Загубата на блиските и те како фали на вакви празници. Само тој што ја осетил на своја кожа знае дека нема утешни збориви.Не ја посакувам ни на душманите. Сакам само да ви посакам среќни празници, да бидете сите живи и здрави и со помалку злоба и омраза. Ако можете помогнете на некој барем и со некој убав збор...ако не не му одмагајте на никој.
Ако не умееш да умееш да издржеш сам со себе си во одреден период животот мислам дека нема никогаш да созрееш целосно. Ќе бидам сама и ќе е тешко, знам, ќе ја немам таа богата трпеза и тој домашен мир. Ќе имам празен стан и ќе е тешко, знам, ќе ја имам онаа празнина и тој немир во мене. Ќе добијам сила, знам. Уште сега не ја сакам годинава а толку многу верував во бројот 6. а вие, имајте убав ден утре од се срце ви посакувам.
Во случај да ме мислите, не мислете многу. Како страстен пукач на сеир често ме има го губитничките теми каде актуелни се ПМС препукувања меѓу (наравно) женските членови. Вашите шминки, вашите чевли, вашиот морал итн. Инаку најбедната причина да изгубиш (речиси) добро работно место ја имам јас. Мажот на шефицата has a thing за пламенити црвенокоси и се попали по мене во крајности. А јас му давав искрен културен одјеб на секое. Оти личеше на потхранет стаорец кој гризел усрани пелени во санаториум. Или се миел заби со син камен и петарди, како и да е.. Еден ден ми се жалеше дека едвај полнолетни мачиња го драпале пари, ако е грд. Не знаела да излезе на крај со нив. Следно сакавда јадам говна околу многуте причини заради кои дадов отказ на Нова Година, ама се решив да го прескокнам тоа. Нова година, среќна не гледам зошто. Календарот не ми е некоја промена, барем мене.
Ако постојано им укажуваш на некои луѓе во намерите што ги прават или постојано мораш да ги поправаш за да сфатат дека е редно време да се научат на тоа што требало,епа џабе им е. Е многу се нервирам кога немат осет за ништо,а кога гледаш да им угодиш на сите.Епа се ме нервира во последно време,не можам никого да поднесам. И времево надвор иако е зима и нормално такво треба да е,и тоа ми оди на нерви и влијае на мене. Си се тешам ке дојдат подобри времиња зарем не?! И ,,теткава,, да ми дојде што побрзо оти почнува паника да ме фаќа! Ај чао !!!
Дечко ми постојано се обидува да го потисне охридското потекло, а јас постојано го замарам до одиме таму. Му велам, ниедна траума не е посилна од езероно. И таман се подзамисли, се премисли, па дури и самиот предложи ајде, одиме, јас настинав. Среќа што во март таму свадба не чека, инаку после ова како што си бара знаци и причини мислам никогаш не ќе го натерав. Ова настинкава моја пак, не се трпи. Секогаш кога ќе си дојдам дома се опуштам максимално и морам да се разболам. Тато ми се смееше кога му кажав да не се секира оти само еден ден планирам да бидам болна. Баш немав време здраво да настинам. Испадна повеќе од ден, ама мех, барем мајка е овде.
Човекот на вашиот живот нема да го препознаете ниту по изгледот, ни по дипломата, ниту по интелигенцијата. Вистинскиот ќе го препознаете по начинот на кој ве држи за рака, по начинот на кој бакнува и ве гушка. Неговата прегратка не е ниту пресилна да останете без здив ниту лабава па да исчезнете без траг. Вистинскиот ве гушка таман толку силно колку што ви треба да знаете чија сте.
Зошто да ти е приоритет кариерата кога на крај на денот нема да те гушка дипломата и да ти каже дека те сака? Зарем не може да се фокусираш и на учењето а и меѓувремено да си бараш и љубов, или не иде заедно тоа? Поправете ме ако грешам. Жално ми е што некои жени се откажуваат од љубовта само поради тоа што се фокусирани на факултетот или градење на успешна кариера. Чил, можеш и двете да ги имаш ако знаеш како да држиш балансот.
