Црвче, јaс пoзнaвaм и штo спијaт пo 21-22 чaсa дневнo. Буквaлнo ден не гледa. И јaс не мoжaм дa ги сфaтaм вaквите луѓе.
Сдк се несреќни луѓе низ светот. Кој да сретнам, да видам, да се слушнам сите патат од љубовта. Глава ме заболе сите да ги слушам и тешам, не е еден. Арно викаше Каракамишева патат од невозвратена љубов и во право си била жената, џабе и се смеевме. Само што немаат среќа и услови сите да се преселат некаде и да избегаат. Што се случи со луѓето, се подотерани, пообразовани, пошетани а воедно се понесреќни стануваат.
Е така било пишано, Кога овој играч ќе постигне гол за својот тим, некоја позната личност умира. Во саботата постигна гол - наредниот ден умре Боуви. Вчера постигна гол - денес умре Рикмен. Еве ја и историјата за ова чудо. http://www.dailymail.co.uk/news/art...l-player-Aaron-Ramsey-scores-famous-dies.html
@Anabelle.Amorette Со постот за сликите од мала, ме натера и мене да разгледам низ албумите. Колку бев нетрпелива мајка ми да се врати од град и да ги донесе извадените слики, а јас грижливо да ги наредам во албум, па и не само тоа, ги потпишував опозади со невешт детски ракопис, пишував датум и година. Тоа ми беше всушност причината поради која ги натерав дома да ме научат да пишувам. Кога ги прелистував сликите од албумот, видов една слика: во нашиот двор седиме јас (бебе во количка), и над количката седат комшивката, нејзината внука (тогаш 11 години) и сестра ми (скоро 4 години). И трите се смеат кон апаратот, само јас плачам (уште од мала сум обожавала да се сликам ). Така ми текна на едни времиња кои изгледаат толку многу далечно. Во 2006 година, пред десет години всушност Се сеќавам многу добро. Неделно утро, 9 часот, сестра ми не е на училиште, сите сме дома освен татко ми, тогаш работеше во странство. Дедо ми излегува уште од рано на шетање. Мајка ми чита весник на масата, а баба ми работи нешто надвор. Тогаш баба ми ќе ме викнеше и ќе ме пратеше да ја викнам комшивката од сликата на кафе. Ќе истрчав во нејзината куќа и ќе ја повикав, а таа ќе речеше „Доаѓам, уште ова да го завршам.“ (шивачка е). Јас чекајќи ја ќе си легнев во нејзината фотелја и ја чекав. Кога ќе завршеше заедно ќе отидевме кај нас дома. Ќе се замуабетеја трите нешто, а јас и сестра ми ќе седевме со нив додека ни помине меракот, а потоа ќе излезевме надвор да се луламе. Колку само работите се сменија оттогаш. Баба ми повеќе ја нема, дедо ми веќе не излегува да игра карти со другите пензионери, а и сосетката престана да доаѓа кај нас, ниту пак јас и сестра ми се караме кој да се лула прв. Но, жал ми е бидејќи тогаш не бев свесна дека тоа е најубавиот период од животот, оние пролетни утра кога сонцето пече и јас одам да ја викам комшивката на кафе. Ете тоа не се заменува со ништо, тоа веќе не се враќа. А тогаш знам дека сакав да пораснам што побрзо, едвај чекав да бидам 14 години, си мислев којзнае каков возбудлив живот ќе имам. Вистината е дека најубавиот и највозбудливиот живот бил токму тогаш. Сè би дала барем за еден ден да се вратам во тоа време, барем уште едно пролетно утро да доживеев тогаш, барем уште еднаш да ја викнев комшивката на кафе...
Ептен сум ќефови за поклонот што му го смислив и купив!Едвај чекам да дојди викенд и да го видам како ќе изреагира Тој ми рече би бил задоволен со било што се додека не е позитивен тест за бременост
До каде е стасан нашиот образовен систем? Наставниците од државно училиште прават селфи од тие што се во иста смена и постираат на фб. Дескрипшн: Василичарска атмосфера во ООУ.... Бравооооооо. Ваков пример треба да им бидиме на учениците? Ај ем нау чилиг аут. Бај
Порано кога ги слушав женските како викаат „Сакам само да е среќен, макар и да не е со мене“ им се чудев. Денеска е денот кога го разбирам ова и го осеќам на своја кожа. Одам да си пуштам некое филмче и да се расположам. Не бива ова вака.