Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Многу се радувам што конечно победивме во нешто. Даниел е светски икс фактор без ниедна номинација и со лесно победи. Денов ми е прекрасен се радувам за него.

    [​IMG]
     
    На LittlePinky, ColoursOfTheRainbow и senza.parole им се допаѓа ова.
  2. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.978
    Допаѓања:
    90.447
    Пол:
    Женски
    Пред изборниве кампањи веќе ќе почнат да си го прават совето ... митинзи,реклами по 2 саати фалење на своето бла бла блаа ... |(
    Социјалните мрежи се преплавени со политички содржини,коментари,споделувања ,профилни слики контрирање еден помеѓу друг: Ние оваа ние онаа ,вие ништо :puke:
    Ај ќе издржам некако до изборите т.е ќе се потрудам де :D
    Смачено ми е од луѓето што не се писмени а во политиката се први се они разбираат.
    Не не зборувам за политичарите (иако и они не се којзнае шо ) кажувам за луѓенцата што слепо ги бодрат и веруваат во секој нивен збор.
    Се се ајдее поминувам и преку тоа :D Амааа кога ќе видам бе 12-13 ајде па и 15-16 годишни деца што се замараат со политика, што коментираат, што зборуваат и дебатираат, тоа што се контрат на секој коментар,лајкуваат објавуваат и што ти уште не во врска со политика :x
    Кај ви е крајот беее алоо не знаете кафе да сварите и политика ќе ми бистрите ај МРШ |(
     
  3. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    СДК дека си го средив проблемот со лаптопот (поради кој ме немаше на форумов во последно време), и сега сум си пресреќна бидејќи пак ќе си се дружимее :$
     
  4. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Времево е ужас, да можам цел ден ке спијам, ќе му се смачев на креветот дури.
    И ова е болест ни сонце, ни дожд.
    Тмурила :puke:
     
    На EMoonlight му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.016
    Допаѓања:
    16.133
    СДК...Што ако еден ден,многу набрзо ќе се случи пресвртница во мојот живот?
    Ќе имам работа,ќе ја работам работата што јас сакам :)
    Ќе го имам најубавиот,најдобриот,најшармантниот дечко...што искрено ме сака и почитува?
    Ќе биде се мирно и животот ќе тече мирно
    Ќе бидеме сите посложни и попозитивни
    Како ќе се чувствувам тогаш? :)

    СРЕЌНО !!! :) :D

    Луѓе јас уште од понеделнички си ставам розева наочара :D Ма не се замарам поќе
    Ќе си го направам денот поубав и оргазнизиран без разлика што во Прилепов е тмурно

    Позз и имајте ПРЕКРАСЕН ДЕН ! :* :* :*
     

    Прикачени фајлови:

    На LittlePinky и anggell им се допаѓа ова.
  6. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Ајде, почнаа кампањите. Но и онака на македонскиве телевизии не гледам/в ништо друго освен Икс Фактор, па ќе ја немам таа чест да превртувам очи на секоја реклама без разлика за кого се работи во рекламата. :lol:

    Само да си зуцнев нешто за политика сега, кога класната не е овде. :D :wasntme:
     
  7. Cataleya

    Cataleya Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    621
    Убаво ми е на душава бе .

    Нит времево,нит тоа што сум втора смена на работа неможе да ме онерасположи .

    Се гушкаме со цуцица ,која од која позаљубена . Mххх .
    Денес сакам сите што ке ги видам да ги штипнам за носето онако ну,ну,ну ВЕ САКАМММ луѓе :hug:
    И гратис гушка ,без посебна причина .

    A да .. БравоУ Даниел ,од срце се израдував што заслужено си победи .
    На светов му требаат повеќе луѓе како тебе .
     
  8. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.328
    Пол:
    Женски
    Лошо ми почна денот, а и си добив две оценки со златна средина на тест, ама досадно е да зборам за школо и тука прекинувам, имам нешто подобро што сакам да го кажам. ^_^

