На човек можеш со сила само да му земеш, ама не можеш да му дадеш. Јебеш, живот. Изгледа сум премногу отворена и искрена и очекувам дека сите се како мене. Изгледа дека само јас не сакам да носам торби со прљав веш и да ги влечам позади мене. Изгледа дека само јас сакам да играм со отворени карти. А луѓето не се такви. И никогаш нема ни да бидат. Будала сум, глупава сум, смотана сум, што верувам и на кого треба и на кого не треба, и ако ми е. Толку многу пазам да не повредам некој друг, дури и некој најневажен на планетава, што на крај сама си се повредувам. Па јас ако сакала застанала на глава, џабе, џ-а-б-е... светот едноставно си функционира така и така и ќе си остане. Што знам па јас за тоа. Очигледно ништо. Одам да терам трета смена, очите ми истекоа, аман.
Сакам да кажам дека по утрото денот не се познава. Барем не мојот. Утрово ми беше многу лошо. Би употреби и полоши зборови..ама не вреди. Прво си го истурив кафето на фармерките.Па требаше други да облекувам.Заборавив да го земам полначот за телефон.Среќа цела што имам полнач во кола, па цел ден ми беше со 30% Одам на работа, јас изнервиана, сите расположени. И да...почна да ми идаат тие позитивни вибрации.Една колешка честеше поради тоа што на Божиќ, тогашниот дечка, сегашниот маж ја побарал за жена. Според сликите, преслатко било. Ја побарал во Берово. Како изминуваа часовите така се повеќе се чуствував вознемирена. Можеби порад итоа што не ни е најдобра комнуницијата со дечко ми,а од друга страна не можам без ного.Ете, дури бевме лути извадов слики од Истанбул што бевме за нова год и ми стојат во соба.. Одам дома...само на брзина јадев леб и нутела и одиме на прошетка...јас само ја пресоблеков кошулата. Кога го видов, онака не знам...одма му се фрлив во прегратка.Нема гордост што може да се биде мост меѓу мене и него. Среќна сум што понекогаш баш ваквите кавги ми посочуваат да знам дека ја имам покрај мене личноста од соништата. Шетавме, и тој предложи да одиме на јадење. сега пред малце си дојдов. прошетки со омилената личност ми се -топ работи без кои неможам да живеам. и проклетите разделби, до утре... го сакам <3
Страв ми е да постирам песна од некој артист за да не ме пишуваат по статуси. Идиотизам на највисоко ниво, не може повисоко.
Ај да прашам вака јавно, дали уште некој слуша нон стоп зуење надвор или мене и на другарка ми ни фали некоја даска?!
Добро утро на сите сакам да прашам нешто ( може ке се чудите на паметов мој или ке помислите сум забегала ама ај ке прашам ) . Се работи за свекрва ми . Жената многу направи за нас , мислам за мм , ама и јас живеам со него нели па воедно и за мене , ни се најде у најтешки денови , а сега и мм успеа преку пријателка да го вработи . Туку у приликава сакам да прашам , дали ке биде соодветно , ако не сега , у пролет здравје , да ја почастиме со мм едно шетање до Белград , па и да и купиме нешто што ке ја бендисува сепак не е малку тоа што го направи син и е ама има мајки со прст не мрдаат за детето , женава душа извади ама успеа во намерата се осекам некако должна да и направам чест , незнам ете од срце ми доага така , да ја почастиме нешто со мм , и нему му кажав , рече ако ти сакаш така ке ја почастиме зошто да не , ама сакав да побарам и друго мислење
Голема вистина: За да биде среќна со мажот, жената мора МАЛКУ да го сака и МНОГУ да го разбира. За да биде среќен со жената, мажот мора МНОГУ да ја сака и ВООПШТО да не се труди да ја разбере.
Имам една добра и една лоша вест. Добрата е... За точно 100 дена го славам мојoт 23 роденден . Лошата е... За точно 102 дена ќе има избори. Спојлер: ЛУЗЕРИ А шо ако победиме,конечно Have a nice day!
