Болката која тивко ме убива е исполнување на најголемиот страв што го имам. Понекогаш се надевам дека само е неоправдан страв и пак ќе ме пецне. Додека можам ја игнорирам, а на моменти тивко плачам. Па не може да биде толку страшно, сигурно е само до мојата психа.
Кoгa ќе јa пoсетaм темaвa сaкaм дa прoчитaм нештo уникaтнo и нaпишaнo сo свoи збoрoви, a не веќе виденo нa фејсбук или некoјa другa сoцијaлнa мрежa. Премнoгу е oчигледнo.
Бадник е утре. Не сум верник, не би одела на оган вечерва. Мајка ми е верник, еве ја дома со мене. Затоа што да палиш милион огнови додека едвај некако се оправува градов од загаденост е еднакво на лудост. Да трошиш толку дрва за да ги запалиш на сред парк додека луѓе немаат дрва за огрев и мрзнат дома, е идиотизам. Да се пијанчиш и да се влечеш низ населба со евтина ракија додека се тешиш дека е заради религиозен празник е најглупавото нешто што сум го слушнала. А најзабавниот дел ми се дечињата од Лешок што утре вечер ќе ги гледам маскирани додека пејат по куќи. Па и семејството што ќе се собере на куп.
Вечерва, ви посакувам некој да ви каже : ' Најубава си на цел свет. Ти си најубавото пролетно цвеќе ' Ме инспирира глумецот од една турска серија (сериозно!) Онака бе ми дојде да пишам. Или можеби ПМС е виновен. Не одам некаде каде што има оган вечерва. Верувам во Бог. Сакам мир и топол дом. Седам и читам книга. Не ми требаат луѓе. Доволни ми се домашните.
Дали те инспирира Атеш? Инаку сакав да кажам: Не е срамота да си чесен и да ги облечеш истите фармерки неколку пати. Срамота е да лажеш, срамота е да крадеш и со тие валкани пари да бидеш „нај модерен“, а притоа да ги омаловажуваш сите околу тебе за нивните „ефтини парталчиња“.
@YoungandBeautiful Да,тој. Ќе има нели ручек за децата без родители. И ја прашувам една другарка дали може да се дојде. Боже, како ме нападна. Сакав да појдам, да видам што како е, да помогнам нешто. И одговор добив. 'Ти дома ќе си јадиш' До кој примитивизам стасавме. Господе!
Дали е нормално да се чувствувам огромна паника и гушење кога ќе ми се спомене венчавка? Другарките, моите родители, а и дечко ми ми начнаа прашања околу тоа... А јас, здив немам. Дали е тоа знак дека не сум со вистинскиот човек? Убаво ми е, се сложуваме, мој тип на маж тотално... ама јас како да се давам кога ќе ме праша за тоа. Велат ако го најдеш вистинскиот, ќе знаеш веднаш дали сакаш со него да го поминеш животот... А јас, хаос...
https://www.facebook.com/events/1027562777286893/ Во случај да има заинтересирани да се приклучат кон здружението антидркачи. Најомилена активност ми е онлајн шопинг со маж ми на негово големо незадоволство. Коментарите : 1. Не. 2. Личи како пред да го облекла фустанот да била на вулканизер, така е набиена. 3. Фустанот сигурно го носи некоја албанка од Мала Преспа, го добила во хуманитарна помош за време на Југославија. Е таков е. 4. Ракавите се како на љиљак. 5. Уба јапонка, само толку.
Денес Коледе.Ај за многу години.Утре Бадник.Ајдеее за многу години.Па Божиќ...Христос се роди.... Е вака сега Јануари има дебел новчаник поточно многу празници.Ако,за арно за убаво нека е. Денес е обичај во Битола,не знам како е во другите градови,конкретно тука вака е...значи денес покрај тоа што навечер се бериме за палење огнови,околу 16 часот или 17 часот доаѓаат дечиња и ја пеат песната Сива,сива гулабица (која и ја пеев кога бев 6-7 годинки) и обичај е кога ќе ѕвонат на врата да им се отвори и да им даде пари во украсена кутија што си ја носат.Етее така.Ако пак не им се отвори,мене грев ми е да не му отворам.Јас на сите му отворам.Па и јас бев колку нив,си се радвав порано и им се лутев по малце на тие шо не ми отвораа.Ете...Шо ми е финтата?Имам клети комшии,поточно кажано скржави,циции од луѓе. Идат деца,група така по 5-6 и моиве комшии му дават 10 денарка и му велат ќе си ја делите зато си сте заедно собрани.После идат пак така приближно 4-5 деца и пак истиве комшии:абе земете еден нека носи кутија па берете си,шо идите вака сите...абре шо ги кошта да дадат ете не мора 10,по 2 или 5 денарчиња или неколку по 1 денар да речиме,а?За 5 денари ќе се збогатите?Ќе се осиромашат? Поминаа покасно и друга група.Дотичниве не му отворија....Аман бре..свашта Луѓе за многу години нека ни се празниците,бидете ми сите здрави и живи Ве сака @simonna.a
За многу години празниците...Господ прво здравје да дава а потоа љубов , среќа, мир и благосостојба. Еве една слика од мене, ова дрво беше пресечено за коледарскиот оган, но ни се причина дека на дрвото се појави ликот на Богородица и Исус па затоа не го изгоревме Уште еднаш ви посакувам се што не ви се исполнало минатата година, да ви се исполни оваа. Ве љубам! Коледеeeее... Спојлер [spoiler/]
Таман си реков добра сум си, ете денес ми се растече носот и почна да ме гребе грлото. Ај барем имам јак имунитет, грип не памтам дека сум фатила, само лесна настинка што ќе помине за неколку дена. И да, утре е Коледе. Уште од 6 саат ќе ме разбудат дечињата со песните што јас до пред неколку години ги пеев. Ако не ме мрзи ќе станам да им дадам, ама сепак огрмона мрза сум за станување рано на распуст, посебно ако некој друг ме разбуди.
Ич не ме интересира кој што има да каже, па нашол кој да зборува за лажење. Бог да чува и да брани, се крстам какви луѓе постојат. Господ нека ви е напомош, амин. Среќни празници на сите.
...Ja mirnu luku nisam imao pored svake ja bih sidro digao ne moze vetar jedra da mi pokrene pored tebe pustio sam korene Убави денови доаѓаат луѓенца. За многу години, и само убавини да ве пратат.
^^ Интересно како после секоја тема кај шо ќе добиеш некаква критика, доаѓаш на темава индиректно да ги напаѓаш. No hard feelings, ама се гледа дека „ич не се замараш“.
Тоа не е критика драга. Тоа е провокација. Ако бе напаѓајте, реплицирајте ме, кажете ми. Јас само едно игнорирање, за уште повеќе да ве разбесни. Бог да чуват, јас сум напаѓала, ме гледате мирна, дека не се карам, дека си држам настрана а вас ве јаде нервоза па ајде со Буба ќе се караме, е тој филм не го гледаш драга. И легни си, помина 10 часот да се смириш малку.