    Се враќав некако разочарана од училиште и поминував покрај градинката во која што учев.
    Една мајка излезе со едно мало детенце, околу 4 години, убаво, мало, плавуш. :D
    Детето плачеше нешто на мајка му да му купела, и мајката му удри шамар за да замолчело детето. |(
    Јас само во себе си викам, ваквите како тебе не заслужуваат да бидат мајки. Мало дете е, па мајка си му, смири го, ама добро не можам да се мешам не е моја работа.
    Детето се изнервира и избега од мајка му и право се затрча кон улица, а баш поминуваше една кола која што многу брзо возеше, и да сакаше да закочи немаше да може. :|
    И мајката се дере стој сине, и јас цела занесена само го сопрев детето, т.е го фатив али ќе го задушев. :rofl: Кутрото се исплаши почна да плаче, мајка му ми се заблагодарува што сум го спасила, луѓе поминуваат и викаат браво девојче. Ви кажав детето плачеше и мајката му вика срамота смири се нели ти е срам. Јас не можев веќе да се стрпам и реков дека е мало дете полека ќе се смири. Најпрво ја прашав мајка му дали може да го однесам до една клупа, тука беше одма во близина, ми дозволи.
    Го фатив детето за рака и го седнав на клупата, па го прашав како се вика, замислете со моето омилено име, го смирив и полека си отидоа со мајка му дома. :)
    Мајка ми само после нека ми рече не ме бивало со деца. 8)
    Децава мали многу ме сакаат, изгледа треба да се вработам како воспитувачка во градинка. :D
    И така сега си го враќам филмот и се чудам како изреагирав во моментот, а ако не изреагирав што ќе се случеше. :whew:
    Како мала и мене нешто слично ќе ми се случеше, али среќа колата закочи, па ништо од бизнисот. :lol:
     
    На ines.h, Elennaa, Moonstone.17 и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Болката и тагата на исто место, депресивното време исто така.. во комплет кога дојдат е најлошо.
    Што и да правиш, кај и да одиш тие емоции ќе те преплават.
    Мислам во секој момент од мене ќе истече нешто, солзи можеби? Доколку не пресушиле до сега..
    Тешко е да продолжиш, тешко е да мислиш на минатато а уште повеќе за иднината.
    Милион прашања без одговори, а едно не ми излегува од глава „Зошто“?

    Зошто се случи тоа, со што го заслужив тоа, зарем не треба да бидам среќна, зошто, зошто?

    Ми фали прегратка, или можеби само сон.
    Го бирам второто, како и секогаш!
    [​IMG]
     
    На Silver.E, Someonespecial и Dream-Girl им се допаѓа ова.
  10. PussyHunter

    PussyHunter Нов член

    Се зачлени на:
    15 август 2011
    Пораки:
    636
    Допаѓања:
    723
    Уште сум под импресии што вчера триумфиравме на Х фактор па fu*k yeah бре луѓе конечно мотивација и за нас како народ кој од сите страни е угнетуван и негиран. :D Преку спорт, музика, наука и сл. можеме да го освоиме светот треба на тие полиња да се фокусираме.

    Кога и да се спомне за првиот Х фактор Адриа ќе се спомене името на Даниел како победник, а со тоа и дека е од Македонија, па подобра промоција за македонскиот бренд од ова не постои. :)

    Еве моментално си пијам :coffee:, си слушам музиче и се boost-ирам со позитивна енергија, ме очекуваат тон проекти и тон :cash: оваа недела, feeling very excited. :D

    Назад на нашата реалност, почна кампањата за претседателските избори, ќе се изнаслушаме се и сешто, така што и од овој аспект ќе биде многу интересно. :D Така што wake me up кога изборите ќе завршат, не ми се слуша секакво сра*е по телевизиите, ама ете ќе пратам и лом ќе ги правам во политичките теми на форумов. :lol:
    http://www.youtube.com/watch?v=IcrbM1l_BoI
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и Elennaa им се допаѓа ова.
  11. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    СДК денес сум среќнааа!! Се простивме со личноста што многу ми значи конечно и се вративме на старо !!
    Сега уште дај Божее да земам прво место англиски на школски! Денес е 24ти, 2 + 4 = 6, ии ќе биде во 6 часот. Ми одговараат бројките, 6 ми е една од среќните броеви !! :)
     
  12. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Да можев да го вратам времето за година назад.. :(
    Колку ми е криво..
     
  13. Agrona

    Agrona Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    1.713
    Пол:
    Женски
    СДК ми се смачи од овие избори. Секоја година избори АМАН !!! Човек кај и да се сврти само тоа гледа и чита. Не може рајат човек да си земе одмор, не може човек рајат да ужива во нешто. Сите се направија партиски поданици или на едните или на другите. Им даваат некоја надеж, а за возврат ние/народот душата да им ја дадеме. Не се фер навистина. Преку "тасета" ако верувате ми се.
    Така инат ме фаќа нит одам на гласање нит ми треба. Се прават лизни мазни сите, а на крај душата ќе ти ја извадат. Е НЕМА !!!! Навистина не ги разбирам некои. Ќе ти завршат некоја работа ДОБРО фала, но потоа не душата ма се ќе ти извадат и џигерите и се. Срамота !!! Не ова вака, не така ИЗБОРИ ќе има?! И што сега? Што да правиме ние? Да ве слушаме што ломотите секоја година исто? МЕ ЗАБОЛЕ штикла.
    Баш ме интересира која држава во последните 10 години има повеќе избори направено од Македонија? Ако знае некој нека ми пише. :) Фала-пријатно.
     
