Веке неколку месеци по весници и фб се врти низ популарно и тн дека Заова Катерина ја сменала верата ,да ја смена уште пред неколку години,албанците бошнаците што имаат ТВ ја викаа во емисии ,даваше интервју нив им е гордост дека имаат нова сестра по ислам. Онде на ФБ на фаланга страната ко им спукав на постот кај можам ја неправди да гледам ! Јас неможам да сватам од луѓево па што суштества ке бевте бе ,што е тоа вреѓање ваква онаква,па што сака ке прави и во што сака ке верува. Како се изнервирав еве овде си се искажав и ми помина колку толку,значи колку одвратни створења има бе нервот ми се крена ,незнаев дека од коментари што читам дека ке влијаат толку на мене ,па ме боли бе сестра ми е, во што сака нека верува ,80 % од христијаните ни библијата ја немаат прочитано а христијани се прават еве па ни јас ја немам прочитано цела кога ја читам прескокнувам кај шо има поинтересно,значи излегов ко чоек на кафе за да стаса да ми се звека другиот отспротива и да ја препознава и да дофрла грев напрајла,па секој кај господ ке си одговара бе за својте дела,шо ке беше ова сите газди и господ се прат бе делат правди а сите големиве најмалце по еден грев имаат! Ке ми се спушти нервов за брзо се надевам
Утрово се успав. Имав време само да јадам и потоа требаше да излезам со сестра ми. Пред излегување ја гледам мајка ми на прозорец стои натажена, гледа нешто. Си велам што и е на женава и одам до неа. Кога гледам куче на сред тротоар лежи и кутрото ги крева предните нозе, не може да стане. А, тоа отруено да било. Јас се затресов, и сестра ми ја заборавив и излегување и излегувам. Гледам две девојки од населбата го креваат кучето и го носат во двор (во таа куќа никој не живее). Поминува една жена и ни вика: оставете го, отруено е од утрово од 8 часот лежи таму. Јас и се пулам, абе ми се плаче. Сакав да и речам зошто бе вака да се мачи кучево бездушници едни, ако не можете да го спасите вие, друг повикајте. Се јавуваме во ветеринарна, објаснува девојката затруено куче, а тој господинот прашува за пари одма. Му велиме ќе платиме добро и ајде чекаме да дојдат. Му дадовме вода, ја исповрати, се тресеше цело време.. Едното девојче се расплака. Другата пцуеше. Јас в памет се прашував какво племе ми се соседите? Со кои убијци живеам во населбата, во градот, пошироко. Што се криви бездомните животни? Дојде однекаде сестра ми и ме собра, каква бев потресена. Девојките рекоа ние ќе останеме. Цело време дури бев со сестра ми молчев и бев замислена. На враќање за дома и пишувам на фб да девојкава и ми вели со инекција го усмртиле кучето, му немало спас. Си плачев некое време и престанав. И ова не е трагично. Трагичното е она што ова е еден од илјадниците примери.
Знаете што има полошо од досада? Да се чувствуваш безвезно цел ден. И да си преку глава од учење и караници и лутина.
Утре полнам 20 години, а од еуфорија ни Е! Моите дома растрчани прават торти и кифли и покрај тоа што три пати им повторив дека не сакам да го славам, ама тие запнале ајде јубилеен е Не сум спремна за 20 бе! За мене 20 години беа поим, мислам мајка ми се омажила на 20, родила дете на 21, семејство гледала на "мои години", а јас уште ја прашувам од која бројка да ги вклучам алиштата на машината За мене 20 години се поим а јас на овие години немам поим од животот! Ама ајде имам време да научам
Јухууу, и смештај резервиран! Останува уште месец и некој ден и се пакуваме, и одмор! Конечно. А до тогаш, мноогу дружба со книгите, и секако по некоја бачата навечер.
Не верувам во пишани судбини и среќа фрлена од небото, во метеорити, во детелини со 4 листа, во громови од ведро небо. Секој човек е сам себе си креатор на сопствената судбина, секој човек истовремено плаќа и ќари од сопствените дела, секој човек е сам себе си на сопственото. Ваквите измислени поими и "скроени судбини" постојат во бајките, а оној човек кој што живее во таканаречената бајка и чека среќа некаде далеку од небото единствено што допира е дното на сопствениот живот.
