Ме импресионираат луѓе кои се повеќе до 30ката, а се уште сплеткарат. Такви кои на тие што им завидуваат и практично ги мразат, ги прават свои frenemies. Жртвата обично не е ни свесна што и се случува. Ги изолираат од сите заеднички пријатели, за да си направат свое дувлно, инаку поред оваа личност не можат да доминираат. Сите дотогашни пријатели почнуваат да го менуваат односот према личноста, а личноста не знае што точно се случува. Претпоставува, ама бидејќи е позрела за разлика од оваа нарцисоидна лудачка личност, не сака да си поверува на своите претпоставки дека можеби таа личност им прави заседи и ги гнаси неговите лик и дело. И поминува време и одеднаш конекцијата до долгогодишните пријатели им станува само оваа лудачка личност, а таа лудачка личност е полна со слаткоречивост и наводни добри намери. Сериозно импресионирана сум. Оваква личност треба бре да биде за под надзор и научни трудови да се пишуваат на неа, социјално бихевиористички, па на даље. Најлош вид на личност! И толку се самозаљубени и несвесни за тоа што го прават, што НИКОГАШ нема да погледнат кон себе си, сериозно не веруваат дека нешто не е во ред со себе си. Често користат gaslight техники и начини да те натераат да не си веруваш на себе си. Тажното е што ги има ПРЕМНОГУ, ама ПРЕМНОГУ вакви луѓе. И не се према сите такви, туку само према луѓето кои според нивни критериуми и вредности се нивна најголема закана, ама не дека па другите не ги чепкаат. Функционираат по принцип на оговарање, СИТЕ ги оговараат секаде и со секого, ама личноста која особено ја имаат пикирано и прават таква заседа и измислуваат ставови на таа личност и ги пренесуваат како да се навистина нејзини, а не реално нивни. Чувајте се, што да ви кажам... Ваквите луѓе уништуваат долгогодишни пријателства, кариери, бракови, врски... и тоа е сериозна работа.
Уште нешто. Морам да ви се извинам за се што сум пишувала во 2014. Сега си ги читам и се чудам. Се надевам сега после 2 години ќе ви го поправам впечатокот за мене..
Обично сум личност која проблемите ги споделува со некој близок. Не зборувам пред секој, секако. Ама мајка ми, сестра ми или најблиската другарка секако ги давам. Не поради тоа што не можам сама да се соочам со тежината на некоја ситуација, туку поради тоа што сметам дека е подобро да знаеш дека не си сам во тие тешки моменти. Но, во последно време никако и никако не можам да се отворам за разговор. А ме мачат доста работи. Годината што помина за мене беше битна, дефинитивно година што ќе ја паметам. Година на промени, на завршетоци, на нови почетоци. Премногу емоции, болни и пријатни. Но, од сите тие промени, со мене нешто се случи. Повеќе не можам да се препознаам. Порано бев девојка со соништа, со високи амбиции, со сила да се бори за тоа што го сака. Не дека секоја битка сум ја добивала, ама никогаш не губев надеж. А секоја победа ми беше слатка, бидејќи само самата знам колку труд и сила сум вложила за да го постигнам тоа нешто. Сега седам и гледам како животот ми поминува пред очи, не преземајќи речиси ништо. За работите што ги сакам вложувам минимален труд, а моите амбиции повеќе ги нема. Знам дека може да се случи, личност која се соочила со емоционален период и драстични промени на момент да се изгуби во времето и просторот, но едноставно не можам да се помирам. Ова не сум јас, дефинитивно! И знам дека длабоко некаде се крие истата таа девојка, и ќе дадам се од себе да ја вратам. Не се сакам ваква и не сакам целиот труд кој претходно сум го вложила да ми пропадне во вода. Постов го пишувам за да си ја олеснам душава. Ме чекаат предизвици кои нема да можам да ги совладам со толкава негативност во мене.
Сите многу добро знаеме колку bullies и злобни личности со многу висока самодоверба постојат во светов. Со вакви суштества си имав работа од 5то одделение до 2ра средно. За тоа што го трпев на училиште буквално секој ден во тие неколку години не разговарав со никого,детали не кажував. Со страв одев на училиште,а пеколот започнуваше во истиот момент кога ќе влезев в училница. Тој период се чувствував многу лошо,си наоѓав илјада маани,никакви добри страни,комплекс на пониска вредност,се срамев... После училиште директно в соба одев и сами солзите на очи ми навираа,не можев ни да спијам навечер. Не сакав дома да сум за да не ме препрашуваат што ми е,не сакав на училиште да одам за да не трпам навреди,сакав да бегам. На моиве дома отпрвин ништо не им кажував. Потоа и на класната и кажав,демек ги опомена да престанат,но ништо,исто како да не рекла. Мило ми е што во тој период барем не попуштив со учење,имав супер оценки,но сепак тоа што се случуваше тогаш остави големи последици на мене. Жал ми е што покажав слабост и дозволив празноглави суштества да си играат со мене како што сакаат. Кој поминал низ вакво нешто совршено ќе разбере како се чувствував, боли кога се потсетувам како беше. Многу се нервирав што ќе начекаат некој ни крив ни должен,па ќе го навредуваат и ќе се трудат да му го расипат секој ден,без апсолутно никаква причина. Се нервирав бидејќи беа незрели,ладнокрвни,буквално без осет,а злобно се смееја кога некого ќе го омаловажуваа пред сите. Никогаш не сфатив какво е тоа задоволство да гледаш како некој друг страда и од ден на ден самодовербата му се намалува повеќе поради нешто што си го кажал и се трудиш да му напакостиш на секој можен начин. Но,како што растев,почнав по малку да разбирам зошто е тоа така,што е причината што така се однесуваат. Повеќе не чувствувам само гнев кон таквите,сега и ги сожалувам. Ги сожалувам што живеат во заблуда дека ќе се издигнат над некој друг со нивни злобни постапки,мислејќи дека целиот свет е виновен за се' што им се случило. Си помислував, можеби во еден момент од нивниот живот биле несамоуверени,искомплексирани,па сега кога веќе имаат шанса да повредат некој друг и да му набијат комплекси за потоа да ги прикријат сопствените недостатоци,да се чувствуваат супериорно и совршено,ќе сакаат да ја искористат. Кутрите,себеси се залажуваат глумејќи. Сега,после неколку години,гледам каде се тие,а каде сум јас. Некои од нив кога се запишувавме во средно преку врски мораа да влезат бидејќи немаа доволен просек,потоа едвај завршија,на факултет некои не ни отидоа. Сега си молчат,не се занесуваат толку како порано. Едно нешто од нив научив-кој и да е,што и да ти кажува,не треба да дозволиш да ти влијае и да се изгубиш себеси.Треба сам да си ја знаеш сопствената вредност,да се прифатиш таков каков што си и да чекориш низ животот без да дозволиш да те скршат. Не им дозволувај на лицето да ти прочитаат колку те повредиле,само повеќе ќе се ситат. Таквите се слаби личности, а не оние кои биле нивни жртви.
