@crimson амин за тоа што го кажа... Еве и јас доаѓам во оваа тема, зашто не знам која друга би била посоодветна, за да се збогувам со 2015 година. Кога ќе ја споредам со 2014, не можам да се одлучам која ми беше потешка, ама сакам да верувам дека нареднава што треба да дојде, ќе биде исполнета со повеќе убави работи. За себе си посакувам многу здравје (и психичко и физичко) за да можам нормално да функционирам, многу здравје за моите, како и за љубениот и неговото семејство, малку среќа за да ми се остварат желбиве (кои ги пишувам, а во кои не верувам) и многу храброст и сила за да можам да ја вратам назад старата јас. Денес, на сите вас, со кои имав подобра или помалку добра дружба во изминатите месеци, ќе ви посакам нешто слично: најпрво здравје - зашто без него ништо, потоа среќа, многу љубов зашто тоа е тоа што грее и спасува во критичните моменти, а уште повеќе го разубавува животот кога е и без тоа убав, успех на секое поле и во исполнување на сопствените цели. Ви посакувам вечер да си поминете релаксирано, убаво, да бидете опкружени со луѓе кои ве ценат и сакаат, а оние кои се по журките - навистина лудо да си поминат. Јас требаше да славам со друштво, но поради тоа што сум болна овие два дена и неспособна за ништо освен за лежење и спиење, не знам што ме чека вечер. Дали топол кревет дома, или малку дружење со друштвото... Ви посакувам Среќна Нова 2016 година со една „комуњарска“ честитка, чисто да се потсетиме на минатото:
Дефинитивно оваа година беше најуспешна за мене. И незнам како летна брзо времето. Отворањето на сопствена фирма ми е најголем успех оваа година. Љубовчето ми е три златни години до мене нашиот заеднички дом почнавме да го полниме полека но сигурно , среќа се околу мене. Што друго да посакам. Оваа година успеав да ги надминам вешто сите оние денови од депресија. Да се изборам за она што го сакам. Некои другарства ме разочараа но пак ми се враќаат и сега сме заедно како никогаш до сега. Замижувам на љубоморни ликови. Ги заборавам. Вртам нови пријателства и терам. Патувам ,уживам максимално. Живеам како што сонував. Следнава осеќам ќе биде уште подобра. За прв пат славам надвор од мк. Цел ден ми е планиран,и може да го искористиме најдобро. СРЕЌНА НОВА на сите. Само успех и здравје. Се друго ќе си дојде по нив. Да се фокусираме кон она што го сакаме. И поздрав до вас девојки,посебно до оние од кои добивав пораки зошто ме нема на сајтов последниве недели.
Незнам дали да пишувам за оваа ужасна година што поминува ама ајде и она е заслужна за да ја спомнам без разлика на се.Се надевам во новата ке биде се поразлично-- мора да биде.За дочекот ке бидам дома сама така одлучив како и некои други феминки (ако сте за дружба може да направиме нешто ) како и да е.Сакам да оставам се што ме повредувало до 31.12.2015 и да започнам се од почеток секој заслужува убавини.Ве поздравувам сите драги феминки и ви посакувам да си поминате нај најубаво ова вечер каде и да сте со кого и да сте....Среќна нова на сите
Минатиот викенд се спукавме со сестра ми, се испокаравме за глупости и не си правевме муабет. Следниот ден, отидов да ѝ купам новогодишен поклон. Уште ѝ бев многу лута, ама го свртев градов за да најдам тоа што барам, па на крај подарокот го збогатив со една Милка Орео. Дури и честитка ѝ спремив, а на пликото напишав „За сестра” (тој што гледа Orphan black - знае ). Сепак, морав некако да ја „казнам” за тоа што ме извади од такт, па подарокот си го чувам со денови и не ѝ го давам. Гарант помислила дека годинава нема ништо да добие од мене, па се надевам убаво ќе се изненади кога ќе ја види кесичката, а јас нема да бидам тука Вас ве оставам во добро расположение, имајте убав помин вечерва, без разлика дали дочекот ќе го поминете во кафана, во домашна атмосфера со друштво, или дома под јорган. Може и јас ќе го преспијам дочекот, како што се испоразболев баш синоќа, башка останав будна цела ноќ зашто пмс-овски ме здрма несоница... Само се надевам дека барем на планина ќе завее снег викендов, па ќе ни биде идилично Среќни празници на сите!
