнак ко близнак,променлива како времето,нејкам и дома да седам.Кој ми го видел постот пред недела дена ќе рече оваа не знае што сака. Ама луѓе,после еден муабет со моите,малку си ја уклучив главата. Знаете,21 година сум.Ако не знаевте,сега знаете Па дома ќе сум седела,па јутјуб,па јадење.Море што ми е? Има да испаднам и да се исжуркам колку што е можно поубаво.Епа навистина сами се правиме стари,ко демек уморни од животот,па ајде пижама парти или на планина ќе одиме. Не бре,не може!! Ќе пијам,многу ќе пијам,ке денсам на гласна музикагајле ми е Тоа сакав да ви кажам. Си напраив муабет со гласовите во главата АЈ лека ноќ
Конечно да прочитам нешто позитивно, кое ја враќа вербата во човештвото. Реткост е ова, да, ама еве го уште постои, дава надеж... Хуман гест на млада скопјанка – БРАВО девојко! (линк) Исто и ИнаФина, каква таква, гледам се залагаше исто за двајца бездомници па по нејзина иницијатива за рекордно брзо време им се најде дом и работа на едниот, за другиот не сум сигурна дали го вработија, ама сега барем имаат кров над глава со платени сметки за неколку месеци. Само за арно за убаво нека е, се радувам!
Се заразив со песниве.. Baauer - harlem shake , dum dum некако беше другата.. закон Се вракам во нормала со изборов на песниве...инаку бев преобразена во .. баба бега п**ка стега од тој стил хаха морав да ги слушам ги научив не битно.. Ноќва е предобра, чајче, цигарче, мир, тишина и некое духче позади мене кај што денса на песниве хахах..
Хаххааха, Френки, ме изнасмеа. Не, детево е од една популарна серија која се вика Game Of Thrones, а таму има еден многу омилен лик кој се вика John Snow, кој беше застрелан од страна на ова дете. Па оттука и зафрканцијата.