    На LaraSolare и GirlLove им се допаѓа ова.
  14. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Непријатно сум изненадена од една личност.Mислев дека добро ги познавам луѓето и дека ми е потребно само малку време, за да проценам нечиј карактер.Погрешив во проценката, но и мене лошо ме процениле.
    Во таа непријатна ситуација се почувствував горда на себе,на своите зборови , на изградениот став и карактер.А тој изусти срамежливо :$ секоја чест.
     
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Да се наџемо на пола пута, на пола пркоса и пола поноса, ДО НЕБА ФАЛИШ МИ, нисам љута, немој да глумиш знам и теби фалим ја...... :inlove: :music:
     
  16. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Во животот често пати ќе се најдете на раскрсница.Не брзајте додека избирате по кој пат да тргнете.
    Ако треба да изберете меѓу полесен поплочен пат и тежок трнлив изберете го потешкиот.
    Зошто на трнливиот ќе бидете внимателни бидејќи ја знаете опасноста , а на поплопчениот може да се лизнете многу лесно, зошто мислите дека е безбеден и нема да внимавате.
    Онака ми надојдоа зборовите сами .Размислувајќи за неодамнешната случка
     
    На ozbilnazena, Gordana10, Purrinn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Feodora

    Feodora Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2013
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    4.347
    Отворам СДК за нешто паметно и интересно да прочитам и наидувам на ова!
    Господе прости и не знае што зборува. Не знам колку години имаш, не е ни битно, но ова некој да го посакал досега немам ни слушнато ни видено.
    Душман најголем да ми е нема вакво нешто да помислам, ниту изговорам.
    Едноставно кажи ми зошто? Зошто таа негативност и злоба во тебе?
    Не сме ние овде да ти судиме, но дефинитивно треба да се преиспиташ.
     
  18. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    ....велат дека вистинските пријатели се познаваат во неволја, дека се оние кои ќе бидат тука за тебе во проблемите, кои на секој можен начин ќе се обидат да ти помогнат и да те утешат.....Мхм, точно е ова, го осетив на своја кожа. Само не ми е јасно, како побогу да ги наречам истите овие кога не сакаат дури ни со СМС или проклета бесплатна ФБ порака да ми честитаат и да ми пружат поддршка во најважниот и најсреќниот ден од мојот живот? Оние на кои не им текнало први да се заинтересираат и да прашаат „еј, абе како си, се спремате ли, како си ти, како е бебето....?“ Некако се повеќе ми се потврдува мислењето дека „вистинските пријатели“ се тука за тебе кога ти е тешко да те тапшаат по рамо, утешувајќи се сами себеси дека ете, и на други им се случуваат лоши работи и заглавуваат низ бескрајните лавиринти на општествово. Но кога ќе дојде моментот кој со години си го чекал и си го посакувал ко дете најубавата играчка, само ќе ти кажат „а, успеа? Епа топ, баш ми е мило за тебе“ и така неосетно, лека-полека ги снемува од твојот живот. Затоа што нечии други проблеми стануваат поважни, бидејќи, твоите нели, се решени, не си им повеќе потребен да се тешат со тебе :^) А изминатите децении поминати заедно одеднаш се пикаат под тепих и стануваат понебитни од ланскиот снег.

    Внимавајте кого пуштате во вашиот живот. Пазете се од непријателите, а од пријателите највеќе. Дефинитивно започнува периодот на огромна себичност. Важни сме само ние тројца, и никој друг. И оние кои беа покрај мене во саботата, плус 5-6 роднини кои од оправдани причини не присуствуваа. И никој друг, апсолутно секоја друга личност е сосема непотребен вишок во мојот живот, нешто за што јас сега нема да имам ни волја ни време. А богами, тешко дека некогаш повторно ќе имам :)
     
    На Libera, Daydream, Trnche и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.117
    Допаѓања:
    163.737
    Пол:
    Женски
    Несфатливи ми се луѓето што бараат искрен совет и мислење, а потоа се лутат ако им кажеш нешто што не им одговара, колку и да е тоа со најдобра намера.
    Луѓе коишто упорно велат дека сакаат да им ја кажеш вистината во лице, инсистираат на објективно мислење, а всушност не можат истото да го прифатат.
    И да, постојат и добронамерни критики, и всушност најдобри и најискрени пријатели се оние коишто нема да се согласат со тебе и да те подржуваат кога правиш нешто погрешно, туку ќе се трудат да те одвратат од тоа, без разлика на реакцијата на која ќе наидат...
     
    На Mahidevranfan, ozbilnazena, Elennaa и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Се обидвав долго да се сконцентрирам на учењето, утре правам тест, толку за лесна тема се немам мачено никогаш, но менструалните болки ме убиваат, мислам дека матката ми се корни, како што врви времево секој пат ми е се потешко, фала богу успеав да научам па утре само Господ нека ми е на помош.
    Од срце му благодарам на тој што ги измисли Кафетин менструал. :bow:

    Баш..
    [​IMG]
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.