Ми умре еден од омилените актери. Го сакав од ко знам за себе, го идолизирав од ко знам за себе. Ми се плачи, не дека не плачам ама онака чувството уште ми седи. Се обидов само толку многу мислења да напишам на форумов ама ни едно не ми изгледаше комплетно, очигледно немам расположение. Почивај во мир. After all this time ... Always.
Трауми за цел живот од овие мањаците интернет што местат, кој простотилуук ееејј. Не знам со кое право си зема некој да те прашува лични работи, да ти е*** и интернет и се
Ретко ми се случува да пишам дури два пати во еден ден во темава. Всушност, ретко имам инспирација да пишам специјално тука, зашто се искажувам претежно по други теми. Знам дека сите мразат кога ќе умре некоја позната личност, па во негова/нејзина чест се пишуваат RIP мислења. И не сум баш таков тип, веста за смртта на Алан Рикман прилично ме допре. Можеби од целата негова филмографија му ја знам само улогата на Снејп во Хари Потер, ама ете, тоа е доволно. Сепак се цели седум филмови во кои е прилично застапен. Многу трогателно. Ќе го памтам и како еден од најубавите гласови што некој маж некогаш го имал. Повелете едно аудио-уживање од мене: Кога сум веќе на темава, страшно разочарано и тажно за прв пат се почувствував кога почина Робин Вилијамс. Можеби затоа што ни беше познато дека зад неговите комедии и насмевки се криеше неговата борба со сам себе. Исто така, многу криво ми беше и за Дејвид Боуви, зашто беше икона и авангарден човек. Како и да е... Почивај во мир.
Каков безобразлук доживеав во бутик во Куманово. Им оставив сукња преку нивната фејсбук страна и им реков дека ќе дојдам ќе ја земам. Тие да ти ја продале без да кажат ниту ништо, па пишете кажете да не доаѓам. Нивниот одговор беше:"Ja neznam sas koga si ti pisuvala! " Молам, велам јас со кого сум пишувала, јас доаѓам од Скопје девојко, нарачана ми е бордо, а ти ако си неодговорна и непрофесионална не е мој проблем туку менталитетот е проблем, можевте да кажете, јас превоз плаќам и извини не е доволно и не се прифаќа. Колку се само губат вака не се свесни, ама ајде.
Последниве денови почнаа многу познати фаци да умираат, плус Никола си даде оставка (да, и тоа го дочекавме)...мислам дека се ближи крај на светот Инаку секогаш се замараме и мислиме на личности, кои што не се замараат за нас.....а за нас се замараат и не мислат личности, за кои што ние не се замраме и не ги мислиме толку
Како прво.... Среќна Стара Нова Година Како второ... ја кренав паричката,нема повредени Како трето... Добро бе Ремзи,игравте шо игравте вчера Арсенал,абе најде гол да дадеш? Не знам баш колку е коинциденција ова,ама брат ти даваш гол некој познат умира...човече...Алан Рикман... Професорот Снејп... чисто онака,да си кажам
Среќата која што ја чуствуваме одвнатре е секогаш правопропорционална на љубовта која што ја даваме. Бидете си секогаш верни на самите себеси. Ако не се почитувате, сакате и цените самите себеси, никој и во ниту еден момент нема да помисли на тоа "како ви е на вас и што вие чуствувате", не очекувајте од другите (било кој на светов) туку очекувајте од самите себе си, сопствениот успех, спокој, среќа и мир на душава е од голема животна вредност!
Во поголемиот процент од дискусиите што сум ги водела во кои се противат неколку мислења - јас сум излегла во право. Ме прашаа како успевам, како го бирам точниот одговор? Епа, сите мои аргументи се основани на моето искуство. Искуството е знаење.
Некој за нова година ќе добие пакетче, а на некој ќе му купат факултетска диплома. Онака, као поклон од мама и тато. Скромно, нема што. Ми дојде од кожа да си излезам бре!!
После подолго време конечно се чувствувам добро во сопствената кожа. Секој ден е убав,секој ден е подарок и секој ден се живее.Жалам што порано не го сфатив тоа,но ете никогаш не е касно.Повторно се подигнав,овој пат многу посилно.Се чувствувам ко да ќе полетам од среќа.Не знам зошто,но убаво ми е.Животот е убав,вреди да се живее.Секој треба да го пронајде она што го исполнува сам или да побара помош,а исходот е супер.Се добива поинаква димензија, само вдишете ги убавините околу вас и блескајте
Ако може доста со умирачки за годинава. Ок? Патем добив воспаление на тироидата од стресови... на здравје. Од стрес од умирачки од небрижност према здравје, јас многу брижната...се потресувам, а ми шкоди. Погадното е што мене ми се јавуваат да ми се исповедаат најмалку тие што треба да бидат ужалени, сироти жртви, без да помислат во која здравствена состојба сум. Не мислеа на личноста додека беше жива, сега траори... море мрш! Кога ќе ме умрете, кај кого ќе се јавувате да се жалите како тоа на вас ви е многу жал... уствари да имавте жал немаше вака манијачки да се однесувате. Аман!