Eve veke ne tolku dolgo vreme kako nesakam nisto da kazam. A I, sto I da kazam-ne vredi..ili samo taka kazano ke ostane. Se gledame v godina! Ve sakam!
СДК ... од денеска решавам да им зафалам многу повеќе на сите со тоа што ќе ја држам онаа креативна дистанца. Позитивата, вниманието, слушањето ги добивале и ќе ги добиваат, но сега доста умерено. Нека почувствуваат колку тоа отсуство на мојата енергија фали.
Оваа не беше баш и најомилен понеделник во мојот живот.Освен што добив повик од мајка ми во 12 часот дека се во Скопје. Директорот, како построг така размислуваше дали да ми даде ден од одморот пошто сум пресно вработена..среќа моја што таму беше и извршниот директор( директорка ) па тој некако како на шега го убеди.И си зедов 20 дена.И после тоа ќе се одмарам..хаха Денес иди мајка ми и хаос.Требаше со неа да шетам.Требаше за внука ми да бираме подарок за нова година и за дечко ми. Добро испадна... мајка ми појде кај мене во стан.Разватила, ми купила еден дедо мраз и го ставила до прозорецот. Потоа се чекавме кај сити мол. Таму, кужничка.Ајде..ние уште не почнати одма на кафенце... Имаше доста распродажба. Па зедовме купивме на најмалата и најслатакта Ивона едно елече и блузичка. За дечко ми зедов една levi's блуза.Ама некако многу ми е убава блузата и сакам тука да му ја дадам, порано. Не за нова год.
По толку убав и неубав ден решив да правам некој специјалитет. Го најдов на интернет и реков ќе го пробам и нервоза ќе ми помине и се. Виде татко ми дека се врткам низ кујна и зеде и тој да меша прсти ЗАедно јас и тој во кујната, правиме, сечиме, мешаме хахахаха ОДма се расположив, толку ми беше убаво и интересно. Двајцата кујната лом ја направивме Битно јадењето излезе како шо треба. Па ми вика наместо сама и тој се мешал, хаха никој не го викна сам дојде Му реков уште да измие на зафрканција ххахаха Одма после тоа ја исчистив, средив кујната, стакло, мајка ми кога дојде како ништо да не сни правеле
Има секакви луѓе, па ќе најдеш во секој по нешто добро, ама никогаш не можеш да најдеш ни тронка добро во една категорија на луѓе. Тие кои не ти се радуваат кога ти е убаво, ни па сочувствуваат со тебе, та дури ти се ситат кога ти е лошо. Никогаш нема да им угодиш. Зошто е тоа така? Затоа што се самобендисани копилиња и почесто живеат за другите и заради тоа другите во секој случај не им чинат, ни кога им е убаво и кога се среќни, ни кога им е тешко па да сочувствуваат. Ама знаете што? Ваквите никогаш не се среќни во животот. Никогаш. Немаат ни среќни бракови, зошто се мажат заради околината и за гледање. Ни кога одат на одмор, затоа што одат за да видат другите дека биле. Ни кога ќе си купат нешто, би купиле нешто што личи на мебел штоф, само да е Зара. Ни кога ќе им се роди дете, затоа што го имаат само за да го третираат како играчка и кукла. Никогаш... тажно, но вистинито, никогаш. И вие никогаш нема да им чините. Немојте да се трудите да им удоволите, да ве засакаат, затоа што никогаш нема да ве сакаат, ако едноставно не ве сакаат, тие сакаат само кога сте над нив, кога ги газите. И тука ќе наидете на еден парадокс - колку и да се самобендисани, толку и се мразат себе си. Така што... направете ја математиката пред да се згазите себе си. Кој знае колку е тешко да си во квази брак во кој не си среќен... брак кој е логична последица на животот, а не на љубовта и желбата. Во таквите домови кога ќе влезете секогаш имате чувство дека реновираат по дома, дури и кога тоа не е така. Тука да знаете дека нема целина, нема љубов, нема хармонија. Многу бракови така почнуваат, па со текот на времето подзаличува на дом, ама во еден момент... кога ќе дојде детето на свет, кутрото дете кое ќе им впие се што не можат тие да поднесат во взаемниот однос и ќе стане жртва на нивните суети. Чудесии.
