Не сум бре јас за ова работава од дома. Дајте кажете вие што работите така, како имате концентрација, како ви држи паметот само таму? Јас сум за да ме пикнат во некое комуњарско канцеларииче со некое мало прозорче, по можност под земја, некој подрум, темничиште, каде што не фаќа ни интернет ни 3г, ни бутур. Темница да биде и само екранот да ми свети. Ништо да нема, никој да нема. Да нема жив човек да мрдне и да прелета и да не диши никој по можност. Море се блокирам со плагини, море гасам рутери, па ми вриштат другите, не го гаси рутероттттттттт, не сме ти ние криви, па ајде стани, вклучи го. Па ајде седни, намести се - ми се моча. Оди измочај се, дај да апнам нешто кога сум тука веќе. Ајде сега, оди седнувај, најадена, напиена, измочана - почни. Па ногата ми се здрвела. Па газот ми се здрвел. Па грч ме фанал. Па ајде на земја. Не ја бива, стани, земи перница и пак седни. Ајде на маса и на стол, па така муабет ми прават. Абе паметот ми се зема, еве, ви кажувам, паметот. Никој не ме разбира колку е лесно да се збрлавеш вака. Онака, на работ сум! Таман ќе се наместам, ејјјјј вода ми се припи. Ајде пак, оди стани, земи вода, напиј се, игнорирај чоколада и блакца на масата. Ќе почнам да пишувам, ќе светне телефонот, некој ми пишал. Мрш под ќебе, под газ, да не ми светка и да не го гледам. Ќе земам ајде малце, ќе поработам и ќе ми текне нешто од пред осум години на дато од сред лето. Оти ти тогаш така не му рече на тој и тој, а му рече вака и така. А, оти ти сега правиш ова, а не земеш да го правиш тоа другото и оти надвор врне дожд, а не снег? Ејјјјјј, види видео за новото карминче нааааа некое америчко срање што треба да го порачувам од интернет за да го имам. И ќе си почнам, еј, што се жалиш, гледаш другите што прават, колку се малтретираат, одвај се наоѓа работа, не се жали, греота е, срамота е.... Немаш шеф, немаш никој над глава, не се гужваш по јавен превоз, немаш аларми насабајле, не се влечеш со куфери, работиш кога сакаш, колку сакаш, од каде сакаш, сама си кулираш, па чајче, па кафенце, супер ти е, уживај, не се замарај. Абе џабе, џабе, за психопат како мене, свееее е џабе! Со кандилце си ја барам маката, е тоа ми е проблемот да ви кажам! Ме зезаат ќе ми изнајмеле канцеларииче, па да сум се пицнела насабајле, косичето, шминкичето (жими мајка ќе почнам да се шминкам и да се дотерувам насабајле, уште оваа тактика не сум ја пробала) средена, дотерана (овој момент колку ми фали не можам да ви опишам, моментално работна униформа - пижами и хеланки) и да сум одела на работа. Ма џабе, џабе, таму ќе почнам да пекам за други ствари и џабееее! Поука од приказната - морам да се намирам малце оти ќе скренам, животот не е идеален, секогаш нешто мора да фали, мора да се истрпат некои работи, мора да дадеш нешто за да добиеш нешто друго и еве, пак ми се примоча бе! Уште не ми е јасно како некој се нафати да ме трпи на долгорочни стази.
Ми се чини дека не постои лек на планетава да излечи нечива болка и мака, нечиво разочарување и трескање силно од земја длабоко во душава колку што може да допринесе и залечи, усреќи и успокои еден кажан збор од тој што ти значи едно "се" во животот. Вистинските вредности допринесени од вистинските луѓе во нашиот живот не се менуваат ниту со пари. Парата си е пара, тоа на сите ни е јасно, но парата љубов и воздишка да купува, јок.
Дојдов да се испукам. Секој со свои проблеми... Доволно беше. Доста ми е од се. Кревам глава и продолжувам. Но, овојпат сум среќна што здружено го правам тоа... Изненадена сум од интелигенцијата и од спремноста да се каже НЕ. Да се превземе нешто. За почит....
