Оваа година првпат за време на празниците да не се здебелам туку напротив сум ослабела. Дури чудничко ми е малце.
Ова е еден од тие денови кога сакам да се затворам во својата соба, да не слушам никого, да не одговарам на повици. Тешко ми е само затоа што ваквите денови стануваат почести. Се чувствувам како лоша личност затоа што не можам да ги поднесам туѓите проблеми и жалења, не сакам никој да ми бара совет затоа што не знам што да кажам, се чувствувам занемена, успорена. И ако треба да се наречам лоша личност затоа што не сакам да слушам нечии површни разговори, озборувања, муабети за шминки и кафани, во ред, нека биде така. Лоша сум. Но криво ми е што сум лоша и кон себе. Зошто дозволив една личност вака да ми влијае? Јас не сум онаа старата од пред да ја запознаам. Од мене остана само сенка, вечно замислена и со солзи во очите. Незаинтересирана за никој и ништо друго, навидум ладнокрвна, а во мене бура. Сакам да си ја вратам старата насмевка, старата сила, сјајот во очите и се што изгубив. Но како што поминува времето јас се повеќе се навикнувам на овој остаток од мене, веќе не ми е ни чудно кога ќе се погледнам. Да, таа личност ме промени, ме удри од земја, и знам дека се уште не можам да се исправам. Се чини дека ќе останам да лежам уште долго.
Себично било да не родиш деца, ама супер одговорно да ги родиш, а притоа да немаш услови да ги одгледуваш. Браво за логиката
јас па обратно имам 65 кг јади јади никако да се здебелам дали било за празник дали било свекојдневно ништо јадам 4-5 пати на ден претежно здрава храна а сега на празниците се фрлив на пици месо сланина Пак исто е би бил задоволен со 75 килограми
Убaв ден, мнoгу сум среќен, реaлнaтa ценa нa книгaвa у Табернакул е 1900 денaри, ценaтa сo нoвoгoдишниoт пoпуст е 1425, a јaс јa дoбив зa пoмaлку oд пoлoвинa ценa. Кaкoв ден!
Во ова време и на ова место,многу се препукуваат со цинизам. Видат ли убав пост,нестварен ли им се чини,што ли им е... Зборови како отровни стрели маваат,ама што фајде кога претенциозни се во секој чекор. И хејтерите се многу кул,баш за инает се самовозвишуваат...оти нели,добрината е демоде. Зависта во коски му е влезена,се што е убаво е Неубаво...Матни ли му се очите,љубовта ли не ја гледаат?
Го гледам маж ми како ја прегрнал ќерка ми и двајцата мирно спијат. Нема ништо поубаво. Двајца најсакани, најмили. Мир во домот и хармонија. Преубаво ми е
Татко ми ме прашува зошто не сме чекале да се затопли па да идеме на Маврово. Епа важи ај, а на море ќе идам коа снег ќе има ебате.
Од супермоќи, можам да се разбудам со мелодијата и комплет текст на песна што неколку години ја немам чуено, од нигде никаде заглавени во глава...
Антолина, собери се, ќе си ја чукаш главата од ѕид после. Цела недела, паметот ми лета кај што не треба, цело време деконцентрирана сум. Зошто? Не знам како успеав да си дозволам толку да влијае на мене. Знам дека нема да може да опстои и функционира нормално тоа.
Ќе им се придружам на @crimson и @Avery за пофалбите за Inside Out денес го гледав и се изнаплакав, ваков добар анимиран филм немам гледано не памтам од кога.
Немат по њам њам комбинација од банана со нутела. Ако изедов 3 банани и половина тегла нутела, незначит дека сум во пмс
СДК... Работите ќе се променат во оној момент кога ќе почнете да барате начин како да можете, наместо изговор зошто не можете.
Периодот си го поминувам баш како што наликува! Близок круг на луѓе, љубов, насмевки и еден тон храна. Деновите ги искористувам максимално за да си ја наполнам душава со среќа и мир, а се надевам и кај сите е така! Па не ми замерувајте што дури сега наминувам да ви посакам среќна нова луѓенца! Здравје, љубов и успеси во изобилие да ве пратат на секое поле. Исто, среќни празници! Ве гушкам и ви посакувам најубава година
И пак истата приказна болници, инфузии, лекови, затнат нос, страшна кашлица и температура Лош почеток на годината, лош живот, се надевам нема да трае..