Еден пост погоре ме натера да се замислам и да си ги избројам дадените шанси кои ги одбегнав.Можат да се избројат на прсти,ама сепак имав шанси кои сега ми треба да ми дојдат во пресрет.Не ми е потребна временска машина само сакам да ми се врати тоа што го имав. Но сепак,тие грешки ме научија да сум задоволна од тоа што го имам.И сум и тоа ме прави среќна. Среќна сум што имам памет: лесно можам да научам,можам да се снајдам,го разбирам животот како и општо ситуациите...за разлика од некои кои немаат појма што е тоа живот.За се што знаат е да се мешаат во други животи.Со што ли ги хранат дома?Многу се љубопитни.Ем глупави.Ем лигави.Ем никакви. Go and get a life,bitch.
Дали тоа на мене среќата ми се насмеа ? Дали конечно ке се средат работите во мојот живот ? Дали животот ми дава шанса да си ги исполнам моите сонови ? СЕ РАДУВАМ КАКО ДЕТЕ И СУМ СРЕЌНА БИДЕЈКИ ЖИВОТОТ МИ ДАВА НОВА ШАНСА И МОЖНОСТ ДА ЖИВЕАМ И ДА БИДАМ СРЕЌНА... Знаев...Одсекогаш знаев дека Господ секогаш за некого си чува по нешто, само можеби треба време , треба многу работи и препреки да се поминат за да дојдеш до она своет кое што го заслужуваш. Оваа е голема шанса за мене и нема да ја изгубам.
Кога се посветам на нешто значи ќе го завршам.. само не кога кажам дека ќе учам, тогаш се лажам, ги лажам другите, ги лажам професорите.. И така јас после еден час правење проект сум жива и здрава, малку сум растресена, толку време да го правам и да не е како што треба?! Тогаш ќе одам комотно од гимназија скокам.. Школско самоубиство.. Имам неколку незавршени работи. Пример тоа да одам и да си платам ново членство во библиотека, да одам на стоматолог, да одам да си купам апчиња, да средам облеката, да научам тие лекции, да ја дочитам книгата, да си уредам собара, да го довршам цртежот, да си го допијам јогуртот, да ја исцртам вратата, да одам да извадам пари од банка, да одам да гледам огласи за куче, да си купам моливи и гума за бришење, да си исполнам ветувањето итн.. неколку се'. Јас наместо да бидам продуктивна, да земам да работам нешто, еве ќе си седам на фемина. Доколку другите не уживаат кај пише дека јас не смеам да уживам? Пф. Надвор дожд врне, не излегувам од дома, косата ќе ми ја расипе.
Обичен ден.Понеделник.Часовите ни завршија,па враќајќи се дома,во автобус забележав двајца млади,момче и девојка,како се гушкаа.Нивните усни изобилуваа со насмевка,но нивните очи,веројатно,се` ми разјаснија.Не беше се` така розево. Момчето имаше куфер во раката.Голем,патнички,преполн.Колку со алишта,двојно повеќе со спомени.Девојката имаше само една мала чантичка и мнооогу љубов за него.Верувајте,се гледаше тоа. Стигнавме до Железничка,се доближија до вратата, и излегоа двајцата.Додека стоевме на семафори,ги забележав како беа гушнати во топлата луѓе што брзаа накај патничките автобуси.Се разделуваа,со солзи.И двајцата.Момчето отиде накај автобусот,а девојката остана на местото каде што се испраќаа.Мафна на автобусот..и тргна назад. Не сум тип на личност што лесно се разнежнува,но ова ме наежи.Дефинитивно. Си помислив на тоа дека всушност не знаеме каде не води животот.Не знаеме кого ќе запознаеме,не знаеме од каде,како,зошто.Едноставно,љубовта не бира време и место.Само се случува.Онака,како ненадеен дожд.Дожд од кој цел живот остануваме наводенети. Затоа,луѓе,сакајте.Сите ја имаме таа некоја одредена личност околу која ни се врти светот.Искажете го тоа.Не се двоумете.Можеби после ќе биде предоцна.Времето е чудно.Позајмува,и никогаш не враќа. И внимавајте со кого создавате спомени.Траат вечно. Spoiler Во склоп со текстот,песничево е прекрасно. https://www.youtube.com/watch?v=oekd2JJvXZ4 Имајте убава вечер.
