@Anabelle.Amorette тоа ти се вика "сељак starter pack 2016" Дојдов тука да напишам нешто сосема друго, а завршувам пишувајќи нешто сосема трето Ве читам ооодамна, не знам искрено зошто порано не се зачленив. Како и да е, се надевам ќе се дружиме.
Овој празник бар малку од малку успева да го долови човештвото и животот каков би требало да биде во секојдневната реалност. Фамилијарната сплотеност и спокој на овој ден за секоја фамилија е бесценета и непроценлива. Сета божиќна идила, магијата на коледарите, на меѓусебното честитање со луѓето околу нас, насмевката, полното срце, полната трпеза, дарувањето, пеењето на дечињата.. се тоа околу нас е прекрасно. Овој ден е ден за фамилијата и луѓето кои што непроценливо ги сакаме, барем за миг забораваме на целиот свет и на луѓето околу нас, барем за миг успеваме да почуствуваме спокој во нашите души.. сето ова е моќта на празниците. Нека е честит празникот и за многу години, луѓе сакајте се непроценливо и бесконечно и уживајте во топлиот дом до вашиот праг, дарувајте си топлини и љубов за да си го исполните животот со среќа и многу радосни моменти, а она, она што се случува и доживува надвор од вашиот праг никогаш не дозволувајте да допре до вашиот дом и до вашите луѓе кој што ви се едно "се" во вашиот живот. Искажете се и докажете се секогаш и на секого колку вредите и продолжите да се смеете во чест на неблагодарноста и нечовештвото.
Среќна нека и е, многу здравје и среќа нека и донесе Ете разбивме монотонија, нека си продолжат сеа луѓето, да не им сметаме
Пак ти Во спротивно на сликава jас па уживам во нивната срека и баш сакам да знам на коj му паднало ,за другиве незнам Не се цитираj сама глупаво е
Не постои поголема и побезусловна љубов од онаа на родителот кон детето. Сепак, последниве години како моите чекорат кон 60та, а еден од нив веќе е и над, мислам дека полека почнувам да сфаќам колку многу ги сакам и се грижам за нив. Додека бев мала, ми ја местеа паричката, денес се молев да се падне кај било кој од од нив за да ги видам насмеани. Ги карам ако не облечат чорапи, трчам да ги покријам кога ќе заспијат пред телевизор, а онаа обврска за правење кафе на татко ми сега ја доживувам како задоволство. Со сила го терам да испие чаша овошен сок, објаснувајќи колку витамини има во јапонските јаболка, му бутам чај кога е настинат и му ги лечам исекотините зашто малку е несмасен и невнимателен. И сакам се' што правам за нив, дури цела среќна сум кога ќе ме замолат нешто, а не знам дали е тоа некој потсвесен страв дека нема уште долго да бидат до мене. Само Господ да ги поживее и да им даде добро здравје и да бидам барем половина добар родител од тоа што се тие, пресреќна ќе сум.
Прекрасен е денов, еден од најубавите во годината, не е ок човек лоши работи да кажува ама брате стави ми етикета каква сакаш, нит сум верувала нит ќе верувам колку тоа ја су лепа и фина и не ми е расположението за игрици на слепо на нетов.
Ама јас не можам да издржам до петок вечер. Насмевки од 8ца до 8ца, уште од понеделникот вечер. Врнело, не врнело, била јас утоп, дали се лизгам или не, сум стигнала на договореното место и ми откажале, џабе, ништо не може да ме онерасположи.
Со тек на времето поише ми се блуе од атеизам од мода, него ли од религиозност до степен на затуцаност (кој во длабоката суштина е паганизам и е далеку од духовност). У реду е и да сте верници, само не замарајте со вашата религија, а не сте поинтересни, попаметни, погенијални ако викате дека сте атеисти. Не отварал врата, му спиело бебето и не бил верник. Абе бегај таму сероњо една недоквакана. И мене ми пречеа децата кои пеат кога спиев до 2 попладне и веројатно имав вишак алкохол у крв и имав 22-23 години, ама сега заради свои убедувања да им затварам врата пред нос на деца? Нема шанси! Начукал 35 години и демонстрира интелигенција. Мизерии. Надрастете се ало. Само твоето е дете. Од што сите почнавте да си ги третирате децата за исклучителни и посебни затоа прераснуваме во дебилна нација со напумпано его до плафон. Дете ко дете, слатко е и е неиспишана книга, ама огромна е веројатноста дека ќе стане себичен саможив серко како вие милозливи и посебни родители. Пријатно.
Лесно ви е на вас машките, не си го депилирате бркот. Ама болеше, да го тиииииит... Одох да спавам, да заборавам. Добра ношт
И ние штo не јa пoстирaвме Бaдникoвaтa трпезa нa фејсбук вечерaвме, дa не се сеќирaте. Фaлa мнoгу, чao, пријaтнo. Едит: Утре oчекувaјте и бaклaви дa се пoстирaaт.
Е, да знаете, дома кај мене, не знаеме на кого се падна паричката. Не можеме да ја најдеме, изгледа некој ја голтнал Шала на страна, не ни правиме денес лепче со паричка На тие шо ви се падна, среќа цела година да си имате А, воедно и на сите членови да им посакам Среќен Божиќ, за многу години нека е ^^ Христос се роди!!