Грозно,јас ја потпишав.Неможам да ги сфатам луѓево,аман бе толку ли човечност остана? Пред некој ден гледам Скопјани одрале ,па и се сликале со јадното кутре....Денес,со селотејп залепиле,го задушиле...ахххх
А знаеш што е најтрагично, тие што го прават овие одвратни работи врз животни се спремни да го направат истото и врз човек. Нема разлика...
Ах, читајќи ја Дузи, и мене ме фати носталгија за деновите кои ги поминав во Германија. Беа тоа прекрасни две лета, преубави моменти споделени со ептен драги луѓе. Незаменливо беше чувството кога со него се шетавме во центарот на Франкфурт, кога уживавме на зајдисонце на највисокиот облакодер, не се повторуваат миговите кога се забавувавме на фестивалот на Мајна, на саемот на музеите, на италијанската, американската и хрватската недела таму, ниту пак на забавите со колегите од Полска. Сите млади, полни со надеж во градите - гледавме да ја искористиме секоја минута која ја имаме, и ретко се случуваше да посакаме да се вратиме дома. Затоа што знаевме дека овде не чекаат проблеми, тешкотии. А таму..таму се изгледаше толку лесно, дури и напорната физичка работа по 9-10 саати дневно. После само еден туш и бевме како нови, спремни да го зграпчиме секој ден, секоја нова авантура. Првото лето на почетокот немавме интернет, немавме ниту перална, ама тој месец и половина станавме најдобри другари, се зближивме како никогаш порано. И не ни беше тешко да переме во судоперот секој ден, затоа што знаевме дека на крајот на денот кога сите ќе се соберат дома, ќе седнеме во блиското паркче и секој ќе раскажува како си поминал, ќе правиме планови за утредента, каде се да одиме, што попрво да посетиме, што да видиме. Имаше поддршка меѓу нас во деновите кога немавме ниту евро во џебовите, ама бевме најсреќни. Беа тоа најубавите 6 месеци за мене, и мило ми е што направив доволно спомени за еден ден да им раскажувам на моите деца. Да можам да го вратам времето назад, да ги почувствувам само за миг тие две лета повторно. Да ги видам сите луѓе кои некогаш и премногу ми недостасуваат, да направиме само уште една караоке забава, да организираме уште еден роденден и да им бидеме чудни на соседите Германци затоа што премногу гласни секоја вечер И во моменти како овој, најмногу се прашувам дали постапив правилно со тоа што годинава се откажав од моето лето во Германија... Кој знае...
Сега повеке од било кога мми трреба да ми држите среча и господ да е со мене , еве од возбуда неможам ни да пишувам рацете ми се тресат. ФЕМИНКИ стискајте палци ми требте многу . Мојата животна желба зависи најголем дел од ова. Нека ми се исполни ова и животот ке ми се промени ГОСПОДЕ БИДИ СО МЕНЕ МИ ТРЕБАШ НАЈМНОГУ СЕГА
Нема потреба да се каеш, настинка не се фаќа од мокра глава или сладоледа со по три топки. Тоа е заразна болест, и ја имаш вдишано или на некој друг начин примено од некого. Да не ви викаат мајките дома за џабе, да може раат да си седите на ладното цементо. pozz
Рибата рекла: "Не можам да си ги видам солзите бидејќи сум во водата ..." Водата одговорила: "Но, јас можам да ги почувствувам твоите солзи бидејќи си во моето срце ..." Заклучок: Може да ја криеме сопствената мака, но никогаш не можеме да ја прикриеме од луѓето за кои сме важни. На нив зборови не им се потребни за да знаат како се чувствуваме навистина ...
Помина уште еден преубав и исполнет викенд. Да можам би ги продолжила овие два дена да траат подолго, барем уште малку, бидејќи јас во овие два дена заборавив што е тага заборавив што е нервирање и постојано бев насемана, среќна и позитивна. Тоа прават љубовта и сонцето кои се добитна комбинација за сите. Дома сите се седнати пред тв се чека 21ч. за Х Фактор
Душо дали ти воопшто знаеш што зборуваш? Тој те створил, те одгледал, те хранел, те чувал, те облекувал, ти купувал облека, и најважното ТЕ САКАЛ! И мене некогаш ме нервирал, ама го сакам и ценам најмногу на свет!
^^ Без разлика и каква да е ситуцаијата,запапамтете..тие се луѓето кои ве исчувале...ти се вашите родители. Искрено ти кажувам срам да ти е
Lella1, не сите имаат привилегија да имаат татко, во вистинска смисла на зборот. Инаку Bile15, тешки зборови кажуваш. Вакви мисли не треба да имаш ни за некој непријател, а не пак за родител. Сите грешат. Доблесно е да простиш.
Ај па и ние шо толку важност на Биле секој ден само треси глупости ми се смачи да читам не е интересна појче.
Кикав, за тоа и служи форумов. Да му укажеме некому ако греше, да посоветуваме, да споделеме искуство, знаење и сл. Секако, се' понатаму зависи од карактерот на оној кому му се упатени. На него останува дали ќе ги поприема нашите зборови или не.