Не сакам прерано да се приврзам, не брзам никаде. А, ме прави среќна. Одамна вака не сум се смеела, одамна вакви пеперутки не сум чувствувала. Оди, па заспиј сега. Mission imposible.
Сакам да кажам горда сум на себе што пред малку ја завршив книгата „Жед за живот“-Ервинг Стоун,а при тоа не се напив чашка алкохол и да му кажам на мојот г.Совршен дека го сакам со цело срце
E poretardiran covek od mene AMIN !!! E bivalo sam da si ja zapalis sopstvenata kosa PO GRESKA ?! Ete toa , bas toa si go napraviv preeska pred vecera dodeka varev kafe za mene i mm na plinskoto , i taka sega ke si pocekam do pon za sishanje bidejki utre frizerkata mi e na svadba , a kaj drugi da me utepas ne idam ! Zini zemjo , goltni me , i plukni me na Pluton , zosto ovde ocigledno NE PRIPAGjAM
Во строг ценрат на Скопје живеат најголеми сељачишта дефинитивно! Знаев ама сега сум сигурна! Излагаш од влез и ти фрлаат ќеса полна со ѓубре од нз кој најгорен кат! Стока народ бреее! Имаше среќа што не ме погоди пошо запаличу пола зграда!
Сањич, во секое време повели. Тука сум. Крејзи, време било за нова фризура, ама не си знаела. Сакам да кажам, одлично си поминувам периодов. Многу дружење, многу смеење и глупирање. Си го обожавам друштвото. За жал, ова ќе потрае само уште неколку дена. Оној кој не' спојува, повторно заминува надвор. Дека тука цветаат рози, затоа. Кога сум веќе на оваа тема, вчера сретнав другарка и колешка од генерација од факултет. Уште една на списокот која работи во бутик, наместо за она што го завршивме... А колега и најдобар другар од факултет е комерцијалист. Дека се' е како што треба, нели... Овој што заминува, гарант е разочаран од љубовта, другиве двајца што седат - уште не се разочарале очигледно...
Немам среќа со темава. Пишев, пишев и на крајот благодарение на мојата поспаност избришав се. x2 Ви кажував како одамна немам пишувано нешто соодветно во темата, па можеби и не требало да кажам. Сакам да кажам, не сум наспана веќе неколку дена, т.е. не се сеќавам дали годинава сум имала соодветен сон и во глобала крива е потребата за во тоалет. Сеуште сум некако во утринско расположение ама се обидувам да ги изострам осетите зошто уште ми се тапи. Ви кажував дека од годинава не се сеќавам да имам споделено со вас многу работи. Пример за самата Нова Година. Па тоа чудо некое дека јас не сум за во така нарачени кафани, уствари смирени ресторани, ама во глобала за ниедно од двете места. Се чувствував стегнато во градите зошто прв пат носев push up после долго време, па сериозно се обидував да дишам, па потоа се потпирав на дечко ми обидувајќи се да не заспијам зошто ни јас ни тој не сме за таква атмосфера. Се сеќавам кога му кажав дека неможам да дишам, ми покажа на кошулата негова и почна да се смеј. Абе деца. После тоа бев Крушево и мислам дека тоа го спомнав во една тема. Затоа и во глобала не бев многу активна. Имаше прогнози за снег ама дур бев таму никако да биднат бе, никако. А јас кутрото за снег одев зошто Битола очигледно нема намери да дојди. И кога падна снег? Последниот ден таму, утрото кога бегав. ПРЕД: ПОТОА: Па ко за инает одвај слеговме до Бт. Поминаа 9 дена од Нова Година и сум тажна што немам официјални документи каде треба да ја пишам годината. Чисто зошто уште во 2014 пишев дека е 2016, па сакам да видам дали уште ме држи тоа расположение за годинава. За Божиќ бев најсреќна. Се видов со потесна и поширока фамилија, со дечкото и пријателите. Баш како шо сакав да го поминам денот. На Бадник седев до 1-2 вечерта да прам мафини во малкубројни калапчиња со многу запци кои мораше убаво да се чистат после секое печење - смрт Ама вредеше И најдобро советче од мене, кога ве бие хиперактивност, немојте чајче да пиете или било шо друго, туку во најголемата шолја што ја имате, едно дупло кафе Па после обидете се да си ги контролирате движењата Секој ден се обидувам да учам за паднатиот испит по Статистика, ама некако не ми оди. Нека се гони испитот, имам четири години да го положам Во глобала ме немаше најмногу на форумов во последно, ама не се лутете, јас ќе ви надохнадам со мојата страст за досадвање. И на чат ќе ви подосадвам, ама кога ида влезам е празно Ве сакам многу, ми недостигавте
Сите сте вие исти!!!!Ја користеше добрината моја?!Ете ти сега,не сум веќе добра.Не сум наивното девојче веќе.Ах ќе ми фали.Ќе ми фали старата јас.Се надевам ќе се гордееш со исходот и дека помила ќе сум ти вака! Згаснав.На сиот тој пламен шлибна ти вода!Камен да е ќе се распука и изрони,а замисли само душа е.
