Eh bre sto mrazam koga ke napravis nesto od kultura, cisto takov e periodot, da pomine redot de, a toj drugiot ke se voobrazi, pa ke si pomisli kojznae sto se desilo, ta pa mene epten mi doslo do nego izgleda najubavo e bidi nekulturen
СДК... Лакомоста по материјално богатство е знак дека имате работа со ненаситна личност која ќе бара повеќе и тогаш кога сте на работ на понудата.
Знаете што ми беше сервирано сабајлето во 4 за Нова Година? 'Ѕверот ' пијан камен. Еден другар од десната страна го држи, а од другата некоја другарка. Цела вечер го барав. И го гледав како влегува и излегува од кафич. Цела година го немав видено. И на крајот решив да си одам. Си заминавме сите. Се искачив по скалите и излегов. Само што се свртив, го држеа а тој едвај се качуваше... Очи в очи. Го препознав во тие плави очи, изгубениот поглед. Наеднаш застана. Ме погледна. Не можев да го гледам како повторно се уништува себеси. Сакав да истрчам да го земам в прегратка и да го прашам зошто секогаш секој еб*н ден, викенд си го прави ова. Ќе погрешев ли? Заминав, не можев. Тој беше тука за мене. Јас колку можам ќе помогнам и сакам да биде среќен. И, зар не разбираш дека се грижам?
Зошто се плашам да изгубам нешто што не е ни мое? Зошто иако знам дека не е, ми е толку блиско, толку длабоко навлезено во срцево, што веќе нема ни смисла тоа што е всушност туѓо? Во мене не остана ни трошка здрав разум. Иако велат да се водиме по тоа како срцето ни кажува, јас би рекла, немојте никако. Но јас немам друг избор. Сите знаат за оваа моја наивност, оваа глупост. Јас знам за што сум виновна-за тоа што не заминав на време. И веќе нема избор. И ако повредувам некого со ова, дури не чувствувам ни грижа на совест.
Неверојатно, како може една книга да стане дел од нашиот идентитет, од нашата душа. Сите книги кои се дел од мене сум ги добила како подароци од татко ми. Сите тие книги ме преродуваат кога и да прочитам па макар и една страна од нив. Откако ќе прочитам од нив барем една реченица, цел ден ми е поубав, осеќам некаква среќа во душата некаква топлина, некои нежно и пријатно скокоткање.Кога сум во некој депресивен и кризен период тие ми се котва која ме враќа назад на палубата, за да го продолжам патувањето. Штом купам примерок од некоја од тие книги и ја подарам некому тоа е како да сум му подарила дел од мојата душа. Само еднаш или два пати ја имам подарено мојата омилена книга на други. За мене да подарам една од моите омилени книги е позначајно и поинтимно од слика со посвета која им е в новчаник секој миг со нив. Се надевам и за вас постои некоја таква книга...
http://www.crnobelo.com/zabava/inte...ti-i-praznicite-gi-pominuva-na-privatna-jahta По што е позната оваа девојка? Што направила во животот за да ја има по интернетов и да ја величаме? Пејачка е? Глумица? Јавна личност? Овде е претставена како богата девојка чист татко е дарежлив. И тоа е се ? Плиток народ сме, и многу глуп.
Џабе сум толкава магарица кога го гледам снегот и сакам да се санкам онака како кога бев мала.На најлонска кеса.Да се вратам дома жива кисла,уморна и премрзната па мама да ме пречека со топло чајче и чиста облека.
Кога ќе почнат комшии да ти убиваат, се прашуваш кај живееш бе? Гето ли е ова, шо е? Со ножеви се бодат луѓе ко ништо. „Не било намерно.“ Ами случајно го отепале детево а? Оф едвај чекам да се спасам од гнасниве населби. Секој ден тепачки, секој трет ден некој убиваат ко од шала. Ај у курац више.
^^ @Dennings Плиток народ или глуп има сегде по светов. Материјалното за некого е врвот во животот. Кога има пари мисли дека "има" се'. А дали како човек е богата со духовни вредности со своја посебност, капацитет, мудрост?! Материјалниот свет го уништува не го усреќува човека. СДК ... Прашам, ако може да мрчнам за старт во 2016? Која е смислата да се сервираш себе како лепота и толку реален, здраво-разумен, емпатичен, несебичен, мудар човек, а од мала дистанца ти се очигледни комплексите кои ти не можеш или не сакаш да ги воочиш? Виртуелна популарност бејб, не е што и реален живот со привилегии. Второво потруди се да го живееш.
