Тој е мојот исполнувач на желби.Тој беше и е мојот Дедо Мраз. Нека ми ја исполни и оваа-нека не ме напушта. Што сум јас без мојот херој? Ништо. Драги феминки и јас ја прогласувам годинава за ужасна. Давам чекор,и пружам рака на новава само со една единствена желба. Посакувам сите ваши да ви се остварат една по друга. Пред се ви посакувам Здравје. Без него сме Ништо. До посилна борба и победа во новата година,татенце мој,не се предавај!!!!!
Ме мрзеше да пишувам,само читам,но ајде ќе напишам некој збор за оваа 2015 што останува зад нас.Инаку вечерва дома ќе си бидеме семејна атмосфера како и секој ден Епа каква таква помина и оваа би рекла просечно,добро беше ама можеше уште подбро. Сите се надеваат на поубаво,на подобро, ете по медиумите даваат дека 2016 ќе биде доста тешка година,онака да спомнам само.Како и да е ,на сите Ви посакувам вечерва да си поминете убаво каде и да сте,со кога и да сте. Среќни празници !!
И оваа година речиси помина, Новата е на прагот. Некои сакаат "старата" да ја остават зад себе и никогаш да не им се повтори, додека другите посакуваат годинава да нема крај. Секој со своите причини, секако. Јас сум со оние класифицираните во првата група, ама тоа сега нема врска. Но ајде да склучиме еден договор самите со себе. Без оглед на тоа какви сме биле до сега, во годинава што следи, ќе се потрудиме да бидеме сѐ што некогаш сме сакала да станеме а досега не сме, или пак ако веќе сме тоа, ќе се потрудиме да бидеме подобри во истото. Ќе уживаме во среќните моменти и ќе ги отфрламе тажните на страна, колку и тешко да биде тоа. Ќе славиме за постигнатите успеси, додека од секој неуспех ќе вадиме поука и нема да ги повторуваме истите грешки. Ќе даваме втори шанси, ама не и трети доколку ни вторите не биле заслужени. Ќе ја искористиме секоја секунда, секој здив што ни е пружен, и ќе се бориме. Среќни новогодишни и божикни празници на сите, многи здравје, успеси на секое поле.
Ги редиме традиционалните новогодишни постови, м? Летаат годиниве некако или мене ми се чини? Ко вчера да беше кога си посакувавме убави желби за 2015. На сите ви посакувам здравјето да ве служи следната година, ако сте здрави ќе можете се друго што сакате да си остварите. 2015 донесе убави работи, се надевам 2016 ќе продолжи со истото темпо. Имајте убава вечер и не претерувајте со ништо, и утре треба да се живее.
У новава година си посакувам повеќе памет, пошо вчера ко за последен ден од годинава се „заљубив“ у женет чоек.
Srekna nova godina koja sto doaaga na site clenki na femina.Mnogu zdravje,sreka i uspeh vo rabotata i toplina vo domot vi pozelva stilas7
Иако мене не ми личи на луда вечер, вечерва ќе се отрескам е така да ја испратам старава, новата да ми биди поубава Две желби не ми се остварија во старава година: да добија пакетче и снег да има. Се надевам во новата ќе се остварат хахах Ви посакувам најмногу здравје, тоа ако го имаме се друго можиме, бидете најсреќни и заљубени, кога јас не можам да се заљубам
Ви посакувам да имате среќна и радосна Нова година. Бидете позитивни,вложете труд во вашиот живот,верувајте и љубете.
Сакам да ви посакам најсреќна Нова година мили луѓенца. Вечер кај и да сте, да си поминете најубаво, заборавете на болка и тага, радувајте се, играјте, пеете. Сите го заслужувате тоа!
Ова е мојот последен пост за оваа година, носталгија ме фаќа. Ви посакувам на сите Среќна Нова, и се најубаво. Да ги испратите сите лоши мисли и моменти со старата што си оди, а во новата само убави моменти да ве пратат и да бидите секогаш опкружени со најсаканите луѓе.Оние кој не успеале да реализираат планови и желби,нека 2016 година им биде таа година кога ќе ги остварат. И да, вечер поминете си сите најубаво, пијано, најлудо кај и да сте.Заборавете на се и опуштете се.
