Колку ли време ќе ме прогонува тој твој последен бакнеж... Знам колку... Само ајде... Божик е.. Бог нека ти помогне, најмил....
ХРИСТОС СЕ РОДИ!За многу години празниците да ни се.Имајте убав и пријатен семеен божиќен ручек со вашите сакани
Да успееме да ја зачуваме магијата на Божиќ во текот на целата година, за да бидеме подобри, да сакаме посилно и да правиме по едно мало чудо секој ден. Среќен Божиќ
Епа така ми е кога поспана одговарам на божиќни пораки - на сите им посакувам хармоника во домот Ама може и тоа покрај другото де, нека им биде весело по дома
Секогаш ќе ми биде најубава Божикна песна! Ви посакувам убави денови. Во нечии топли прегратки, или вашите прегратки да чуваат нешто мало и топло. Ви го посакувам секое добро на овој свет. Многу здравје, многу среќа, многу љубов и посебно многу секс. Бидете добри. Верувајте во чуда. Сакајте од душа. Љубете до небо. И да ви е возвратено. Многу љубов од мене!!
Нa сите ви пoсaкувaм oвoј ден дa ви биде пoсебен, испoлнет сo среќa, нaсмевки и хaрмoнијa вo вaшите семејствa. Некa Бoжјaтa милoст нaсекaде дa нè прaти, не сaмo нa oвoј ден туку и вo секoј нaреден. СРЕЌЕН БOЖИЌ - ХРИСТOС СЕ РOДИ.
Денов го започнав со песните на Тоше. Ми фалеше неговиот глас. Не можеше подобро да почне празников. Се радувам на атмосверата што ја имам дома. Секој на свој начин радосен, среќен... Сакам на сите да ви посакам среќа, здравје, мир и спокојство. Среќен Божиќ. Христос се роди!
Тоа што веќе не можам со моиве е заради тоа што и кога си прават нормални муабети мислам дека се караат. Глуви се начисто!!!
Tapa den!!!!!'!Dosaden,nisto ne se slucuva,ne cini vremeto.Cel den me obzema neopisilivo cuden strav,euforija na isplasenost,nemok.Ova ne e slucajno znam.Ke soberam sili da se boram,ne smeam da izgubam!!!!
Не сум знаела дека одржувањто лична и општа хигиена била женска работа. Како пр. перењето алишта и миењето садови. Прости, закоравени, тупи умови.
Прекрасно е,цела фамилија сме си заедно , а јас сум најсреќна.Имам нешта кои не се купуваат со пари.Среќен ви Божиќ луѓе.Христос се роди.
Леле колку сум превозбудена за Нетфликс што толку нема да го користам и ќе симнувам преку торенти, ама барем ќе знам кои се сељаци и сељанки пар екселанс кои исто така ќе симнуваат од торенти, ама ќе глумат буржоазија. И сите тие кои ќе користат нетфликс енд чил во сосема погрешен контекст...ох слатка иронијо. И еве ги, се мрчат зошто салатата ја исекол обратно од тоа што она би ја исекла. И месото, ах месото, не се спремало така... и освен кифли за бога милога има и НАФОРА, а еве гледам и спремаат некои севдалинки... Ах каде е мојто либеееееее... дали мисли тој на мене, врати се у пичку материдасеизолирамеодфамилија, ќе ми треба рехабилитација од 30 дена после празнициве... Не бе, дојде на моето, дека ќе дојде ден кога и покрај цела љубов према фамилија, ќе бидам црната овца која сите ја бодат со - ајде мажи се, што прави тој твојот, леле стварно си со тој? леле дај слика да го видиме, а мајка ми ќе се смее кисело и ќе вика - еве уште магистратурите и ПЛАНИРАМЕ и тоа и следи лекција (оваа следеше на 2 јануари, за вечер има припремено нова, сто посто) - јас се срамам, ене Данче, внуци шета... На Данче ќерка и има 35 години, маж и е постар од неа 10 години, ама тоа е во ред, ова не е, а? Ама најмногу што ме вади од такт е - НИЕ ПЛАНИРАМЕ, значи не мајко, ти ништо не планираш, ЈАС планирам, во ред? Уште да каже колку години изразени во месеци ги имам и што сме јаделе и што сме какале... А тоа што без мое знаење му офрчила пари на татко ми за чеизи... да не правам муабет. И да потенцирам, се работи за жена интелектуалка, но во менопауза, сосема настрана што е во пасивна агресија однос со него. Му памти два збора што рекол на заебанција и следи - не, тој е сериозен, ти си млада, мажите се такви, на шала ама се сериозно мислат!!! А иронијата е што е патријахално воспитана, наспроти карактерот на татко ми кој е се освен патријахален и ми вика - на маж треба да му настојуваш, што е ова неизмиено, зошто ова е вака наместено??? Алишта се вадат од машина во рок од 1 саат, па дали ти знаеш какви габи може да им никнат, па после алергии имаш... Ах уел, мајка ми ти е емотивно торнадо, збунета кревка жена во менопауза... Братучед ми со вереницата, другиот братучед со жена му, третиот со се бебето, братучетка ми со децата, другион џадето го фати па не трпи ова, оние тројца се испод 20 години, све на моја кичма, акоооооооо... Порано се смеев, ама сега е трагично, затоа што со годините се посериозни стануваат во разговорите, не е подбуцливо као ај бе мажи се, сега се измешани муабетите со очај, горчина, подсмевање, загриженост, очекување, ма емотивна бомба е ова бре. Сега да седнеме на маса, се мислам дали да им направам емоушнл брејкдаун, да го изглумам поштено, па да речат - леле сиротка, сигурно очајно сака да се мажи, тој нејзниот не сака, веќе никогаш нема да ја прашуваме!!!!
