Дали е можно на ниеден од нашите канали да не дадат божиќен филм ...раѓањето на исус...А баш би сакала после вечерата да си гледам,како во годините што беше ..ех каде сте времиња....како и да е.. Среќен божик...
Шести јануари. Сара по третпат прави руска салата. Гледав видео со контурирање на гради за да изгледаат поголемо. Ако се здебелам уште малку, нема да ми треба ништо такво.
Професијата метеоролог не значи "погодување" на временската прогноза. Ако беше така, сите ќе бевме претскажувачи на времето.
Божиќ - празник со многу убави бои ... боја на почеток, љубов, сила, благодарност, почит, сочувство, милост, споделување ... Вашите очи секогаш нека ги гледаат, вашето срце нека ја почувствува благоста и љубовта и топлината на Бадниковата вечер и Божиќ нека го дочека со љубов ! Честит Божиќ на сите пријатели од христијански вероисповест ... Бидете секогаш среќни и благословени!
Бог ги грее рацете на срцето на оној кој моли. Имајте убав ден во пресрет на Бадник и Божиќ. Почитувајте се. Сакајте се.
Баш ми фали филмчето „Сам дома“ во овој период од годината. Да си седам со топло чајче и да си ги гледам деловите еден по еден, додека надвор врне снег. Нај убавиот период од годината, но оваа година некако ми нема некоја еуфорија. Среќни Божиќни празници феминки, да сте живи, здрави, секогаш насмеани и нај среќни!
Не ми се јасни тие што чекаат коледарчиња со 1 денар, ај нека ми се објаснат ги молам. Чекаш деца да ти дојдат на врата за да им дадеш 1 денар Барем додај плус и едно бомбонче, оревче или ич не отварај....вака исто ко воздух да си им дал. Ама не ти се познати децата и ај 1 денар дај му колку да не го вратиш детето што ти пее од сабајле. Поарно кај албанец појди и повеќе ќе ти даде отклку нашиве, ти дава 1 денар па уште рацете му се тресат од скржавост. Вакви луѓе и порано имаше (и одбегнувавме да одиме кај нив), а и сега истото се случува знам. И не, не се сиромашни....Баш сиромашните даваат повеќе и овошје и пари и бомбончиња (и Госпд нека си им даде повеќе на таквите), а тие со денарчињата обично се газди на фирми па се многу зафатени, па ја пуштаат старата баба да дава по коледарчиња, а таа "кутрата" не ги разликува парите па по денарчиња дели. Инаку еве и кај нас моментално владее празнична атмосвера низ дома, се спремаат и посни работи за вечер и нешто помрсно за утре Мајка ми трча лево десно, јас малку забегувам од обврски ама ај сега торта ќе правам за утре, нема бегање. И ми текнува пред неколку години се погодив сама да бидам на овој ден (сабајлето) и јас им делев на коледарчињата Цело време седев и чекав некој да запее пред врата, па со трчање одев и им дадам парички и овошје. Сега се погоди мајка ми да е тука па таа си станала од 7 и си чекала, и баш крај 7.15 ч. дошле првите коледарчиња и до крај 11.30 поминале 30+ дечиња. Дури и повеќе од планираното... Да си ги славиме уште многу години празнициве, со мир, спокој и љубов во семејството. Здравје, среќа, љубов од најблиските...тоа е најважно, а другото ќе си дојде само по себе. Имајте сите пријатна и убава бадникова вечер, со своите најмили.
Не знам дали сум само јас,но кога ќе видам грешка во стар пост што прави да изгледам како полуписмена и како да не знам што сакам да пишам ме јаде како цврче,па не можам ни да редактирам и само се фејспалмирам едно десетина пати чудејќи се како сум можела да треснам таква глупост. Си видов грешка во последниот пост овде и толку ми треба да се изнервирам. Губи смисла и постот. Барем да имавме подолго време за редактирање . Па и на социјалниве мрежи колку е зезнато,особено кога пишуваш од телефон на латиница. На многумина од вас веројатно ви се случило наместо deka,да пишете...кхм,да не испадне дека сум безобразна,веројатно знаете на што мислам. Сум имала многу такви awkward моменти,па умирам од срам додека се молам во моментот да не бидам сфатена на поинаков начин. Cheers за глупостите што сме ги треснале на форумов,па после долго време кога повторно ќе налетаме на некои од нив се смееме.
Океј, климакс, може да си одиш откај мајка ми. Ми иде во соба со два листа новина. - На ти да си прочиташ годишен хороскоп. - Знаеш дека не верувам во тоа... - А, види за најголемиот газ на светот. - ..... што е со оваа вест бе, дај празник е, аман. (не ми текна пофин муабет) - Голем газ е голем и на празник!!! Во ред, три awkward разговори за една недела. Ветува почетокот на годинава...