^^ Некој се мажат на овие години и бебиња имаат, а ја за некој месец ќе остарам за една година и уште гледам цртани П.С кога веќе ова го напоменав, да се пофалам ќе станам "тетка", другарка ми доби најубав подарок за НГ. Нема врска дали е машко или женско, само да се роди живо и здраво (добро де, ја повеќе навивам женско да е, да го дотерувам ко права клинцеза )
Кооооонечно сонцеееееее!!! Потскокнував од радости кога излегов надвор, дуваше топол ветер и грееше сонце. По џемпер сум се шетала, и одамна не сум била вака расположена. Не е само до сонцево денес де, има и други убави причини периодов. Дури и весела си седнувам пред книга, со насмевка од 8ца до 8ца си читам.
По скоро 10 годишно врска, го уби, го повреди, го изневери. Цел град знае, само јас не. Ти го оставив да го чуваш. А, не ранет бесчувствително да го фрлиш како ништо да не ти бил.Да заборавиш дека повредуваш човечка душа. Нема да дозволам да крвави од тебе.... Господ нека ти плати. Господе, чувај не.
Кога во секоja песна од цела плеjлиста, секоj стих те допира на душата, кога не си ни свесен за солзите кои се тркалаат низ лицето, кога посакуваш нешто а немаш...
Душата ми гори,срцето ми гори.Чувствувам некој немир во себе,нешто дека ќе тргне наопаку,дека лоши работи може да се случат.Чувствувам голема осаменост,здодевност,ништо не е како порано. Би сакала да имам некој пријател непознат,кој не ме знае да си ги искажам сите маки и се што ме мачи. Да споделам со некого тага и болка,да ме разбере,да посака да ми каже дека се ке биде во ред. Би сакала да го вратам времето,да не направев многу грешки,да знаев дека ке биде така,не би толку рано донела некои одлуки во мојот живот. Солзите течат,се ронат една по една,се тркалаат надолу по бледото лице,кое деновиве е под голем стрес,а и настинка.Не ни гледам дали ставам точка или запирка,не е ни битно веќе,само сакам да кажам дека кога јас навистина ќе кажам крај и си одма ставам точка на се,така и ќе биде без празни зборови и празни заканувања. Ете толку,се собирам и одам,без збор и објаснување. Тежок е животов,претежок кога немаш до тебе личност која си запознал,туку личност која се претворила во друг човек,
Секогаш оставам луѓето да читаат меѓу редови. Без разлика дали станува збор за дискусија на некоја тема, опуштена конверзација, пишуван текст, било што, секогаш оставам значењето на моите зборови секој да го протолкува на начинот на кој самиот тој ги сфаќа. Затоа што одамна научив дека дури и да ја доловам суштината, не секој разбира. Па поради тоа сметам дека повеќе нема потреба од безпотребно потрошени зборови и давање дополнителни објаснувања од моја страна. Ги "бранам" своите ставови во ситуации кои неопходно бараат тоа да биде направено, потпирајќи се на факти и само пред луѓе кои сум сигурна дека го разбираат тоа што го кажувам. Во секоја друга ситуација, не. Поради тоа многу пати сум била погрешно проценета, излегла "будала" во нечии очи, мислењата ми биле оценети како недоволно квалификувани. И врв на сѐ тоа, титулите "арогантна" и "недостижна", најчесто ми припаѓале(ништо не е сменето и сега) на мене. Не знам дали ова е позитивна или негативна карактеристика, ама не верувам дека некогаш ќе ја променам. Затоа и понатаму ќе се сносам со сѐ што произлегло, а и ќе произлегува, од ова.
За непроценливата вредност на музиката во нашите животи, најсвесни сме кога во тивка ноќ песните од плејлистата во слушалки ќе ги пуштиме најсилно што може, сè додека мелодијата не ја надвиши гласноста на нашите мисли... Добра ноќ!
