Ми се падна паричката, многу се израдував. Готвевме цел ден, средувавме и вечеравме во 17 часот. Јас искрено многу поинаку си го замислувам овој празник, но тоа здравје еден ден кога ќе имам свое семејство. Сакам да владее убава, пријатна атмосфера, мир, љубов. Зготвивме се и си легнавме да одмориме. Јас прва станав и мајка ми набрзинка стана почна да крева тензија да трча низ соба, да средува да вика по нас и ми се скрши филмот. Уште бев сонлива и седнавме да вечераме такви напнати сите, страшна работа. И така некако разочарано седнав на трпезата, но паричката успеа да ме развесели. Кога јас би била мајка сигурно не би изреагирала така, би се трудела да владее убава атмосфера затоа што сепак пред се е убав празник и треба да се испочитува. Би сакала вечерата да биде навистина вечера, негде околу 19-20часот, мирна, опуштена. Џабе е спремаење, готвење цел ден, кога на крајот од денот ќе се изнавика некој и ќе ти го уништи расположението. Но, тоа е тоа. Се пуштив на фб, цела почетна со слики од вечерата и статуси... Тоа е сепак семејна вечера, голем празник и почит спрема Господ, а не сервирање и декорирање за на фб. Но добро, секој различно гледа на работите. Сепак имаше навистина убави слики, секоја чест на домаќинките. Јас сум одморена, свежа, спремна за учење.
Ги молам комшиите за следната година да ме имаат в предвид. А во каков смисол? Значи да ви објаснам ако ме читате драги немтури,пардон комшии.Вчера арно шо бевте на оган,уба работа така да си се берите онака за друштво,ама која будала во 4 сабајле ќе ја пушта Цеца.Шабан и сета таа шљам екипа во најголема јачина дури петело не пропеј?Се вртам се вртам во тоа кревето и на крај не заспав дур не се затнавте!То цедето музиката расипано да не ви беше?Или наместо вино,киселина ли се напивте?Само вие живеете во маалово бре јуруци едни? Следната година ако истото се направи јас ќе дојдам со пижамите и со косата така разбушавена и очите бабосани и ќе земам во едната рака сатор,а во другата селојтеп...шо ќе употребам не знам,зависи дали ќе ме налутите кога ќе се појавам.Затоа,се' се прави со мерка...Да ви кажам со време...И за многу години празникот...добро? П.С. Ве молам следната година бомбите да не се џиткаат од петти спрат...
Мене никогаш не ми се паднала паричката, цела погача да ми ја дадат на крај ќе испадне дека домаќинката заборавила да ја стави внатре Битно е сите да сме живи, здрави и весели! Годинава кај нас татко ми беше среќникот Ви посакувам овие убави празници да ги поминете во топла семејна атмосфера, без караници и нервози Направете си топло чоколадо или салеп, пуштете си некое божиќно филмче и уживајте. Ако не им текне на нашиве телевизии да пуштат, симнете си од замунда и готово
Golema mrza sum dodeka da vlezam da se banjam, a uste pogolema dodeka da izlezam Patem srekjni praznici drugari. Da ste zdravi I zivi
Цело време претходно кукавме и се жалевме дека воздухот е презагаден. Па дури и на протест излеговме. Ама тоа воопшто не не спречи вчера во секоја населба, во секое маало да се запали оган. Иако претходно имаа предложено идеа тие дрва да се дадат на некои семејства кои навистина имаат потреба од нив. За огрев, па макар и за два дена, а не за маалски оган. Инаку овие два дена од секогаш ми буделе преубави чувства, ме полнеле со мир и спокојство кое секогаш мора нешто да ми ги разруши на овој или на оној начин ама нема врска. Среќни и вечни да ни се празнициве, секогаш да ги дочекувате во мир, спокојство, љубов и среќа. <3
Со среќа на сите оние на кои што ви се падна паричката а исто така со среќа и на вашите мајки татковци браќа сестри на кои им се падна паричката.Годинава кај мене се падна паричката
Ај уште еден нека пише дека кај него се паднала паричката, нека се слика, селфи нека направи ај ве молам баш ме интересира кај се паднало. Избегав од фб од вакви глупости, идам овде не можам да поверувам дека 3 страни се само со тоа пишани..... Демек атеисти а ко мали деца се радуваат ако кај нив е паричето среќно нека ви е на сите ама не мора буквално секој член да се јави на репорт за парата. Или отворете посебна тема само за тоа кај се паднла парата.