И би сонце и радостии и малку ветар и промаја! Дванаесет дена подоцна, човек продолжува да се тетерави и да осеќа пост-празнична депресија. Клише. Настрана она, пуно до врв... ќурка америчка. Мада, си скратил од сé, и делкаш ѓумбир и лимон по сабајлињата (Мојра -чинам- да не беше, неосвестени ќе си шетавме за магичново коренче)... ипак, тај е филмо. Стара Нова Година, фала богу, не ја рецкам ко празник, па, устава ќе продолжи да си стои затворена. Уште од кога почина баба ми пред пар години, така си е. Никој од сите вујковци и тетки, вклучително и мајка ми, (на која што си е за право не можеш да и земеш за зло заради состојбата нејзина) не ја продолжи традицијата па, сé што ми е останато за тој ден како празник е последната Стара Нова Година на која, за чудо се збравме сите... топтан. Еден чопор внуци, правнуци и деца.... И, ко за чудо, примерни беа. Не се раскараа. Пар денови потоа настапи колежот. Од тогаш, па навака и јас протестирам и ги игнорирам забавите по повод... Туку, по време и по Нова Година се истурија предвидувања за случувањата во светот...астролошки, разбира се. Чисто информативно... истите, од збор до збор можете да си ги читате во оригинална верзија на пар астро форуми. Don't let them fool yа. Нема ништо подобро од тоа да сте љубопитен ум кој сака да научи и работи во кои не верува. И така. А, да... во најтешките денови и периоди... кога си најранлив, најбезпомошен.. место пријател, имаш крвници на куп. Секој би да ти продаде пуфки за многу пари. Секој. И така по втор пат.
Деновиве одново и одново ги прегледувам старите албуми со слики. Гледав и за момент ми се чинеше дека се вратив назад во времето и ги проживеав тие моменти повторно. Слики од родендени,славење празници,училишни приредби ,па слики на кои прво в очи паѓаше мојот шлем фриз со шишки под кои ѕиркаат ситни зелено-кафени очиња, на некоја слика фатени сме и каде што се бркаме низ двор,кој со изгребано колено,кој со модринка. A и да,да не го заборавам тепањето со балони и перници со брат ми на Нова година кога славевме со братучетките ... Се сеќавам како мала на вечерта на роденденот ги викав роднините на гости,а следниот ден другарите од зградата,а дома лом,растурено како во игротека. Собрани сите на куп,се шлакавме со торта,фрлавме со кикиритки,грицкавме смоки Стоби Флипс,јадевме соленки што се купуваа заедно со еурокрем,па тој кремот како во тубички што се продаваше... Надвор кога игравме криенка се качувавме на дрво,се скривавме во едни треви скоро метар високи и цела ноќ ќе те бараат,а ти се кликотиш таму скриен. Еве и вчера и денес на фб со другаркиве си праќаме стари слики и потсетуваме како било 10 години наназад,паѓав од смеа. Порано се нервирав што тогашните фотоапарати не беа како сегашниве,да сликаш,да видиш како изгледаш па ајде после пресликување. Ама сепак имаа една предност-ќе сликнеш еднаш,ќе бидеш нетрпелив се додека не појдете во фотостудио да ги развијат сликите и на крај ќе се смееш од срце кога ќе видиш во каква поза си фатен на слика. Тоа беа тие слики каде е фатена таа детска еуфорија,искрена радост и среќа. Беше спонтано,а не како сега 29984758 пати да се сликаш и ниту еднаш да не ти чини. Море ќе застанеш прегрнат со цело друштво на слики,ќе ја носиш најоткачената облека што мајка ти ја одбрала и изгледаш како кловн,ќе се кезиш од 6ка до 6ка и voila,ја имаш најсовршената слика од твоето детство.
Имав среќа сега имам празна среќа, без топлина. Животот не` сака па не. Ни дава од кеиф, па ни дава чисто ради реда. Не е слатко ако не е шербет слатка љубовта. Ми треба еден врв на врвот на празнава среќа, да ја потполни празнината. Убава е љубовта кога е чиста, а уште поубава кога има видливи трошки прашинки па пробуваме секојденвно да ја забришуваме и никогаш не е кристално, мермерно чиста. Слатка е горчината на далечината Скопје-Босна. Убав ден лепотици, јас работно вие убаво расположени да сте ми. *
Параноја и смеа ме фаќа истовремено од оние совети кои многумина ги делат. Не се во животот и не секогаш може да се реши со карање. Тоа и е најпростиот начин, најлесниот и скратениот пат ... Ама светот може да го излажеш,а себе не можеш. Пак ќе ти стои грутка во грлото, колку и да се испокараш дур не ја соџвакаш убаво . А ако таква тешкотија немаш, тогаш исто ти се фаќа дали ќе се испокараш или ќе замижеш. Имун си на тоа, сеедно ти е.
Еден предлог мој. Ние од маалото наше другарите што сме растеле заедно, направивме на фб група и ги скениравме сите слики што сме ги имале заедно и ги поставивме во таа група. Па направете и вие нешто вакво, ќе ви остане засекогаш, убаво е да се потсетиш со кого си живеел и растел.
Официјално поќе апчиња имам испиено сабајлево, него шо имам јадено И го тупам дома тато со песни од Лана дур чекам да му заврши смената на дечко ми Ко не се жали не е доволно гласно
Неколку совети: 1. Научи да се смееш на сопствена сметка. 2. Не се дружи со потпросечни луѓе. 3. Запамти дека за повеќето работи не ти треба туѓа дозвола. Животот е твој и можеш да правиш апсолутно се со него.