Нов ден, нов месец, нова година, нова надеж. Мене овој прв ден од новата година ми е радосен затоа што ми е прв пат да ја споделам и честитам Новата година зaеднo сo вaс. На сите ви посакувам само убавини во животот. Среќата нека биде вечност во вашиот дом, љубовта вечен пријател, а здравјето непресушно богатство. Лошите работи оставете ги зад вас и од денес започнете нов живот. Ви посакувам успех и среќа на секое поле од животот, што е можно помалку тага во вашите очи, а повеќе солзи радосници. Нека овој ден биде почеток на среќна и бериќетна година. HAPPY NEW YEAR! Cheers to the new beginning.
2016 година честитам само на оние кои ми се најблиски и најдраги. Останатите ги оставам во 2015 година. Тоа ми е првата цел која ја остварувам овој прв ден од Новата година. Сакам да им се заблагодарам на моите пријатели, оние кои ми се јавија сношти да ми честитаат. Такви никогаш не ќе се родат во ниту едно друго време. Мојата фамилија и роднини пошироко, кои ме изненадија со пораки во инбокс. Поспана сум, но среќна.
Финтите од типот: -Каде за Нова? -Во Бардовци слушнав лудница ќе било... -Ај се гледаме в година хаха -Еј, не сме се виделе од лани... -(За време на новогодишната ноќ) Од лани не сум манал туш.... -Се сеќавам на 2015 ко вчера да беше....
Колку си греота од 1 до 100 да чекаш нова година со колешките од работа? Нејсе... Среќна нова година на сите. Ви посакувам ум, отвореност, здравје и позитивни разговори самите со себе, се друго потоа доаѓа како по желба. Нема поубава нова година од најубавото место на планетата земја - во неговите гушкалци во неговата единствена дома. И затнатиот нос не се чувствува. Јас на себе си посакав бебе, ама за 2017, но толку е голема желбата па да почнам од сега да ја билдам. Ама шегата на страна, си посакав повеќе мир, повеќе да не му ја мислам и здравје, оти стварно дошло на муабетот од старите, дека е најважно. Ве поздравува 2015 и ви се извинува за сите пехови.
Драги феминки Среќна нова 2016 и среќни празници.Многу среќа,здравје,бериќет и само убави работи да ви се случуваат во претстојната година
Поглупо клише од тоа: Како ќе ти стартува годината, таква и ќе биде целата со се завршетокот, нема! Живот е она што носи се' можно. Во годината може да има секакви моменти што секојдневието ни ги сервира, а ние сме тие што треба да ги живееме на овој или оној начин.
Јас да ве прашам.. До кај сте со мамурлакот? Свестувајте се, вечер пак треба да се пие. Најсреќна нека е.
Си го достигнав врвот кога денес у 1ипол поручек го викав татко ми да ме собира, оти уште се немав отрезнато за да си појдам дома. Резили.
Женски, Среќна Нова и се најдобро во неа. Најпрво здравје, многу љубов, секс и успеси да се нижат. Спојлер
Многу ми е интересна мајка ми кога ќе направи некоја смеа што не е многу интересна,но ќе се насмеееме и таа ќе се насмее и ќе каже да се насмееме да се нашалеме.Инаку среќна Нова година.Оваа година ви посакувам радости,успеси,среќа и здравје дупло повеќе од лани.
Добро јутро пијанице. Еве јас со кого ќе славам наредна Нова година, може конечно ќе ми се посреќи да се опијам, зашто guess what - не успеав ниту синоќа.
Не мора да се чека Нова година мор, до тогаш кој знае дали форумов ќе го има а богами и мојот црн дроб. Oсеќам на договоров и @Madam-A би се придружила.
Скролам низ фејзбук и што да видам. Девојчиња од моја генерација(2001) и помали се испофалија со сликите од нова година, се разбира по миничи и деколтиња, штикли и тони шминка на нив, виткани коси, некои и на фризер биле специално за утрово кога станале цело лице да им биде исцрнето затоа што вчера не знаеле кај тераат од пиење па не можеле лице да се измијат. Изгледаа како теткици спремни за на свадба, а не нормлен дочек на нова година. Да и јас славев нова година, и јас пиев, и јас бев нашминкана, ама не се правев херојот на -11 степени да облекувам миничи залепени за тело, не повраќав кај стигнев. Добро што се дешава со денешнава младина, брат ми што е 21год не се опи вчера, a прчлите кои се прават дева марија на секој чекор вчера висеа над шоља. Веќе не знам што да кажам, не личи бре не личи, мене ми се гади кога ќе видам девојче од 14год да изгледа како тетка, аман веќе опоравете се!
Среќна нова на сите феминки, напрво здравје па се друго по ред. Затоа што ако имаш здравје имаш се, така викам јас.
Новогодишната светлина нека ви го донесе патот до среќата, успехот и здравјето. Нека го стопи злото во добро, а сонот го претвори во стварност. СРЕЌНА НОВА 2016 ГОДИНА
Прекрасни мои жени и шармантни момци, јас дојдов да се исповедам Денес сум попаметна од вчера, а поглупава од утре, секогаш ќе биде така. Знаете, имаше еден човек во мојот живот кој постојано ми велеше отвори се, покажи се, биди ти со целото свое постоење... Човекот, право кажано ми беше зло во животот, ама за ова беше во право. Јас, гледајќи назад на своите мислења овде, на зборовите кажани на луѓето...простете ми, грешев. Во животот нема правила и единствен пат кон среќа. Отворете си го срцето, пуштете ги предрасудите и дозволете им на луѓето да бидат среќни. Се додека нечија среќа не причинува туѓа несреќа, зошто би била погрешна? Од толку многу глупави причини не им дозволуваме на луѓето да бидат среќни, а всушност токму тоа ни треба во овој мрачен свет. Знаете... загушливо е да се живее во овој "ај утре" свет. Пуштете ги, вие можете книга да напишете, можете сами да патувате, не морате да создадете семејство, тој/таа навистина не ве прави среќни, никогаш не е предоцна, во ред е и да изгледа како да е прерано, факултет се учи и на 50, бразилскиот звучи одлично запишете се веднаш на часот, ох да, а зошто е и важно дали некогаш професионално ќе танцувате, битно ќе бидете среќни додека ги учите чекорите... Нешто што често го приметувам, се прашуваме и не прашуваат, зарем навистина тоа ти е потребно? И тука доаѓа анализата што ова ќе ми значи во животот: Ќе бидам е*ано среќна барем 2 дена во неделата! Ќе се свртам утре назад и ќе речам, фак ит, вредеше. Драги мои луѓенца, од милост луѓенца ве нарекувам Простете ми на глупавоста. Имајте прекрасна нова година, возбудливи денови и креирајте спомени кои засекогаш ќе ви го греат срцето. Бидете среќни. Ве сакам.