Па што не кажеш ти дека била таква работата? Најстрашни се ваквите.. без никаква амбиција во животот што (наводно) единствена преокупација им се мажињата, а не се способни за ништо и се м`кнат на нивни грб.
СДК од математика преку глава ми дојде!! Ми дадоа да вежбам задачи (решени) за на регионален, а јас само ги гледам, зјаам како теле у шарена врата. Ма не, не е дадено ништо во задачата, а се бараат 4 работи
Не постои равенка со која по притискање на знакот еднакво ќе ја решите животната задача. Секогаш пред вас ќе имате една непозната величина што ќе ви ја отежнува пресметката на резултатот.Дали сте добри или лоши познавачи на играта со броеви или пак животот ви поставил тешка задача со бесконечно решение останува енигма која сепак сами треба да ја откриеме.
Понекогаш дури откако ќе слушнеш проблем на некој друг во твоја околина, сфаќаш за какви глупости се нервираш. Ете мене ми се случи, кога после еден разговор со еден мој врсник во кој ми се довери за еден проблем, наредниот пат кога почнав да се нервирам и да дигам прашина за секојдневни ситници, подзастанав и размислив, сфатив дека треба да бидеме среќни кога ќе сфатиме за какви неважни работи, понекогаш дури и слатки маки, се грижиме. И сфаќам дека сум задоволна со она што го имам, среќна сум што единствена грижа ми е колку страни имам за учење за наредниот тест, што имам прекрасно семејство во кое ќе се скараме еднаш во две недели, и тоа на зафрканција за тоа што ќе се гледа на телевизорот на пример , или пак јас со родителите за излегувањето или оценките... Затоа што, среќа е да се радуваш на мали работи, но и да се нервираш само за мали и неважни нешта. Среќа е да имаш прилика да се нервираш за обични и секојдневни работи, стремејќи се кон перфекционизам...
СДК Денеска бев на обука..по случајност партнер ми беше убаво високо машко со сјајни зелени очи УАУ ! Додека се потпишувавме на списокот забележав дека е роден на ист датум и ист месец со сестра ми но различна година Случајност? Како и да е се запознавме и изназборувавме особено јас уста не затворив хаха и му велам ЈАС: Јас па се изназборував хаха ТОЈ: Гледам хаха ЈАС: Дај кажи ти нешто ТОЈ: ( ко да се подзастрамува,нз зошто но постојано се смееше и имаше некој сјај) Шо да кажам..слушам рок и кажи таму ко ќе ме претставуваш дека читам книги да изгледам паметен Убав ден,ми го разубави еден убавко хаха П.С. Само да нема женска...ако има го биршам подитно од симпатии..се надевам на првото Значи ко некоја 15 годишна сум...ах златни 23ти мој
Март. Месец кој претставува почеток на пролета.Ни се враќа светлината,топлината... А мене ми се врати и насмевката на лицето.Март ми донесе многу нови нешта,нови искуства... Секогаш нека грее и свети ова вечно сонце на небото.А да,јас се чувствувам како да имам уште едно сонце во срцето.Позитивна и насмеана-што може уште да посакам? Но сепак, Надежта ме одведе до целта,храброста ми помогна да си ја остварам а верувањето во себе ми ја оствари самата цел. Да не ме пратеа тие особини немаше да успеам.
Тој има широка насмевка и зелени очи,ме држи за рака низ Скопските улици а тогаш небото има неверојатно сина боја,ми краде насмевки и купува соништа.Сонуваме за различни светови.Тој знае која ми е омилена книга,ја знае мојата омилена боја и ми го купува омилениот цвет.Тој не знае за моите непроспиени ноќи и безброј мозаици од скршени соништа,тој не знае дека љубам до болка и често сум нејзина,тој не знае дека очајот ми е чест гостин.Но,ќе му кажам,можеби среќата ме чека на оваа станица. Секоја клупа ткае приказна,а секое срце има своја болка.Секој сака нечии очи со боја на бадем а тоне во нечија темнина.Некој го љуби дождот,некој му се предава на ветрот.Желби.Посакани,ткаенина на срцето.Јас сонувам за денови со боја на виножито и мрак во ноќите.Така се измамува насмевка,така се мери среќата,во нечие срце постои место за тебе,сите твои падови и подеми,сите твои откажувања,секое твое дно.Твој мирис.Рани и соништа.Твој златен прав. Кога бев оставена сама на себе,ширев молк,бучна тишина ,живеев во својата невидливост,но знаев дека зад аголот има нечии раче чија празнина одговара на мојата.Мене понекогаш ми недостигаат нечии мигови во денот,јас понекогаш му дозволувам на минатото да ме купи,и потроши.И тогаш,кога броевите на календарот ќе се сменат јас ќе го напишам своето писмо,и ќе го пуштам во длабочината на океанот,во длабочината на душата.Онаму,каде никогаш не се умира.Ќе го напишам моето минато и моето идно сонување.За сите лица кои ме болеа,за сите нијанси кои ги нареков живот.За сите остатоци од таа љубов.За сите тажи очи и простувања,недостигања и зборови.За мојата темна страна и сите утра кои ги будев и ноќи кои ги заспивав.За бојата на небото онаа ноќ Ме гушна за половината. Добра ноќ- му реков. Морам,имам слика која треба да ја обојам. Така беше онаа ноќ.
