Кажуваат дека се атеисти, а барем еднаш во неделата кажуваат „фала богу“. Не од што не размислуваат што да кажат, туку модерно е денес, ако нешто ти е преку глава и конечно нешто корисно прави, „фала богу“ да кажуваш. Океј тогаш, мој заклучок за ова е дека атеизамот се изретчува. Спојлер Не е посветено на никој од форумов, туку во животот општо, гледам „атеисти“.
Оф леле како мојот татко да беше жив, би дала пола од мојте години. Како можеш да кажеш дека некој што нема еден од родителите е срекен? Срекен е оној човек што има семејство и здравје.
Ти имаш сериозен проблем. Подобро, што побрзо советувај се со личност соодветно едуцирана за таа област. Ако ти е срам да те гледаат, да те знаат, има анонимни сос линии. И најдолгиот пат се почнува со првиот чекор. ова што ти го правиш, не е чекор напред, туку назад. Што и да ти се случува, има решение, има лек, има излез. Она што не се излекува е празнината која ќе ја чувствуваш цел живот, од матура, па до дипломирање, па свадба, па деца.. секој пат ќе ти фали нешто. А она што ќе те убие, е тоа дека ти си посакала да ти фали дел од себе. Поразбуди се. Свести се. Имаш проблем. Сега на ред е да најдеш решение.
ДЕВОЈКО ОСВЕСТИ СЕ !!!!!!!!! ЗНАЕШ ЛИ КАКО Е ДА СЕ НЕМА РОДИТЕЛ ? СРАМ ДА ТИ Е МИ ИДЕ ДА ПЛУКАМ ПО ТЕБЕ СРАМОТА -А-А-А-А-А-А-А-А-А-АА--АА-А-А-А-А-А- БЛАГОДАРЕЈКИ НА НИВ ТИ СЕГА ТУКА ГО КОЛНЕШ ДА ГИ НЕМАШ ПО УЛИЦИ ГЛАДНА И ГОЛА КЕ ОДИШ СРАМОТА... А ВЕРУВАМ ДЕКА СЕ ЛУТИШ НА ТАТКОТИ ПОРАДИ ТВОЕ ДОБРО , СИГОРНО СИ САКАЛА ДА НАПРАВИШ НЕКОЈА ГЛУПОСТ , ЗА ТВОЕ ДОБРО ТЕ ЗАБРАНИЛ И СЕГА ГО КОЛНЕШ ???? СРАМ МИ Е ОД ДЕЧИШТАТА ШТО ТАКА РАЗМИЛСУВААТ
Ги молам надлежните на форумот да ја расчистат темата од глупи коментари !!! Аман бе луѓе имајте свест бе алооо шо ви е ...
На зима барем не се залетуваат бубачки од сите страни. Бррр, колку само се ежам штом помислам на нив. Сабајлето одејќи на работа ми се залета една директ БАМ во око! АА ми идеше да си умрам на место. Грозна работа. Пред тоа се спремам во ВЦ. Ми влезе една пчела, сакав да си пцојсам од плачење. Ама ја утепав, со папучата коа и влегов едно Петшеснаесет, дваесет пати ја умртвив. Од мене Лека ви ноќ. За Икс фактор не сум барем ич заинтересирана кој ќе победи, така да не чекам да го видам тоа. Утре на работа сум треба да станам, је*еш ти икс фактора. Лека ноќ Феминки.
Ве сакам СИТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ Спојлер Зашто не си се родил пред 22 години .А толку си сладок
Победата на Даниел, само ми докажа дека треба да продолжам да ги следам моите соништа. Ќе успеам јас, ќе ги отстварам за неколку години. Не за џабе никот ми е таков. Возбудена сум уште, не можам да спијам.
Како сведок на голема суровост од таткова страна,ама и како сведок на болката на оние што го немаат,преиспитај си ги мислите. Немој огорченоста во моментот да те тера на мисли за кои ќе жалиш цел живот.Ти си негово семе,негова крв и внимавај што посакуваш,кажаните зборови не можат да се избришат,а погрешните постапки ќе те прогонуваат цел живот...
