Нема да бидеш подобар ако луѓето те фалат. Ниту ќе бидеш полош ако те критикуваат. Ти си таков каков што се гледаш себеси. Ништо повеќе. Ништо помалку.
Секој ден обврски, а денски а навечер. Денски купи ова, купи она, купи вамо, ај на кафе ... дома се немам свртено. Сега во 11 се јави другарка и ми вели "еј шопинг?, ајде маа ќе барам фармерки". И како да ја одбиеш? Дали сум стигнала на дремнам на раат попладне или кафе да се напијам на раат. А навечер слатко задоволство. Ај отидов.
Добро утро. Го пијам второто кафе, станата сум од 9 Зошто ни јас не знам. Кога имам обврски тогаш сакам да се наспијам и одморам ама не може. Кога немам и имам прилика да спијам, јас сум будна рано. Ги вртам програмиве на телевизија и нема апсолутно ништо. Барем еден божиќен/новогодишен филм да начекав. Ништо. Некои документарци, политика шо ти ја знам. Друго... многу е лошо кога гледаш дека личност која ти е мила дозволува да ја повредуваат. И не е свесна, и пробуваш да и отвориш очи ама на крај се откажуваш за да не бидеш ти таа лошата. Знам дека не е среќна, знам дека е живчана со причина. Ја познавам добро, и тешко ми е за неа. Ама оди со глава во ѕид. Дали стварно се толку заљубени и мислат дека само еден дечко постои на светов и никој друг, или се глупави и уживаат да се жртви стварно не сфаќам. Али тоа е што е, јас ќе бидам тука со врзани раце и ќе ја гледам како плаче, скоро секој ден .
Дечки за крај на оваа година јас само сакам да ви се исполни барем дел од она што си го сакате. Јас ја испраќам ова година со радост и среќа. Ова е година во која што добив нови пријатели, добив љубов , добив работа, и сум мајка на едно нај прекрасно дете.
Тој што ништо не работи има многу придобивки: - Постојано е во право -Никогаш не греши -Има време на претек. Па сега видете што е подобро
Декември и јануари се еднакви на многу торти, музика, балони и желби за се` најдобро. Мислев дека оваа година ќе успеам да ја споделам сета оваа празнична атмосфера со најблиските, ама како што понекогаш се случува - плановите не одат по предвиденото, за жал. Брат ми официјално станува за една година постар денес, иако веќе одамна се носи со одговорностите како возрасен. Баш поради ова му посакувам да ги следи своите соништа, да не се откажува од она што му е важно, да биде среќен секој ден... Прекрасно е да се има брат, иако не дели пола свет сепак доволно ми е да ги затворам очите и го чувствувам дека е до мене. Среќен роденден братче мое најдраго!
Кога веќе имаш храброст да се плеткаш со женет човек,ајде собери храброст и кажи и на жена му.Вака и вака јас со твојот маж,еве ги нашите разговори,пораки како доказ и нека биде што биде.Или,страв ти од исходот,дека можеби ќе те откачи,дека и не те сака баш толку многу,а? Уф, колку ме нервира,пријателкава,ама неможам ова да и го кажам,да не рече ти ми даде идеја,ти ми кажа така да направам.
Уште еден ден бе, а? Најубаво да си поминете сите утре и најубаво нека ви почне годинава. Имам уште две три работи да завршам денеска и ready Сум се изнаспала,и одлично ми почна денот.Нема некоја посебна причина ама среќна сум.Да ја дочекаме новава позитивно,со позитивни мисли Вие сте ми срцки
Офф топик е ама нмв... Хахаххаха или па и е страв да не банкротира ? Не би да судам, ама со вакви не можам ни во моја близина да седам не па да се дружам. Некој што растута семејство ,никогаш нема ни да го има.
Уште еден ден и ја испраќаме и 2015 година. Како лета времето.. Годините си врват, мислиш се е исто, не се сменило ништо ама кога ќе се свртиш назад сваќаш дека всушност се е поинаку. Некои луѓе се тука, некои не. А некои е и многу подобро што веќе не се тука. Повеќе штета ти правеле со нивното присуство одколку вака, кога ги нема. ... И доста е филозофирање, сакав само тоа да го кажам. Вас убави девојчиња, ви посакувам најубав помин утре вечер кај и да сте! Убаво да ви почне годината и да ви се остварат сите ваши планови! New year, new beginning, new me!
A што, ако се плетка со женет човек мора да кажува на жената? Кај пишува така? Може вака и е убаво...нема врска тоа со храброста. Реално жена е, да сака или да намислила да каже, ќе каже, ич не и се секирај ти.