Јас само да ве поздравам и нормално ова ќе ми биде последниот пост за 2015 година. Каква таква ја испраќаме 2015 па се надевам следната година ќе биде дарежлива и добра кон сите, а се што е лошо да остане во оваа година. Вас ви посакувам многу здравје, среќа, да сакате и да бидете сакани. Вечерва да си поминете најнајубаво со кого и да сте. Убава беше дружбата и се надевам ќе продолжи. Можеби не сум многу активна на сите теми ама редовно ве читам. Некои ваши постови ме расположија, некои разнежнија, а некои ме растажија ( по природа сум многу емотивна личност и плачам на се и сешто) За мене ќе си посакам многу здравје, нова работа затоа што ги дадов сите пари за шминка и да ми се остварат некои планчиња што ги имам зацртано во главата.Па би додала годинава да бидам помалце емотивна. Носам тежина постојано поради мојава емотивност. Убав провод вечер...Се гледаме во 2016 година
И ете сме, последниот лист на страницата. Помина една година, исполнета со солзи и смеа, со нервози и среќа, со лоши и убави моменти. Помина една година која стана дел од колекцијата книги од '96 на мојата полица. 2015тата книга го најде своето место меѓу пријатели, па почна со мастило да се пишува следната, 2016тата. Каква би ја напишала неа? Па секој ја пишува за себе, па се спојува во едно, на полноќ. И наново, и наново. Ја пишуваме со искуство, со секој миг изминат тука, со секоја воздишка под ноќното небо и под секоја падната ѕвезда навечер. И која е вистината за секоја книга? Сите стигаме до одреден крај, живејме одреден живот, сакаме одредени работи. И што е заедничко за нас? Не снаоѓаат и насмевки и солзи, и нови познанства и нови пријателства. Колку само стари пријателства има во секоја книга? Колку ли? Безброј. Колку само солзи има во секоја книга? Океани. Колку само насмевки има во секоја книга? Безброј животи. Колку само луѓе заминале, засекогаш во секоја книга? Илјадници. Со најблиските ги делиме насмевките, тагите. Делиме се. Секоја нова година нека ни биди поубава од следната, нели подобри писатели стануваме со тек на време. Мајстори сме на нашиот живот, па ќе го оформиме онака како што сакаме, и онака како што го замислуваме па дури и сите сили на универзумот да се наклониле против нас. Ни треба само добра мисла и чисто срце. СРЕЌНА НОВА ГОДИНА
Лоша им била годината, пошто сите чекаат се од некаде да падне, пари, среќа, а никој не сака да се потруди да поработи на се и навистина да добие Сакаат промени, ама не сакаат да се менуваат.
Тргнав да славам во кафич и ми се расипа колата на пола пат, си се вратив со такси и се мислам каде да одам сега. Баксуз.
Уште неколку часа и доаѓа новата година... 2015 за мене беше година на големи откритија, радост, но од друга страна страв и анксиозност. Мислам дека успеав да воведам баланс и се надевам дека во годинава што следи ќе бидам поуспешна во достигнување на своите цели, отворена кон нови пријателства и по малку повеќе безгрижна. Треба само да се сонува и верува во себе, нели? Мисливе никогаш не ја напуштиле мојава глава, па вака читајќи ги не делуваат толку сложени и збунувачки. Нова година - нови почетоци, иако секој ден е нова шанса. За последниве две години форумов ми стана драго место за посетување, можеби на чекор поблиску до татковината, место каде што запознав навистина прекрасни и разнострани луѓе. На сите ви посакувам успешна, среќна, заљубена и здрава нова година! Со насмевка да го пречекувате секој нареден ден и да верувате во своите способности - вие ја заслужувате сета среќа! Среќна 2016та!