Знaчи aкo не oтиде веднaш пoсле мене вo ве-це не е жив. Ете гo спиеше сo сaaти, oтидoв јaс пo гoлемa нуждa (сoри) и зa 1 минутa се рaзбуди и прaвец ве-це. Мразам, а стaлнo е тaкa Да го ублажам малку постов со
Од 5 пластични Bords Eve кутичиња во фрижидер, маргаринот секогаш се наоѓа во последната што ќе ја отворам. Пилешка салата, руска салата, некакво месо, ковчиња за кутрето... Се осеќам како да отворам кутии кај Лила Кажи дали понудата важи - Не важи! Маргарин ми треба! Татко ми од пред некое време почна да ги потпишува кутиите со маркер, ама после се испомешаа. И така сега отвораш пластично на кое пишува „маслинки“, ама внатре те чека урда Македонски живот...
Дека љубомората неизбежно оди со љубовта и една без друга неможат. Ако некој на моменти ви искажува љубомора и ве напаѓа при тоа, знајте дека ве сака.
Нема по-awkward момент од тој кога се возиш во такси, а на радио свири 'пак си ти вечерва мојот такси фраер бејби.. цела ноќ би се возела во кола јас со тебе' додека чекате зелено на семафор , проследено со неугодна тишина.
По(insert ugly adjective here) телевизија од Сител нема да постои никогаш на овој свет. Толку се влезени во некој си ние сме најдобри, нашево е светско, ај ќе се правиме оти сме којзнае какви и ќе го гледаме светот низ розови очила. Зошто? Бидејќи уште го рекламираат циркусот наречен Вевчански карневал и покрај тоа што се случи лани. Како не им е срам!? Жити сè, зарем толку глупав народ сме, па да ги почитуваме и негуваме овие глупости кои нè влечат назад само? Па се лигават само во некој си стил: Ова е наше, ова е традиционално, од не знам каде доаѓале луѓе да гледаат... Каде паднав, боже мили, нека земат нека се убијат, резили, резили... Сител И, како ви помина вам денот?
Ништо. Ни капка грижа, ни љубов не остана во мене. Човек плаче до мене, а јас го гледам со презир, со гадење. Што ми е? Каде е таа емотивната јас? Каде е онаа јас која имаше желби, планови за подобра иднина, надеж? Празно човече. Без ништо.
И секогаш по некоја проста навика , секогаш се враќам на онаа што ме можеби најмногу ослободува - Сакам да кажам.. Се враќам тогаш кога не можам да говорам пред другите толку вешто и сигурно . Се случува тоа со мене , можеби ретко ама ете се случува . Блокирам и толку . Веќе подолго време и не можам да си направам добар муабет и со себе си , се плашам да ја прашам што правам ? Не знам велам јас , но пред некој ден некој кажа што таа требаше да каже можеби многу порано. Не ми кажа ништо кога се впуштив во игра со валканоста на мојата игра . Знам дека сакав можеби нешто многу поразлично , но на еден или на друг начин сакав само авантура. А авантурата не прашува добро или лошо , таа само те води таму каде што адреналинот ќе ти е вклучен до максимумот и толку . Те пропушта на моментот , те ослободува и ти вели уживај , те лаже политички , ти ветува спомени , не ти ветува ништо сигурно , само те опушта за еден краток момент , а после моментот реалноста ти го удира ќотекот , ти ги отвара затворенитети слепи очи , те размрдува за уште еден момент и после ти веќе не можеш да го гледаш реалниот свет зошто те боли , не издржуваш ништо повеќе од едни два ебани дена и пак се враќаме кај онаа нашата среќа , повторно ист филм . Не затоа што не сакаш да останеш туку затоа што веќе со одвикнат од реалноста ,а човекот секогаш е загушен од мислата да се случува нешто со неговиот живот , да бара нешто што ќе го дрмне , а не размислува дека тоа било што , може да разруши многу нешта што не се и толку небитни . Прво сакав едно , сакав една обична авантура , а после по некое кратко време добив хорорска слика од себе , барем сега така се доживувам себе си . Најлошо велат е да избегаш од себе , а јас всушност тргнав на долг пат без себе , се изгубив буквално , се пронајдов во нешто што телото го туркаше , јас го прибирав , душата ми велеше не , јас да , еден глас велеше црно е , јас упорно велев бело е , бело е ,сите околу мене велеа се повредуваш , грешиш , јас се лекував со мојата глупава цел- сепак живееш во својата посакувана бурност , млада си ова ќе го нема за една или две години . Ме униште на еден начин времето , се плашев од одминување на