2015 Ми беше премногу убава година.Имав убави,и добри моменти.Ти благодарам за се но морам да те испратам. 2016 Спремна сум да те дочекам.
А што да ви посакам?? ... Се' она што си посакувате и ви е копнеж, желба, да ви се исполни во Новата 2016! Да сте живи, здрави, исполнети со мир, љубов и среќа. Се' друго ќе си заслужите. СРЕЌНА НОВА!!
Бичу кратка , епа вака Се што посакувате да ви се исполни во Новата 2016! Да сте живи, здрави , љубов и среќа. СРЕЌНА НОВА!
Пријатна вечер на сите ви посакувам мили луѓенца.Годинава помина друга ке дојде, и се така.Не се радувам ни дека 2015 заминува, ни дека 2016 доаѓа.Ме мрзи повеќе да пишувам.Останете сите со здравје, бидете посреќни, и повеќе позитивни другата година
Дојде ред и за моето последно мислење во 2015 година, Еве седам пред комјутер, неколку табови вклучени и ви ги читам прекрасните желби. За околу 2-3 часа треба и јас да излезам. Оваа година не се собираме традиционално сите другарки, зашто се разетаа кој наваму-кој натаму. Решивме да го направиме она што лани ни беше во план, а не испадна така со другарката од странство, а тоа опуштена вечер со гледање филмови без ужасни турбофолкери, туку некоја нежна мелодија на Ед Ширан да оди со филмовите. И секако, најважно, еден куп чипсови и пуканки. Искрено, многу сум возбудена, повеќе од лани, толку многу чипсови само за нас две. Јеј. И така, што да речам, мижуркам со очиве ненавикнати на шминка бидејќи ме печат. (Обично не носам шминка, па затоа си реков, дај да си ја направам оваа вечер поразлична. ) Секако, на @simonna.a ѝ пратив едно видео-поздравче, се надевам ќе ја развесели, традиција ни е секоја година. Сега ќе разбркам низ интернетов за некои добри Christmas movies за гледање. А вам драги мои, ви посакувам сè што ќе посакате да ви се оствари, секоја единствена желба на ум што ја имате, но внимавајте што посакувате. И секако, она стандардното многу љубов, здравје среќа и еден тон насмевки и убави моменти. Нека годинава што следи ви е најдобра досега. И ве сакам повеќе отколку што можете да замислите. Една топла, силна прегратка до секој од вас, ми значите многу. Среќна Нова година!!!
Годинава што е во заминување ја сместувам меѓу оние што си навлекоа блескава наметка на себе. Ги искусив моментите кои многумина ги доживуваат и раскажуваат без многу зборови кога чувствата ја заробуваат вербалната потреба и признавам дека неописливо убаво е да се споделат со најблиските кога има што да се прослави. Сонот што не го сонував во некаков интензитет прерасна во јаве што го живеам. Малите елементи од мозаикот се сместија на свое место полека и тивко како мојот нарав. Горда сум на себе и на невидливата истрајност што ме прави посилна и позрела. Задоволна сум од тоа што го имам и ја прегрнувам скромноста како адут за благодарност. Вешто го одмерувам секој потег, правам резиме на чекорите и сакам балансиран тек на настаните. Мудроста и понатаму ми е најдоверливиот пријател на кој му шепкам за секоја издишка. И верувам и така нека остане... Во новата што е на прагот се надевам дека ќе бидам поуспешна во реализацијата на моите приоритети, подеднакво опркружена со луѓето што ми се потребни и ќе имам нови страници исполнети со насмевка и позитивна енергија. Копнежите во облик на желби немаат рок. Тивко тлеат се додека не ја дочекаат светлината на денот. А дотогаш... собирам надеж и ги таам во себе. Ви посакувам убав помин вечер, каде и да сте. Која и опција да сте ја одбрале за прослава, важно е вам да ви се допаѓа, да ви е убаво, удобно и весело. Во 2016 имајте здравје, среќа, љубов, многу предизвици пропратени со успеси. Здравјето и среќата се клучни состојки за убав живот, а љубовта му дава една поблага димензија за заокружена целина.