Ми се јавува братучед ми радосен дека положил без да го прашаат ама баш ништо. На некој изборен предмет, на предавања оделе 10тина души, а сега за полагање се појавиле 100 студенти. Професорот се изненадил кога видел, се изнервирал, и им рекол оставете ги индексите сите кај мене на едно купче. Ги оставиле сите, и тој зел ги поделил во две купчиња и рекол, овие индекси од десно се положени (со 6ки), овие од лево сте паднати. Земете си ги индексите, дајте ми ги пријавите, да видиме кој положил, кој не, и заминувајте. Братучед ми бил во десните, а тие 10тина души редовни секако ги пуштил....на радоста и немало крај....и јас се уште се надевам дека постои некој добар професор што ќе рече ајде сите сте поминати, ве знам, добри деца сте вие Јас да бев професор така ќе ги пушав сите Само редовни да ми се дечињата, да ми се познати по лице и слободни се. Нема да ги малтретирам. Ама кога ќе размислиш убаво, факултетот не е задолжителен и не знам зошто сите се жалиме ко со сила некој да не тера да одиме Ако ти е тешко, ако не ти се оди, најубаво ќути си и не се жали
Стави облога од чај од камилица, држи пола саат. Ако спиеш на грб, остави го нека си стои, ама нека биде ладна облогата.Мислам ако ти е одоздола на окото, инаку измиј го со вода, и стави Прокулин, или ако имаше Тобрадекс или Тобрекс
Za rabota od doma potrebna e ogromna disciplina. Jas rabotam od doma i poradi toa sto ne sum disciplinirana kolku sto treba, rabotam noke koga site spiat. Ima svoj prednosti. Jas idam i na teren pa toa me vadi od doma. Inaku samo doma bez komunikacija ke izgubam zelba kosa da napravam. Najvazno od se e imas moznost da probas i da vidis dali si za toa. Opcija da se vratis vo kancelarija sekogas postoi.
Сама. Го врежував во срцето секој агол, секој дел.. едноставно сакав секој тој дел длабоко да остане во мене. Ги прегрнував неговите алишта, го милував тоа срце што чукаше под моето срце. Го мирисав мирисот на тие малечки алиштенца. Сини пантолончиња, сиви малечки обувки со ушиња, малечки зајачиња. Срцево ми ридаше, а солзите немо се тркалаа по лицево. Се прашував... Што ако не ги видам повеќе?! Дали ќе го прегрнам тој малечок ангел што растеше во мене?! Дали ќе ги бакнам неговите малечки рачиња?! Дали ќе ги видам тие сини очиња кои сакав да ги има тој?! Дали ќе му пеам приспивни песни?! Дали ќе се радувам на неговите први зборови? На неговите први чекори?! На неговите радости?! Плачев... И како сега се сеќавам дека го галев мешето, му кажував колку го сакам, колку го чекав и сепак благодарев на Бог што барем го почувствував во себе. Бев длабоко свесна, иако можеби никој и не знаеше и не ни претчувствуваше дека темнината бдее над мене. НО имаше еден зрак, верата. Молитвата, љубовта... Зборовите на отецот кој и сега одекнуваат во мене... М М... се’ ќе биде во ред! Само тоа ми даваше сила. Со тивка молитва тој ден пристапив кон операционата маса. Со тивка и скромна молитва се молев во себе да го видам. Да го видам макар еднаш, а потоа што сака нека биде. Едноставно нека биде Божјата волја. А во тие мигови... чудо. Бог го стори и невозможното. Невозможното што една докторка со долгогодошино искуство изусти дека Бог премногу ме милувал... Која сила беше тоа за мене! Како некоја нова сила да проструи низ мене. Божја благодат. Царскиот рез помина за премногу кратко и рекордно време и за неа како лекар. И го видов... на таа светлина засвети пред мене уште една поголема светлина, маминиот ангел. Ангелот кој се роди во понделник, денот во кој се слават ангелските чинови. И затоа по Божја промисла доби и ангелско име. Благодарение само на Божјата милост, го видов. Ги видов малечките рачиња. Ги видов малечките ножиња. Го допрев