Една од навиките кои што најмногу ме нервираат кај луѓето е да се јавуваат на туѓ телефон. Уште па и треба да објаснувам зошто се јавувам на личноста чиј телефон е. Треба и со најблиските телефонскиот разговор да го започнувам со "Ало, *** ми треба."? Само мене ли ми се случува ова? Дајте бе луѓе научете се веќе на култура. На туѓ телефон се јавуваш само во екстремни ситуации кога се работи за живот и смрт, во други ситуации не, не и не. Десет пати во тетратка и уште десет изговорете си го усно. Ај со убаво празникот да си го поминеме сите и многу здравје да ни донесе.
Влагам дома и ме дочекува - 9 000 денари, значи 9 000 денари само за јадење за празнициве, ало, 6 јануари сме, знаеш ли ти бре жено каде е 31? Каква ужасна економија имаме, стра-шно! Потрошувачка кошничко, ебем ли ти. Колку и да ги имаш 150 евра се МНОГУ за 6 дена јал и пил. Му викам кај тебе како? Ми вика јас пиво пијам и не можам да се замарам. **** мрчеше, а сега ни викна да не и пуштаме бољер сите зошто сметката за струја сме и ја тапанеле. СреЧни празници дарлингс. Со чест на исклучоци, досадни сте сте станале ама до бескрај. Која по шлакната сака да се направи, која помангупка, која поезии пишува... И фемина не е тоа што беше... За да ти пољубат дупе, многу напор. Со чест на исклучоци особено цела ветеранска феминска постава...
Сите сакаат нешто на готово и само да го украдат. И јас тоа многу го мразам. Неможат луѓево нешто сами да си измислат. Еден ставил статус и 150 души му го препишале/украле, 1.200 му ставиле лајк, а 100 души го споделиле.
Сеуште има луѓе што се сликаат разголено, со duck-face, гради, задници и се тоа само за лајкови на социјалните мрежи. Им носат ли нешто добро лајковите во животот?
Истото дојдов да го пишам. Не сум единствена значи. Сабајле мајка ми за прв пат крена мој телефон додека спиев, немаше да биде трагедија ако не беше повикот од некој посебен. Очигледно и годинава ќе продолжам да бидам баксуз.
Кога седнав на бадниковата маса,бев многу возбудена и среќна. Особено ми е драг овој ден сите седнати на маса, со насмевки на лицето. И оваа година сум благословена паричката повторно кај мене. Пресреќна сум.
Најфино нешто е кога ќе го завршиш денот,задоволен од себе. Без разлика дали се тоа крупни планови и зделки или мистични секооојдневни ритуали. Дал се докази за некакво постоење или напредок во креативното живеење,небитно. Небитно е дали сте емотивец по природа,алхемичар ил идеалиста во убедуување. Она другото Е битно. Чувството кое се буди,е тоа да го негуваме.
Убаво ми е. Многу ми е убаво на душава. Овие денови се радост. Полна трпеза, полни срца, насмеани лица на најблиските и најсаканите. Да сме живи и здрави за многу години да ни се овие денови. Честит Бадник!
Моите ставиле 10 денари во лепчето, тој на кој ќе му се падне да си купи нешто. Годинава јас ќе ги потрошам