Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    43.833
    Пица остатоци.
    Мерак на душа. Од вчера. Со доза кромид и сирење. Ох, радост.

    Не’ има на time.mk!
    Ох, радост пак!
    Утрово не можеше да биде пошашавко. Меко, пилкасто, полно петунии и слобода. Ослободување. Duran Duran низ соба. Ме опфаќа еуфорија. Вчера, Хармс до ниедно време на Канал 103. Срце си исполнив. Две ракиички, многу љубов и залепена атмосфера за сите ќошиња. Во еден миг пред да се почне во етер, си велам - ова е тоа. Ова е мојот сон. Пренос. Пренос на енергија без пречки. Среќна сум. Утрово ми стигна меил од македонска музичка мрежа. Песната ќе ја промовираат на драго срце! Треба да се пријавиме во ЗАМП. Убави нежни маки. Смислување зборови уште рано наутро. Тој ми праќа порака дека ме сака и доволно е да замижам за да го надушкам. Откачинела. Ме трогнува целиов пасус живот деновиве. Не сакам да заврши, сакам вака да заболува и одболува, како што му прилега! Не’ има на неколку онлајн статии со Фиши.
    Сништата, богами и те како се остваруваат.
    Со многу копнежи и премолчувања кога најмногу ти се вреска.
    Затоа, пееш. Пишуваш. Си се ослободуваш на начин кој те смирува.

    Ти благодарам, март, за прекрасните емоции.
     
    На Domino, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, Foreveryoungiwannabe и 10 други им се допаѓа ова.
  2. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Овој месец се држев во добра форма, вежбам секој ден и многу намалив со јадењето. Ох бе тој ПМС и тие женски проблеми абе ми отвараат апетити сакам само да јадам и да седам :D ајдее морам да издржам, ќе контролирам апетитот некако
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Кога мислите дека сте неправедно оставена од човекот што некогаш ви бил се и ви значел најмногу и сте го сакале неизмерно, знајте дека кога вие ќе заборавите на него, тој ќе се сети на вас. На мажите им е потребно повеќе време да сфатат што изгубиле. Тој што згрешил секогаш ќе проба да најде некој начин, некаков контакт да се врати. Не верував дека тоа е така, но ете карма имало. После толку време, кога веќе не е ни жив за мене, сведок сум дека тркалото се врти.
    Не сум заспала цела ноќ, се надевам дека сега ќе поспијам како што треба.
    Љубовниот живот, полош од сапуница, ама има некои интресни моменти :)
     
    На Dee му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Колку повеќе си добар, толку повеќе те газат.. :doh:
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, eliesaab, Elennaa и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Adina

    Adina Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    1.048
    Допаѓања:
    8.016
    Пол:
    Женски
    Нече среча поштеног човека :lol:
     
    На Elennaa, EMoonlight и ColoursOfTheRainbow им се допаѓа ова.
  6. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Секој ден се повеќе животот ми наликува на шпанска серија.
    Некој се враќа повторно кај мене со обвинувања кои немаат смисла, други ладнокрвно си одат од мојот живот, трети пак воопшто и незнаат што прават до мене освен што се тука за да ми направат дополнителни драми и перипетии за кои моментално имам огромен хаос во главата.
    Се некои лаги излегуваат на површина, оние кои ги мислев за дволични излегуваат дека се всушност оние кои сакале да ми ги отворат очите, другарките кои ги сметав за сестри излегуваат најголемите сплеткарки а човекот кој што си го сакал повеќе од се е најголемиот манипулатор од сите.
    Ми се извинуваат луѓе, ме сожалуваат, ми изјавуваат љубов другари и некои кои ми фигурирале досега само како фб познаници.
    А останатите милион драми кои што ми се случуваат моментално не сакам ниту да почнам да ги објаснувам затоа што навистина изгледаат како сцени и случки од некоја си нискобуџетна сапуница.
    Со еден збор - ХАОС! Неможам деновиве да размислувам рационално па затоа си ги буткам проблемите во ќош надевајќи се дека нема да добијам ладен туш и освестување во брзо време, си го бирам полесниот начин и само ги тргам мислите од она на што би требало да мислам.
    Еден другар ми вика дека ми завидувал на бурниот живот периодов, барем ми се случувало нешто, цело време опкружена со драма квинс и делумно интересни случки кои што зввучат занимливо само доколку ги слушаш од страна а не и доколку си директно вмешан во нив.
    Битно, монотонијата на која се жалев предходно ја снема, сега секојдневно се случува нешто. И тогаш сфаќаш дека ништо не ти е по потребно од мир. Сакам да имам повторно вечер во која ќе можам да се сконцентрирам да изгледам цела сезона од една серија и цела кутија сладолед и утредента проблем да ми биде крајот на серијата и броењето на малориите.
     