Денес бев многу среќна. Бев минато време. Дури и се зачудив од каде волку среќа наеднаш. Требаше да одам на натпревар англиски, се пресоблекувам и забележав дека ми се откачил приврезокот со хипичкиот знак (пис) од ланчето. Си го наместив пак, а нешто од внатре ми кажа „Не го ставај ќе го изгубиш“ ама без него како да одам на натпревар? Премногу ми значи и ми носи среќа. Одеме со другарка ми и веќе бевме на пола пат од школото, и кажувам дека сум многу среќна и дека сакам барем до вечер да ми трае среќата, се фаќам за вратот, ми стои само едно ланче (носам две). Гледам ми паднало тоа со хипичкиот знак + врнеше, останало само тоа на што стоеше приврезокот. Лелее, да бев сама жими се ќе плачев, не можам без тоа ланче, ми се иде да се затворам дома во 4 ѕида и да не мрднам никаде!!! Дај Боже некако да го најдам!
ОВИЕ КОМПЈУТЕРИВЕ НИ ГО УНИШТУВААТ ДЕТСТВОТО! Леле колку ми се излегува надвор да поиграм куку(криенка),царица,ластик. Ама нема никој да излези со мене.Коклу беше само интересно кога во градинката(одма зад зграда има градинка) игравме се забавувавме.Па кога ќе му се вмешавме на машките во тој фудбалот. Мешаници,мешаници да умреш од смеа и радост. А сега радоста и смеата ја бараме по компјутериве.. Зарем страмота е ако имате 12,13,14,15,16 год да излезете надвор царица,ластик,здрвена јагода да поиграте . Оломнани летото колку беше само преубаво од 5ч до 12 вечерта надвор куку,фудбал,на крлешки.А бе детски ,прекрасни работи.Со еден збор УБАВИНИ. Сега ги вика другарките за да поседиме в градинка муабет да направиме,тие ела бе на ФБ за пола саат.И од досада си одам.. Искрено ми треба друштво за надвор! Некој е за,да по играме некоја игра,може куку таман е темно :geek: ?
Се чувствував онака, живо денес. Но пред еден час сѐ се смени. Една порака и заврши мојата среќа. Очите ми се наполнија солзи и мене а и на другарка ми,, но ниту една од нас не се осмели да заплаче. Ако почнеме со солзите, нишро нема да постигнеме. Во тие моменти почувствував како да сум подготвена за погреб. Леле, Лајтнинг, што ти се случува? Не смееш вака да размислуваш. Откако пристигнав дома, ги препрочитав пораките и сфатив дека не е сѐ црно. Да, ситуацијата е ужас, но тој има надеж, колку и да е мала, сепак постои. И сфатив дека не требаше таа да ја види пораката, но беше веднаш до мене и ме забележа. Ја забележа тагата во мојата душа... Се надевам на сѐ најдобро во Мај..
како што реков,баба Марта знае да изненади. Доказ? Времето денеска. Што ако врнеше,мене пак ми беше убаво. Како што ми се наближува 7-дневнава,така се повеќе тонам. Имам еден тон за учење и наместо само да одговарам,јас најдов и да расипам оцени. Ох...а,баш ми се чита книги и ми се шета на дождов. И само си поткаснувам. Ништо од мене. Ништо.
Насмевка. Ништо битно - само крива линија што знае да поправи многу нешта. Напорна и стресна недела. Само нека помине побрзо. Пред другите среќна - во себе умирам. Toлку многу чувства се изнасобрале и чекаат да излезат... Тешко е кога е период во кој човек нема ама баш ниту една мотивација. Сакам само да сум сама, да испарат сите чувства кои што ме мачат. Полека но сигурно избледуваат и спомените ама сепак ги има. Немам сила да им кажам збогум. Утре е нов ден - ќе биде подобро. Мора да биде подобро..
Ич не ми е дено,ебаго Очно ми е блиску,ќе тркнам утре до таму. Се шетам онака со мојот фенси маус низ Фемина и оп глеам тема за бугарски пасоши. Читам и читам : „Бугарски пасошииии“ И онака си мислам,авторот на темава сигурно си има ил проблеми со тастатура,или е под транс за Х Фактор. Коа загледав поубаво,се си е на место.Ах Примадоно ах.
