Немој да плачеш ако некоја ѕвезда ти се угаси... Од солзите нема да ги видиш другите ѕвезди што сјаат за тебе.
Дoбрo, нели женa кoгa ќе се пoрoди oсеќa бoлкa, изнемoштенa е и измoренa кaкo нивa дa кoпaлa? Епa, не знaм сo кoјa силa еднa си гo сликaлa дететo вo бoлницa и oдмa нa фејсбук гo стaвилa зa лaјкoви. Е, oвaкви не ги мoжaм.
Силата доаѓа од најголемата радост во животот, моментот кога ќе го земеш најмилото во раце се заборава и болката и изнемоштеноста, мајка и се е можно. Дали е за лајкови или сака да ја сподели најголемата радост, не знаеш, само можеш да претпоставуваш. П:С не се чувствувам засегната, немам ставено слики од децата на фб.
Oлеснувaње чувствувa oд бoлките претхoднo. И не си изнемoштенa тoлку дa не мoжеш телефoн вo рaце дa кренеш. Тебе тoa те зaнимa или зoштo се сликaлa?
Вчера читав, односно гледав дека Долче и Габана сега направиле колекција со хиџаби. Колку само сум за едно големо не за оваа колекција. Има многу дизајнери во арапскиот свет што можат да прават колекции за муслиманската жена, но едноставно не и тие. Кога само ќе ми текне, колку им се грациозни кампањите со Бијанка Балти и нејзината раскошна кадрава коса, преубавиот црвен кармин, овошјата и Сицилија. Колекциите зрачат со невидена енергија. Ете тоа се вистинските тие. Во оваа колекција едноставно не.
Mene koga ke mi trgnit vo zivotot,zemat tolku zalet,sto trgvit bez mene... Sakam da kazam,zivotot e ubav,od sekoe loso imat nesto poloso,posle dozdot sekogas doagjat sonce,veruvajte!
сдк едни вчера имаа ставено од ултразвук ли како се вика оноа ливчето што го даваат од преглед кога уште не е родено
^ да бе, како јадење да е го споделуваат. Кој како сака, мене ми е срам да гледам таков интимен и среќен момент на некој со кој сум на здраво само. После ми се слатки, немам проблеми со бебиња на фејсбук, мили ми се, ама сега ново, свежо и одма на фб. Порадувај му се малку ти.
Абе oстaј, сите зaбегaле сo oвa сoцијaлниве мрежи. И не мoрaм дa спoделувaм сликa нa бебе или фетус зa дa бидaм среќен зa принoвaтa вo семејствoтo.
Не дека ја оправдувам таа постапка уште во болница детето да се слика ама не ја ни осудувам. Секој има право на свој избор. Ама ти дечко многу се замараш со непотребни работи зашто ја објавиле масата за бадниковата вечер, зашто вака девојчињата се сликале и ред други работи бетер од жена си.
Не сакам ново,полесно или потешко,различно,поубаво или полошо.Си го сакам моето,најубаво е...мое е. Сакам мир,само мир. И 2016 немој да си лошичка,биди понежна.Се надевам од денес,ќе се радуваме повеќе во тебе.
Знаете она кога ќе дое комшија и ви вика"Комшо идеме Маврово? " Е така, и јас најгласна идемеее Ма убавини.
Сè e послатко кога имаш со кој да го поделиш. Освен салата (марула, краставица, роквица...). Највкусна е кога ќе седнеш сам и ќе си ја изедеш цела.
Сакам да шетам, да си гледам филмови по цели вечери, сакам да одам да трачарам на кафе, сакам да се возиме со другарка ми на нови непознати територии за нас и да се снимаме што се дешава во колата, со в крај пуштена музика, како пееме на цел глас, се смееме најјако за инат на душманите, играме по седиштата (и возиме во исто време) па да и ја пратиме снимката на друга другарка, од друг град, а таа да не пцуе зошто се забавуваме без неа.... Ама....не.....имам за учење....имам мнооооогу за учење Решив да не се замарам веќе со оценки, само гледам колку да поминам, немам сили веќе. Малку овде дремам, малку ја гледам задачата што ни ја пратила на меил пред 2 недели И ми иде да се самозапалам, не знам од кај да почнам.....Да им се плукнам и на задачата и на проектите глупи што немаат крај......
СДК имавме коктел парти, шветска маса. Абе не ми ејасно како може некој да стои толку време пред една половинка мандарина и да ми ја земе пред нос таман подадов раче. Ах!!!