    На lana.del-rey му/ѝ се допаѓа ова.
  7. fatamorgana123

    fatamorgana123 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2013
    Пораки:
    1.273
    Допаѓања:
    1.530
    На Elennaa, Marossa и Johny им се допаѓа ова.
  8. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Сонце, ладно, сонце ладно.. како моите емоции, среќна, тажна, среќна, тажна.
    :yawn:
    Пред некој ден размислував за луѓето, за оние што прават лошо. Што им е целта?
    Тоа ме копка цело време, имаат ли цел?
    Да уништиш нечиј живот само за ти еден ден да бидеш задоволен.. чудно.
    Не можам да ги разберам, не ни сакам. Бидејќи ако ги разбирам, значи го делам истото мислење со нив.
    Не гледаат во свои животи никогаш, а нивните се бетер од нашите, па човеку дај среди си прво твојот живот, ете после те вработувам како мој личен психијатар па мешај ми се во живот и давај ми совети.
    Вака не прифаќам.
    Нај тажно ми е што знам дека некои им веруваат, е тогаш ми доаѓа да земам да ги освестам тие, буквално што се заслепени од нивната лажна добрина. Ама ако, маската некој ден ќе падне..

    Сите имаме некоја слабост, сите имаме некоја јака страна. Битно е која ќе ја истакнеме повеќе..

    Се плашам дека некој ден ќе ја снема сета комуникација од светот, целосно!
    Како што сме тргнале.. само на арно да е.

    Имајте убав ден. :hug:
     
    На Someonespecial, Umbrella22, ozbilnazena и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Сакам да е среда. Ете така многу ми е убав тој ден, посебна некоја еуфорија ме зафаќа.
     
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Пред три години тоа мало душиче си направи место во моето срце. ^_^

    И денес сме заедно, јас ја чувам, мазам и пазам.
    Правевме палачинки, си игравме со куклите, ги наредивме фустанчињата, ја средивме и собата.
    Си добив и нов фриз. На едната страна криво заплетена плетенка а на другата страна репче.
    Тука и таму понекоја шнола. Нејзините прсти играа со мојата коса а нејзините очи имаа некој посебен сјај.Таа беше среќната принцеза а јас помалку чудна кралица, кралица на која не и беше важно како во тој момент изгледа. Мм ни беше слуга - ни донесе сокче и чоколадо, чоколадо кое нешто покасно кралицава малку по малку го смажа.
    Добро де, му дадов малку и на слугава - за да не му падне шеќерот.
    Тато, кажал повеќе овошје и зеленчук а помалку чоколади. Умна таа.
    Со мојот нов фриз го пречекав нивниот поштар, комшикава од трети спрат, комшијава од шести...
    Уф, и овој од пети, уз пролазу, нивноив, новиов, костумираниов :geek: мм вели - педерластичен :rofl:
    Љубоморна Трачарка :D

    Озбилна, вие по најнова мода ? Изгледа денес вие ја чувате малата? :)
    Тогаш ми текна за новиот фриз :D Така брате, мојот изглед даде одговор на твоето прашања.
    Мм вели дека сум делувала толку детски и невино :D делувам јас и поинаку...
    Него, шта ми друго треба....

    Си имам маж за кој сум невино дете, уникатен фриз, ја имам неа, нејзините невини очиња и нејзините медни обравчиња. Убавица на тете.
    Дојдов, видов, чукнав по буквиве, ви стиснав тоа лајкот :) Вие брзајте да пораснете...
    Мене ми е - Убаво во детскиов свет. Безгрижно, со плетенка и реп.

    [​IMG]
    Ќе ми недостигаат :( :o:
     
    На Elennaa, vinozito1, kate21 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Отварам Фемина, и оп, горе реклама за ВМРО. Озбилни сте? Озбилни???
     