Измешани емоции , не знам каде ми е главата , конечно се оствари тоа што го посакував а сега сум збунета и под стрес со илјадници прашања што ќе биде како ќе биде , убаво рекле пази што посакуваш
Она кога долго време си сакал да смениш нешто кај себе си и си го сменил веќе некое време и одеднаш забележуваш. ВИН! Како да ви кажам, ама сериозно не ми е гајле повеќе за ничии проблеми, освен за проблемите на оние на кои им е гајле и за моите, па заеднички си ги носиме они моите, јас нивните. И супер ми е! И плус уште два поголеми работи, ама би ги задржала за себе, ама си правам хајфајв... Што би се рекло сваки дан у сваког погледу све више напредујем. Моментот на сознание ми дојде кога сфатив дека некои луѓе ни бараат нешто од мене, ни па јас од нив, ни па си правиме метании, ни па се слушаме секој ден, ни па ни значи сето тоа, ама секој сменет збор ни значи богатство. Не патиме од форми и целофани, туку едноставно сме и се ни е радост. И оп, од еднаш ми доаѓа енергетски вампир прееска што крвта со памукче ми ја пиеше и почнува нали и јас гледам, гледам бледо и викам и? Епа како и, знаеш ли ти она на мене што се не ми направи и колку ме мрази? Добро и, што да правиме сега? Па она е никаква, ваква, онаква. Добро. И ... штама! И по два реда друг муабет, леле бев да испитувам ова, бев да испитувам она, ништо не ми најдоа, ама јас знам дека сум болна, се осеќам ете (инаку има 25 години...), и викам епа живот, сите си имаме по нешто. Ама не, ти не знаеш, мене многу ми е лошо... Ок, на сите ни е. Во друг случај...ќе слушав, ќе зборев, ќе се потрудев да помогнам, сега... само си честитам на болката во машкиот полов орган што ја имам. Не знам за вас, ама јас цела недела ќе одам со патики и фармерки на работа зошто ми се може!!! Креативец, шта ќеш... Морам да си смислам идентитет. Некој носат шејкови и ги делат со сите, некои носат зимници, трети носат колачиња, некои нон стоп имаат бонбони, некои пушат и дремат по тераси, некои плетат (да,да), јас... сум ... не знам... НЕМАМ ИДЕНТИТЕТ БРЕ!!! Ау еднаш само ми рекоа дека секогаш носам интересни чевли и секогаш ми изгледале удобни, е да бе, најскапото за мене...башка ете со патики одам сега.
Најтешко од се ми паѓа кога страни каде што нема ни П од Политика, имаат политички реклами. До избори ќе се правам странац, а не да плукате по изјавата на Кајмакоски дека ќе останел Белград. Момче подалеку од све што е блиску Македонија. Уа Фемина!
Не можам да се изначудам како успевам да направам неколку прекрасни работи и една, ама само една ултра идиотска која е во состојба да ги засени сите.Не би било толку чудно кога не би се повторувало скоро секој ден.Што да кажам,а да не згрешам.... Али морам да признам дека имам измешани чувства на одвратност,завист и жал кон оние кои си ги гледаат само сопствените квалитети.Некако многу се намножија или јас имам среќа сите да се сконцентрирани околку мене. Но и таквите не ми се проблем денеска,колку што ме нервираат вакви преоди меѓу сезони кои континуирано продуцираат главоболки околу избор на гардеробата. Сепак,моите фаворити победуваат и скоро како јас да сум победила е чувството,или барем како еден мал ептен мал триумф на моето его.
Вчера цел свет ми се сруши по она што ми го кажа на скајп најмил мој...Знаев јас дека нешто се случува со тебе но се надевав дека само црни мисли ти се завртеле во глава...Не ни бев свесна дека дотолку имаш проблеми со срцето и ете денес си во болницата се надевам на барем ронка надеж дека нема да те изгубам.Ми викаш имаш две опции операција која ти гарантира само 50проценти да преживееш,или да продолжиш да живееш нормално но дека органите ќе ти откажуваат .Не сум доволно силна да се справам со ова.А што со нашите планови за брак,дечиња .Господе не ми го земај...
Ајд среќен роденден нека ми е.Се надевам дека оваа година ке ви бидам позрела и поинтересна за читање.Дека ќе давам уште љубовни совети на вас и дека ќе си дремам уште многу денови тука Ајде сега тортата што ви ја ветив (за сите да има,за трудниците по две парчиња )
Чим дојде вторник, мене паника ме фаќа. Значи предосеќам дека денеска нешто ќе ми се случи. Осеќам. Имам нешто внатре, што ме тера така да мислам. Се' уште не знам што интуиција имам. Ама ете, бе. Како го пишав ова озбилно, мислиш готово. Не мислам на нешто ептен лошо, скраја да е. Ама ете, на пример да паднам, да се изгорам, да си скршам глава. Затоа, подалеку од шпоретот. Подалеку од печката и онака не грееме. Ма џабе, ако така требало да биде... Може и да ме избања некој што ја пере колата. На пример. Нееее, не сум песимист. Ама ете, минатиот пат, една ме убедуваше како била тромава. И јас несакајќи, морав да докажам дека сум потромава и потрапава. Сега се молам, некој да не ми рече дека бил глуп. Пошто на некој начин, ќе бидам приморана и тоа да го докажам. Несакајќи. Kaрма ли е, Марфи ли е, не знам. Ама иш! Иш! Иш! Иначе ми се мота песнана... ВО ГРАДИ ИМАМ СОНЦЕЕЕ ЗА УШТЕ ТРИ СВЕТОВИИИИИ! АКО ЗАМИНЕ ЌЕ ИЗГАСНААААМ!