Не знам за вас,ама јас уште верувам во Дедо Мраз и мислам дека цел живот ќе верувам,го чекам кај да е да стигне. Нека ни биде Среќна и забавна 2016 на сите. Убаво поминете си каде и со кого да сте. А 2015 убава година,напорна, ама убава.Побогати за уште едно преубаво патување,радости во фамилија,работа. Среќни празници,уживајте.
Сакам само да ве поздравам и да ви ја честитам Новата година и да ви посакам се... Wait, not so fast. Што побогу е новогодишната ноќ? Произволно одбран датум кога Земјата го завршува своето патување околу Сонцето. Да, трае мање-више 365 дена, ама на страна од тоа, 31-ви декември не е ништо посебен во однос на било кој друг ден. И 29-ти декември претставува завршување на орбиталното движење, ако сметаме од претходниот 29-ти. И 10-ти јуни е исто така, ако сме рачунале од 10-ти јуни лани. И така натаму. Зборот ми е, нема ништо посебно во овој ден, колку и да некој се труди да не убеди во спротивното. Околу новогодишната ноќ, пред се, најмногу ми смета вештачката еуфорија, лажната среќа и усилените насмевки и притисокот од сите страни дека вечер мора да си поминеме најубаво, лудо и незаборавно, пошто нели – ова е најлудата ноќ. Мора да се оди некаде, мора да се има дечко или девојка, или барем да се смува некој, мора да се начукаш и по можност да направиш некоја глупост и уште еден куп работи, а зошто? – затоа што на календарот е 31-ви декември. Се трошат пари кои ги немаме за работи кои можеби и не ни требаат ама мораме да ги имаме или направиме, се купува како да се наближува апокалипсата пошто на трпезата мора да има тоа, тоа и тоа, за да веќе од следниот ден се чудиме како ќе го преживееме месецот. Се преиспитуваат животните одлуки, се прави рекапитулар на изминатата година, се носат new year resolutions, кои скоро никогаш не се остваруваат, затоа што наредната година ќе биде мнооогу поинаква и само затоа што нели, така треба и пред се – мора. И како и да го свртиш, све правиме зашто некој рекол дека така треба, зашто така мора да биде, а не затоа што самите така сакаме. Да ви кажам нешто – дури и ако останете дома оваа вечер, ништо лошо нема да ви се случи. Дури и ако немате дечко или девојка за Нова година, Земјата ќе продолжи да се врти околу Сонцето. Дури и ако бидете искрени и ако признаете дека сте си поминале без врска за Нова година, светот нема да запре. Дури и ако не донесете некаква епохална одлука за промена на вашиот живот, животот на Земјата ќе продолжи. Моја новогодишна желба до сите вас е во наредната година да правите повеќе работи кои вие сакате да ги правите, а не кои некој друг ви ги наложува затоа што така е редот, така треба или така мора да биде. Забавувајте се и излегувајте со пријателите, дружете се и уживајте, и имајте најлуда ноќ, не само еднаш годишно, туку во текот на целата година. Најдете си дечко или девојка во моментот кој е вистински за вас, а не затоа што е срамота да си сингл за Нова година. Преиспитувајте си го животот, одлуките и целите во текот на целата година, а не само еднаш годишно. Носете „new year“ resolutions повеќе пати во годината и навистина трудете се да ги исполните – не чекајте на 31-ви декември. Изненадете ги најблиските со ручек и богата трпеза во било кој ден од годината – не чекајте да дојде Нова година или Божиќ. Едноставно, живејте го животот онака како што сакате вие, а не како што ви наложува некој друг или некаква си традиција. И пред се, сфатете го 31-ви декември како она што всушност и е – само уште еден ден во календарската година, само уште еден момент во бесконечното танго помеѓу Земјата и Сонцето, само уште еден ден во нашите животи, само уште еден миг во постоењето на вселената. Среќна Нова година!