Да не е човек во Македонија... Втор ден во глава ми ечи песна за спонзоруша, мелодијата ја слушам, не можам да заспијам. Му вибрирам со тастатурава ќе ме потепа зошто не исклучам вибрации. И ве пцуе, сите до една. Ама сепак мислам дека не спијам од возбуда дали ќе биде отворена продавницата да си го купам чајникот на спрат. А не дека ќе го користам...го видов на излог и ме бендиса... И пак ќе заклучам, многу ми фалел братучед ми... Ама многу! @Mihajlo стај опција за праќање слики по ЛП сакам убости да споделам од остварени соништа, оќе?
Ми вика сум го идеализирала. Баш зашто му ги гледам мааните и пак ми е идеален е проблемот. Уствари и не е некој проблем тоа.
Abre 21vek,moive uste ne se organizirani za pazarenje vo maalskiot dukan...cc vreme e da se otepam,stom za 1cokolado kujnsko odev,a tatko mi ne slusnal koga mu kazavme
Среќна сум што 2015 се ближи кон својот крај. Со задоволство ќе ја испратам. За мене беше една од најтешките. Сепак горда сум на себе што успеав да останам присебна, да останам на нозе и да издржам. Иако почна многу лошо, сега кон крајот успеав да го поправам она што можеше да се поправи, да се исправам и да ја заокружам колку-толку добро. Всушност, доста добро, затоа што иако главната битна се уште не сум ја добила, победив во неколку помали, но за мене решавачки. Не дека било кога новата година за мене имала некакво значење, но овојпат има. 2016 ветува многу. Конечно ми ветува среќа и задоволство, како награда за она што го претрпев годинава. Знам дека е така, затоа и се радувам. Знам дека ги броев деновите од годинава, сакав што побрзо да завршат, затоа и ќе прославувам кога ќе истече и последната секунда. И знам дека во 2016 ќе зачекорам со насмевка, со мислата дека конечно, се ќе биде во ред.
Абе најлошо е ко ќе се надеваш, да се исполни она од кое се плашеше. Не ми е криво шо еден предмет не положив на факултет, криво ми е шо баш за тој предмет најмногу се надвав, претходниот колоквиум со најмногу поени извајв ... ама ете ти. Предновогодишно се осеќам ... ненаспано, нерасположено, уморно. Ајде од денес послободно, се надевам. Ете ти, тоа е.
Прв болд, плииииис дај линк, ја чув некаде, му ја објаснуев на маж ми, ама не знам ни како се вика ни кој ја пее Ми треба таков вид на смеење. Чајникот на спрат го имаш и во Веро, во продавничката помеѓу двете подвижни скали, на меѓуспрат ќе дојде. Јас го имам од таму. И да ти е затворена твојата продавничка оди тука, секогаш е отворено. Плус, какви убави чајчиња имаат... И ќе го користиш, ќе видиш, има убава магија За третиот болд - стварно Михајло, жити се, ова е прелог на годината. Сакам да направам колачиња како на @Viktorijaaa5 и да и ги пратам да ги види и плус да и сликам меше, од тебе НЕ МОЖАМ. Е така.
Леле во такси ја слушав, ни две ни три пет - спонзоруша. Ни текстот не го знам, само памтам долг до гуша нешто, ама мелодијата цела ќе ти ја испеам. На тумбао салса бенд да ти била, сега гуглав :О Отворено беше го купив, сега му се чудам...#хехе Ај за два пати нека е, ама убав е!!! Имам слики за пушчање и јас... Јер једном у животу. П.С. Не, не знам од мобилен да пишувам, го пуштив мислењето недопишано.
Арно викале, далеки је пут до срече хехеххехех бре што возење удрив, ај, ситно е ... не ви доаѓам ни на гости едно 5 до 6 месеци аман веќе ... ситно ...
Ако иде по план ова ќе биде моето последно мислење во СДК за оваа година. Генерално 2015та ми беше ужасна и едвај чекам да се испоздравам со неа ко човек и да ја испратам у неповрат. Годинава ја заокружив со донации во нова појата на една црква и во црвен крст. И тоа многу ме исполни. Посакувам да можев да направам многу повеќе ама тоа е што е, а убавината е секогаш во тоа што постојат подобри верзии на себе кои чекаат на инсталирање, оти новата година секогаш носи нови утра, нови шанси, нови почетоци со нови надежи. За крај од овој том, да се изјаснам дека ништо од новогодишна еуфорија оваа година, ама затоа ме мавна патриотска. Само нема да забегам во крајности, да не ве исплашам. Сакам да ви посакам само убавини. Кога ќе дигнете високо во воздух чаши за здравица, да ви се исполни се што ќе си посакате. Да ве служи здравје и среќа, а за љубов и пари борете се секогаш до крај. Ве поздравувам лични Македонки опеани како ниедни други од сопствениот народ, и храбри момци да не пеете и чувате уште долго. Одамна прочитав дека не се наздравувало со "да живееме" зошто да се живее може и на апарати. Бидете добри, бидете умни, чувајте се и секогаш борете се! На здравје!
Неприфатлива ми е констатацијата дека мажот е огледало на жената. Секој го проектира сопствениот изглед на индивидуален начин. Навиките и чувството за лична грижа и одговорност се создаваат во детството и се развиваат низ годините. Не можете некому да бидете дежурен потсетник и да го опоменувате за чувството на сеедно кое очигледно е подоминантно од чувството за естетика. Еден ден ќе се изморите репризирајќи една епизода и ќе сфатите дека ништо не може да сторите кога волјата и интересот на другиот не се на потребното ниво. Тогаш е најдобро да се повлечете со утеха дека сте се обиделе да влијаете врз некој што не може да се промени на подобро и да глумите дека не го забележувате очигледното кое невозможно е да го занемарите од нешто што континуирано е видливо.
Смачено ми е од лаги. Трчаш да помогнеш на некој, сред ноќ излегуваш за да бидеш со таа особа затоа шо плаче поради дечкото. А, кога тебе ти е потребен разговор и едно "ќе биде во ред", ти вели: "со дечкото сум". Така? Нели секогаш ќе беше тука за мене кога ќе ми требаше? Ми вели" "ти си прекрасна особа, највеќе те сакам, бла бла", други ми пренесуваат: "девојкава кажуваше дека си била лигава, желна за внимание, патетична особа". Епа така, а? Другарки сме, а се лажеме? Другарка си, а ме оставаш поради дечкото? Тоа не е другарство. Не. Не сакам такви личности во животот.
Кога немаш време за фемина неколку дена, па се уклучуваш после тоа и не можеш да престанеш да лајкнуваш мислења и читаш. И гледаш поминало половина час како пет минути. Дојдов да ви посакам на сите среќни празници! Многу здравје ви посакувам пред се, а потоа и се останато што најмногу посакувате, да ви се исполни во новава година која е на прагот.
Велат дека чаша црно вино ги подобрува физичките способности , работата на срцето и на мускулите,како да вежбаш еден час во теретана . И така го послушав советот-чаша горе,чаша долу,па промешав со узо и сега ми се врти. Не знам да не превежбав? Одвај ги боцкам буквиве...
1.Денес и дадов подарок на газдарицата и таа излезе некаде, подоцна во рацете држеше нешто. Се изненадив Here's the majesty. K a R m A. Instant KaRmA 2.Имам недостаток на 1000 бакнежи во минута. И пар раце да ме галат. 3. Ми се јаде хахах Чао, заминав. Повелете