    На rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, sweet-cherry, Cherry03 и 15 други им се допаѓа ова.
  12. EMoonlight

    EMoonlight Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    13.815
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум напишала нешто тука. :D Сакам да ви кажам да бидете среќни,да верувате во себе и да не дозволувате ни малку нешто лошо да завладее со вас.Уживајте во убавите денови,во времето .. :)
    А за мене ќе кажам ..пак се враќам во форма,почнав пак да вежбам после кратка пауза и се чувствувам прекрасно.Морам да го постигнам тоа што го сакам. :) :D
    Пријатен ден :)
     
    На Viktorijaaa5, Ketrin.Moon, Elennaa и 4 други им се допаѓа ова.
  13. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
    Спасив глава луѓе, жива сум!
    Јес! Вредело да си добар! Да, аха, ја, хаи, јес! Вредело.
    „ја“ значи „да“ на германски а „хаи“ на јапонски“

    Можеби знаете, ме бива за цртање(бог да ја прости циганката која ме фалеше). Особено портрети и останати фацички. А токму тоа беше задачата.
    Јас мојот цртеж го имав нацртано и обоено одамна. Па неколку деца (едно 4-5-6...) ја искористија шансата и побараа да им цртам. Тоа и го направив.
    Му нацтрав и на едно дете кое е можеби најслабо во класот по ликовно. На другите деца намерно им цртав полошо за да не помисли наставничката дека сум јас. Но бидејќи на оваа дете последно му цртав, заборавив на „тактиката“ и цртежот го направив поубав.
    Наставничката примети дека не е негов цртежот и побара да му каже кој му помагал. А јас веќе бев во редот за прегледување. Не знаев дали да плачам или да се смеам. Но, овој на прашањето „кој ти помагаше“ одговори: „братучедка ми, Дениз“. Уфффф...ми олесна.
    Фала! Ми го спаси животот. :lol:
     
  14. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.328
    Пол:
    Женски
    Оф леле и на фемина платени политички реклами. |(
    Алал да им е со избориве што ги прават на сите 6 месеци.
    Ќе не ,,отечат‘‘ сега до 13 април, а 100% ќе има и втор круг, па значи до мај некаде. :x
    Колку ,,интересни ‘‘ рекламите се, што да ви зборам. :rofl:
     
  15. April87

    April87 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Знам дека сум off topic ама ме интересира: Зошто некои луѓе го прават она што не сакаат да им го правиш? Ужасно ме нервира и иритира начинот на кој упорно те прават будала. :(
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Чекала да дојде мажот и од работа да и каже што јадење да направи , и да ги истресел кебињата тешки и биле да ги подигне ???
    оу мај гадддд !

    Цуцо а тешко ти е навечер да ги кренеш нозете во вис ????
    доже ми да вриснем што се нема |(
     
  17. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    A што да не треба она да се килави, а господинот на готово да си се покрие со кебето? Ако веќе си ја наредиле цуцата дома да му готви, он нека фати нешто нека сработи..
     
  18. CutieWithABeauty

    CutieWithABeauty Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    1.248
    Пол:
    Женски
    СДК
    Значи малите бебуши колку го прават светот поразличен,поубав,поинтересен и повесел :inlove:
    Седев во автобус и влезе една мајка со мало детенце (машко беше :lol: )и почна да се смее :inlove: ..Неговата насмевка беше толку мила,слатка и невина што одеднаш и мене ми се направила една гоооолема насмевка на лицето. :rofl:
    Во нивните мали слатки очиња се гледа нивната радост и среќа :D
    Толку мали и невини,толку мили и слатки,толку смешни и интересни :)
    Само колку се невини господе..за нив цеел живот е игра..цел ден го минуваат смеејќи се.Си живеат во свет каде што се слободни,каде што нема политика,злосторства и лоши луѓе :wasntme:
    Тие го праваат светот поубав за живеење..Затоа никогаш не треба да им се наштетува на нив..бидејќи тие се толку невини и чисти што не заслужуваат да им биде наштетено.. :!: ^_^
     
    На cresa-jagoda и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.560
    Пол:
    Женски
    Преку глава ми е од платена политичка програма. :!: Неможам ни на раат телевизија да погледам, одма кога треба да дадат реклами даваат платена политичка програма. Зарем не сваќаат дека се досадни. :^)

    Ако до сега со своите постапки додека биле позиција или опозиција не му покажале на народот што направиле и зошто народот треба да гласа за нив на следните избори, зарем мислат дека ќе го убедат народот преку ноќ да си го смени своето мислење. |(
    Само безпотребно се фрлаат народни пари. Можат тие пари да се употребат за нешто навистина што е потребно и корисно. :!:
     
  20. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753

    Значи он иде на работа, и покрај тоа некои приватни работи си мава
    а госпоѓата е слбодна и едниствена обрска и е да зготви и да расчисти по дома но госпоѓата го чека маж и после 10 или незнам колку саати поминат на работа на нозе да дојде дома да и зготви и расчисти. Тоа е во ред?
     
    На Bile15 му/ѝ се допаѓа ова.