Ова беше година на разделби, некои привремени, а некои засекогаш. Од мојот живот си заминаа луѓе на кои и никогаш местото не им било крај мене, но и такви без кои животот веќе не е ист. Секогаш кога сум помислила дека ништо повеќе во животот не сакам, ништо повеќе не ми треба, ќе се случи нешто што ќе ми го преврти наопаку. Затоа оваа година имам желби. Сакам луѓето кои ги испраќам да сум сигурна дека ќе се вратат, дека повторно ќе ја видам нивната насмевка. Сакам здравје за сите, целата моја фамилија, среќа, слога, разбирање. Сакам новата година да ми донесе мудрост лесно да ги решавам проблемите.Сакам да бидам храбра и истрајна во новите предизвици кои ме очекуваат, најмногу во моментите кога ќе помислам дека немам сила да го издржам тоа. Сакам да заборавам на моите слабости, моментите кога сум одбивала да ја живеам реалноста, несвесна дека реалноста е поубава од сонот. Сакам ова што го имам да трае засекогаш и да бидам секогаш горда на нивните успеси како што сум сега. Сакам некои луѓе секогаш да се присутни во моите мисли како потсетник за вредностите на животот и покрај нивното физичко отсуство. Човек не умира, само продолжува да живее во мислите на другите. На сите вас со кои виртуелно се дружев оваа неполна година ви посакувам многу здравје, доволно среќа и малку пари. Нека секој ден ви се исполнува по една желба, а секоја година по еден сон. Убаво да си го поминете празниците каде и да славите. СРЕЌНА И УСПЕШНА 2016 ГОД
Нова година веќе иде од старата многу аир не се виде па новата кога ќе дојде се од раце ќе ни појде... Ќе добиеме се што сакаме и ваму таму нема да акаме среќни да си бидеме сите и убаво да ни минат дните... Многу насмевки секаде и лица среќни да не пратат во иднина и да бидеме вечни.... СДМ морав да искомпонирам една песничка
Пред да почнам да летам низ денов со илјадниците обврски пред големото финале вечер, иако одамна го имам профилот, а дури при крајот на годинава почнав поактивно да се занимавам со него, и постовите не ми се кој знае колку содржајни и тоа што сакам да го кажам најчесто го соопштувам во кратка форма или преку слика, сепак не можам а да не ви посакам Среќни Празници, да се дружиме и во Новата година, здрава и разумна мисла, многу среќа, успех, пари, љубов и пред се Здравје. Неговото величество напишано со голема буква. Амин! Убав провод женцки вечер, не сумњам во тоа, и од утре да ги пуните темите за коса, нокти, шминка, модни критики, инстаграми итн.. Се сакам да знам! Да сме живи и здрави!
Денес излегов на купување со моите, штотуку се вратив. Решив последниот ден од годинава, година полна со успеси и убавини, тажни разочарувања... Година препознатлива по нашето сплотување и издигнување на семејството на еден похармоничен начин. Година убава. Ги гледам луѓево, дотерани, купуваат, трошат, брзаат... Но некако им нема сјај во очиве, сите кукаат и ја очекуваат новата година со желби за посветла и поубава. Ко годинава да им била проклета... Се шетам на пазарче, си посакувам убави желби, си купив и книги, ги гледам овошките со најубави бои... Кога, забележав насмевка. Скокотлива машка заводлива насмевка. Имало надеж во луѓево, не е се така црно. Сфатив дека луѓето реагираат на твоето расположение, дефинитивно. Нешто што го дискутирав со драга пријателка пред некој ден и сепак сметав дека е до луѓето. Но не. И до самите НАС е. Ги гледам преубавите слики на инстаграм, пријатели во Берлин, Белград... Си мечтаам небаре сум со нив, патувам во земји толку блиски а далечни... Осознавам, учам, живеам, уживам... Го освојувам светот. Ми се искри силна желба за патување. Се прашувам дали јас некоја Нова Година ќе прославам со едно убаво патување низ светов? Дали јас ќе успеам да се исфинансирам за да 10тина дена си посветам исклучиво на себе, и секако на местата што би ги посетила. Би им подарила насмевка, би ги чекорела неуморно, би ги сакала... Камо да можев да патувам... Независна и самостојна, опкружена со ведрина и велелепните културни зданија... Камо да можев...
Иако не пишував годинава многу често на форумов, сепак активно ве следев. Пред да ви ги честитам празниците, ќе направам кратка ретроспектива на 2015: -тапа провод за нова година поради лоша организација -паѓање на мраз на втор ден од 2015 во сред Центар -конечен крај на пријателство кое чекаше завршеток уште од 2013 -запознавање со нови луѓе со кои склопив баш добри пријателства -конечно сфатив некои работи и ставив крај еднаш засекогаш -делумно почнав да не си земам сè при срце и да пазам што ќе кажат другите за мене Периодов ама буквално не чувствувам никаква празнична еуфорија, па вечерта ќе си ја поминам дома. Во новата 2016, за моите најблиски сакам само добро здравје, а за мене да си продолжам со успесите и повеќе поддршка од моите родители На сите вас ви ја посакувам целата среќа иако годината е престапна, и да си го добиете сето она што сте го посакувале оваа година, а не сте го добиле. Ај се читаме догодина.