@Be-yO-nCe Не дозволувај лошите луѓе, нивните постапки и лошите работи да те превземат во животот. Не се полни со негативна енергија. Ако тие се исти, не мора и ти да бидеш како нив. Инаку, СДК Секогаш сум била за тоа сама да успеам. На почеток, никој не ти вели браво, сите ти се потсмеваат. А сега, колку е само слатко што тркалото полека се врти и знаеш дека без ничија помош го достигнуваш врвот. Полека, но сигурно.
Не го трошете вашето време обидувајќи се да разберете дали сакате некого или не. Дејствувајте како да сте сигурни дека го сакате.
Ehh..kako si vrvit vremevo be. Se sekjavam na toj moment ko vcera da bese. Zimno vreme, mart, april,maj... Sneg do kolena, a vetar shiba sta da ti pricam...
Луѓе дај те си време сами за себе си, заминете некаде далеку од реалноста, далеку од проблемите, далеку од се, секогаш кога ќе ви дојде преку глава од се. Некаде каде што постои поголема надморска височина од вашиот град, седнете и регенирајте се си самите себеси, вдишете боров воздух и просветлете си се. Ќе видите дека животот е убав а природата уште поубава, ќе видете дека се е можно доколку се сака искрено од срце, дека за се постои некакво решение, компромис, разбирање.. Не се врзувајте да се јадете во себе..едноставно подарете му го благодетот на вашиот организам и психа дека секогаш ќе биде подобро и кога е најлошо и кога светот се руши.. животот не застанува.. Најубав дар на нашата психа е надморската височина проследена со борја и елки, свеж воздух и чистата сметка.
Дечко ми има докторирано на тема изненадувања и подароци.Сериозно тука не можам да се мерам со него.Толку добро ме слуша и нешто кажано низ муабет може да го запамети и подоцна да ме изненади.Зошто веќе добро го познавам и знам дека ужива да ме изненадува многу често избегнувам да му кажувам што сакам да си купам, незгодно ми е да се троши. Да не забегам од темата , прекрасниот мој пред некое време ме изненади со авионски карти за Барселона.Надвор од себе бев, сум шетала ваму таму ама некако секогаш имав толкава желба за Барселона и се некако чекав погоден момент и сме зборувале на оваа тема, сме планирале да одиме и тадаааам ! Lara is happy
Парите не се најважни. Знам. Сигурна сум. Не се сомневам. На прво место е семејството, здравјето, среќата. Велат само покрив ти треба над глава, топол дом, топла вечера и твоите сакани. Нека велат. Ако. Ама јас знам. Гледам. Има нешто и во парите. Не се', ама нешто има. Ако имав пари ќе бев здрава. Како прво парите се најпотребни за здравјето. Ако имав пари немаше да се гушам секој ден во чадов, одвратнава магла, немаше да кашлам при секој здив. Ако имав пари ќе ги земев најмилите и ќе заминев. Не каде што има работа, туку каде што има кислород. Ќе живеев во убава куќа на брегот на некое езерце или море, ќе имав убава соба и кујна. Ќе создадевме убаво гнездо. Ќе запознаев нови луѓе, немаше да ми биде важно што ќе кажат оние добро познати одвратни фаци кои ги гледам тука. Ако имав пари ќе ги однесев моите во најдобрата болница во светов. Таму би им помогнале. Не би се однесувале кон нив со презир и како кон животни. Јас ќе одев во убаво училиште, родителите на работа. На баба и дедо ќе им купев куќа и домашни миленици. Немаше повеќе да се грижат за ништо. Немаше никој да се нервира. Јас ќе можев да купам корисни работи за себе и за своето тело. Ќе го исполнев своето време со корисни работи, ќе правев добри дела. Ќе бев среќна. Сосема. Ќе се препуштев на оној мал дел од детството што ми остана. И вас немаше да ве заборавам. И после некој пак ќе рече парите не се потребни за среќа. Е како бе? Како? Нека ме поправи некој ако грешам.
Зошто се замараш кој што ке каже и што ке искомнтира.Ако тебе ти е убаво така не обракај внимание на небитни што немаат др работа во животот осевен да се грижаат за другиот живот а нивниот е во хаос..Јас те подржувам седни си сама шетај си сама некогаш тоа му е потребно на човек за зошто да молиш др да ти прави друштво кога сие се во некоја гужва .Уживи си и не се замрај.