И јас се придружувам во клубот на тие што не ни падна паричката годинава. Овојпат повторно му беше редот на тато, нека ми е жив и здрав, најсреќен цела година! Кога хармонијата и мирот во домот ти дозволува да се радуваш на секоја ситница околу празниците, да ја почувствуваш еуфоријата и уште рано сабајле да се радуваш на веселите гласчиња на коледарите, кога на трпезата околу тебе се луѓето чијашто среќа ти е најважна и благодарение на таа атмосфера јадењето на овој ден ти има посебен вкус, е тогаш не е важно кому ќе се падне паричката. Ви посакувам овие благословени денови да ви се исполнети со многу насмевки, мир и топлина во душата. Без разлика на тоа каде се паднала паричката, само убавини нека ве следат и вас и сите членови на вашите семејства. Честит Бадник и Божиќ!
СДК ... ајде да прашам ... Зашто ако Василије го направил гестот со златникот во лепчето кое го делел на сиромасите, а се слави како светец на 14ти Јануари ... овој адет во одредени места се прави со години наназад на Бадник?? (нелогично ми е скроз) Инаку со среќа на сите што паричката ја имаат во свои раце ... Нека ви донесе се' што посакувате!
Гарант ти е криво што тебе не ти се паднала, па затоа си ваква.  Шала на страна, те разбирам скроз што сакаш да кажеш.
Ете ме откри Не, ние на 14ти ставаме и уште не знам кај ќе се падне, ама не можам да читам едни исти статуси и сега, и тогаш, и на фб и по форуми. Ама ајде нека се радуваат сите, многу здравје и среќа да им донесе Ај да не мрчам сеа, утре ќе продолжам
Разбирам човек на најблиските да им честита празник по порака на фб,ај еве и на ѕид нека пише,океј е,верници си се луѓето,си честитаат,нормално...Ама никако бре не можам да разберам и да поверувам дека уште постојат луѓе споделуваат слика од икона на фб мислејќи дека светците ќе ги чујат ако го направат тоа. Па има и постови од Иван Исцелител за да имаш sreca,или па пишуваат порака како на пример: ,,vekje pochna da chitash,nema vrakjanje! porakava ima posebna mokj,pristigna od crkvata i ja pratija svetcite ,ako ne ja pratish porakava na ushte 200 fb prijateli nema da ti se ostvari zhelbata i nema da imash srekja cela godina..." . Да,уште вакви чудесии се праќаат. Единствена реакција на ова ми е вака: ,додека в памет си велам нека им се сите светци напомош и ми доаѓа да фатам со Библија по глава да ги треснам,белки ќе им дојде умот. Пробувам да разберам како им функционира мозокот,на кој начин мислат дека тоа би им помогнало,ама ова е несфатливо чудо на векот. Ај од малине деца некој да ти прати,ќе си речеш мало дете,не разбира,не е созреано. Ама некој вол дваесетгодишен ова кога ќе го прати,па икони споделува и пишува молитви по коментари...Добро бе луѓе,да ве прашам вака,мозок имате за да сфатите во што всушност верувате? Ако толку сте побожни,што не појдете како секој нормален верник во црква свеќа да запалите,да однесете нешто за здравје ,да се помолите или што и да се прави? Или па за да се глуми пред друг дека си некој голем верник е работата? До кога ќе веруваат во вакви нешта не знам и не можам никако да ги разберам,најискрено. Ми праќаа и порано вакви,ги игнорирав,па еве не умрев,не ме следеше несреќа,клетви не ми фрлија...
Ти не мораш да ги читаш чим се нервираш за паричката. Колку иронично ,мора да се наjдат некоj како тебе вака и да го уништат моментот. Оставете ги да си ги искажат чуствата срекни за паричката.
Па мора да постојат мрчатори што ќе го уништат некој момент И вие ако дозволувате јас (виртуелно) да ви го уништам моментот....што да речам не знам....
До мене не ни допираш за да ми се уништи нешто веруваj Кажав општо Богами мора и вакви ко вас да има jбг тоа е.