Јaс верувaв вo Дедo Мрaз, се дoдекa мoите еднa гoдинa зaбoрaвиле дa јa извaдaт ценaтa нa пoдaрoкoт штo се нaјде кaј мене пoд елкa. Кoј кaде и дa oди, убaв пoмин нa сите вечервa!
Ех, како вчера да беше кога сè уште се навикнував да пишувам 2015 наместо 2014, а ете веќе повторно си каснувам руска салата покрај елката со shake up the happiness во позадина, ги читам прекрасните новогодишни желби од сите вас во ова виртуелно катче што ми го разубавуваат денот уште повеќе и пополека се спремам за вечерва (tell me more about најклише новогодишни размислувања )... Епа време е и за последен пат оваа година да го испишам празното прозорче од мојата омилена тема, без тоа веќе традиционално 31ви како да не ми е 31ви. Никогаш пред Нова година не сум правела посебни листи и резолуции, ниту пак сум панично сум се растрчувала со купување конкретно за новогодишната ноќ по трговските центри. Убавината на празниците ја гледам како мозаик од сите ситници што иако со возраста и изминувањето на годините како сè помалку да успеваат да нè израдуваат, сепак до нас е да им дозволиме да ни предизвикаат што поширока насмевка на лицето. И оваа година во неколкуте слободни дена натенане си се зафатив со работа, со задоволство спремив честитки и по некое внимание - мало подароче за најблиските. Со мајка ми пред некој ден како најдобри другарки заедно се почастивме купувајќи си подароци од себе за себе, а денеска и тато баш во 5 до 12 нè изненади со по едно супер погодено внимание. Абе најголема среќа ми се и секогаш ќе ми бидат! И така луѓенца, ви посакувам на сите прекрасни новогодишни празници, во кои ќе се препуштите на еуфоријата и радоста предизвикана од вниманието на саканите ќе ви влее доволно позитивна енергија да го избрише секое негативно чувство околу лошите моменти од изминатата година. Новото поглавје со наслов 2016, од прва до последна страница испишете го со многу остварени соништа, денови исполнети со здравје, љубов, среќа, успеси во секое поле... и листата работи што сакате да ги правите и ве исполнуваат што повеќе нека се поклопува со вашата секојдневна рутина. Вечерва каде и да сте, ви посакувам Новата година да ја започнете со најубав и највесел помин досега, со којшто ќе започнете уште поубава година за паметење и од која на крај ќе имате само убави спомени. Среќна Нова 2016, драги мои феминки и феминци!
Ако не можете да се сетите на ниту еден немил настан, не значи дека го немало само не бил важен. Годинава ја обележаа солзи радосници. Ни се родија три внучиња во фамилија, а уште едно е на пат. Убава година, задоволна сум со се што ми се случи мене и на моите блиски. Не ми се исполни ниту една желба, но јас сум си виновна за тоа, не работев апсолутно на ништо, се што дојде дојде само. За нареднава година имам само три желби и се ќе направам за да ги исполнам. Имајте убава вечер каде и да сте и со кого и да сте.
Здраво здраво Кога бев дете на овој ден бев посебно возбудена.Ама скоро секоја година ја завршував со плачки и кавги. Не не бев јас крива,ама ете, луѓево околу мене се такви. Не знаат да се радуваат. Пораснав, традицијата во фамилија ми остана. Денов ми тргна лошо, ама не се предавам. Дома нема да седам , ќе излезам и ќе си поминам добро. Си го ветив тоа сама на себе. Точно на полноќ ќе го имам него до себе и тоа ќе ми биде доволно за мир. Иако викаме дека денов и не е некој посебен празник еуфорија се забележува кај сите по малце. Јас наминав да ви посакам да ви се исполни се што сакате, за се што мечтаете. Многу здравје ,среќа, и љубов еден куп. Се друго ќе си дојде, или ќе си го земеме Гушкајте се вечер, бакнувајте , играјте, пејте, да почне годинава со убаво.