Уморна и среќна. Денес имав турбо ден, бирократии и глупости ама со ведрина и оптимизам, се станува возможно. Средив се што имав низ институцииве, па си тркнав на чизкејк и кафица со другарки, се олабавив малку на времево... Си седиме така чил, со музиче, паднаа позитивни муабети и ете го сонцето, ѕирка ли ѕирка. Тркнавме и до молов, на ситно шопингче, кога тоа полупразен. Не знаете колку знаел scm да биде убав, едноставно нели, кога не е пренатрупан со сељачаната и лажните наши ,, џет - сетери,, . Си фатив бусче па се прибрав, тркнав до маркетче и зготвив инстант брзо ручече - тестенини со туна сос. Си каснав еве, со тестенинкиве и ред темно чоколадо и седнав да одморам. За саат време имам гости. Другарка, пријателка, жена со силно срце, така цврста а ранлива. И можеби физички не е она што треба да биде, судбина, но дефинитивно за таков пријател човек може само да сонува. Болскоти, моја Искра.
Додека патувам во моментов. Размислувам да се извинам на личности. Сварно од срце ми иде. Но нешто ме коче таа дрскост,лажење,ме кочи. Глумење на блискост со мене. Се тоа ми е одвратно. Одбивност ми создава. Прашување за мои лични работи, интересирање каде сум,каде одам ми е одбиност. Им текнува нешто одма ми даваат задача. А што ако не ја завршам како што замислиле? А што ако ги вратам. Тоа го буди гаволот во нив. И пак јас крива...
Сабајле останав без хулахопки и го терав татко ми да оди да ми купи. Додека да отиде седев по долни пижами, а горната ја соблеков, облеков блуза. Доаѓа време да си наместам кревет и да си ги соберам пижамите. Убила ме ова деконцентрација, што да правам се разбудив со главоболка. Добро, гледам од пижамите ми фалат долните и почнувам да ги барам, се пребарав луѓе мислев и да не ми паднале од тераса, се мислам, се мислам, ја прашувам мајками онака зачудено "Мамо, кај ми се долните пижами?" И мајками "Па на тебе". И јас фрлив поглед долу и толку се патосирав Цело време на мене биле.
Od denes si imam novo najverno drugarce, drugarka mi donese na svet masko detence. Da mu e zdravo i zivo i golemo da rasti
Кога човек е тажен, однеси го на најпрекрасното место на светот, тој пак ќе гледа само сивило. А кога човек е среќен, ќе најде убавина и во капките дожд, и во отсјајот на небото во вирчињата, и во соголените гранки и врапчињата...
Прочитав облоги со камилица, јас би ти рекла не. Камилицата може да ти предизвика алергиска реакција. И јас си ставав така камилица, промивки и завршив на клиника. Можеш Прокулин капки или вештачки солзи. Иначе и мене левото ми забегува изгледа. Мене па и до половина затворено ..
СДК ... Лесно е на "лижење" да добиеш статус. Да те видам добиј го поради сопствена вредност и од почит, заслуга!? Како вредностите тука се испомешаа, не ми е јасно?!
Девојки! Вие сте оние кои што треба да одредите сопствена граница до каде може да оди машкиот род со вас. Ниту еден маж не е ист, ниту еден маж не е безчуствителен и злобен. Вие сте оние кој што треба да си поставите своја граница и прицип, свој критериум и став за самите себе си. Почитувајте се и ценете се повеќе, однесувајте се секогаш женствено и префинето, имајте свое "јас" и бидете пред се созреани и оформени, на овој начин никогаш никој нема да ве повреди и навреди.
Луѓево викаат убила ме романтика, епа мене убила ме неромантика. Некад стварно ми паѓа незгодно што се исклучувам на такви муабети и ли што прескокнувам такви постови. Мислам се тоа убаво да си заљубен ама трескањето од земја за љубените не можам да го сфатам, извинете. Како може тоа секој ебан муабет да ти биде за сонцето твое. Ќе прашаш некого што прави он: Ние јадевме, ние искочивме, ние ќе идеме у вукојебина... Жал ми е што луѓево дошле до таму, да не може да бидат самостојни. Може јас грешам еве, не викам не... ама јас да си ја разголам душава. Боље да пишам за ова него затоа што си имам друга мука Инаку денес купив бурек и испадна да бил со паричка у него. Сеа сум у блага заблуда како се издеси тоа.... Ми се постира и песна. Еве ви! за добра ноќ Со љубов, ваша М,