Постанав човек, кој се зашеметува од пола чаша црвено вино и дели мал хамбургер со уште една личност. Па бива ли да сум до волку...
Моментот кога сакаш да му ја залепиш една на дечкото или бивш на другарка ти. Уште не знам на шо се ама шо претера претера.
Ништо од ова не е едноставно, али ваљда така мора да биде, шо знам. Му се падна паричката, ајде барем него среќа нека му донесе годинава.. Мене доволно ми е само да се извлечам од кризава во која западнав, да стасам до некое неутрално ниво, до нула оти во минус сум... Боже мој, јас ли бев крива, ме зафркна ли некој, не здогледав навреме ли, што ми се случи? Сето заедно? Па веројатно... И сега? Сега свири... Седи си и свиркај си... и моли се. Ќе ти помогне, си викам...
Оффф што видов ,уште не можам да се изначудам!!! Дали е за смеење или за плачење не знам!?! Сум пиела и јас и уште пијам ,амаа оваааа..... Девојче ,не повеќе од 20год , направена статива! Едно 20пати си ги шина нозете, на 15цм штикла ,како шпагети и беа! По пат падна уште едно 10 пати , се соблече боса и седеше на бетон. Ај тоа помина,10мин си го бараше клучот , се откажа,ѕвонеше на домафон , не и отворија. Го најде некако клучот ,влезе во влез боса и пак падна на колена. Стана после 2мин ,облече штикли и продужи да се мава од ѕид у ѕид. Толку видов... Сакав да и помогнам ама нека и е за памет! Се надевам гратис ќотек добила дома.
Сакам на сите да ви посакам здравје, љубов и среќа во новата година, малку закаснив но како велат постарите ако е забаено да не е забораено
Не сакам да гледам тажни лица. Сакам сите да бидат среќни и тоа да им се гледа во очите. Онака, да вришти позитива од нив.
Кога ќе погледнеш во детските очи и ќе ја видиш онаа наивност,искреност и чистота,неможеш а да не се прашаш кога,во кој момент и зошто го губиме сето тоа.
Не можам да поднесам луѓе што буквално не можат да станат од спиење. На што личи секој ден да доцниш идиотке! Се успав. Па уште се смее. И јас не легнувам во 10,ама никогаш ми се нема случено да ме буди некој, да не станувам. Или аларм. Чувај боже! Да не може да се изнаспие.. Абе бруки..
Не верувам дека постои љубов толку силна која ќе те спречи да посакуваш други луѓе до крајот на животот. Не верувам дека еден човек, со сите свои маани и доблести може да биде доволен.
Не победува онаа жена која трча по некого... ниту онаа која бега...Победува онаа жена која знае да чека.
Напротив. Со ниеден друг човек не можам да се замислам, а сепак не мислам дека моногамија би функционирала за мене. Таква сум, а и тој. Не е недостаток на љубов, ама љубовта и моменталните страсти ги гледам независно. Знам дека е незамисливо за многу луѓе.
Чистата совест е најмеката перница. Тешко е да се живее живот полн со горчина и тешко е да мразите луѓе. Сите ќе си заминеме од овој свет... може да биде многу поубав животот додека сме тука. Отворете си го срцето луѓенца... отворете го ширум и проголтајте си ја суетата. И не мразете. Ете толку. Мене денов ми заврши уште пред да почне. Живот. Во шок и неверување останав.
Кога немам интернет, сфаќам колку бескорисен и непотребен ми е компјутеров. Очигледно, цел свет се крие во тој интернет.
Знаете за тие што се јавуваат и што замараат дека сте избрани за некој производ и знаете како иде муабетот, е сега работата е што мене ми се јавија на работа и девојката збори тоа е домот на семејството тоа и тоа избрани сте и збори и збори и на крај кога престана и викам извинете ама ова е фирма и моментално сум на работа. УПС
Епа не може бе злато да спиеш до четири секој ден и да не правиш апсолутно ништо продуктивно во денот, а да се жалиш дека државата не чини, твоите дома не чинат, нема пари, жените се курви, светот не е фер, никој не те разбира. Не може.