Второ СДК мислење за денес, ама морав нешто да кажам. Пред малку читав статија за девојката што му купила чевли на еден бездомник во Скопје. Најпрво да кажам дека апсолутно го поздравувам нејзиниот хуман гест Многу полесно е тие 1000 денари да ги потрошиш за себе, ама ете таа се решила да направи убаво дело за некого. Но, не можам да се запрашам зошто мора сето тоа да се фотографира, а потоа да се стави на фејсбук. Гледам дека некој истото ја прашал во коментар, а нејзиниот одговор е дека на тој начин сака да ја подигне свеста кај луѓето за да си помагаме едни на други. Во ред е тоа, јас дури и навистина верувам дека не барала никакво внимание со тоа што ја постирала сликата, ама морав да кажам нешто. Во текот на работата во Црвен Крст се среќавав со различни луѓе на кои им е потребна помош, меѓу кои и бездомници. Некои од нив имаат тешка животна судбина и завршиле на улица не по своја вина. И притоа имам заклучено дека повеќето од нив се повлечени и чувствуваат срам од другите. Дури некогаш самите велат дека не се чувствуваат како луѓе. Целосно го изгубиле достоинството. Се срамат да побараат помош, се срамат кога некој им нуди помош. Без разлика колку им е потребна. И сега ја гледам сликата од момчето - носи капуљача, главата му е наведната, за ликот да не му се гледа. И си мислам - стварно немало потреба од сликање на самиот чин на примопредавање. Притоа, морав да ја цитирам девојката кај што објаснува зошто ја постирала сликата: „Зборовите се само зборови, може секој да пише сé што сака. Во овој случај сликите само говорат за делото.“ Драга Кристина, твоето дело говори само по себе. Не ти требаат слики и докази. А ако веќе си мислела дека еден статус нема да допре до никого, ќе го спомнам оној на Јордан Ѓурчески, кој беше многу споделуван на фејсбук и по нашите портали. Те поздравувам за твојата несебичност и хуманост кон човек кој лесно можеш само да го одминеш на улица. Убаво е да се помага, ама да не се претвориме во ова
Сакам снег.Сакам да ја прочисти маглата да се прочисти воздухот.Крај децата и ние да се порадуваме на снегот,како нив.Сакам и тие да се радуваат на снег како ние кога бевме деца но тогаш имаше стварно прав снег со кој можеше да направиме еден асален снешко хахах
Моментите кога пре би се обратила на комплетен странец, отколку на било кој мој поблизок човек, дел од процесот на растење и созревање, или? Нема полошо од осаменост и покрај тоа што си со најблиските околу тебе.
Кој рече дека не може да се положи со 10 со еден ден учење?! I feel like Тони Старк Мојот одмор и официјално може да започне Го положив и последниот испит (за декември) и сега можам да одмарам. Само што ќе ми треба време да се навикнам дека немам испити, за без грижа на совест да можам да си ги изгледам сите серии. Не можев да барам поубав крај на семестаров
По долг период најдов време да прошетам по темите на форумов и да шкртнам нешто. Хух, фала богу месецов помина т.е при крај е бидејќи бев натрупана со обврски. И 2016 доаѓа, а јас уште мислам дека сме 2008. Стварно не ми е јасно како неприметно поминува времево . Од утре конечно ги ставам книгите во шкаф и може да се почне со уживање. Сакам да одам на некоја планина распустов, да дишам чист воздух и да уживам гледајќи снег, бидејќи очигледно нема оваа година да имаме во Скопје снег или пак може ќе не изненади. Најубав е ноќе кога е свежо паднат, кога крцка под нозете и кога не е уништен од автомобилите и автобусите. Ме фати носталгија за снег сега па. Денес на автобуска баш си размислував колку е топло ко за крај на декември. Ми се носат чизмички и ми се оди по снег. Ќе одам сега да си фантазирам, а можеби и ќе сонувам снег. Добра ноќ.