залудно време , се плашев од едно просто минато да не ме стигне повторно , се плашев од самата себе и се засолнував во некои толку гнасни места , што беа само убави и добри за мене поради тоа што беа многу поразлични од она што бев , но всушност мојата животна игра е она што бегам од она што сум , а кога бегам се засолнувам и се пронаогам во нешто многу полошо . Тоа е можеби и подлогата на сите случувања . Не велам дека не се сакам себе си , не тоа е пребродено и научено , барем тоа знам дека е решено . Само што проблемот е тоа што не можев да проценам што заслжувам , туку земав се што ќе ми се понуди , накрај се послужив и со отровот . Се отрув , целосно , се згрозив , но сепак веќе по некоја навика уживав во труења , па за последен пат решив да се посладам од тоа мое сопствено уживање , не велам дека последата грешка не ја повторно изгустирав на начинот кој ме задоволуше туку сепак веќе бев презаистена од тој вкус , а нешто кога ќе го прејадеш , еден ден ќе ти се згади , а после тој мој ден се повторував од навика . Но и навиката веќе ја презачинав , па и таа ми се згади и после оваа не следува ништо друго освен да се вратам кај она што всушност сум јас , да се вратам на почеток и да најдам некој нов , поразличен и подобар десерт . поразличен во смисла да е многу подобар суштински , да не ме труе , тоа е најбитно , да пронајдам нешто во кое ќе се чувствувам себе си , онаа скромна простодушна личност која добрината на нештата ја задоволува премногу , на личност која амбалажата никогаш и не ја забележува која ќе ја заситува зрелоста на нештата , а не отровите . Која сепак ќе се труе само од она што ја буди неа и која ја прави среќна и после јадењето , која ќе се засладува на периоди , а не на моменти . Треба време , треба простор , треба вољја , треба периоди , можеби не треба само едно време , треба многу времиња да се сменат нештата , но за да се доближиш до времето треба работа . Треба еден од по трња , тешко е наркоман да се откаже од својата дрога , но тоа што јас треба да се откажам од она што сум моментално е веќе повеќе од потребно . Веќе сум зависник , кој се лекува , можеби сакав да се излечам и по мојата прва грешка , но не се потикнав , одложувам и не бев совесна со себе , не бев одговорна . Бев на еден можеби многу тежок одмор со себе си , но конечно се враќам дома . Многу научив од ова што се случуваше , губев и добивав во исто време , правев она што го посакував , но сега хоризонтите ќе пукаат кон многу понови нешта , можеби пак ќе се прелажам некогаш веќе не постои . Веќе кога ќе пукам , ќе размислувам многу повеќе каде може да го донесам нештата и дали може да ја дофати мојата цел , отколу само да пукам за да ги прецизирам понудените цели , ќе пукам во мојата цел . Уште првиот ден кога дојдов на овој мој одмор од себе си , почнав да се пакувам , но секогаш кога ќе се случеше промена се отпакувам и тоа го правев постојано , се додека , целосно завчера не ги собрав сите мои глупости во мојот куфер на реалноста и не тргнав на пат кон дома. За да го дигнам куферот со моите грешки , ќе е потребна сила колку да дигнам една планина , но ќе ја соберам сета сила и ќе ја подместам . Нормално е некогаш да се чуствуваш дека не си нормален и верувај дека тие моменти те носат на најдобриот пат кон исполнување на својата добра цел . Вистинската јас не можам веќе да ја пронајдам , зошто ја убив , но сепак можам да се сетам каква беше па да ја изградам од почеток , многу се борам со другиот во мене некако се навикнав на него , се зближивме временски , но време е да се збогуваме засекогаш , беше еден мој пријател -непријател кој ми го расположуваше на моменти животот на многу гнасен начин , но никогаш не се каам за тоа што бев , можеби да не се случеше ова никогаш немаше да се случи нешто што толку многу ќе ме научи во животот , Не плукај по себе за да се затркриеш себе си , пери се. Но не се теши дека се во животот ќе испереш , некои перења ќе бидат неуспешни , па нема ништо друго да ти преостане од тоа да го смениш парчето .Тешко е да се откажеш на нешто што си се привикнал , но ќе мораш затоа што нема да сакаш да бидеш извалкан прво за себе ,а потоа за другите .