Среќна нека е новава, добри луѓенца повеќе здравје, среќа и правете како што си сакате во животот, терајте и нека не ве засегаат ничии коментари. И оваа година ја дочекав подалеку од некои личности, ама ќе си се споиме ние во текот на годината си немаме гајле хехе
У је, прв пост во две тисучу и шеснаестог. Со сигурност можам да кажам дека годинава што ја испратив(ме) синоќа за мене беше една од најспецифичните во животот. Се случија (пре)многу работи во 365 дена... на приватен, професионален, фамилијарен, љубовен, ...ма секаков план! Некои луѓе за кои не ни сонував дека ќе ги изгубам, веќе ги нема. Зборувам за луѓе кои знаеја да разбудат чувства на среќа и тага кај мене. И да, Марфи така фино лепо си ја нареди работата, да последната личност што ја видов пред полноќ биде онаа што најмалку сакав/очекував. Истовремено, други луѓе, за кои не ни сонував дека ќе се појават во мојот живот, денес се неизоставен дел од моето секојдневие и ми се бескрајно мили. Покрај нив, можам да кажам и дека конечно воскресна мојот ноќен живот, поле кое последниве 2-3 години беше во благ застој, посипено со „капки“ монотоност. Резултат на приватен план - 1:1 Имав месеци во кои не знаев дали ќе заработам доволно плата за основни трошоци (тежок живот фрилансерски ), а и соработката со неколку клиенти згасна. Паралелно, тука беа и тие месеци кога се' беше на сосема солидно ниво - заедно со неколкуте нови клиенти што се појавија. Резултат на професионален план - 1:1 По подолго време, доживеав летен одмор баш онаков каков што сакав, и токму со луѓето што ги сакав крај мене. Дечки, уште сум ви неизмерно благодарен за тоа (а ти, Охриде наш, остани од злато направен)! Резултат на одиме-на-одморот-од-соништата план: 1:0 Во љубовта... ах бе, таа љубов ... изминатата година се појавија неколку фини девојки во мојот живот, но некако посесивноста како да им беше заштитен знак. Покрај нив, не успевав да ја имам онаа слобода и независност што ми се потребни и без кои не можам да функционирам. Се надевам дека во 2016. ќе се појави дејче со кое ќе сум на иста бранова должина. Резултат на љубовен план - 0:1 Се' се сведува на тоа дека имав израмнета година, како по добри, така по лоши работи. Дел од нив оставија помали траги, дел покрупни - впрочем, тука се насетува и таа мала разлика. Има уште многу за набројување, но како што веќе знаеме, сето тоа е од лани, па нема потреба да се навраќа човек на тоа. Мислам дека подобро е да кажам само - 2016, I am ready for you; Bring it on!!! okay, not before I get some sleep first.
Среќна нова 2016та,да бидете во добро здравје,опкружени со многу љубов и се` што сакате да ви се оствари. Јас во моментов го слушам Новогодишниот концерт на мтв и полека си размислувам за желбите и плановите што ги имам за оваа година. Не се навраќам на старата година,иако учам од неа. И да,јас сум човек што прави новогодишни резолуции,ама и ги исполнувам речиси сите што директно зависат од мене. За оваа година сакам да поминувам повреќе време со семејството,во топла,домашна атмосфера. Да им посветувам внимание и да поминуваме заедничко квалитетно време. (Тука спаѓа и кученцето што сега го имаме,веќе се брои за член на фамилијата). Понатаму сакам да работам на одржување и продлабочување на сегашните пријателства и создавање нови. Значи срамежливоста при пристап на нови луѓе треба да си ја оставам во минатата година. На мене останува да учам,да грабам нови предизвици, да се дооформувам на факултет,да бидам мотивирана и истрајна се повеќе,а да функционирам со што помало ниво на стрес. Си посакувам добро здравје на мене и блиските,радост,исполнети мигови и многу успеси. Имам една голема желба за оваа година, што не зависи многу од мене. Ветувам одма ќе ви се пофалам кога ќе го дознаам исходот. Имајте убав 1 јануари