Тотално офтопик на муабетиве тука - на празнициве, паѓањето парички, Бадник, Божиќ и бејби Џизс, па дури и на годишново време - случајно налетав на една слика, која ме потсети на мислење што го пишав летоска у темава, а се однесуваше на мажи што носат папучи/сандали. Спојлер: BLAST FROM THE PAST: BENDER VS. МАШКИ САНДАЛИ Лето е. Топло е. Не се издржува дури, викаат некои. Ама, драги мои мужи, јас од срце ќе ве замолам да издржите, да издржите и да не облакате апостолки, сандали или папучи. Барем не во градска средина. Едноставно, нема оправдување за ова. Дали сте знаеле, драги мои мужи, дека е научно докажано дека степенот до кој ви се гледа голиот чапоњак е обратнопропорционален од веројатноста женско да посака да ви се приближи? Исто така, дека носењето сандали и папучи низ град е докажано најефикасен начин за контрацепција и спречување несакани бремености? А со сандалите од типот „нинџа-корњача“ (види слика подоле) експоненцијално се зголемува веројатноста девојката/жената да ве остави, а машките пријатели да се прават дека не ве познаваат на улица. Сериозно, момци - колку сака нека е жешко, нозете ако треба нека ви горат, ама барајте чаре у платнени патики, еспадрили, старки и слично. Оваа работа со папучиве не е решение. Папучи и сандали се дозволени само на плажа. И уште една работа, кога сме више на тема машка мода - значи дечки, никој, 0% од светската популација e заинтересирана за вашата мишка - дали ви чучи Џими Хендрикс или можда сте се напраиле тасма. Стварно, ОК е. Тие 20-ина cm вишак ракави кои ги имаат маиците со кратки ракави нема толку многу да ве топлат, а човештвото ќе ви биде благодарно затоа што сте ги поштедиле од вашите мишки. Не, не е битно дали сте набилдани, со рачишта колку свински бут. Ве уверувам, на нас околу вас сите ни изгледате вака: Толку од мене на тема мушка мода. Поздрав! Мило ми е што уште некој ја дели мојата омраза кон овој тип на обувки за мужи и уште помило ми е што го срочил многу подобро од мене. Не џабе рекле, 1 слика - 1000 зборови. Е така, па наминав само да ја споделам со вас, а у прилог е и линкот на уште 54 Funny But Hurting Facts About Daily Life, just because.
Го гледав inside out со десетгодишната братучетка. Филмот совршено објаснува како функционира депресија. Еве ја ми се чуди зошто анимиран филм ме допре толку.
Денес се разбудив доцна, моите отидоа во викендицата кај дедо ми. Ко се спастрив се, се јавив да честитам празник на дедо ми. Неговата желба беше неизбежна да ме види, да отидам да го видам, да бидеме сите комплет. Од баби и дедовци само тој ми остана. Кога ме виде доби желба да живее уште повеќе и подолго, се изнагушкавме како никогаш досега, беше среќен. Претежно е добар човек, беше војник, преживеал се и сешто. Те сакам дедо и на овој празник видов голема среќа во твоите очи. Живеј ми уште подолго.