нежното лиценце и ги видов малечките очиња кои како сега се сеќавам дека ме гледаа право во очи. Како и тие да сакаа да ми кажат: Мамо еве ме! Дојдов на овој свет! Дојдов да те израдувам! Навистина ме израдува. Слава на Бог го дочекав се’ она што не верував дека ќе го почувствувам. Првите допири, првите зборови, првите чекори, првите запчиња, радоста која ме хранеше, а тој од мене се хранеше преку доењето. Тие малечки устиња кои плачеа за мама да му даде да јаде, тие малечки устиња кои толку топло ме бакнуваа... Не успеав се’ ова да му го кажам на неговата крштевка, но никогаш не е доцна да дознаеш. Во животов, ама ништо не сакам, сакам само : Да се поучуваш на Оној и Оние чие име го носиш. Да се искачуваш на лествицата која води до вечноста. Да љубиш од срце. Да го љубиш дури и оној кој ја сака твојата погибел. Со таа љубов да го освоиш неговото срце и да го стопиш ледот во него. Секогаш да се поставуваш на последното место. НИ во еден миг да го нема тоа ЈАС и Јас тоа и тоа сум сторил. Во твоето срце секогаш да цути скромноста. Ни скапите облеки, ни материјалното никогаш да не го соблазнуваат твоето срце. Зашто се’ е прав и пепел. Прав кој ќе го однесе ветерот и ништо нема да остане. Но секогаш нека те украсува скромноста, добрината... Биди утеха на оној на кој му е потребна таа. Плачи со оној кој плаче, насмеј се со оној кој ја дели неговата радост со тебе. Никогаш не го оставај доброто дело за подоцна. Знае Бог зошто ти подарил добра помисла баш во тој миг. Знае дека баш во тој миг и треба да делуваш и затоа те одбрал за да ја добиеш таа добра помисла во тебе. И немој да те прелаже тој кој стои од лево, дека тоа е твоја заслуга. Не. Секое добро извира само од Еден, само од Бог. Тој е оној кој ти го подарил тоа по Својата милост кон тебе. Затоа немој да се заплеткуваш во тие негови сплетки. Живеј како секој ден да ти е последен. Од едната страна нека те води помислата на напуштањето на овој минлив свет, а од другата Светото Евангелие, Вистината кон која се стреми твојата душа. Затоа, само молитвата нека ја исполува секоја пора на твоето срце. Преку неа ќе го исчистиш гревот и ќе го стекнеш покајанието. Покајанието нека биде секогаш твојата храна. Твојата најслатка храна која ќе ја храни твојата душа. Сеќавај се на гревот, не осудувај го никој, зашто не знаеш што ти носи следниот миг. Можеби во тој следен миг ќе бидеш и самиот искушан и ќе паднеш подолу и од оној кој си го осудувал во себе. Ќе го осудиш него, можеби си го видел неговиот телесен грев, а неговото покајание си немоќен да го видиш. И бидејќи не знаеш дали следниот миг тој истиот се кае, затоа молчи во себе. Истерај ги тие осудувачки помисли со молитвата. Молитвата нека ти биде воздухот без кој не би можел да дишеш и живееш. Таа нека биде твојата тајна патека на која ќе чекори Бог и секогаш ќе живее во тебе. Најважно... Љубовта... Таа е најважна од се’. Љубовта кон Бог и љубовта кон сите, кон ближните. Ако ја стекнеш неа, тоа значи дека успешно си се искачувал на оваа лествица. Дека си ја послушал и онаа која те носела во утробата и Онаа која даде дел од себе уште кога беше во мојата недостојна утроба. За Неа, за Нејзината милост и мајчина прегратка, Неа и благодари и за се’. За тебе Ангелу мој... Ангелу, кој денес славиш 2 години. Две години од овој земен живот. Посакувам само да бидеш и да ми донесеш уште само малку радост. Ако ја исчистиш душата, ако го вкусиш Бог со целата Негова сладост... тогаш ќе бидам најрадосната на овој или оној свет. Само љуби мило мое. Заради неа и Бог дојде на земјата, заради неа претрпе се’ и заради неа и ние ќе поминуваме низ безброј искушенија. Само Љубовта ќе те спаси. На многаја лета малечок ангелу!