Долго време го читам форумот и одамна е дел од моето секојдневие, само ете никогаш не сум пишала. Од секогаш сум била личност која повеќе прибира во себе, отколку да го стави на тацна се` она што и` се случува. Ама некогаш, ете, можеби ќе почувствувам потреба да споделам нешто со некого, па макар и на анонимен форум. Па, добро ве најдов.
...она кога одбегнуваш да се соочиш со чувствата и пробуваш да им останеш рамнодушен. Кога ти е страв да ги искажеш емоциите бидејќи се плашиш да не го изгубиш и она мааалку што го имаш...Многу е тешко, кога сфаќаш дека си мала ситница на оној кој тебе ти значи целиот свет...
Луѓето премногу се засегнати од ситници, толку многу што често претпоставувам дека нивната опсесија со детали е поттикната од желбата да ја избегнат ужасната голема слика. Паничари ми се мета на критика секогаш. Од проста причина што алармираат најчесто за небитна ситуација. Агресирвен пристап дури имаат. Постојана , интензивна терапија со нивните мали досадни небитни животи.
Кога посегнуваш по нешто, тоа одскокнува далеку далеку од твојот дофат.. .. брзаш по тоа упорно да го дофатиш и се сопнуваш од камен. Тогаш сфаќаш, кога трчаш по твоите соништа треба да пазиш од пречките, да бидеш внимателен и да ги прескокнеш, бидејќи ако паднеш ќе бидеш повреден. А можеби победник без лузни не е победник нели? Оди кон твојата цел, но пази, некој намерно може да постави камен само да те сопне. Да се теши со твојот неуспех, тоа ги храни непријателите.
Јас тебе за крадење на туѓи мисли и постови ќе ти дадам казна и од сега ќе те игнорирам иако имаше прилилно убави постови, ама ете крадени биле. Што ви е бе зошто крадете туѓи мисли? Немате свое ЈАС, не можам да ве разберам, ич, ама ич. kafe-muabeti/sakam-da-kazam-t9061/63870.html#p1963473 Прекопирано и напишано, аплауз за таквите како тебе, срам да ви е. На жалост на некои луѓе интернетот им дава сила, а во живо мирни бубачки. И не ми го бришете мислењето, ништо лошо немам кажано, само да не копира друг пат.
Кажуваат дека исмевањето било лошо, не исмевале они, а тука ги гледам, веднаш се фаќаат за една проста грешка... после, тоа не било исмевање, туку „посоветување“ на личноста која згрешила, да не се повтори пак... даа, ќе ја избрукате личноста за џабе и ангелчиња после се правите... браво! А, исто е и со озборувањето и лицемерноста. Никој од тука не успеал да не озборува, да не исмејува или да биде лицемерен... Ако некој тука се пронајде, жалам, ама ова е чисто да знаете дека сакам да ви кажам дека исто како што се чувствувате/би се чувствувале вие некој така да се однесува кон вас. Спојлер Има членови кои не прават вака, а да знаете дека давам најголема почит кон нив.
Мислењево го имам сретнато на фејзбук уште пред да биде напишано од anichka94. Виртуелен свет е, не се знае кој од кого копира.
Сега за Ѓорѓе ќе треба да стават како реклама, светете два зрака повеќе, заокружете број 1! Ете ти идиотизам... знаме да незнаат да нацртаат...
Примадона ставете ја во категорија - Форумџики паднати не од Марс,туку од рандом планета. Сега приметувам дека темава е нова и направена на 30ти јануари.. Oh god..