Пижами, руска сала и Новогодишен концерт на виенската филхармонија- традиционално новогодишно утро Среќна Нова година
Ermmmm...dobro utro dobri luge. Izgleda jas sum edna od retkite sto stanuvam bez glavobolka Ne deka se osecam nesto novo ama soznam...pocetok na nova godina bilo, hm, e pa neka e. Jas da si pivnam troa caj poshto grlcevo saka da upadne, a to nije ono sto mi treba xD
Вчера бев во Пошта си славев цел ден, супер си поминав. Вечерта во опуштена атмосфера со две другарки кај мене дома, вино, музика, смеење. Првиот ден од годинава го поминувам лабаво во пижами. Сите лоши работи, негативни мисли и луѓе ќе ги оставам во старата година и оваа година се надевам дека ќе ми биде поуспешна и повесела. Годинава што помина ќе ја паметам по запишаните мастер студии, положените испити, напорната работа која за среќа ја напуштив на почетокот на декември. Научив по не знам кој пат веќе дека не треба да имам доверба во секој и дека некогаш моите желби и потреби треба да се на прво место, а не секогаш за да им угодам на другите заборавам на себе. Имам многу желби и очекувања за оваа година, сакам да магистрирам, да си купам нова кола и да си најдам добра работа по струка. За љубов веќе не замислувам, со оглед на тоа какви мажи ми се лепат не мора. Ви ја честитам Новата 2016 година на сите, ви посакувам само успеси и убави моменти. Ве сака Барби.
Како што е редот, на сите ви посакувам среќна нова година, да биде многу подобра од предходната, да не заборавиме не чекаат 366 дена, нека бидат исполнети со љубов, среќа и мир Јас малце каснам ама шта чеш, еве со кафенце се расонувам прво, па ако се има апетит ќе се јаде после
Дами, лепотици, тие до 40 и преку 40. Нека ни е среќна и берикетна новата 2016 година, само убави работи да ни се случуваат, да бидиме среќни весели радосни на деновите што следуваат, делете ја љубовта несебично со оние околу вас, помагајте таму кај што ќе можите, насмевнете некој, бидете стално насмеани, и уживајте и живејте го животот со полна пареа. Почнете од денес да ја пишите книгата на 2016, нека биде добра Среќна нова годинааа!!!
Среќна Нова 2016 година мили луѓенца Од срце на сите ви посакувам оваа да биде ваша година, убавите моменти да ви бидат секојдневие и така сите 366дена да бидете здрави,насмеани,заљубени,љубени,успешни,среќни ... абе само убавини и ништо друго Кога семејството и саканата личност се до тебе ништо друго не е важно,и така е да ви кажам.Баш поради тоа се радувам затоа што годината ми започна близу до моите најмили луѓе,луѓето кои ми значат се во животот. Желби за здравје,мир,љубов,насмевки и многу среќа си посакавме еден на друг ... Посакав само 2016 година да биде убава како и преходните до сега ,наше е само да уживаме во деновите кои ни ги нуди оваа година и да бележиме моменти кои нема да се заборават никогаш. А 1ви јануари не е совршен ако не се слуша традиционалниот Новогодишен концерт совршенство за убаво утро и убав ден . Уживајте,смејте се ,и сакајте се тоа е најважно
За мене 2015 година беше ужасна година, и мило ми е што е веќе зад мене. Денес имам толку голема насмевка на себе и сум толку многу среќна незнам последен пат кога сум се чувствувала вака. Во новата година би посакувам на сите многу здравје, среќа и љубов. Да бидите успешни во секое поле од животот и никогаш да не се одкажувате. Бидете храбри бидејќи само така ќе стигнете до вашата цел. Имав одличен почеток на 2016 година, бев стоплена и емоционално и физички од саканата личност кој што умее тоа да го направи со една прегратка и еден поглед.
Baba mi I komsikite, sednale kafe si pijat I slatko slatko si zborat, si sepotat I se tolku seriozni. Kiznaj cija sudbina ja krojat Mojata, verojatno... Uste jas im ostanav nemazena, a sum tolku stara, drugo se zivo I divo e ispomazeno