Не треба да бараш премногу од животот... Биди среќен и задоволен со тоа што го имаш. Чувај го и сакај го своето семејство. Грижи се за вистинските и искрени пријатели. Тие се малку на број, но секако се доволно. Немој да се нервираш заради небитните луѓе со ситни души. Тие не се вредни за трудот.
Многу работи се изменети во називите, а суштината/основата е иста. Порано беше ОЗТ - сега е ДОО Порано беше Општо кадров сектор - сега е Одделение за човечки ресурси Порано беше пеач,глумец-сега е селебрити Порано беше работна акција- сега е ден на дрвото Порано беше педер - сега е геј Порано беше курва- сега е старлета Ништо ново не сме добиле од западот..освен нови називи... Западот треба од нас да учи !
Што е она кога ќе видиш некого и ќе ти запри здивот и чувствуваш немир? Не верувам дека цела вечер погледот одеше накај него. А и неговиот идеше накај мене, знаете она кога со крајот на окото гледате накај господинот симпатија, а тој ве центрира токму тогаш. Не сте свесни како зјапав значи стварно ЗЈАПАВ! Се заљубив ли??? Секогаш кога го гледам.. Немир во мене... Надвор сонце, јас заминав чао. Имајте убав ден!
Тоа што постојано кукате колку било жешко летно време, па ладно во зима, па сакате снег, па оти го нема, па кога го има, оти е ваков, па оти дува, па оти не дува, па магла имало, па сеа немало, не кажува ништо за вашите желби и однос кон временските прилики, туку само покажува каква личност сте - се ви смета, какво и да е времето ќе најдете маана, не знаете да живеете во такво какво што е во моментот, не можете да ја прифатите реалноста. Не е само однос кон временто, тоа е однос кон животот. Едноставно, на некој не му се погодува, па и Господ да се симне на земја. А некои само уживаат, па што ако е 15 степени во декември и има сонце цел ден, а наутро магла? Тоа треба да ви го смени планот во животот?
Сакам да кажам. Т.е да прашам. Нели би било убаво да си пуштаме честитки за нова година на форумџиките што повеќе си се ''Дружиме ''?
Сакам денес да раскажам за мојот многу сакан братучед (note the sarcasm). Имено, тој е син на прв братучед на татко ми и помал е од мене кажи-речи точно една година. Неговиот поголем брат (кој првпат во животот го видов вчера) се верил и вчера отидовме фамилијарно, сите братучеди се собравме кај нив. Да раскажам кратка историја од оваа персона: Сум имала трауми од него буквално. Беше тип на дете што ти ги зема сите играчки, те нервира и те расплачува, само што јас не плачев, ами мавав. И не се мирисавме многу. Ама јас кога не се мирисам многу со некој го одбегнувам и игнорирам, а овој само се закачаше и ме нервираше на секој можен начин. И не беше обично темпераментно детенце, си ја имаше таа нишка морничавост. Ете, еднаш го начекав горе во мојата соба, си легнал на креветот и ја милуваше пушката-играчка што си ја донел од дома. Добро, доволно. Кога чув каде ќе одиме, не ми се одеше ама ич и решив да не одам, ама си реков дај Лело до кога ќе си ваква антисоцијализирана, сигурно се сменило детето веќе, а и плус нема да си сама, другиот братучед ќе е со тебе. Со таа мисла отидов таму. Но моите претпоставки се покажаа неточни бидејќи едно влегување што го направив, прво прашање: Дали сум имала дечко? Дали сум сакала да ми мести некој од неговиот клас? Имало еден јак фраер таму, имал не знам колку лајкови на сликите. Некако се објаснивме дека не сум заинтересирана за тој фраер, но тоа автоматски укажува дека имам дечко, нели? Ајде почна испрашувањето, од каде бил, колкав бил, колку лајкови имал ( )? Додека се објаснивме дека немам дечко, а и додека потенцирав добро дека не ми ни треба, стигна братучед ми. Виде не виде, се сврте кон него и почна (цитирам): Е, брачет, има ле увви женски у Италија? (Не.) Ехехе, знам знам. Имаш ле ти некоа од там? (Не.) Как бе не? Ееее, па и ти. (...) Сакаш ле да ти местам една? (Не.) Зашо бе не? Да вииш една шо имам од мојо клас. Знааш каква е. (...) Кажи саа, да или не? (Не.) Абе ти да га вииш само, знааш колко селфина праа? *Тука ми дојде еден нагон за смеење* (Не, ти викам) Бреее шо си. Знааш ле га мојта? (Не.) Чек да ти га покажам *вади мобилен* Увва ле е? (Аха.) Ееее знам, ја тук живее, глееш ле га таа куќа? (Аха.) Ного е увва, неле? (Мм...) А сигурно ле нејќеш да ти местам една? И така цела божја вечер се префрлуваше де кај мене, де кај него, де кај некој друг прашувајќи ги истите работи по стопати. Дефинитивно, ќе одбегнувам секаква средба со него уште еднаш. Не можам вакви луѓе значи, тоа ти е цел муабет? Се прашувам што ѝ збориш на таа твоја девојка, кога веќе не можеш да ѝ местиш никој. Ај, километарски излезе постов. Имајте убав ден.
Отсекогаш ми се гаделе луѓето кои се дружат со некого, па ќе се скараат па едниот плука се најлошото за другиот. Таква била, ваква била. Е тоа не можам да го сфатам, порано и јас сум била ваква ама сфатив нема поента, си правиш лошо на себе си. И сега гледам сеуште шета таа подлост лошо да се збори за другиот кој ти бил познаник, близок. Па кај отиде почитта, ценењето? Боже свашта има, се пропадна во вода. Јас онака ладнокрвно им се осврнувам на тие личности.