Зошто бегаме ние младите од Македонија? Ќе ви одговорам преку прашање, како што одговараат членовите на владеачката партија и владата со прашање/а -Дали во Македонија со просечна плата може да се обезбеди живеалиште(да се плати ќирија или рата од кредит) , да се платат сметки и да се има скромен пристоен живот? -Дали младите во Македонија брзо успеваат со труд работа и самодокажување до работното место за кое се квалификувани(завршиле факултет/ средно стручно, магистрирале.. и сл.) и да бидат соодветно платени? -Дали со просечна плата двајца млади луѓе можат да отплатат стамбен кредит за 10 години, да купат кола со кредит за 3 години и да заштедат пари за пристојна свадба со 200 гости за 2-3 години, а при тоа да плаќаат редовно сметки и да живеат нормален пристоен живот? Да не оскудираат за празници, за на летен одмор, за храна, за сметки? - Дали може двајца млади луѓе со просечна плата и наведените кредити да расте дете? -Оти во Македонија не се плаќа работата на саат туку месечно? Претпоставувам ги најдовте одговорите. Сепак, ние сме едни мекушки генерации, галени, мазени, пазени...Зависиме од броеви и од мислењето на другите. Цел живот сме споредувани со врсниците. Затоа ни е преку глава од се на 20 години и брзо се откажуваме. Цела енергија ја трошиме за оценка повеќе, за поен повеќе, за денар повеќе... Ни се уморуваат душите ги паковаме куферите и бегаме без да се завртиме. Без да се запрашаме кој ќе ги догледа оние кои не родиле и поранснале. НИЕ СМЕ КУКАВИЦИ!!! Тоа е неоспорен факт. Секогаш младите ја носеле и ја носат промената,а ние што правиме, или се пикаме по партии или се криеме под јорган и молчиме, да не избркаат некој од блиските од работа, па да останиме и без тоа малку што го имаме.Ние сме мазохостички народ, секогаш велиме „Ќути има и полошо...“. И е веќе полошо, како последица на тоа молчење. Затоа на сите млади луѓе во Новата 2016 година им посакувам пред се ХРАБРОСТ, ХРАБРОСТ и ХРАБРОСТ, после здравје, среќа, љубов и бериќет и чист образ. И најодсрце посакувам до крајот на 2016 година одговорите на поставените прашања да се „ДА!, Да!, ДА!,Да! и Да!“, без разлика која партија е на власт. Борете се за вас за вашите цели, за вашата среќа! Не рипајте во тавче и не правете деца освен ако во моментот тоа ви е цел, а не оти комшиите ве прашувале и ронините притискале. Прво да обезбедиме услови за нашите деца да живеат среќно и безгрижно, како нашите баби и дедовци, а потоа да го посееме нашето семе, иднината на татковината. Убав помин за празниците!!
Девојки,под елка ми се редат пакетчиња денес добив уште едно,вујко ми по бус ми го прати,по бус луѓе нема поголема среќа од ова. Јас ја чувствувам магијата на празниците. Срцето ми е исполнето,сите ме изненадија преубаво.
Сеуште верувам во маѓијата на пуштањето новогодишни честитки,се радувам како дете ,кога примам и кога истите ги пуштам на дадена адреса!
Како така, помина и оваа година. За некого среќна, за некого стресна, за мене така-така. Не бев многу активна со пишување оваа 2015, не сакав да ширам негативна енергија. Се надевам годината што е на прагот ќе ми биде подобра, поуспешна и повесела, па да се дружиме повеќе. Кога ќе се спојат стрелките на полноќ, ќе наздравам со него за повеќе љубов и насмевки, за многу радости и нови заеднички почетоци. Ви посакувам на сите убав помин утре вечер, каде и да сте, со кој и да сте, да бидеме сите здрави, живи и исполнети на секое поле во животот!
Bravo za ova sto si pisala ,mislenjeto sto go pisuvav na Fb vo komentari ,i ova sto si go napisala e mnogu slicno na moeto ,bravo ,bravo ,sega sum srekna bidejki znam deka ne sum edinstvena so toa mislenje https://mobile.facebook.com/story.p...id=10153764297500535¬if_t=like&ref=m_notif Duri i na Gospojga Natasa replicirav i kaj nea,a uporno od lazni profili vozvrajkaa ama pa i jas ne ostavav taka pa na kraj ne ke se zamaram so nekoi sto nemaat ponasanje,barem da gi slikaat od polovina na dole, kaj taa maka ja imaat da nemaat sto da nosat .. pa uste i javnosta da gi gleda...