Пред извесно време бев на кафе со пријатели, ама околностите беа такви што не дозволуваа многу користење на мобилни телефони во текот на вечерта., освен за проверка на саат. Прво, заради краткото време на меѓусебно познавање, а второ заради многубројните теми на разговор, поради кои, и да сакаш не можеш да си дозволиш користење на интернет, кој секако би ти го одзел целото внимание. И гледам околу мене, на масата до нас, другарки си излегле на вечера и прво седнување, нарачуваат за јадење - пиење и веднаш после тоа телефоните во раце, па ајде селфи, па секоја сама, па го викаат келнерот да ги слика сите заедно. После стига пијачката, ја местат на масата за да изгледа што пофотогенично, па ја сликаат, и конечно после 3567 направени слики наздравуваат и пијат. На друга маса, дечко и девојка. Тој зјапа во празно, а таа ги слика новогодишните украси и сијалички. Порачуваат за јадење, стига јадењето, го мести, го слика од сите можни агли. Тој веќе си го изеде својот дел, додека таа ја сликаше храната, па после го тераше да ја слика и неа со храната, и дури почна да јаде ми се чинеше дека помина цел век. И тогаш, во тој момент сфатив колку сме сите опседнати со технологијата и колку ги запоставуваме луѓето до нас, поминувајќи повеќе од половина време на интернет. Да се разбереме, за да не дојде до недоразбирање. И јас можеби го правам истото, што е и нормално во денешно време, ама не до тој степен и не толку често. Гледајќи од страна видов како сите ние изгледаме во очите на оние кои не се толку опседнати со технологијата и сфатив колку многу таа навлезе во нашите животи и сеуште навлегува и не влече.
...седам спроти него...до него...тешко му е а незнаеме како да помогнеме.Незнаат и докторите.Едно те исто.Грчење рамиња бе????!!! ...го гушка брат ми,па мајка ми,ме довикува мене..ме гушка и мене.Топол е,секогаш.Го чуствувам забрзаното и загушено дишење. Си мислам 'еве,земи од мојот здив'...само си мислам и молчам.Грутка ми стои на грло,ако прозборам ќе ме загуши па ќе ми ги нароси образите... тешко е,секој ден се потешко. Се смеам секој ден на работа,единствено една колешка знае како ми е.Се смеам сосила додека срце ми плаче.Ја гледам секоја измината секунда додека тргнам накај дома.И стигнувам а неможам да дадам чекор кон вратата знаејќи ја сликата што ме чека. Престанав и да се молам,заборавам.... тешко е...........
Колку е лесно да судиш на некого, и да му се мешаш во живот.. Не не ми требаат такви личности околу мене,штета што неможам да ве тргнам што подалеку од мене. Но тоа што сме сродство не ви дава за право да се мешате во нешто кое што завршило. Затоа back off.. Бај бај 2015 ти благодарам и за убавите и лошите денови, ти благодарам за се што научив, и што научив што сакам за себе и покрај себе.. И што треба да исфрлам од мојот живот.. Во оваа година гадно се зафркнав,но извлеков лекција, животна лекција.. И научив дека иако времево во кое живееме е прерасипано, се е од корист, и никој не сака да ти гледа убаво, научив дека постои искрено пријателство. И многу сум среќна што имам пријателка која беше тука за мене во секое време..ја сакам како сестра…. Бај 'д веј вечерва сум пресреќна, така ми доаѓа од внатре... Изгледа заради тоа што завршува годината и сите проблеми ги затворив, и почнувам да пишувам не нова страница, туку почнувам да пишувам нова книга. Старата ја фрлив на таван, и ке служи за да ја отворам некогаш за да се потсетам што сум поминала, и која е причината за да останам силна и да постанам тоа што сум денес..