Хелоуууу феминки и феминковци Како прв пост во темава, сакам да ви посакам Среќна Нова, во оваа година да ви се остварат барем дел од желбите што ги посакувате, да бидете сакани и да сакате, умот појќе да ве служи, успеси да си редите колку што можете и најбитно да си имате многу многу здравје. Оти без здравје, ништо нема да постигнете Ви посакувам убаво да си поминете во престојните празници СДК - Вчера еден пријател ми рече: -" Ти, ти си многу поразлична од сите, се двоиш, ептен си чудна, не си како другите, се подруго правиш, различни планови и концепти, поинаку мислиш и многу ми се свиѓа што се разликуваш од другите. Тоа те прави она што си" Ова ме стави во недоумиа, дали ова беше комплимент, или пак критика. Ама ајде, ќе си го сфатам како комплимент - Ова овде што сум, што пишувам, и во живо ептен сум различна. Тоа е факт. Не ме бива за пишување, не можам да се изразам преку пишан збор, се обидувам, но не успевам толку како што успевам во реалниот живот - И да, не знам зошто, ама често ми викаат дека сум ко русинка , и вчера три пати ми рекоа. А, јас, ни Р од Русинка немам . Ниту пак личам, ама ако, ми годи тоа Ајде, вие уживајте во ноќва, а јас ќе си танцувам со мојата книга, Љуби вас дада Ајрон
Ами не сме бебиња, после 10 да заспиваме, бре. Ауу ако ти не ставиш на игнор, многу ке се разбесниме, ха - ха - ха Арно си рече, држи се понастрана, ние сме за греота Наздравје @IronLady Како не те бива мор, кажи си пенџере и све е ок Лаку ноч
Сега видов дека било пенџер.Ама што знам јас бре, не се разбирам Можда е и пинџур. можда и капак на тенџерево
Циркуси За коментарите немам збор Да копирам еден во очи ми влезе посебен: Бони Иванова Ja znam..Uste nekoj neka ja ebe i ke i umre u stomak...AHAHHAHAHAHAHAHHA wtf ke si go rodi kopileto srse Аj се зафркава оваа по статуси ,ама овие со коментарите уште погадни.
Вообичаено ги сакам зимите. Го љубам студот, дождот... сосе сивилото, маглиштата и облаците. бла,бла... и бла.Заборавив да пишувам,побогу. Оваа зима, престанав да ги сакам зимите. Ништо не ми е поубаво од сонце! И, не! Меланхолијата не испари во воздухот. Ништо невообичаено, out of the blue, бидна... па, да е така. Едноставно é, и јас, само научив да прифаќам дека é, така. No objection, no Freud, Jung... Fromm и други глупоштии што ти ја тормозат душата а, навидум ти ги билдаат тоа браздите под черепот.Доста со тој србеж што никад не те доведува до раатлукот, пост.. онaкв....уење. 33 and mid-life crises... Ништо нарочито - посебно. Исто како и претходните. Од пубертетот... можда и пред пубертетот си траат. Still clueless as fuck. Pardon my French. Ма... пре би да е сонце и да се веам покрај вардарон до езерата и подалеку од езерата. Само реков, годинава ќе пишувам..чат-пат. Демек, I've an itch in my fingers,itch inside my skull... но, видеќемо. И ден денес е, кој рекол тој одрекол. Ме изморуваат овие традиции, празници, фамилијарни собиранки, преправанки и бла,бла муабети. Најдобриот,најпродуктивниот муабет што можеш да го направиш на нив е со четиригодишно дете. Ама си знаете тоа,нали? Можда и во петата ќе е така. За шестата и понатаке.. не сум многу сигурна. Потоа веќе се менуваат. Нема спонтаност, нема магија. Демек, дел од domestification процесот на људите било тоа. И, така. Коледе леде... А,да. Од утре на диета. Не! - Од задутре. Уба треба да су. Као. Maле, I feel so old and fat после новите години.Мале. Увек така. Коа ќе се родиш коа не треба...мрч,мрч. Cheers!
@rose60 женава е закон Да видиш јас како ја реметам у коментари У секој случај многу ми е интересна,лажен профил ли е,кој знае што е
Jас па обожавам да читам и да се смеам на коментарите општо сегде Барем имаме занимациjа на фб ,некогаш и ваквите со постови и коментари се смееме ни праат денот поубав
Драги Феминки и Феминковци , Среќни ви Бижиќни празници! За многу години нека ви се. Да си ги поминете најубаво и највесело.
Како ми е исполнето срцево кога ги гледам коледарчињава од сабајле. Ме потсети на детството цела зграда ја шетавме. Тоа беа толку добри времиња. Чувствувам топлина во себе си.
Како мала со нетрпение чекав да дојде 06.01 затоа што за мене беше најубав ден. Сеуште ќе остане најубав празник за мене овој ден ама не е тоа што беше. Во последниве неколку години како да има се помалце еуфорија за празниците. Во нашиот град на овој ден имаме обичај да се маскираме, да се шета низ маала и да се пее песна. . Седам дома чекам дечиња маскирани да дојдат на врата ама пуста е зградата нема повеќе деца што шетаат. Денеска решив да се потсетам зошто го сакав овој празник најмногу, па затоа сама ќе си го направам најубав. Ако видите некоја маскирана на работно место да знаете дека сум јас. Среќни Божиќни празници
Значи како се нервирам нели коледари имаше сабајлево,и јас отварав пошто мајка ми главата не знаеше кај и е во кујна од 6 и уште не е излезена,е сега претежно роми ни идеа и ти им даваш јаболка,мандарини,портокали,бонбони и по некоја паричка секако.. И се симнувам доле требаше ѓубре да фрлам и што да видам! Во влез ги мачкале,фрлале абе катастрофа,се запрепастив која не култура! Ама битно лапнаа по 100че,јас ги жалам ај греота се,греота ама претераа! И лани,и оваа година е така. Ужас.. Друг пат не ни отварам,безобразлук.
Овој празник кај мене буди среќа,радост. Еден од најубавите празници за мене. Ден пред коледа ја барав торбата плетена од баба, а тато ни правеше чеканчиња од дрво. Како мала секогаш станував рано,се собиравме со другарките и другарите и одевме. Кога ќе се вратев земав тава и ги ставав јаболката за печење. Мајка ми ќе направеше посни јадења. И уште од мали со брат ми не учеше да постиме на овој ден.Лепчето уште од сабајле ќе го направме. И денес е слично само што среќна со насмевка на лице пречекав на врата коледарчиња. Се радувам што постојат сеуште дечиња кои доаѓаат,и покрај тоа што врне надвор доаѓаат. Среќен Божик.
Денеска и јас си коледарев со мојата внука и една жена ми вика ајде и на тебе да ти ставам, викам јас не коледарам него внукамиси се насмејав толку слатко на душава што за момент се навратив на детството кога си пеев и јас врати се временце, ми фалиш. Денов ми беше преубав, полн со радост, смеа, сакајте се луге нема поубаво чуство од тоа да си сакан и да бидеш сакан.
Најубавиот период од годината ми е овај!Се радувам како детенце.Денес само што станав трчанка пред врата кај брат ми и снаа ми и пискав како мало дете Кооооледицаааа мееееденица иии по неа Василицааааа Си добив мандаринче,јаболче и по некое костенче Криво ми е што сум изнастината па не можам раат да му се изнарадувам на празнициве. Имајте среќни празници и нека годинава ви е исполнета само со убавина,здравје,љубов,бериќет!