Не ми е јасно, значи некој ако има дечко или женска мисли како нз шо да има, можи магистерски зел или специјализација. Цел свет околу нив како можи да му се врти. Демек сме друштво ние, другарки ама изгледа за пред другите да не видам заедно или чекирани на фб. Последниве дела многу ме разочараа. Не можиме за една обична нова година да се договориме да појдиме некаде заедно. Коментарот беше само " Јас дечко имам" А ти или вие кршете глава, ако имате некаде одете, ако не кој ве е*е. Со сила мажени се прават. Јас кога имав секогаш секаде со другарки сум одела, в кафич на вечер да излезам да не одат сами, а него го оставав биљарто да игра. Колку сум била глупава, другарки жими ај да не велам. Убаво ќе си памтам, дај боже во 2016 да се направам такво злопамтило, безчуствителна, лицемерна, да не ме боли курац за ништо, како не сум таква, камо да бев.
Леле само ја овде најмрзливата,недомаќинка прогласена на годината..сите си испокажаа што ќе прават,што направиле,само ја ќе одам на купечко
А па мене ми се гадат личности што продаваат лажен морал тука на форумот.Како некој да ќе ви замери...Покажете ги роговите..Слободно!!!Зборувајте гнасно и повредувајте.Искорнете го срцето од гради некому како што го правите тоа по навика надвор од виртуелниов свет.
Што народ ќе бевме.... Никој никогаш нема пари, а во бутицине ќе се испотепаат на врата. Купуваат нов фустан затоа што ланчето не им одговарало. Ги менуваат штиклите затоа што ги носеле лани на некоја свадба. Приватни сместувања, хотели, мотели се е резервирано 2 месеци пред Нова Година. Кафаниве и рестораниве се натпреваруваат кој поскапо ќе наплати, знаат , народ ќе има. Немаме пари, а и тие малку што ги имаме ги трошиме на толку површни работи...
Динамично секојдневие, отуѓена комуникација, многу лутање, а ништо вредно за чиста насмевка... Сакавме да пораснеме и да го запознаеме светот на возрасните. Стигнавме до скалата на која најдовме куп перипетии на кои не им се гледа расплетот. Чекор напред, два назад изгубени. Еден ризичен потег за нешто подобро, а за возврат празни раце. Срдечни зборови спакувани во панделка надеж и оставени на прагот на времето. Колку сме повозрасни, толку повеќе нешта не можеме да ставиме на свое место.
На елката во Рамстор нема повеќе лампиони со желби од децата без родители, сите се земени и исполнети. Има надеж во светов. Има и такви кои од земја се маваат дали имаат чевли за прославата и дaваат кеш за накит за една вечер, ама никому ништо добро не направиле, немале пари. Не е до парите, до приоритетите е.
Мразам да правам нешто за прв пат. Многу ми е непознато,ново па макар да биде и некоја ситница. Неубава возбуда ми го обзема телото при самата помисла. Си го слушам срцето. Ама за среќа не трае долго тој прв пат. Ќе помине. После ќе биде втор. А после ќе престанеш да броиш.
Отиде годината . Кога ќе размислиш ќе речеш леле колку многу брзо помина , а всушност и не баш така , тоа што направи хаос од емоции и чувства , хаос од случувања , хаос од времето тоа се става и некако споредно кога гледаш од крајот . Мошам да кажам дека една најубава година во мојот живот . НАЈУБАВА ! Многу пријателства , многу случки , многу реализирани цели , многу авантура , премногу забава , многу , многу глупости . И некако сакам да дојде крај на се затоа што во новата 2016 сакам нови цели во животот , секогаш треба да се стремиш кон подобро па затоа нека и биде подобро ! Внимавај што посакуваш можеби ќе ти се исполни е една изрека која повеќе пати ја потврдила својата точност . Мора да се прецизира , па затоа оваа година многу прецизност .
Еден колега ми рече дека последниов период сум зрачела со посебна енергија и сум била разубавена. Не знаел што се случува, ама видел промена на мене. Јас знам. Не филозофирам, отидов да правам пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства. Можете и вие.
Денес во еден здив поминав 12тина километри низ Скопјево, одејќи низ три општини. Не знам од каде собрав сила, особено после вежбањето синоќа. Можеби градов ми беше посебно убав, така претпразнично раздвижен. Можеби затоа што и самата барав новогодишни подароци, па не застанав дур не го најдов она што го замислив. Освен тоа, искористив можност да поделам уште некоја честитка И изгледав многу очајно, ова е потешко од што си замислував Сред бел ден гледам да не ме види некој, па некои сандачиња се со помал отвор и не ги собира честитките, па ме фаќа паника во тие моменти, па знае да се случи некој комшија да ме загледа што побогу правам околу сандачето Дечко ми ми вика: Ајде бе па и ти, ако те видат ќе им речеш дека оставаш пошта и готово. - Do I seriously look like a поштар to you?! Туку, друго сакав да кажам... Него најмногу го сакам во моменти кога ми ја стоплува душата. На пример кога после кафе шетаме малку на сонце, па ќе видиме улично куче на кое му се познаваат ребрата од што е слабо, а тој ќе отиде до најблиската пекара за да му купи јадење. И ќе му дава залче по залче, внимателно, зашто со изгладнети кучиња мораш да бидеш претпазлив. Не можам да замислам да бидам со човек што не сака животни.