Цела недела кукам дека сакам пуканки, но никако да купам и да направам. Симнав филм, пуканките се направени и вечерта може да почне.
Не вервам во многу работи во животот. Ама многу сакам да вервам во карма. Мислам дека на некое ниво и постои. И искрено во вакви деној, скапани, умрени... То е единственото нешто што ме радува и што ми дава надеж. Дека постои карма и дека ќе ни се врати на сите она што го испуштаме во универзумот. Мислев дека ко ќе пораснам ќе биди многу полесно. Ќе се најдам себеси, ќе знам што сакам од животот. Ама не сум ни блискууууу до тоа. Многу сум збунета и уплашена. Ми е страв дека дури да се пронајдам, да сфатам што сакам дека ќе помине се. Дека ќе се разбудам еден ден и ќе знам што сакам ама ќе не можам веќе да го имам оти поминал животот. Како не се родив глупаааааа. Да не размислувам, да немам амбиции, итн. Ај чао. Демек ќе учам.
Некако и покрај толку среќни моменти кои ми се случуваат последните два месеци сум омалаксана и страшна меланхонија ме фатила. Краткиот распуст освен тоа дека супер ми годеше што дома си поминав толку долго време во главно негативно влијаеше на мене.Негативната енергија ме надвладеа деновиве. Не сум ни до половина материјал за испит, а ме делат само 2 дена до испит. Ми треба друштво и многу дружење за на некој начин да го поминам периодов. И да среќна нова, за многу години празниците, здрави ,живи и бидете најсреќни
Јас пак на сите им правам добро и никако доброто да ми се врати Дупло лошо ми враќаат, кога ќе им биде подобро ми се лутат и си бегаат од мене Инаку излезе брат ми на кафе, и мајка ми му рече кога ќе иде за дома да купи нешто од продавница. Се јавува после некој саат заминал Кавадарци, ќе задоцнел...oh ok.... (од кај нас до Кавадарци има околу 2 саати, што барал таму Бог знае) И мајка ми вика па кога се отворил кафич "Кавадарци"? Ок мамичке, ок.... кафич кавадарци..... Дур и објаснив дека заминал во градот Кавадарци, па малку паники, па дамла ја удри....тој веќе се врати.... И сега еве ја ми дојде во соба кај што учев, и ми вика: Ако беше машко ќе ми беше глупо да те прашам, ама сега ќе те прашам: Што се тие мали бели флекички на покривка кај тебе? И викам не знам, ваљда од хридратантното млеко кога сум ставала капнало малку, од кај знам што се.... А знам и да бев машко немаше да ти биде глупо да ме прашаш мамо, ама сепак јас си те сакам најмногу, ако на живци почнуваш да ми газиш....ваљда од климаксот
Ми се исполни желбата. Ама еден ден и толку. Па секако. И шо сеа? Пак по старо. Пак депресии, самоубиствени мисли, солзи. Пак истото како и секогаш. Кај одам вака? Во пеколот, секако. Ама пред да стигнам таму, каде ли ќе бидам? Како ли ќе завршам. Уште колку ли има до тој крај? Уште колку солзи ќе истечат?
Низ годините,овој период, феноменот "минатата година" го селев,го м'кнев и со сила и со куфери од мојот живот. Ако не бегав од нешто, бев научена да се борам против нешто... Кој ли ме учел, кој ли ме лажел дека се нешто треба да се војува? За џабе си се борев,си ги кршев коските небаре ако не се заангажирам за нешто посериозно, ќе горам како Икар. Како демек сите правиме шах-мат со старите навики и спремни сме за нови предизвици... А пред кралицата да го фати кралот во небрано го правиме тоа..ц.ц.ц Посебни пресметки со годинава не направив,од неостварените цели и соништа не се збогувам, само сум мотивирана за едно нешто...за утрешното будење. И секој ден така, секоја вечер така... Подрумите ми се исчистени и немам ништо од изминатата година, само искреност. Нека артикулира свежа и интелектуална енергија.
Утре, понеделник после празници и полни трпези, време е за работна недела. Не знам што се случува, се налутивме ама баш без врска со дечко ми Утре, време е за разговор навечер.