Денес му е роденден на татко ми. Знаете колку сакам да му купам диплома за најдобар татко..? Да му напишам купишта А4 листови за оние работи што ме воодушевуваат кај него. Да му подарам флаша квалитетно вино и да ми рече - ќерко дај да си прославиме! Знаете колку сакам да го гушнам и да речам, тато те сакам!? Колку сакам да ме праша што ми е кога сум нерасположена, без проблем да му раскажам за секој проблем што го имам и без размислување да застане заштитнички меѓу мене и проблемите, да се бори ко лав за мене..? Знаете колку сакам да ми недостасува? А јас не знам ни како е да биде овде.. Ко милион топки да има околу мене, од оние во Полска што ги имаше огнените, па ни една не сака да ме промаши.. Купиште срушена куќа што вриела од спомени. Е тоа сум јас. Не знам од каде да почнам. Дали да го исфрлам сиот вишок и да почнам повторно со она што останало, или да преминам на друго, да почнам од почеток.. Не ме препознаваат луѓето околу мене. А богами не се препознавам ниту јас... Ах животе, служи ме, не барам долго, само доволно - доволно за да ги љубам оние покрај мене..
Кога ќе го поминете камени мост, на само неколку чекори, од левата страна има дечко кој продава плочи. На моја голема радост има доста стари и добри албуми, дали се нови или не искористени некако ми е срам да го прашам, ама воопшто не ми е срам да ги разгледувам и по 10тина минути. Сега и цените му се симпатични, но со големо срце би си купила една плоча отколку да ги дадам истите тие пари за некое цеде од новонастанативе естрадни такозвани себе проглесени ѕвезди. Само што проблемот е што немам каде да ги слушам, и во мојата домашна колекција има 10тина плочи, ама грамофонот не работи, т.е иглата е скршена веројатно, не фунцира. А кога ќе ми текне како помали дека скришно со братучед ми си игравме фризби со плочите, и ден денес не ми е јасно како мајка ми не доживеа срцев удар кога не виде со тон полускршени плочи на земја. Знам дека имаше една од Битлси, омилена и беше веројатно и таа читава и остана, ја крена некаде ја скри, долги години ја немав видено, кога случајно ми искрсна пред некој ден. Да имавме сеф у сеф ќе ја ставеше, заедно со сликата на дедо ми и другарот Тито, како гордо стојат еден до друг. За роденден искрено сакам еден убав стар добар грамофон, колку и да звучи пренамагајучи или не знам како, од срце сакам грамофон. И и реков на мајка ми, не сакам кола сакам грамофон, ама од оние оргиналните, старинските, најстаринските, со металниот рог. Порадо би 1000 евра за таков олди ретро грамофон него за некоја количка, која па и онака не ми е толку неопходно непотребна. Мислам и без грамофон можам да живеам де, ама духот би ми бил поспокоен ако наутро после станување си пуштам некоја плоча од грамофончето додека пијам кафе. Тој филинг не го пополнуваат ни најмодерни сараунд системи со менување на песна со мислите(мислам кај и да е, тоа е на потег следно...) Посебно врежан во меморија ми е оној звукот на шуштење на плочата пред да почне песната, мислам таков звук не се опишува со зборови и не се заборава. Уште тврдам дека тоа биле некои малку поубави времиња за живеење, малку поспокојни, посреќни, поисполнети...
Ме потсети дека имам грамофон, ми стои дома во мојата соба, на него ја потпирам стаклената сталажа во регалот. Во кафена дрвена кутија, би требало уште да работи. А и плочи имав, се надевам дека уште стојат во мојата родна куќа, не сум ги земала со мене кога се омажив. А да бидам искрена, ниту грамофонот не го слушав. Плочите се со македонска народна музика, голем дел се изгребани. Многу работи чувам, со надеж дека некој ден ќе бидат скапоцени. Имав и еден саат, округол метален со петел внатре, на навивање, цело време го чував и сакав да ни остане, ама се расипал и го фрлиле а мислев и расипан да си го чувам. Можеби ќе ги оживеам спомените некој ден А тебе Хипстер ти посакувам да си го добиеш посакуваниот грамофон за роденден. Туку, кој ќе оди денес за Охрид бе цурици? (ама временската прогноза не ви е најсјајна, рекоа денес попладне ќе врне и силен ветер ќе дува, можност да врне град)
Што ти реков, а ? Ти кажав јас ? Нели ти реков ? Ко не ме слушаше !? Еее, виде, како погодив ? Ко ти велам јас тебе...! Е, стварно не сакам кога некој одвај чека момент за били што, па и за најмала глупост ГОРДО со силен одраз на своето ЕГО да ја каже фамозната реченица: Абе ти реков ??? Абе, седи тука, не се прави паметен. Си знаеме сите што и како, ама си имаме и други мисли, идеи, верувања во глава. Менливи се работите, ништо страшно.