Sakam da vi kazam srekna Nova Godina I Bozikni praznici. Da ste zivi, zdravi, srekni, zaljubeni I uspeh vo rabotata. Pominete si ubavo, odvoete vreme za semejstvoto I lugeto koi gi sakate. Vo ovaa godina da gi doziveete rabotite za koi porano samo ste mectale!!!
Листа на работи кои не ме дефинираат: 1. Мојата здравствена состојба 2. Мојата тежина 3. Мојата сексуална ориентација 4. Дали пијам и земам лесни дроги 5. Број на followers по социјални мрежи 6. Број на партнери Листа на работи кои ме дефинираат: 1. Моите постапки 2. Моите интереси
Разговорот инициран од полната трпеза во форма на упорно убедување да пробам нешто што не јадам го доживувам како стереотипно наметнување на мнозинството да се прави се што треба да се прави затоа индивидуалноста е хендикепирана. Повторувањето на едно нешто допира до мене исто толку колку што сонцето успева да се протне низ тврдокорната облачност. Превртувам поглед и премерувам ситуација што не се мери. Џвакам и голтам се што е по мој вкус со зборови што мене ми создаваат апетит. Најчесто тоа е спротивен резулат од нечие очекувано прејадување со здодевно инсистирање.
Ниеден збор не може да опише колку ми фали. Тоа лице ми се појави во сонот. Ме прегрна и ме бакна, дури и зборувавме. Барем во сонот бев среќна. Толку се разочарав кога се разбудив, половина час лежев стискајќи ги очите, се обидував да го повторам сонот. Не можам да кажам дека сум тажна или разочарана. Ова е нешто поголемо и потешко. Како некој да земал една половина од мене. Ништо друго не ме радува. Во состојба сум да не прозборам со никој со денови. Изгледа лошо, како да ја одбивам нивната помош. Но не е така. Не сакам да им повторувам едно и исто. Не сакам да ги загрижувам, не сакам да им досадувам. Само не можам да поднесам кога некој ќе ми каже дека така требало да биде. Не, не требаше да биде така. Јас свесно згрешив, а знаев како треба. Затоа и ми е уште потешко. Искрено мислев дека како што поминува времето, ќе ми станува полесно, но се случува обратното. Кога одам на "нашите" места, како некој да ми го раскинува срцето на парчиња, го фрла и го гази. Времето ништо не лекува, барем кај мене. Останувам на нозе само заради надежта дека еден убав ден, наскоро, ќе успеам да вратам барем поовина од тоа што го имав.
Што ли те турнало во ваква бездна, само се прашувам? Претпоставувам дека си многу млада, дека животот е пред тебе, но нешто толку ти тежи, што ми тежи секој твој пост кога го читам и ме враќа во едно време на кое не сакам да се сеќавам. Не си го прави ова на себе. Животот сам по себе е доволно тежок и неподнослив, но мораме да испливуваме од тие тежини и мракови, барајќи ги убавите и светли нешта за да има смисла и поента нашево постоење на овој свет. Ова не ти го кажува позитивна личност, оптимист и човек со розеви очила, кој ништо не почувствувал на своите плеќи во животот. Ти го кажува човек - реалист, често нарекуван и песимист, кој многу видел, страдал и преживеал за нецели 3 децении живот. Последиците се она што останува кога ќе отвориш очи, а не можеш да го одбегнеш. И кога ќе решиш дека сакаш да го смениш начинот на живот и на гледање на работите, последиците ќе ти надвиснат како темен облак над глава, како некоја сенка лоша и нема да ти дозволуваат да бидеш среќна. Извини што ти реплицирав. Знам дека СДК е место за да си кажеме што ни лежи на душа во моментот, а не место за попување и реплицирање, ама ме боли кога те читам.
Јас стварно незнам што е послатко...дали новогодишнава магија со сите свои слатки моменти, дали радоста на моменти од постигнатото во минатото, дали жениве со нивните пишани мисли...што и која е послатка од последното парче мое чоколадо, навистина не знам?