Уште не сум излезена, а веќе сакам дома да си дојдам и да си легнам да спијам. Нормална ли сум што на овие 17 години попрво би седела дома отколку да се гужвам по дискотеките? Добра ноќ. Се надевам и мојата ќе е добра.
На третиот ден од новата година се решив да направам свој профил на овој форум.Па еве ме. Како за прво здраво од мене.Од срце ви ја честитам новата година. Се надевам на добра дружба на форумов и на уште подобри работи во новата година Поздрав од Глуварче
Толку голема нервоза не сум почувствувала од минатиот месец Еј како сум само нервозна ќе пијам нешто за смирување, не оди ова вака. Ко што викаше една бивша цимерка (од пред неколку години, од источна): -Не ја бива 'ваа работа цимер.... Абе сите нервозни хормони и пореметувања кај мене дошле, па ми расплакаа мајка деновиве. За колку глупи работи се нервирам и плачам, што утре кога ќе ми текне ќе се акам од ѕид. Бевме излезени прееска со неколку другари, и нормално пмсот не е пмс ако не ме натера да почнам кавга, па така почнав да се карам со еден другар за без врска работи ама не можевме да ја продолжиме кавгата пред сите па затоа сеа на фб кога распалив јас со глупости, со дупло карање, па тој уште ми се противи и на крај ми рече дека ќе одел да спие, и ми прати една глупа слика...тоа беше пред 40 ебани минути, се исклучи од фб а уште (во овој момент) е онлајн на вибер си викам да му пишам нешто ќе си рече оваа е луда, манијак, му го следам секој чекор....ајде ќе се смирам сега ама сепак или следниот месец кога ќе ме фати пак пмсот или утре (ако не се опуштам малку), не низ нос туку низ газ ќе му го вадам ова, што ме остави на сред карање п.с. со ова ме зеза... п.с.2. уште е онлајн е како ми се кара.....
Има луѓе што некако секогаш се твојата втора половина која го вади најдоброто од тебе. Тој е таа единствена личност во мојот живот. Катализатор на она се што сум да биде уште подобра верзија од мене и тоа не ради него, туку ради себе си. Да се сакам од глава до малецко прсте. Мојот ветар во грб и милијарда безпричински работи зошто е првата најважна личност во мојот живот, а по неа моите родители. Да сонувам со отворени очи и хопааа... сонот остварен. Наспроти сите прстени и сите потресителни, а сепак тажни последици на животот, јас за оваа нова година добив љубов во тони без никаков прстен, а многу ветувања и пред се верувања еден во друг. Во многу работи немам среќа, ама во љубов секогаш и секогаш ќе го повторувам тоа и кажам милијарда благодарам за тоа. Правите зборови, правата нежност, гласната смеа, смешните закачки и неговите генијални заклучоци за моите женски барања во 2 сабајле резултираат со скршен филтер за машината за перење од мајка му. Се молат институциите да отворат школа за домаќини, толку да не знае да отвори филтер побогу? Јас знам...ама заглавен беше, ама кога фати како насилник...епа ќе го скрши!!! И на тоа следеше едно гласно - јас сум инженер, ама не сум ти машински инженер жено божја и си легна... Два дена го молеше жената, а јас главата му на напунив уште толку...Лошо е бре за фенг шуито! Ја мислам од прееска, ама ете ме намири дека не сум јас крива, он бил поспан и ќе си ја поправел грешката. Паѓам од смеење како се фаќам дека е тотално несериозен во мојата женска небулозност и нелогичност, а е далеку од шовинист, ама е праведен реалист и ме доведува до држење за стомак како вешто и смешно ми го шлапа да не можам да речам дека не е во право. И да ја видите грижата во туѓите очи, а не ви е никако крвно поврзан, полно со солзи и важност да сте добро, ве прободува како остар нож во стомак, затоа што паралелно се грижите тој да е добро секогаш и засекогаш без оглед на се и тоа како сум јас. И на крајот на светот, уат ис мент то би,ит ис гоинг ту би... аген енд аген енд аген... Ми фали до мене вечерва, ама ене го понеделник, па што?
Среќна Нова Година Феминки и Среќни Празници!!! Затвори ги очите, помисли на сè што ти мамеше насмевки во текот на 2015 година и заборави на сè останато. Ти посакувам тие насмевки да се помножат со милиони во текот на 2016 година. Среќна Нова година!
Снег, се радувам како мало детенце. Се разбудив и гледам бело надвор, мислев дека сонувам Одам максимално да го искористам
Да ја започнам годинава со мудрост...на крајот од денот мораш да бидиш сам свој херој, зошто луѓето без кои ти не можиш да живееш...живеа без тебе!!! Среќна нова на сите, оваа година со поголема мудрост, тони љубов и ниту ронка нервоза...освен во ПМС оправдано... Закаснато ама не и заборавено!!!
На сите феминки Ви посакувам, Среќна Нова година и среќни празници Многу здравје, среќа, љубов, како и исполнети желби, мечти и реалицирани планови, успеси на сите полиња
Ѝ дале убаво име за да се потпишува Mawa Ma4ka. Приоритети... Вчера гледав документарка за девојка што од 6 години знаела дека сака да истражува за долговечноста и да се посвети на фармација. Јас уште не знам дали сакам да сум супер хероина, фатална госпоѓица, уметник или мигрант. Мех... бар не сум Mawa Ma4ka. Ај, за ладни, умни глави и многу цврсти одлуки годинава!
Која е вашата дарба? Имате ли дарба? Треба ли секој да е добар во нешто, да има предиспозиции кон нешто, да подобар од другите во нешто, да му е карактеристика по која се препознаваи по која му се воситуваат? Дали сите имаме дарба, а не сме и се посветиле? Дали е дарба да се има дарба? Дали оние кои немаат дарба се лишени од некое задоволство во животот? Дали се само обични смртници кои нема да остават траг, белег во животот, нешто по кое некој ќе ги памти? А што е дарбата? Може ли да биде дарба тоа што си просечен во се, а во ништо најдобар, во тоа што не си лош во ништо? Може ли да е дарба некоја секојдневна активност на која никој па ни ти самиот не посветуваш внимание? Многу прашања имам у главава. Така е кога ќе станеш во 4 саат рано, да чекаш снег на прозорец, и после не можеш да заспиеш. Настрана мислите, многу сакам да одам на журка. Ми фали многу.
Со првиот пост од 2016 ќе ви посакам: Среќна Нова Година, во оваа година секогаш бидете ми среќни, весели и насмеани. Ви посакувам многу љубов, здравје, среќа и успеси на секое поле. На студентите им посакувам 10ки на факултет, а на другите 7ци на лото Исто така со овој пост би сакала и да и се заблагодарам на Фемина за трофејот 4та годишнина и да ви посакам на сите уште многу годишнини и постови со многу среќни вести. Би сакала да се заблагодарам и на оној горе кој управува со времето, затоа што конечно после долго чекање ни пушти снег. Преубаво е надвор, се е бело, освен мојот нос и раце тие се црвени по неколкуте неуспешни обиди да направам снешко После желбите за убава година, ви посакувам убав ден. Насмејте се