СДК сакам убави луѓе. И кога се работи за филм, било странски или домашен, главните актери сакам да бидат убави (лични). Кога гледам филм...
Божиќната магија и хармонија нека владеат со вашиот дом и вашите срца.Христос се роди. Страшно многу ме нервираат луѓето кои не го гледаат својот живот, туку туѓиот.Не можам да поверувам дека стојат на врата и шпионираат што се дешава во влезот.Аман бе луѓенца толку ли сте плитки?Па немате ли попаметна работа?Па уште и зелени јадете..Ама да ви кажам искрено и мило ми е што постоите.Пошо баш заради вас сакам да постигнам толку многу во животот за во споредба со мене да се осетите ко гнидички.Уствари вие и тоа сте.Алал да ви е што успеавте на празник да ми ја отворите устата и ме натеравте ваквки зборови да кажам.
Господе те молам на сите кои го читаат ова подари им мир на душата,љубов во срцето,здравје во телото,насмевки на лицето...ЧЕСТИТ БОЖИЌ !
Сакам да кажам... Милион работи, сакам да ги вреснам, да скокам, да трчам и да пеам, а истовремено и сакам да ги чувам само за мене, себично. Како да некој може да ми ја земе среќата, па морам да ја скријам за да не се случи тоа. Морам да се подопуштам. Ајде накратко. Или надолго. Многу работи ми се случија за првпат. Првпат успеав мирно да заспијам покрај некого, без да спијам на игли и на штрек. Првпат се расплакав од среќа на еден поклон, внимателно смислен и составен од најблиските. Првпат добив огромен букет црвени ружи. Најпрекрасни на цел свет. Првпат морав да бирам меѓу неколку добри работни понуди и го одбив тоа што мислев дека никогаш не би го одбила. Првпат коцките се наредија, без јас и да помислам да ги редам. Затоа, јас, поучена од ваквите први искуства во изминатиот период, ќе си посакам само да сум жива и здрава, и да се научам да си го пуштам мозокот на пасење, да не ги самоанализирам и буткам работите и едноставно да go with the flow. Ќе си посакам уште многу авантури и патувања, уште многу места каде што здивот запира, а мозокот ужива, затоа што тоа е тоа што ми ја полни душата. Ќе си посакам и многу пријателства и дружби, за да ми се нахрани духот, затоа што вистинските луѓе духовно ме хранат. А, затоа што цело е само кога има се', ќе си посакам и многу љубов. Не за да дојде принцот на бел коњ и ме спаси; не ми треба никаков спасувач, ниту пак јас ќе спасувам некој. Не. Мојата е една едноставна желба, чиста и од срце, дека си го најдов мојот partner in crime - за гушкање, за спиење, за шетање, за авантура, за љубење. Затоа, живели. За опуштени, весели и среќни моменти, полни со многу насмевки и прегратки.
Сега и ние ќе можеме да "netflix and chill". Фала им, баш кога ќе треба најмногу да се уче, добар период.
Значи аман! Мразам ненадејни гости, посебно во моменти кога сум вратена од пат и кога сакам час - два да си се релаксирам сама со себе, а и утре ме чека уште едно викендашко патување, па нели препакирање, ова она! Таман си ставив зелено чајченце , ми ѕвони врата, семејни пријатели... Им ставив и на нив по едно, со љубезна полунасмевка, се муабетевме и то... Божиќ луѓе... Период исполнет со семејно сплотување, многу вкусна домашна храна, пријатели, роднини... Дружења... Уживам!
Јас го гледав со внука ми. Среќа заспа на пола цртан, па не ме виде како при крајот се изнаплакав, инаку ќе следеа безброј прашања. Стојам на тоа дека анимираните филмови баш и не се за деца
Многу ми се фасцинантни овие поканиве за состаноци преку интернет. Ајде да прејдеме преку моментот на клише муабети од типот што си, кој си, кај учиш, ау-бау, јасно е дека не секој може да се (с)најде во муабет... трема, принципи, пристап... но бар е подобро од оние што на 20 женски одеднаш праќаат „Да беше љубовта религија, ти ќе беше љубовна богиња“. Е, ама безвезен е моментот кога, после горните 3 реченици муабет, следи она „Па, ај кога имаш време за кафе?“ Чекајте малце другари! Може кај мене нешто заостанало, ама нели треба бе некој/а да ви остави впечаток за да го/ја викнете на кафе? Нели треба да ви тргне муабетот за да го продолжите во живо? Мене ми треба бар некоја општа слика за личноста, да знам дека нема на тоа кафе да седам ко невин голуб и да гледам во часовникот да пројде пристојно време за да не се осети ликов навреден од прераното заминување. Не бе брате, си пробуваат паралелно со 10 души, па кај запали - океј. И после едниве ќе се жалат женскиве биле лесни и барале пари, оваа ќе се жали немало прави машки... и сето тоа пошто решиле дека се сакаат на некоја основа на очај, без да знаат колку си одговараат. Може и јас треба да го тргнам воспитувањето настрана и да прекинам да враќам љубезно пошто очигледно тоа се сфаќа ко одобрување, иако гледам да сум дипломатски отсечна кога треба. Штета е што, со огромниот прилив на лепотици, фраери и лигавења, народов научи само директно да му пишеш „Мрш бе, сељак“ за да го увиди неинтересот. И оттука може да пишуваме научни трудови зошто добрите состаноци се во изумирање и половите си јадат трици меѓусебно...
Dan sakat nekoj da me zamenit na rabota, edno dve nedeli? Napomena: Koj ke me zameni toj ke se skameni. Dane recete ne kazav
Мора да сум единствената што не ја разбирам опсесијата во 24/7-то висење на телефон. Седнати на кафе, сама си правам муабет. Раскажуваш нешто, никој не те слуша. Се буди, телефонот во рака. Си легнува, телефонот во рака. А кога ќе се договориме да биде no-phone, не го држи, а погледот и е цело време накај истиот. После, ќе се чудат кога го пропуштиле делот кога сум отишла за Америка
Денес прости им на грешните,бакни ги блиските,помогни им на беспомошните...На полноќ погледни кон небото и ќе видиш звезда што оди и тивко речи Христос Се Роди.Нека е за многу години празникот ви посакувам убава вечер на сите
Христос се роди! Среќен Божиќ ! Нека Бог ве дарува со се што сакате а немате ,и нека ви сочува се што имате! Мир Божји! angel:
https://www.facebook.com/dailybest.us/videos/758055087671748/ Го гледав ова, и си ја земав мачката да си ја гушкам