^ Ili pa koj posle mene se banja najkratko se banja xD Sdk deka komsikava e ko dijamant margarin. Vo sVe se mesat
Она чувство кога сонуваш некоја личност која зела удел на краток период во твојот живот, но сепак доволно долго и значајно за да не се заборави лесно и после толку изминато време ... Цел ден во глава ми се вртеше таа сцена од сонот. Кој би рекол дека соновите толку би можеле да му влијаат на човекот... Жално е што оние луѓе кои некогаш ненадејно влетале во твојот живот, ти предизвикувале насмевки и те расположувале сега се само странци, избледени ликови од големата испишана книга на спомени. Заминуваат наеднаш, те оставаат збунет и те тераат да размислуваш за тоа дали некогаш некаде си погрешил, се запрашуваш која е причината за нивното заминување. Се мислиш каде се, како се, што прават, каков им е животот... Понекогаш посакуваме да можевме да ја отвориме таа книга, повторно да го проживееме она кое не сме сакале да заврши толку брзо, да не трае толку кратко. Но, спомени се спомени, знаеме дека не се на оние убавите ќе се присетувам со насмевка бидејќи во тој момент кога тие се случуваа јас бев среќна, иако траеја кратко и завршија во оној момент кога најмалку очекував.
ПОДДРЖЕТЕ ЈА, ПОТПИШЕТЕ ЈА И СПОДЕЛЕТЕ ЈА оваа петиција, дајте го својот глас во обидите да се смени судбината на бројните животни во Македонија! ЗОШТО Е ПОТРЕБНА ПРОМЕНА НА ЗАКОНОТ? Постоечкиот македонски Закон за заштита и благосостојба на животните, е недекватен и ја губи својата основна идеја бидејќи пропишува субстандардна заштита на животните, кои од страна на луѓето се искористувани и убивани во разни облици на општествена дејност. Законот е несоодветен и дури и во општите начела остава простор за многу манипулативни толкувања (на пр. овозможува масовна еутаназија на бездомни животни; нема забрана за одгој на животни за крзно како што е случај во сите наши соседни земји и сл). Законот е специстички, што значи дека животните се перцепираат во рамки на нивната „корисност„ по човекот (профит) и има за цел првично да ги штити економските и политичките интереси на луѓето – а не правата, заштитата и благосостојбата на животните, зошто чувствуваат и страв и болка и љубов кон своите младенчиња и кои се сами по себе сосема обезвреднети. Таков закон е хипокризија да го носи тоа име. Законот сериозно и видно затајува во однос на сите европски закони за заштита и благосостојба, Законите за заштита на животните од сите соседни земји и бараме истиот да се смени! Анима Мунди, и сите останати македонски здруженија за заштита на животни (Асоцијација на активисти за права на животните, Мали Херои, Глас за животните.....) поднесува ПРЕДЛОГ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНЕНИЈА И замолува за поддршка на таа иницијатива. Иницијативата генерално подразбира зголемување на заштитата на животните: - забрана за усмртување бездомни живорни како алтернатива за намалување на прекубројноста на бездомните животни - забрана за одгој на животни за крзно - забрана за циркуси со животни - зголемена заштита и поддобрување на состојбата на т.н. фармските животни - законска задолжителност за едукативни програми за сензибилизација на населенито во однос на животните и промовирање на хуманоста; Ги повикуваме сите граѓани да ги упатат своите критики на постоечкиот Закон и ги поддржат нашите предлог законски измени и барања со кои животните ќе добијат конкретна заштита, а нивното мачење ќе биде осудено и санкционирано! Оваа петиција ќе биде доставена до претседателот на Собранието на РМ и пратеничкиот состав, Владата на РМ, до надлежните комисии Законодавно-правна комисија, Комисија за земјоделство,шумарство и водостопанство и Министерсто за земјоделство, шумарство и водостопанство . Поддржете ја, потпишете ја и споделете ја оваа петиција, дајте го својот глас во обидите да се смени судбината на бројните животни во Македонија! http://www.peticije24.net/peticija_za_promena_na_makedonskiot_zakon_za_zastita_na_zivotnite
Вагата е жена со елегантна убавина која може да ја познаете веднаш затоа што кога влегува било каде во гужва каде што има луге...сите воздивнуваат од воодушевување...аааах
Многу често се среќаваат песни од филмови, но филмови од една песна не сум сретнала. Еве јас давам предлог за песната King од Years and years да се направи една приказна. Цел филм е самата композиција.
Боли игнорирањето знам, ама некои луѓе стварно не заслужуваат внимание. Пред да зборувате за туѓата моралност погледнете ја прво вашата од такви работи цел живот ќе си патите. Ај добро утро.
Се уште стојам на тоа дека „Добрината е и доблест и проклетство“... Пред некој ден пиев кафе со моја драга личност и му кажав дека е откриен злосторникот, што му направи зло на мојата фамилија, ама никој не може да превземе ништо,бидејќи и тие што треба да превземат имаат редовно парче од колачот. И покрај тоа мене не сакаат да ми го кажат името и презимето негово. Јас сум овен , овните колку да сме тврдоглави и импулсивни имаме една добра страна, ако се налутиме некому брзо простуваме, освен ако не не повреди премногу тогаш никогаш не обновуваме пријателство, но простуваме за да не ни тежи на душата. Сепак колку и да простувам, верувам во тркалото на животот. Никогаш не знаеш на кому ќе му значи твојата подадена рака, убав збор, повик на брза помош, сведоштво и сл... Затоа имам склоност тие што многу му згрешиле на мојата фамилија да ги чувам на некоја листа таму некаде длабоко, далеку од мојот секојдневен хаос од мисли, планови, решавање проблеми и слично. Не за друго, туку кога ќе ми дојдат под чизмата и кога ќе биде во прашање дали мојата добрина ќе е доблест или проклетство, дали да ги стапнам или да ја тргнам и да подадам рака, да имам аргумент плус да пресечам и да стапнам. Мојата соговорничка смета дека треба да ги заборавам и нив и да оставам да бидам сведок на играта насудбината, на времето, на кармата. Тоа сепак иако не чувствувам е тежина на мојата душа и секогаш ќе чувствувам како обрска да им се одмаздам, а тоа не е карактеристично за мене. Сепак ќе оставам на времето, можеби ќе заборавам, ќе простам како и обично, можеби ќе им наплати побрзо отколку што мислам некој кој не анализира и не размислува како мене. Сепак ќе продолжам јас да бидам таа што сум и ќе му дадам време на времето...
Значи како ми тргна годинава...Прво се расправав со глупи доктори кои незнаат да дадат дијагноза и ми креваа раменици со изговор дека поима немаат за што се работи.Ми почина многу блиска и драга личност и многу ми е тешко,а капак на се е градинката на ќерка ми.Од вчера немаат парно,имале дефект па ајде зимајте ја порано.Денес одам да ја оставам ама пак мало дефект и немале греење и ајде мкни и малтретирај дете без потреба.Само се надевам дека ќе се средат работите и дека нешто убаво ќе се случи во блиска иднина инаку маф ми е работата....